дигитализација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 13:03:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дигитализација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина ќе ги дигитализира рудниците за да ја подобри безбедноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ke-gi-digitalizira-rudnitsite-za-da-ja-podobri-bezbednosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ke-gi-digitalizira-rudnitsite-za-da-ja-podobri-bezbednosta/#respond Thu, 27 Apr 2023 13:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=828331

Кинеската Национална управа за енергетика планира да воведе „паметна“ технологија во рудниците за јаглен во провинцијата Шанси за да ја подобри безбедноста и да ја намали зачестеноста на несреќите. Компанијата „Хуавеј“ се здружи со државната индустрија за јаглен во Шанси за да спроведе пилот проект за дигитализација на рудниците за јаглен Хонглиулин и Сјаобаоданг. Паметните сензори ќе бидат лоцирани во внатрешноста на рудникот, како и на колички и алати, и ќе ја следат концентрацијата на гасот, нивото на поплави и вентилацијата и ќе огласат аларм доколку некој од овие елементи достигне опасни нивоа. Преносот на податоци ќе оди преку 5G мрежата, што ќе овозможи контрола во живо од еден центар. Тој систем им овозможи на властите во провинцијата Шанси да го намалат бројот на луѓе кои работат под земја за 42 отсто во рудникот Ксиаобаоданг истовремено зголемувајќи го нивото на производство. Рударите сега работат со помош на роботи кои контролираат опрема, вклучително и ровокопачи кои се користат за собирање јаглен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ke-gi-digitalizira-rudnitsite-za-da-ja-podobri-bezbednosta/feed/ 0
Јавен повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-finansiska-poddrshka-na-procesite-za-digitalizacija-vo-kompaniite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-finansiska-poddrshka-na-procesite-za-digitalizacija-vo-kompaniite/#respond Fri, 25 Nov 2022 15:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=766622

Комисијата за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите, како заедничко работно тело на Стопанската комора, Владата и Хелветас Швајцарска интеркооперација со Подружница во Скопје, распиша јавен повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите. Повеќе информации за повикот може да се најдат на линкот https://www.mchamber.mk/default.aspx?mid=3&evid=100475&lng=1 . Јавниот повик, како што информираат од Стопанската комора, трае до 28 февруари 2023 година, а поднесувањето на апликациите е во две фази. Првата фаза започнува денеска и завршува на 31 декември годинава, а втората фаза започнува на 1 јануари 2023 година, а завршува на 28 февруари 2023 година. Со овој јавен повик се обезбедува финансиска поддршка до 50 отсто од подобните трошоци за финансирање на инвестицијата во примената на деловниот софтвер SAP, а максималниот износ за поединечен корисник, компанија е до 18.400.000 денари. Со финансиска поддршка во имплементирањето на современите дигитални решенија – САП во македонските компании, градејќи концепт на „Интелигентно претпријатие” (Intelligent Enterprise), решенија кои ги следат најновите трендови на компаниите од сите дејности и се светилник во ерата на дигиталната трансформација, трите партнери ќе дадат свој активен придонес и силно ќе влијаат на продуктивноста, на зголемување на ефикасноста, на вработувањата и ефективноста во бизнисот. -Со издвојување на сопствени средства за финансиска поддршка во имплементирањето на современите дигитални решенија – САП, Стопанската комора повторно ја верификува својата основна цел, целосно да се ориентира спрема компаниите, помагајќи им во зголемувањето на нивната конкурентност, велат од комората]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-finansiska-poddrshka-na-procesite-za-digitalizacija-vo-kompaniite/feed/ 0
Главниот исход од дигиталната трансформација е насмевката на клиентот https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/glavniot-ishod-od-digitalnata-transformacija-e-nasmevkata-na-klientot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/glavniot-ishod-od-digitalnata-transformacija-e-nasmevkata-na-klientot/#respond Fri, 03 Jun 2022 08:14:00 +0000 https://kurir.mk/?p=685993

Технологијата отсекогаш имала големо влијание врз бизнисот и општеството, но во текот на изминатите неколку години, брзината на создавање нови технологии значително се зголеми. Дигитализацијата е повеќе од кога било во центарот на вниманието на многу компании. Голем број компании, се уште, не се соочиле со целосните ефекти на дигитализацијата, но полека и сигурно сфаќаат дека дигитализацијата навистина е потребна. Светот секојдневно се менува, со нови технологии кои ги „предизвикуваат“ сите традиционални начини на работа, додека очекувањата на потрошувачите постојано еволуираат. Постои разлика помеѓу дигитализација и дигитална трансформација. Дигитализацијата е потребна за да се искористи максимумот во контекст на дигиталната трансформација, но дигитализацијата не може да се стави на исто ниво со дигиталната трансформација, што во превод би значело дека дигитализацијата не значи дека Вашиот бизнис ќе доживее дигитална трансформација.
„Дигиталната трансформација е фундаментална реалност за секој бизнис денес. Во дигиталните трансформации, правиме работи за кои не можеме со сигурност да знаеме дали ќе дадат резултати, особено на краток рок. Ова претставува голем залог за иднината на секој бизнис, затоа ние се движиме напред, учиме и се прилагодуваме на патот. Дигиталната трансформација значи удобност, со откажување од работи во кои сме инвестирале и во кои стануваме многу добри кога е потребно, со цел да развиеме нови способности во области кои се надвор од нашата комфор зона. Ова е инвестиција, не само напор“, вели Адриан Блидаруш, основач на ИТ компанијата Softelligence.
Компанијата треба да биде подготвена на големи промени, со оглед на тоа дека дигиталната трансформација вклучува многу повеќе од само користење на дигитални алатки. Потребно е да се работи на целокупната промена на деловното секојдневие и потполно нова организациска култура, отфрлање на традиционалниот пристап и прифаќање на нови начини на работење, раководење, како и зголемена употреба на технологиите за подобрување на искуството на вработените, а најважно од се, задоволување на потрошувачите.
„Поголемиот дел од времето, иновацијата не значи инвестирање во некоја нова „кул“ технологија, туку користење на технологијата за да придонесе некаква вредност. Дигиталната трансформација значи длабоко да го познавате вашиот клиент, да ги персонализирате интеракциите, да разберете што сака клиентот, да знаете што очекуваат и кога тоа го очекуваат“, додава Блидаруш.
Главна трка на секоја компанија е да биде во чекор со потребите на потрошувачите, а дигиталната трансформација е една од многуте промени која навистина помага компанијата да биде победник во таа трка. Моќта на трансформацијата не е во прифаќањето на новите технологии, туку моќта да се разберат однесувањата и искуствата на дигиталните потрошувачи, односно да се инвестира во  разбирање на новите, различните, искуства на потрошувачите и соодветна промена на целокупниот однос кон нив за задоволување на нивните потреби. Дигиталната трансформација не треба да го отуѓи бизнисот во сферата на вештачката  интелигенција. Провајдерите треба да ги имаат предвид истите вредности како и секој бизнис каде корисникот секогаш е во право и задоволувањето на неговите потреби, а понекогаш и очекувањата водат кон насмевка. Насмевка која покажува успешна услуга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/glavniot-ishod-od-digitalnata-transformacija-e-nasmevkata-na-klientot/feed/ 0
Општина Битола воведе мЗаедница: Граѓаните преку оваа апликација ќе комуницираат директно со одговорните лица во општината https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vovede-mzaednica-gragjanite-preku-ovaa-aplikacija-kje-komuniciraat-direktno-so-odgovornite-lica-vo-opshtinata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vovede-mzaednica-gragjanite-preku-ovaa-aplikacija-kje-komuniciraat-direktno-so-odgovornite-lica-vo-opshtinata/#respond Wed, 18 May 2022 12:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=678396

Општина Битола, го започна процесот на создавање нови можности за граѓаните со цел преку користење на дигитални алатки, да се овозможи брз одговор од страна на локалната самоуправа на доставените барања. Преку воведувањето на м-заедница во Општина Битола, граѓаните ќе комуницираат директно со одговорните лица во општината за одредена проблематика и на тој начин, ќе го следат процесот и статусот на доставената пријава. - мЗаедница е првиот чекор кој го реализира општина Битола, за подобрување на услугите за граѓаните. Преку оваа апликација, секој раководител во општината, преку одговорното лице во секторот или одделението, ќе комуницира со граѓаните за нивните прашања, проблеми или барања, со цел навремено и соодветно постапување од страна на одговорните лица во општинската администрација. Со оваа апликација вршиме вмрежување и на дел од јавните претпријатија, на тој начин што и тие ќе бидат постојано достапни за граѓаните, преку свои одговорни лица. Барањата ќе можат да се доставуваат и со фотографија од локацијата на која се пријавува проблемот. Ова е првата фаза од реализацијата на проектот со кој предвидуваме комплетно дигитализирање на сите услуги, со што секој граѓанин од било кое место, електронски ќе може да поднесе комплетно барање за услугите кои се во надлежност на општината и на брз и ефикасен начин да го добие потребниот документ. Тоа значајно ќе го олесни пристапот на граѓаните до општината, а ќе овозможи и брзо и ефикасно работење на општинската администрација, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, нагласи дека со „мЗаедница“, се пристапува кон обезбедување на поквалитетни услуги, поефикасна администрација и спречување на корупција, а истовремено се овозможува транспарентност, отвореност на општината и учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки. Дигиталната платформа „мЗаедница“ е развиена од тимот на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21, како прва мобилна и веб - апликација од ваков тип во нашата држава. - мЗаедница“ го зголемува своето семејство на општини низ целата држава. Среќни сме што Битола е општината која ни се приклучува. На овој начин, битолчани ќе можат преку дигитални алатки континуирано да комуницираат со својата општина. Да споделуваат идеи за развој на населбите, но и да пријавуваат локални проблеми. Граѓаните ќе можат на брз и едноставен начин да аплицираат и за субвенции, без физичко присуство во општината. Важно е што ќе се зголеми и ефикасноста на општинската администрација, а граѓаните во реално време ќе можат да го следат статусот на својата пријава. - Дигитализацијата е тема на која како општество многу зборуваме последниве години. Нè радува фактот што општините ја препознаваат „мЗаедница“ како дигитално решение кое го олеснува животот на граѓаните, го зголемува граѓанското учество и транспарентност, изјави Милан Танчески, извршен директор на БЛИНК 42-21. Општина Битола, согласно предвидената динамика, планира до крајот на годината, комплетно да го заврши процесот на дигитализација на сите услуги кои ги нуди локалната самоуправа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vovede-mzaednica-gragjanite-preku-ovaa-aplikacija-kje-komuniciraat-direktno-so-odgovornite-lica-vo-opshtinata/feed/ 0
КУРИР истражува: Додека Царовска насилно ги отфрла учебниците, светските истражувања ја демантираат – ова се негативните влијанија на дигитализацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-istrazuva-dodeka-carovska-nasilno-gi-otfrla-uchebnicite-svetskite-istrazuvanja-ja-demantiraat-ova-se-negativnite-vlijanija-na-digitalizacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-istrazuva-dodeka-carovska-nasilno-gi-otfrla-uchebnicite-svetskite-istrazuvanja-ja-demantiraat-ova-se-negativnite-vlijanija-na-digitalizacijata/#respond Tue, 12 Oct 2021 13:05:59 +0000 https://kurir.mk/?p=577665

Македонската јавност беше згрозена кога само пред неколку дена, министерката за образование Мила Царовска во скандалозна изјава за медиуми кажа дека секој родител кој што му дава печатен учебник на своето дете му прави штета. Таа исто така посочи дека ќе ги пријавува книжарниците кои што печатат учебници, а како причина за ова наведува дека требало да се подигне дигиталното описменување на учениците на повисо ниво. https://kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-sekoj-roditel-shto-mu-nametnuva-pechaten-uchebnik-na-uchenikot-mu-pravi-shteta/ Дали министерката Царовска некогаш истражувала, видела, прочитала, се интересирала ли за штетните и негативните последици кои ТРАЈНО остануваат кај децата при постојано користење на било каков електронски уред ? Очигледно дека НЕ! Наместо како прв човек во МОН да ги поддржува книгите и книжевноста, како и да ја проширува таа култура, министерката се повеќе го потиснува нормалното и ги турка младите генерации во „дигителниот свет“. И да, технологијата е напредна, секако дека треба да се оди напред, многу држави почнуваат со употреба на дигитални уреди во образованието, НО КАКО ПОМОШНИ УРЕДИ, се комбинираат двата концепти, а секако се дава предност на учебникот. Најважно – не се употребува концепт со дигитални уреди на учениците од најмала возраст. Таков случај е во Соединетите Американски Држави, кои се нормално 1000 светлосни години пред нас. Целосното потопување во дигиталниот свет, недостаток на комуникација во живо и физичка активност може скапо да го чини детето во иднина. Со други зборови, сè е добро во умерени количини. Зошто не излезе таа како некој што е на чело на државна установа и да ги посочи и негативните влијанија или во најмала рака да даде препораки за заштита, како најбезбедно да се користат сите тие електронски уреди. Не, Царовска одбра да оди во спротивност со светот, од корен да ја исфрли вредноста на книгите. А да не зборуваме за тоа колку е голем процентот на семејства во Македонија кои немаат основни услови за живот, а не па за електронски уреди и интернет конекција.... КУРИР истражува: Долготрајната изложеност пред некој електронски уред може да доведе до главоболки, мигрена, намален имунитет, депресија, хормонална нерамнотежа и нарушувања на спиењето. Работата на компјутер го зголемува ризикот од развој на Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, рак и дисфункција на репродуктивниот систем. Важно - таквото влијание е особено опасно за растечкиот и во развојниот организам - децата и бремените жени се изложени на ризик. Колку е опасен домашниот компјутер? Домашен компјутер, лаптоп или паметен телефон е извор на штетно зрачење. Колку зрачење добивате од компјутер зависи од различни фактори: тип на уред, време на употреба, локација. Поради брзиот раст и развој на нервниот систем во детството, зрачењето има поизразен негативен ефект. Научниците веруваат дека продолжената изложеност пред екраните предизвикува намалување на имунитетот, нарушен нервен развој и нарушување на дефицитот на вниманието. Главните неповолни фактори при работа со компјутерски дисплеј се: - треперење (бранување) на осветленост на сликата; зголемено ниво на осветленост на сликата; лоши услови на амбиентално осветлување; слаб квалитет на сликата (јасност, контраст, фокусирање, нерамна осветленост, итн.); ултравиолетово зрачење; електромагнетно зрачење; слаба ергономија и лош дизајн на мониторот (сјаен екран, светли детали или индикатори на предниот панел, слабо прилагодување на положбата на екранот, итн.). Скоро сите видови модерни монитори испуштаат одредена количина на ултравиолетово зрачење. Продолжената изложеност на ултравиолетово зрачење кога работите зад компјутерски монитор негативно влијае на човековиот вид. Ова е сериозен проблем. Најновата студија објавена во „The Lancet Digital Health“ предупредува дека предолгото гледање во мобилен телефон или компјутерски екран може да го зголеми ризикот од кратковидост кај децата до 80%. Над 3.000 испитувања кои се поврзани со изложеноста на паметните уреди и кратковидоста кај децата и младите на возраст од три месеци до 33 години беа спроведени од страна на Универзитетот Anglia Ruskin во Кембриџ, Англија. ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ !!!!! Научниците откриле тесна врска меѓу времето поминато во гледање телефон или таблет и поголем ризик за развој на кратковидоста кај овие возрасни групи. Загрижува фактот дека паметните телефони го зголемуваат ризикот за 30%, а употребата на компјутер го зголемува ризикот до дури 80%. Научниците и истражувачите искажуваат страв и грижа дека можеби ова ќе значи дека до 2050 година, половина свет може да има проблеми со кратковидоста или пак било какви проблеми со видот. Светската здравствена организација во 2019 година препорача децата под две години да не поминуваат воопшто време пред монитор или екран, а децата од две до пет години да не поминуваат повеќе од еден час. Студијата на CensusWide истата година спроведена на 2.000 семејства во Британија покажала дека децата поминуваат 23 часа неделно гледајќи во екраните. Според бројни студии, оваа бројка се зголемила значително за време на пандемијата со коронавирусот.
- Нашата студија е најсеопфатна досега за ова прашање и ја покажува потенцијалната врска помеѓу времето поминато пред екранот и кратковидоста кај младите луѓе. Јасно е дека итно се потребни дополнителни истражувања за понатамошното разбирање на тоа како изложеноста на дигиталните уреди може да влијае на нашите очи и вид. Исто така, знаеме дека луѓето редовно не го доживуваат реалното време што го поминуваат пред екранот, затоа идните студии треба да користат објективни мерки за собирање на овие информации, истакна Руперт Борн, професор по офталмологија и коавтор на споменатата студија.
Научници од Данска биле вознемирени од фактот дека при проучувањето на влијанието на електронските уреди врз развојот на детето, се покажало дека 12% од децата на возраст од 5-7 години поминуваат најголем дел од своето слободно време во онлајн светот, и не во друштво на нивните врсници. Научниците забележаа уште една точка - неколку деца, толку одвоени од процесите на реалниот живот што се обидоа да ги „зголемат“сликите нацртани на хартија со прстите, не разбирајќи зошто ништо не излезе од тоа. Тие за одвлекување на децата од електронските уреди препорачуваат ЧИТАЊЕ КНИГИ, КОМУНИКАЦИЈА ВО ЖИВО И ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ. Во Кина, било спроведено истражување на 120.000 деца на возраст од шест до 13 години кое покажало дека има драстично зголемување на дијагностицираните случаи на кратковидост, а кај деца на возраст меѓу шест и осум години имало дури три пати повеќе случаи отколку претходната година. Во таа возрасна група, како што е наведено, видот се влошува просечно за – 0,3 диоптрија. Прекумерната употреба на електронски уреди, според научниците, не предизвикува само кратковидост – можат да доведат и до заматен вид, а употребата на мобилен телефон навечер може да предизвика и несоница.
- Големиот процент на сина светлина на екраните спречува лачење на хормонот мелатонин, што го прави лицето поспано, вели професорката Никол Етер, директор на очната клиника на Универзитетската поликлиника во Мунстер, која советува да се избегнуваат овие уреди најмалку два часови пред спиење.
Во своето предавање на „Викенд медија фестивал“, познатиот германски невролог, психијатар и психолог Манфред Шпицер се осврна на долгорочните последици врз когнитивниот развој на децата. Истражувањата покажуваат дека децата што поминуваат повеќе време гледајќи во екранот стануваат помалку бистри со текот на времето. Тој заклучува: детето што многу гледа во екран на 3 години ќе биде помалку бистро на 5 години. Затоа, не е изненадувачки што не постои премногу позитивно мислење за дигитализацијата на наставната програма, односно поставување компјутери/таблети во секое одделение. Тој верува дека таквите уреди го назадуваат процесот на учење и како доказ наведува неколку студии кои покажале дека одделенијата без никакви алатки подобро ги решавале своите задачи. Всушност, според тестирањето на ПИСА, се покажа дека најдобро функционираат „посиромашните“ земји кои не вовеле компјутери и таблети во училиштата. И додека ширум низ светот се водат кампањи за да ги натераат децата да читаат повеќе книги, кампањи за одвлекување на децата од електронските уреди како и кампањи за тоа колку компјутерите, таблетите, телефоните и другите такви уреди се ШТЕТНИ ЗА ДЕТСКИОТ РАЗВОЈ, во наша Македонија се водат „кампањи“ со закани и палење на секоја книга и учебник. Остана ли еден нормален од оваа Влада ?! Очигледно Мила Царовска „мува не ја лази“ за тоа што цела македонска нација не ја сака, ја „плукаат“ од сите страни, се потпишува петиција за нејзина оставка... М.А.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-istrazuva-dodeka-carovska-nasilno-gi-otfrla-uchebnicite-svetskite-istrazuvanja-ja-demantiraat-ova-se-negativnite-vlijanija-na-digitalizacijata/feed/ 0
Мицкоски: Дигитализација на услугите на општините за ефикасност, нема да има чекање со месеци за одреден документ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-digitalizacija-na-uslugite-na-opshtinite-za-efikasnost-nema-da-ima-chekanje-so-meseci-za-odreden-dokument/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-digitalizacija-na-uslugite-na-opshtinite-za-efikasnost-nema-da-ima-chekanje-so-meseci-za-odreden-dokument/#respond Fri, 30 Jul 2021 06:49:57 +0000 https://kurir.mk/?p=543784

Дигитализација на услугите на општините за ефикасност и ефективност, за граѓаните да не чекаат со месеци за одреден документ, преку проектот „Мојата целосно дигитализирана општина“ вчеравечер го промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Прилеп. Претседателот Мицкоски истакна дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на времето за кое граѓаните чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите. Денеска се случува со месеци и со години да се чека документ, некако решение или некаква одлука. Со концептот на целосно дигитализирани во општината или дигитална моја општина, тие месеци и години ќе се скратат во денови. Нема повеќе уцени, нема повеќе злоупотреби, процесот ќе биде отчетен и транспарентен за да може секој еден граѓанин да го оствари своето право во општината за неколку дена, да не чека со месеци и со години, тоа е проектот „Мојата целосно дигитализирана општина“, истакна Мицкоски. Тој кажа и дека со тој проект граѓаните нема повеќе да чекаат на волјата на власта. Нема да има повеќе заборавени или предмети кои се работат со месеци или години. Ќе се зголеми не само ефикасноста, туку и транспарентноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-digitalizacija-na-uslugite-na-opshtinite-za-efikasnost-nema-da-ima-chekanje-so-meseci-za-odreden-dokument/feed/ 0
Мицкоски: Целосно ќе ги дигитализираме услугите на општините, нема повеќе уцени и злоупотреби, секој еден граѓанин ќе може за неколку дена да добие услуга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-celosno-kje-gi-digitalizirame-uslugite-na-opshtinite-nema-povekje-uceni-i-zloupotrebi-sekoj-eden-gragjanin-kje-moze-za-nekolku-dena-da-dobie-usluga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-celosno-kje-gi-digitalizirame-uslugite-na-opshtinite-nema-povekje-uceni-i-zloupotrebi-sekoj-eden-gragjanin-kje-moze-za-nekolku-dena-da-dobie-usluga/#respond Thu, 29 Jul 2021 20:19:01 +0000 https://kurir.mk/?p=543719

Секој оној кој што работи чесно, вредно, посветено, реализиран проекти, исполнува реформи, тоа е вистинскиот патриот за Македонија бидејќи економски, стабилна и силна држава е патриотски јака и стабилна Македонија. Денеска тоа е правецот и тоа е концептот Македонија за сите луѓе, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната трибина во Прилеп на која се промовираа нови политики од концептот Македонија за сите луѓе. Претседателот Мицкоски истакна дека вториот проект е воведување на дигитализација на општините, додавајќи дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на време за граѓаните да чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите. -Втората работа која што исто така сакам да зборувам, а делумно даде вовед и професорот Велинов, тоа е целосно дигитализирани во општината. Денеска се случува со месеци и со години да се чека документ, некако решение или некаква одлука. Со концептот на целосно дигитализирани во општината или дигитална моја општина, тие месеци и години ќе се скратат во денови. Нема повеќе уцени, нема повеќе злоупотреби, процесот ќе биде отчетен и транспарентен за да може секој еден граѓанин да го оствари своето право во општината за неколку дена, да не чека со месеци и со години, тоа е проектот „Мојата целосно дигитализирана општина“, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-celosno-kje-gi-digitalizirame-uslugite-na-opshtinite-nema-povekje-uceni-i-zloupotrebi-sekoj-eden-gragjanin-kje-moze-za-nekolku-dena-da-dobie-usluga/feed/ 0
Мицкоски: Со таканаречената реформа во образованието, Заев осакатува луѓе, тоа што го планираат не е дигитализација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-takanarechenata-reforma-vo-obrazovanieto-zaev-osakatuva-lugje-toa-shto-go-planiraat-ne-e-digitalizacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-takanarechenata-reforma-vo-obrazovanieto-zaev-osakatuva-lugje-toa-shto-go-planiraat-ne-e-digitalizacija/#respond Thu, 17 Jun 2021 12:23:48 +0000 https://kurir.mk/?p=524788

„Да, имаше протести за реформа во образованието и да, ме обвинуваа мене. Но, поентата е што со таканаречената реформа во образованието на Зоран Заев осакатува луѓе, тоа што го планираат не е дигитализација“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на „Охрид 1“. Според него не е реформа и дигитализација, не е дигитализација префрлување од ворд во пдф. „Тоа не е дигитализација. Дигитализација е да има мултимедијални презентации, се да биде дигитализирано во секторот и да има и учебници за оние кои не можат така да стекнат образование. Денес и Бил Гејтс да го донесете и да му речете тоа да го направи до први септември ќе рече не можат. Тоа не е така едноставно“, вели Мицкоски. Дополнително министерката Мила Царовска вели дека 10 проценти од децата не можат да следат ваков начин на учење, не може вака да работат, немаат услови. Сето ова, вели тој, се промашени реформи и за жал ќе дојде уште некоја генерација на деца која ќе биде неподготвена и разочарана. „Тие ќе сакаат да си заминат. Тоа е она што го најавува Заев“, рече Мицкоски кој додаде дека наскоро граѓаните ќе можат да изберат дали ги сакаат овие политики на Заев или не.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-takanarechenata-reforma-vo-obrazovanieto-zaev-osakatuva-lugje-toa-shto-go-planiraat-ne-e-digitalizacija/feed/ 0
Јаневска: Царовска не нуди дигитализација, туку само дигитални учебници кои ќе предизвикаат дискриминација кај децата, училиштата се распаѓаат нека почне прво нив да ги средува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-carovska-ne-nudi-digitalizacija-tuku-samo-digitalni-uchebnici-koi-kje-predizvikaat-diskriminacija-kaj-decata-uchilishtata-se-raspagjaat-neka-pochne-prvo-niv-da-gi-sreduva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-carovska-ne-nudi-digitalizacija-tuku-samo-digitalni-uchebnici-koi-kje-predizvikaat-diskriminacija-kaj-decata-uchilishtata-se-raspagjaat-neka-pochne-prvo-niv-da-gi-sreduva/#respond Wed, 02 Jun 2021 11:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=518116

Дигитализацијата  светски тренд и е потребна, но ова што го нудат МОН и Царовска не е дигитализација туку само дигитални учебници. Новиот Закон тоа го нуди, односно вели дека печатени книги ќе има само од прво до трето одделение, а се понатаму печатени книги нема.  Сите книги треба да бидат електронски, односно дигитални, изјави Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата во организација на ВМРО - ДПМНЕ, а насловена како „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“. Јаневска потенцира дека  ваквата идеја ќе предизвика нарушување на детски права и дискриминација. - Децата кои немаат дигитални уреди ќе треба да добијат копија, и тоа нема да биде дигитален учебник за тие деца оти ќе ги нема дигиталните содржини. Ние имаме училишта каде децата немаат услови за престој, а наставниците пристојни услови за работа. Не само што немаат паметни табли и дигитални уреди туку немаат услови за одржување на хигиена. Тие немаат ни пристојни тоалети, училиштата се руинирани, клупи се распаѓаат, нагласи Јаневска. Таа истакна дека власта прво треба да се посвети да ги подобри условите во училиштата и истите да ги дигитализира, а потоа да се размислува за дигитални учебници. Како споредба ВМРО-ДПМНЕ изгради 74 нови училишта, реновираше  400, изгради 51 спортска сала. Ако направиме споредба тоа е 8 до 10 пати повеќе. Страшно е што проектите кои ги направи претходната влада оваа влада не може да ги одржува и ги остава да се распаѓаат, рече Јаневска. На трибината ќе биде дадена детална анализа за неуспесите во секоја област. Говорници кои говорат на трибината се:
  • Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
  • Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
  • Весна Јаневска од Комисија за образование и наука
  • Синиша Ивановски од Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт
  • Цветан Трипуновски од Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Кирил Лазов од Комисија за здравство
  • Борко Ристовски од Комисија за спорт
  • Зоран Љутков од Комисија за култура
  • Татјана Ристова Димова од Комисија за труд и социјална политика, демографија и родови прашања
https://kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-panel-diskusija-4-godini-zaev-4-godini-ukraden-zivot-dosta-e/ https://kurir.mk/makedonija/vesti/lazov-vladata-predvodena-od-sdsm-katastrofalno-se-spravuva-so-korona-krizata-i-ima-nula-realizacija-na-veteni-proekti/ https://kurir.mk/makedonija/vesti/slaveski-od-vetenite-5-bdp-sekoja-godina-dobivme-0-7-za-chetiri-godini-i-promashen-danochen-sistem-shto-ja-zgolemi-siromashtijata/ https://kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-reformata-na-carovska-ima-cel-da-promenat-uchebnicite-kako-shto-kje-pobara-bugarija-i-da-se-potroshat-21-5-milioni-evra/  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-carovska-ne-nudi-digitalizacija-tuku-samo-digitalni-uchebnici-koi-kje-predizvikaat-diskriminacija-kaj-decata-uchilishtata-se-raspagjaat-neka-pochne-prvo-niv-da-gi-sreduva/feed/ 0
Митева: Царовска наместо да ги решава, таа ги создаде сите проблеми во образованието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-carovska-namesto-da-gi-reshava-taa-gi-sozdade-site-problemi-vo-obrazovanieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-carovska-namesto-da-gi-reshava-taa-gi-sozdade-site-problemi-vo-obrazovanieto/#respond Fri, 28 May 2021 10:36:43 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516021

Министерката Царовска на собраниска седница коментираше проекти од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Таа како вчера прв пат да слушнала дека ВМРО-ДПМНЕ во својата предизборна програма предвидува дигитализација во образовниот систем, што е неточно, бидејќи според изјавите на Министерката во изминатите месеци е сосема јасно дека нејзините служби, а и таа интензивно ги следат нашите соопштенија. ВМРО-ДПМНЕ на секој свој настап повторува и информира дека не е против дигитализација, изјави денеска за медиумите портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Митева тврди дека во континуитет ја подржува дигитализацијата во образованието уште од проектот Компјутер за секое дете и е-платформата на која се поставени учебници во ПДФ формат. - Дел од овие учебници деновиве не им се достапни на учениците поради неспособноста на министерката да го реши проблемот со авторските права на издавачката куќа. ВМРО-ДПМНЕ е силно против укинување на печатени учебници и причините за тоа постојано ги образложуваме.Еве ја најновата: На веб страната на МОН стои објава со наслов “Апелираме училиштата и општините да ги исплатат прекувремените часови работа на наставниците, МОН редовно ги уплаќа средствата“, посочи таа. - Токму за оваа состојба зборуваме 6 месеци. МОН ги уплатило средствата, а општините не ги исплаќаат. За ова предупредуваме во врска со изјавите дека: училиштата ќе бидат задолжени да создадат библиотечен фонд на таблети, училиштата ќе бидат обврзани да ја испечатат книгата и да обезбедат интернет. Ние велиме: Училиштата ќе бидат задолжени но нема да го сторат тоа, од многу реални причини и како што сега не ги префрлаат средствата за да се исплатат прекувремените часови, така нема да ги префрлаат ни во иднина, појасни Митева. - Ваква Ви е ситуацијата во образованието министерке и Вие тоа го знаете. Затоа Ве разбираме што вчера надмено им се обраќавте на пратениците, наместо да ги слушнете пораките кои Ви ги испраќаат и не заради Вас, туку заради иднината на нашите деца и нашата татковина, додаде таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-carovska-namesto-da-gi-reshava-taa-gi-sozdade-site-problemi-vo-obrazovanieto/feed/ 0