диего симонет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 08:20:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png диего симонет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Ракометниот Меси“: Во најтешка група сме, Македонија е на наше ниво! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rakometniot-mesi-vo-najteshka-grupa-sme-makedonija-e-na-nashe-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rakometniot-mesi-vo-najteshka-grupa-sme-makedonija-e-na-nashe-nivo/#respond Thu, 12 Jan 2023 08:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=786268

Диего Симонет е „ракометниот Меси“ на Аргентина, лидер на „гладијаторите“, кои зацртаа цел пласман во главната фаза на 28-то Светско првенство, иако пред стартот на битките во групата со Холандија, Македонија и фаворитот Норвешка, посочува дека не можеле да добијат – потешка група. Аргентинците во петок отвораат против Холандија, по што им следува дуелот со Норвешка, која во првото коло утревечер од 20.30 часот игра против Македонија, а последниот меч кој може да биде и решавачки е против избраниците на Кирил Лазаров. „Јас можам да кажам само дека сме во најтешката група. Со Норвешка како ривал и селекција која е кандидат и за титула и со Холандија и Македонија, селекции кои ако не се на највисоко ниво може да загубите, потешко не може. Холандија и Македонија се наша шанса, селекции од кои може да загубите, ама може и да ги победите. И нема лесен ривал, а во оваа група и со една победа може да не одите понатаму. Јасно е дека наша цел е следната фаза“, вели Симонет Тој има шест континентални титули со Аргентина откако ја води оваа селекција како лидер на теренот, а на последното СП во Египет пред две години „гладијаторите“ беа 11-ти. „Одиме од меч во меч, прва е Холандија и треба да се сконцентрираме како да ја победиме. Ова е прв меч, не размислуваме за следните ривали и ќе треба да дадеме сѐ од себе. Холанѓаните се на високо ниво со лидер како Лук Стејн. Норвешка е на врвно ниво, Македонија е некако најизрамнета со нас, на наше ниво. Ама, секој меч ќе биде максимално тежок и ќе бара наше најдобро издание ако сакаме да ги оствариме целите“, додава Аргентинецот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rakometniot-mesi-vo-najteshka-grupa-sme-makedonija-e-na-nashe-nivo/feed/ 0