дијабет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Sep 2023 08:46:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дијабет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Симптоми на дијабетес на кои треба да обрнете внимание https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/simptomi-na-dijabetes-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/simptomi-na-dijabetes-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie/#respond Wed, 20 Sep 2023 08:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=879779

Дијабетесот е таков тип на болест кој може нагло да се јави по 20-тата година и да биде опасен по живот доколку навремено се забележат некои од неговите симптоми. Ова се 6-те најважни симптоми кои може да укажат на појава на дијабетес. Екстремна жед Ова е еден од класичните симптоми на дијабетесот и се јавува како резултат на насобраниот шеќер во крвта. Бубрезите се приморани да работат повеќе и да филтрираат што е можно повеќе. Вишокот на шеќер се излачува преку урината и предизвикува почесто мокрење и дехидрација. Замор Долготрајната исцрпеност и чувството дека постојано сте уморни е уште еден симптом за појава на дијабетес. Доколку спиете помалку од 6 часа имате поголеми шанси да ја добиете оваа болест. Споро зараснување на раните Високото ниво на шеќер во крвта влијае на тоа колку бргу ќе зараснуваат раните. Заматен вид Како резултат на високите количини на шеќер во крвта, водата од телото се повлекува и од очите. Токму затоа видот е заматен и пукаат очните садови. Депресија Депресивните личности се по склони кон заболување од оваа болест. Жените имаат дури 17% шанса да заболат од оваа болест доколку имаат проблеми со депресија. Чувствителност Шеќерната болест го слабее имунитетот и способноста на организмот да се бори против бактериите. Дури и забите стануваат се почувствителни и неотпорни на кариес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/simptomi-na-dijabetes-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie/feed/ 0
Како влијае дијабетот на нашето расположение? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-vlijae-dijabetot-na-nasheto-raspolozhenie/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-vlijae-dijabetot-na-nasheto-raspolozhenie/#respond Wed, 12 Apr 2023 10:57:26 +0000 https://kurir.mk/?p=823188

Дијабетот како еден од најчестите здравствени проблеми кај нас и во светот, покрај тоа што го погодува нашето физичко здравје, според голем број истражувања влијае и на нашето ментално здравје и расположение. Првиот и очигледен проблем кој се јавува поради дијабетот е променливото и нестабилно ниво на енергија. Ова може да доведе и до нестабилност и променливост во расположението, да предизвика раздразливост, иритираност, нервоза, анксиозност, нетрпеливост и сл. Во овој поглед, голем број истражувања покажуваат дека дијабетичарите може да имаат потешкотии во одржувањето на константно и стабилно расположение, а тоа пак може негативно да влијае на нивниот однос со луѓето околу нив. Дополнително, самата здравствена состојба - дијабетот, може да биде извор на еден вид „психичко оптоварување“, стрес и анксиозност кај пациентите, поради самото сознание за оваа живото-загрозувачка болест. Секојдневното внимавање на исхраната, мерењето на шеќерот во крвта, внимавањето на симптомите - може да предизвика константен, хроничен стрес, со негативен одраз и врз расположението. Според некои истражувања околу 25% од луѓето со дијабет тип 1 и околу 15% од луѓето со дијабет тип 2, чувствуваат ваков притисок, стрес и анксиозност. Исто така, одредени глобални статистики покажуваат дека дури 25% од лицата со дијабет имаат некаков степен на депресија. Се смета дека хипергликемијата (покачениот крвен шеќер) се манифестира преку чувство на нервоза, тага и вознемиреност, додека хипогликемијата (низок крвен шеќер) се препознава преку надразливост, глад и иритираност. Силните варијации во нивото на шеќер во крвта, предизвикуваат брзи промени во нивото на енергија и расположението, не само кај дијабетичарите туку и кај навидум здравите индивидуи кои често консумираат храна богата со рафинирани (прости) шеќери. Имено, брзите скокови, т.н „пикови“ во нивото на шеќер во крвта кои се препознаваат преку зголемената енергија, се проследени со високо излачување на инсулин и брз пад на нивото на шеќер во крвта, поради што потоа настанува чувство на замор, безенергичност и раздразливост. Како можеме позитивно да влијаеме врз ваквата состојба? Како и со останатите проблеми кои се јавуваат како резултат на дијабетот, најдоброто решение најверојатно лежи во навремените, превентивни чекори. Тоа значи препознавањето на раните симптоми на пре-дијабетот и дијабетот, за негово порано дијагностицирање, а со тоа и навремен третман и лекување. А ова пак подразбира и внимавање и регулирање на исхраната, редовност во физичката активност, менаџирање на стресот, воведување на здрави и редовни навики за спиење и сл. Сето ова, може да ја промени на подобро целосната здравствената состојба кај лицата со дијабет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-vlijae-dijabetot-na-nasheto-raspolozhenie/feed/ 0
Кои ризици ги носи високиот шеќер и како да го намалиме! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koi-rizitsi-gi-nosi-visokiot-sheker-i-kako-da-go-namalime/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koi-rizitsi-gi-nosi-visokiot-sheker-i-kako-da-go-namalime/#respond Thu, 06 Apr 2023 10:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=821000

Доколку шеќерот во крвта ви е покачен подолг временски период, може да претставува сериозен ризик за појава на здравствени проблеми. Несомнено е потребно да бидете внимателни и да го следите, без разлика дали имате дијагностициран дијабетес или не. Ако забележите дека се чувстувате жедни или гладни почесто од вообичаено, дека имате заматен вид, вкочанетост или трнење на стапалата, чувство на замор, честа потреба за мокрење, како и појава на разни инфекции на кожата и исекотини и рани кои потешко зараснуваат, потребно е да се обратите кај вашиот лекар за контрола и проверка на нивото на шеќерот во крвта. Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување. Доколку ги занемарувате ове симптоми, високото ниво на гликоза во крвта може да доведе до сериозни последици како:
  • срцеви заболувања,
  • мозочен удар,
  • оштетување на нервите,
  • оштетување на бубрезите,
  • оштетување на кожата,
  • нарушен вид,
  • дијабетска кома и смрт.
Ризикот од настанување на овие состојби, може да се намали со регулирање на шеќерот во крвта, односно со негово нормализирање и балансирање. Во овој поглед, подразбираме внимавање и регулирање на исхраната, потоа редовна физичка активност, менаџирање на стресот, воведување на здрави и редовни навики за спиење и сл. Сето ова, може навистина позитивно да влијае, па дури и целосно да ја промени здравствената слика кај лицата со дијабет, а со тоа и да ги намалиме ризиците од посериозни компликации и причини за загриженост за нашето здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koi-rizitsi-gi-nosi-visokiot-sheker-i-kako-da-go-namalime/feed/ 0
Проблеми со крвниот притисок и дијабетот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problemi-so-krvniot-pritisok-i-dijabetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problemi-so-krvniot-pritisok-i-dijabetot/#respond Mon, 03 Apr 2023 11:31:06 +0000 https://kurir.mk/?p=819475

Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот. Во тој поглед, проблемите со кардиоваскуларното здравје, а особено покачениот крвен притисок може да претставуваат ризик фактор за појава на дијабет.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот е состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова е најчесто поради недоволно количество на хормонот - инсулин или поради негова неефективност. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија. Постојат повеќе типови на дијабет - тип 1, тип 2, пред-дијабетна состојба, како и гестациски дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчести се: генетските, прекумерната телесна тежина, возраста, слабата физичка активност, останатите здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

Како се поврзани покачениот крвен притисок и дијабетот?

Луѓето кои имаат дијабет тип 2, треба особено да внимаваат на својот крвен притисок и редовно да го контролираат. Доколку има покачување во вредностите на крвниот притисок (хипертензија), потребно е соодветно третирање за истиот да се доведе во нормала. Доколку не се третира, покачениот крвен притисок може да доведе до бројни компликации кај лицата со дијабет. Можно е да се јават проблеми  со видот и здравјето на бубрезите, како и проблеми со циркулација и нарушено кардиоваскуларно здравје. Комбинацијата од дијабет и покачен крвен притисок е особено опасна за крвните садови. Имено, дијабетот ги оштетува нашите крвни садови и придонесува за нивно стврднување - состојба која се нарекува артериосклероза. Ова дополнително може да го покачи крвниот притисок и да предизвика проблеми со здравјето - особено зголемувајќи го ризикот од оштетување на крвните садови, од инфаркт, од мозочен удар или за проблеми со бубрезите. Според некои проценки, луѓето коишто имаат и дијабет и покачен крвен притисок имаат 4 пати поголем ризик од појава на кардиоваскуларни проблеми, отколку оние кои ги немаат овие две состојби. Исто така, се проценува дека над 60% од луѓето со дијабет имаат покачен крвен притисок. Ризикот за кардиоваскуларни проблеми дополнително се зголемува доколку се присутни и некои други ризик фактори:
  • покачена телесна тежина
  • пушење
  • консумирање на прекумерни количества алкохол
  • физичка неактивност
  • исхрана богата со масти и сол
  • генетски предиспозиции
  • возраст

Како да го намалиме ризикот?

Контролирањето на дијабетот, односно нормализирањето и балансирањето на шеќерот во крвта значи и контрола врз нашата севкупна здравствена состојба, што пак индиректно ќе влијае позитивно и на нашиот крвен притисок. Најлошото нешто што може да го направиме е да бидеме пасивни околу нашето здравје. Крвниот притисок особено може да биде проблематичен бидејќи не покажува забележителни симптоми, па поради тоа луѓето живеат со нетретирана хипертензија со години. Најдоброто и наједноставното решение е во нас, во нашите секојдневни навики. Во тој поглед се препорачува:
  • здрава и избалансирана исхрана (консумирање на храна богата со растителни влакна, редовно внесување на овошје, зеленчук, мешунки, полнозрнести житарки, избегнување на црвеното месо, редовно консумирање на риба и сл.)
  • редовна физичка активност
  • менаџирање и контролирање на стресот
  • откажување на цигарите
  • консумирање на алкохол само во умерени количини
  • избегнување на процесирана храна која е богата со додадени шеќери, масти и сол
Позитивните промени во начинот на живеење можат значително да ја подобрат вашата здравствена состојба и да влијаат превентивно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problemi-so-krvniot-pritisok-i-dijabetot/feed/ 0
Светски ден против дијабетес, во државава дијагностицирани 172 949 пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-protiv-dijabetes-vo-drzavava-dijagnosticirani-172-949-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-protiv-dijabetes-vo-drzavava-dijagnosticirani-172-949-pacienti/#respond Mon, 14 Nov 2022 06:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=759983

Околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, а мнозинството од нив живеат во земји со низок и среден приход. Речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво се препишуваат на дијабетес секоја година. Според информациите од Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на дијабетес постојано се зголемува во последните неколку децении. Дијабетесот е главна причина за откажување на бубрезите, срцев удар, мозочен удар и ампутација на долните екстремитети. Помеѓу 2000 и 2019 година на светско ниво е забележано зголемување од три процени во стапката на смртност од дијабетес според возраста. Здравата исхрана, редовна физичка активност, одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун се начини да се спречи или одложи појавата на дијабетес тип 2. СЗО секоја година на 14 ноември го одбележува Светскиот ден за борба против дијабетесот. Овогодишната кампања се фокусира на потребата за подобар пристап до квалитетно образование за дијабетес. По повод Светскиот ден на дијабетесот, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Предизвиците за дијабетесот во Македонија – заедно еден со друг“. Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК во рамки на годинашните програмски активности вечер, во 19:00 часот, во објектот на „Мала станица“ со пригоден настан ќе го одбележи 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот. Како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и министерот за здравство Беким Сали. Во Северна Македонија, согласно добиените податоци од Институт за јавно здравје, до 2021 година регистрирани се вкупно 172 949 пациенти со дијагноза на шеќерна болест. Димче Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари во изјава за МИА вели дека лицата со дијабетес во земјава ја добиваат најиновативната терапија што постои. -Добиваме современи инсулини, согласно европските и светски стандарди. Се соочуваме со мали недостатоци што се надеваме дека набргу административно ќе се надминат и ќе бидат достапни повторно на пациентите кои имаат недостаток, изјави Велев. Според него, неопходно е да ја добијат можноста за целосно квалитетно менаџирање на дијабетесот со квалитетни ленти, квалитетни дигитални апарати, глукомери за кои бараат да бидат со референтна цена, сензори за деца и млади за полесно да живеат со болеста. -Тоа што очекуваме е во следниот период да се реализира нова набавка на инсулини со олесната постапка и процедура околу јавната набавка. Нашата идеја што ја презентиравме минатата година е преку отворен пазар да се оди на тие набавки со цел побрз пристап до иновативни терапии, додаде тој. Светскиот ден против дијабетесот е основан во 1991 година од страна на Меѓународната федерација на дијабетичари со поддршка од СЗО, како одговор на растечката загриженост за ескалацијата на заканата по здравјето од дијабетес. Светскиот ден на дијабетот стана официјален ден на Обединетите Наци во 2006 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-protiv-dijabetes-vo-drzavava-dijagnosticirani-172-949-pacienti/feed/ 0
Древна житарка што помага кај мигрена, срцеви болести и дијабетес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/drevna-zitarka-shto-pomaga-kaj-migrena-srcevi-bolesti-i-dijabetes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/drevna-zitarka-shto-pomaga-kaj-migrena-srcevi-bolesti-i-dijabetes/#respond Wed, 14 Sep 2022 15:39:57 +0000 https://kurir.mk/?p=732836

Оваа древна житарка ја јаделе Клеопатра и Марко Антониј, а богата е со протеини, влакна и други хранливи состојки кои овозможуваат бројни здравствени предности. Станува збор за спелтата, пченица позната од минатото, но сега е на листата Топ 10 прехранбени трендови кои ќе ја одбележат 2022 година. Житарките котираат високо на листата, а меѓу нив е спелтата. „Луѓето се фокусираат на здравјето и имунитетот, а сѐ повеќе е популарна растителната исхрана. Затоа опциите богати со хранливи состојки се важен дел од исхраната. Луѓето на храната почнуваат да гледаат како на лек за спречување болести. Освен тоа, се очекува да порасне интересот за функционална храна која содржи состојки кои овозможуваат и здравствени предности, а не само хранливи материи“, смета Луиза Полок, претседателка на Pollock Communications. Спелтата е пченица, што значи дека сепак содржи глутен. Се одликува со висок процент на влакна и протеини и е солиден извор на Б витамини, па дури и Ц витамин. Може да се користи во разни јадења. Најмногу се консумира во Италија каде е позната со децении. Житарките како спелтата можат да го намалат ризикот од развој на дијабетес и срцеви болести. Посебно целото зрно е богато со влакна, содржи малку масти и е одличен извор на протеини за вегетаријанци и вегани. Содржи хранливи материи како железо, магнезиум и Б витамини. Во споредба со кафениот ориз содржи повеќе растителни протеини и влакна. Само една шолја спелта од цело зрно може да овозможи неверојатни 20% од дневната препорачана доза на влакна, а се препорачува секој ден да се внесува по 30 грама влакна. Спелтата е богат извор на полифеноли, каротеноиди и селен. Долготрајната консумација на исхрана богата со растителни полифеноли може да спречи некои видови канцер, срцеви болести, дијабетес, остеопороза и невродегенеративни болести. извор: thehealthystation.com]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/drevna-zitarka-shto-pomaga-kaj-migrena-srcevi-bolesti-i-dijabetes/feed/ 0
Добар е за дијабетичари, СОВРШЕН за диета: Кој го јаде еднаш неделно е ПОПАМЕТЕН https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dobar-e-za-dijabetichari-sovrshen-za-dieta-koj-go-jade-ednash-nedelno-e-popameten/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dobar-e-za-dijabetichari-sovrshen-za-dieta-koj-go-jade-ednash-nedelno-e-popameten/#respond Thu, 14 Jul 2022 15:13:54 +0000 https://kurir.mk/?p=705246

Ако имате прекумерна тежина, имате нарушено ниво на шеќер во крвта и проблеми со срцето, често треба да јадете модар патлиџан Синиот модар патлиџан е зеленчук кој има висока содржина на вода и многу малку калории. Оваа карактеристика го прави идеален во исхрана наменета за слабеење. Од слични причини, модриот патлиџан е одличен и за срцето, бидејќи содржи супстанции важни за подобрување на општото здравје. Сок од модар патлиџан? Студијата за ефектите на сокот од модар патлиџан покажа дека помага да се намали лошиот холестерол, да се подобри здравјето на артериите и да се релаксираат крвните садови. Со оглед на тоа што содржи голема количина растителни влакна со многу малку шеќер, модриот патлиџан е сосема пожелен во исхраната на луѓето со дијабетес тип 2. Влакната и јаглехидратите од модар патлиџан го намалуваат нивото на шеќер во крвта кај заболените. Јадењето на овој вид зеленчук го намалува ризикот од високо ниво на шеќер, бидејќи фенолите во модриот патлиџан помагаат да се „следи“ нивото на гликоза. Високото ниво на фитонутриенти во модар патлиџан му помага на мозокот да функционира така што го штити мозокот од слободните радикали и разни видови оштетувања како заштитна обвивка. Витамин Б комплекс помага во ублажување на физичката и менталната напнатост. Вклучувањето на овие зеленчуци во неделната исхрана ни овозможува да размислуваме многу побрзо и подинамично.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dobar-e-za-dijabetichari-sovrshen-za-dieta-koj-go-jade-ednash-nedelno-e-popameten/feed/ 0
НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ КОЈ ПИЈАЛОК НАЈДОБРО ГО НАМАЛУВА ШЕЌЕРОТ: Нема да дадете ни денар, а ќе решите ОПАСЕН ПРОБЛЕМ како од шега https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-otkrivaat-koj-pijalok-najdobro-go-namaluva-shekjerot-nema-da-dadete-ni-denar-a-kje-reshite-opasen-problem-kako-od-shega/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-otkrivaat-koj-pijalok-najdobro-go-namaluva-shekjerot-nema-da-dadete-ni-denar-a-kje-reshite-opasen-problem-kako-od-shega/#respond Fri, 01 Jul 2022 05:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=698115

Високиот шеќер во крвта може да предизвика сериозни здравствени компликации, дури и кога не ви е дијагностициран дијабетес, а еден пијалок помага да се намали. Британски портал посветен на дијабетес, третман и превенција од оваа болест, откри дека постои пијалок кој се покажал како најдобар кога станува збор за намалување на гликозата во крвта. Научниците велат дека обичната вода помага на најефикасен начин да се исфрли вишокот шеќер од телото. „Бидејќи водата не содржи јаглехидрати и калории, таа е идеален пијалок за лица со дијабетес“, пишува порталот. Според истражувањата, дијабетичарите треба да внесуваат повеќе вода бидејќи нивните бубрези работат „прекувремено“ обидувајќи се да го излачат вишокот шеќер. Водата е таа што помага гликозата природно да се „ослободи“ од крвта. Исто така, високото ниво на шеќер може да доведе до дехидратација, па лекарите препорачуваат дијабетичарите да пијат до осум чаши вода дневно. Високото ниво на шеќер ќе можете најсигурно да го откриете ако ја измерите гликозата во крвта, но има и некои симптоми кои укажуваат дека постои проблем. Ова се најчестите симптоми на висок шеќер во крвта: Зголемена жед; Често мокрење; Хронична кашлица; Скратен здив; Пецкање во очите; Заматен вид; Тешкотии во читањето; Црвенило на очите; Чувство на туѓо тело во окото; Непријатност при носење контактни леќи; Зголемено солзење на окото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-otkrivaat-koj-pijalok-najdobro-go-namaluva-shekjerot-nema-da-dadete-ni-denar-a-kje-reshite-opasen-problem-kako-od-shega/feed/ 0
Овие симптоми не смеете да ги игнорирате: Жед, замор, заматен вид… https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-simptomi-ne-smeete-da-gi-ignorirate-zed-zamor-zamaten-vid/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-simptomi-ne-smeete-da-gi-ignorirate-zed-zamor-zamaten-vid/#respond Tue, 16 Mar 2021 17:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=483336

Дијабетесот е модерна болест која секојдневно погодува сè повеќе луѓе ширум планетата. Особено загрижувачки е тоа што тој број постојано расте иако на многу луѓе не им е дијагностициран, бидејќи симптомите се сокриени и на прв поглед вообичаени, па дијагнозата тешко се утврдува. Поради тие причини, некои сигнали не ги игнорирајте, особено нападот на жед. “Жените често предвидуваат некои знаци. Да речеме, најчесто ги поврзуваат проблемите со бешиката и бубрезите доколку често одат во тоалет, а тоа е јасен показател дека постои и проблем со регулирањето на нивото на шеќер во организмот”, вели за “Womans Health”, ендокринологот Порани Гундан од Ургентниот Центар во Бостон. Доколку дијабетес тип 2 не се лекува, може сериозно да го наруши здравјето и да предизвика многубројни компликации – срцева болест, оштетување на нервите, деменција. Уринирање Постојано Ви се оди во тоалет. Кога имате вишок шеќери во организмот, Вашето тело инстиктивно се обидува да се ослободи од нив, а мокрењето е еден од најефикасните начини. Жед Многу пациенти кои не знаат дека имаат дијабетес постојано се жедни и работата ја влошуваат со тоа што пијат повеќе сокови. Симптомот за дехидратација е потемна урина. Замор Чувството на замор е уште еден показател за дијабетес. Исто како и потребата за храна, дехидратација и недостаток на шеќер во организмот може да доведе до намалена енергија. Здив Со дијабетесот поврзан е и лошиот здив. Сувата уста поради неконтролираната жед го предизвикуваат и укажуваат дека би требало да посетите доктор. Заматен вид Слабиот, заматен вид е чест симптом кај жените. Имено, високото ниво на шеќер во крвта повлекува течност од ткивото, вклучувајќи ги и очите. Доколку не се лекува, дијабетесот може да предизвика трајно оштетување на видот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-simptomi-ne-smeete-da-gi-ignorirate-zed-zamor-zamaten-vid/feed/ 0
Лекарите предупредуваат: Коронавирусот може да предизвика дијабетес кај здрави луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lekarite-predupreduvaat-koronavirusot-moze-da-predizvika-dijabetes-kaj-zdravi-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lekarite-predupreduvaat-koronavirusot-moze-da-predizvika-dijabetes-kaj-zdravi-lugje/#respond Tue, 23 Jun 2020 10:57:25 +0000 https://kurir.mk/?p=361420

Најновите истражувања од Англија и други земји покажуваат дека возрасните лица со дијабетес тип 1 и 2 имаат поголем ризик од смрт доколку се заразат со Ковид-19. Неколку експерти од целиот свет имаат напишано извештај во New England Journal of Medicine (NEJM) во кој сугерираат дека коронавирусот не е ризичен само за лицата со дијабетес, туку дека тој всушност самиот може да предизвика дијабетес. Кинеските научници објавија информации за случајот на инаку здрав млад човек кој развил тешка форма на дијабетес откако бил заразен со коронавирус. Пред пандемијата на „ковид-19“, во Азија се појави епидемија на САРС од 2002 до 2004 година, што исто така беше предизвикано од сој на коронавирус. И тогаш е забележан акутен дијабетес кај луѓе кои добиле пневмонија поради инфекција со САРС. Во повеќето од овие случаи, дијабетесот исчезнал по три години, но останал кај 10 проценти од заболените. Експертите претпоставуваат дека Ковид-19 го нарушува нормалното функционирање на клетките на панкреасот, што доведува до нарушувања во процесите што го одржуваат нивото на гликоза во крвта преку секреција на инсулин. Треба да се напомене дека ова се претпоставки на некои научници и дека сè уште не е потврдено со сигурност дека ковид-19 предизвикува дијабетес тип 1 или 2. Некои лекари дури и посочуваат дека може да се работи за сосема нова форма на дијабетес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lekarite-predupreduvaat-koronavirusot-moze-da-predizvika-dijabetes-kaj-zdravi-lugje/feed/ 0