дијабетес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Jul 2023 11:43:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дијабетес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерството за здравство повторно побара разбирање од лицата со дијабетес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-povtorno-pobara-razbirane-od-litsata-so-dijabetes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-povtorno-pobara-razbirane-od-litsata-so-dijabetes/#respond Fri, 21 Jul 2023 11:43:34 +0000 https://kurir.mk/?p=858728

Уверување за надминување на состојбата во која се наоѓаат лицата со дијабетес добија денеска овие пациенти на средбата со министерот за здравство Фатмир Меџити кој им најави дека при крај е анализата за пронаоѓање модел за да се избегнат досегашните проблеми. -Министерството за здравство побара разбирање од пациентите за оваа состојба која вети дека во брзо време ќе биде надмината, а министерот Меџити истакна дека по преземање на функцијата максимално ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај, се вели во соопштението. Дијабетичарите си ја бараат терапијата. Со месеци мака мачат да дојдат до глукомери и терапија, Велат, имаме најиновативна инсулинска и антидијабетска терапија, но не ја добивме. Меџити на денешната средба истакна дека има целосно разбирање за нив и рече дека додека тој е министер доцнење на набавки за лекови повеќе нема да има. -Правиме се во наша моќ што побрзо се завршат правните процедури кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментот течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од Mинистерството. Доколку Второстепена комисија ја одбие жалбата веднаш ќе се пристапи кон склучување на договорот за набавка на ленти и глукометри за пациенти со тип 1 и тип 2, информираше Меџити. Тој на претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари им објасни дека откако ќе стигне решението од Второстепена комисија при Државна комисија по жалби за јавни набавки - одлуката станува конечна, по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукометри за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки. -Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцни, таа требала да се започне уште во декември од претходното раководство, истакна Меџити. Mинистерот денеска ја потпишал и одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и бремени жени и слепите лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори. Лицата со дијабетес денеска, во 19 часот, пред Министерството за здравство, ќе излезат на мирен предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ), кој повикува тој да не се користи во политички цели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-povtorno-pobara-razbirane-od-litsata-so-dijabetes/feed/ 0
Лицата со дијабетес денеска на протест пред Министерството за здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/litsata-so-dijabetes-deneska-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/litsata-so-dijabetes-deneska-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/#respond Fri, 21 Jul 2023 05:25:25 +0000 https://kurir.mk/?p=858600

Лицата со дијабетес денеска, во 19 часот, пред Министерството за здравство, ќе излезат на мирен предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ), кој повикува тој да не се користи во политички цели. - По најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка, по многу инвестирање во нашето достоинство на лицата со дијабетес, завршија сите рокови логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации. Заврши времето на лаги на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин. Министерство за здравство ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија. Имаме најиновативна инсулинска и антидијабетска терапија, но не ја добивме, нагласуваат од СЗДСМ. Тие истакнуваат дека сите рокови се поминати и оти дошло време да си го земат тоа што им следува согласно Уставот, законите и буџетот. - На овој протест повикуваме на достоинствено однесување, без насилство, нарушување на јавен ред и мир. СЗДСМ како организатор, не поддржува и однапред се оградува од какво било насилство, изрази на омраза, повици на немири и нарушувања на јавниот ред и мир. Ова е протест на лицата со дијабетес и се оградуваме од било какви други ознаки, присвојувања и обиди за негова инволвираност во меѓу партиски, политички и други видови на пресметки, потенцираат од СЗДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/litsata-so-dijabetes-deneska-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/feed/ 0
Овие рани симптоми може да укажуваат дека имате дијабетес, не ги игнорирајте https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-rani-simptomi-mozhe-da-ukazhuvaat-deka-imate-dijabetes-ne-gi-ignorirajte/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-rani-simptomi-mozhe-da-ukazhuvaat-deka-imate-dijabetes-ne-gi-ignorirajte/#respond Fri, 21 Apr 2023 19:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=826255

Редовното тестирање на шеќерот во крвта може да помогне во рано откривање на дијабетес, но има некои рани симптоми кои укажуваат дека можеби страдате од оваа сè почеста болест. Дури и мало зголемување на шеќерот во крвта може да ги оштети вашите нерви, бубрези. И колку е повисоко нивото на шеќер во крвта и колку подолго не го лекувате, толку може да биде поголема штетата. Многу луѓе често ги игнорираат овие симптоми, па може да страдаат од дијабетес со години без воопшто да го сфатат тоа. Уринирате почесто Ако сте забележале дека одите во тоалет почесто од вообичаено, ова е знак дека можеби имате висок шеќер во крвта. Ова е особено точно ако се будите за да уринирате ноќе. Често имате инфекции Ако често имате уринарни или габични инфекции, треба да посетите лекар. Кога шеќерот во крвта е висок, а бубрезите не можат доволно добро да го филтрираат, шеќерот завршува во урината. Ова предизвикува инфекции на уринарниот тракт, а тоа особено важи за жените. Слабеет без напор Ако имате дијабетес, вашето тело не може толку ефикасно да ја користи гликозата за енергија. Наместо тоа, вашето тело ќе почне да ги согорува резервите на маснотии и може да доживеете неочекувано губење на тежината. Видот се влошува Високото ниво на шеќер може да го влоши вашиот вид. Доколку сметате дека неодамна ви се променила диоптријата, посетете офталмолог, а потоа и матичен лекар за да ја утврдите причината. Се чувствувате уморно Неколку основни причини за замор може да се поврзани со дијабетес/висок шеќер, вклучително и дехидрација од често мокрење, што може да го наруши сонот и да доведе до оштетување на бубрезите. Ова чувство на исцрпеност може да ги попречи вашите секојдневни активности. Промена на бојата на кожата Темната кожа на наборите на вратот и над зглобовите и под пазувите се многу чести симптоми кои можат да бидат предизвикани од дијабетес. Тие секако се симптом кој често се појавува кај инсулинската резистенција, па затоа е неопходно да се посвети дополнително внимание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-rani-simptomi-mozhe-da-ukazhuvaat-deka-imate-dijabetes-ne-gi-ignorirajte/feed/ 0
КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕМЕ ПРЕД-ДИЈАБЕТЕС! https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/kako-da-prepoznaeme-pred-dijabetes/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/kako-da-prepoznaeme-pred-dijabetes/#respond Thu, 30 Mar 2023 12:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=818142

Дијабетот денес прераснува во своевидна пандемија, опфаќајќи го секој единаесетти човек на глобално ниво, односно над 400 милиони луѓе. Дополнително загрижува фактот што ваквата енормна бројка е во постепен, благ раст. Причините за ваквиот тренд се бројни, а како дел од нив може да ги издвоиме: генетиката, исхраната, недостатокот од физичка активност, стресот и сл. Начинот на живот е најверојатно најважниот фактор кој сериозно го зголемува или пак намалува ризикот за дијабет, но и за голем  број други здравствени состојби. За среќа, нашето тело понекогаш ни дава предупредувачки сигнали, односно доаѓа до појава на пред-дијабет т.н „жолт картон“ пред појавата на дијабет. Доколку дојде до појава на пред-дијабет или рана фаза на дијабет тип 2, важно е и неопходно е да се препознаат и воочат раните знаци и симптоми на болеста. Што претставува дијабетот тип 2 Дијабетот тип 2 претставува состојба во која  телото неправилно и отежнато се справува со шеќерот во крвта. Се работи за хронична состојба која резултира главно поради 2 причини. Едната е поради панкреасот кој не произведува доволно инсулин, а како втора причина се смета намалената сензитивност, односно влошениот и ослабнат одговор на клетките кон инсулинот. Ова доведува до неефективно дејство на инсулинот, со што клетките внесуваат помалку шеќер во себе од потребното. Дијабетот тип 2 се асоцира со повозрасната популација, но за жал, денешниот начин на исхрана и сè почестата застапеност на прекумерната телесна тежина кај популацијата, доведува до појава на овој тип на дијабет и кај помладата популација. За дијабетот тип 2 не постои конкретен лек, но се смета дека регулирањето на телесната тежина, здравата и балансирана исхрана и редовната физичка активност можат да помогнат болеста да се одржува под контрола. Кои се раните знаци и симптоми за појава на овој тип дијабет? Знаците и симптомите на оваа болест се појавуваат доста бавно и често луѓето живеат подолг период без воопшто да бидат свесни дека имаат дијабет тип 2. Затоа е важно да се препознаат и воочат раните симптоми кои може да ни помогнат навремено да ја дијагностицираме ваквата состојба. Дел од почетните симптоми на дијабетот тип 2 се:
  1. Зачестено мокрење - се јавува како резултат на зголемениот обем на работа на бубрезите кои се обидуваат да го исфрлат вишокот шеќер од крвта.
  2. Зголемена жед - ваквиот симптом се поврзува и со зачестеното мокрење, односно потребата на организмот побрзо и во поголема мера да ја филтрира крвта со цел да го исфрли вишокот шеќер од крвта.
  3. Редовно чувство на глад - лицата со дијабет најчесто не добиваат доволно енергија од храната која ја внесуваат. Глукозата која е присутна во крвта, не доаѓа ефективно и во доволни количини до нашите клетки, а тоа значи дека можно е да се јави константно чувство на глад.
  4. Чувство на замор - поради недоволната искористенот на шеќерот, се јавува и одреден недостаток на енергија кај лицата со дијабет. Тоа може да предизвика константно чувство на замор.
  5. Заматен вид - вишокот шеќер кој е присутен во малите крвни садови во очите може да предизвика одредено заматување на видот. Тоа може да се јави кај едното око или во двете очи и може да е привремено и ретко.
  6. Чувство на пецкање или болка во дланките и стапалата - високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до оштетување на нервите, а со тоа да се јави и чувство на пецкање или непријатност, особено во дланките и стапалата.
  7. Бавно заздравување на рани и исекотини - високото ниво на шеќер во крвта ги оштетува нервите и крвните садови што доведува и до намалена циркулација. Поради тоа, повредите од типот на рани и исекотини заздравуваат побавно и ризикот за инфекција кај нив е зголемен.
Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување. Тоа може значително да го смени текот на оваа здравствена состојба, а и да го заштити и подобри целокупното здравје. Доколку не се третира, дијабетот може да доведе до сериозни проблеми како: срцеви заболувања, мозочен удар, оштетување на нервите, оштетување на бубрезите, нарушен вид, па дури и смрт. Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на кој било тип на дијабет, промените во животните навики исто така можат да имаат исклучително позитивен ефект. Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот. Доколку дијабетот веќе настанал, еден од првите чекори коишто треба да се преземат е посветување внимание на исхраната и на здравите животни навики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/kako-da-prepoznaeme-pred-dijabetes/feed/ 0
Совети против опасноста од дијабетес https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-protiv-opasnosta-od-dijabetes/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-protiv-opasnosta-od-dijabetes/#respond Thu, 09 Mar 2023 21:28:38 +0000 https://kurir.mk/?p=808690

Дијабетесот е сериозна хронична болест при којашто нивото шеќер во крвта на заболениот е покачено. Иако не е точно познато што предизвикува дијабетес тип 1, се смета дека тоа е последица од автоимуна реакција, при што телото погрешно се брани. А пак, дијабетесот тип 2 честопати е предизвикан од прекумерна тежина или неактивен начин на живот. Токму поради тоа, лекарите препорачуваат губење килограми и здрава, урамнотежена исхрана со цел, меѓу другото, да се намали опасноста од дијабетес тип 2. Доктор Џозеф Амбани од Кенија, за списанието „Експрес“ (Express) тврди дека јадењето јаткасти плодови особено помагаат во намалувањето на опасноста од оваа болест. - Јатките како што се бадеми, ореви и индиски ореви, се богати со незаситени масти, растителни влакна, протеини, витамини и минерали здрави за срцето, појасни д-р Амбани. Според него, редовното јадење јаткасти плодови има доста здравствени придобивки тесно поврзани со дијабетесот. Тие ги намалуваат воспаленијата во телото, го контролираат нивото шеќер во крвта, а со тоа ја регулираат и телесната тежина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-protiv-opasnosta-od-dijabetes/feed/ 0
Истражување: Бракот може да спречи дијабетес тип 2 https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-brakot-mozhe-da-sprechi-dijabetes-tip-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-brakot-mozhe-da-sprechi-dijabetes-tip-2/#respond Tue, 07 Feb 2023 12:22:23 +0000 https://kurir.mk/?p=797256

Заеднички живот или брак може да спречи дијабетес тип 2, без разлика дали врската е среќна, покажуваат истражувањата. Наодите се објавени во стручното списание „Би-ем-џеј“ (BMJ Open Diabetes Research & Care). Претходни истражувања покажаа дека среќно венчаните луѓе имаат голем број здравствени последици и придобивки во споредба со самците, вклучувајќи подолг живот, помалку мозочни и срцеви удари, помалку депресија и поздрава исхрана. Нов научен труд конкретно го разгледува нивото на шеќер во крвта кај повозрасни луѓе, па анализите посочуваат дека бракот или заедничкиот живот помага да се задржи нивото на шеќер под контрола. Се покажа дека ова е точно без разлика дали врската е среќна или стресна и не толку среќна. Универзитетот на Луксембург и Универзитетот во Отава во Канада ги проучувале податоците од британското долгорочно „Лонгитудинално истражување за стареење“, за 3.335 луѓе на возраст 50 - 89 години кои немале дијабетес на почетокот на следењата. Земени биле податоци за крвта и нивоата на HbA1c (просечна гликоза во крвта). Луѓето биле прашани дали имаат сопруг/-а или партнер/-ка со кој/-а живеат и за нивото на стрес и поддршка во врската. Така, 76 отсто од луѓето со низок шеќер живееле со некого. Истражувачите потоа откриле дека квалитетот на врската не влијае значително на просечното ниво на гликоза во крвта, што укажува на тоа дека да се има поддршка или затегнат однос е помалку важно отколку тоа - да се има каква било врска. „Генерално, нашите резултати сугерираат дека брачните/партнерските односи се обратно поврзани со нивоата на HbA1c без оглед на димензиите на брачната поддршка или стресот“, заклучија тие. - „Исто така, овие односи, се чини, имаат заштитна делотворност против нивоата на HbA1c над прагот за преддијабетес“. Дијабетесот погодува околу 422 милиони луѓе ширум светот - главно со ниски и средни примања, а најмалку 1,5 милиони годишно умираат како последица на шеќерната болест, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-brakot-mozhe-da-sprechi-dijabetes-tip-2/feed/ 0
Пет години се чека набавка на сензори за децата со дијабетес, нема ниту термини за контрола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-se-cheka-nabavka-na-senzori-za-decata-so-dijabetes-nema-nitu-termini-za-kontrola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-se-cheka-nabavka-na-senzori-za-decata-so-dijabetes-nema-nitu-termini-za-kontrola/#respond Mon, 14 Nov 2022 12:21:39 +0000 https://kurir.mk/?p=760275

Децата со дијабетес во земјава сè уште немаат сензори што безболно ќе ја мерат гликемијата. Наташа Деспотовска-Димитриевска, претседателката на БАЛАНС МК – Асоцијацијата за детски дијабетес, вели дека се поминати пет години откако е поднесено барањето до надлежните институции и искрено верува оти оваа година конечно ќе има разрешница по тоа прашање. Трошоците на родителите кои ги набавуваат сензорите од странство се во просек околу 1500 евра годишно. – Дијабетесот е доста сериозна хронична состојба кај којашто компликациите речиси се и неизбежни. Веруваме дека Министерството за здравство ќе направи напор и дека и децата конечно ќе ги добијат сензорите. Долги години родителите тешко доаѓаат до нив, бидејќи ги нарачуваме преку трети луѓе од странство, а финансискиот издаток е навистина голем за едно семејство. Во просек, годишно тие сензори не чинат околу 1500 евра по детенце, изјави Деспотовска-Димитриевска на денешната Тркалезна маса „Предизвиците за дијабетесот во Македонија – заедно еден со друг“, по повод 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот. Како што информираше таа, во пораст е бројот на деца со дијабетес, не само во земјава, туку и на глобално ниво. Дебелината кај децата претставува се поголем проблем и со тоа, како што додаде Деспотовска-Димитриевска, доаѓа до проблем кај педијатриската популација. – По однос на терапии, не недостигаат. Имаме редовна инсулинска терапија и за тип 1 и тип 2. Остануваме да се бориме за сè што е иновативно. Сериозен недостиг се појави во текот на изминатата година од ленти, но би сугерирала да се разгледа сериозно барањето за поквалитетни ленти, бидејќи само со нив се обезбедува добра гликемиска контрола, заклучи Деспотовска-Димитриевска. Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев вели дека со недостиг на инсулин се соочуваат околу една недела, што според него, не е долг период. – Почнавме повторно со солидарноста по социјални мрежи, телефонски, со дополнување меѓу нас. Инсулинските аптеки добиле информација дека ќе има одреден период недостиг и почнуваат да ја намалуваат, односно даваат помалку на повеќе луѓе. Тоа што го имаме како информација е дека е претходниот тендер е инициран и треба да се дополнува постапката, односно има административна пречка во однос на потпишување на документација за примопредавање на дополнителни количини, истакна Велев. Очекува оваа недела да заврши тој недостиг и веќе од утре да бидат достапни соодветни количини низ целата земја. Навикнати на недостигот, секогаш чуваат резервни пенкала. Во однос на бројот на примателите на инсулин, Велев посочи дека официјално на инсулин се околу 46.000 лица. Како најголем проблем, тој ги посочи термините за контрола што ги нема веќе подолго време. – Термини немаме подолго време, не само на Ендокринологија, туку и низ сите центри за дијабетес во земјава. Преку асоцијација на пациентски организации уште од летото континуирано апелираме да се реши овој проблем со зголемување на термините, со можност за пристап до кој било од упатите, односно редовни контроли по амбулантите. Ние се снаоѓаме со брзи упати, приоритетни, па се префрлуваат од една на друга амбуланта и имаме сериозен предизвик со тоа дека нема доволно доктори низ центрите за дијабетес. Во Делчево, Берово дури сега добија интернисти и започнаа со работа, појасни претседателот на СЗДСМ. Сојузот на здруженија на дијабетичари Светскиот ден против дијабетесот го одбележува со цел подигнување на свесноста во јавноста, кај лицата кои живеат со оваа состојба, но и кај институциите што се вклучени во третманот на дијабетесот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-se-cheka-nabavka-na-senzori-za-decata-so-dijabetes-nema-nitu-termini-za-kontrola/feed/ 0
Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/noviot-lek-za-dijabetes-od-tipot-2-uspeshen-i-vo-lekuvanjeto-prekumerna-debelina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/noviot-lek-za-dijabetes-od-tipot-2-uspeshen-i-vo-lekuvanjeto-prekumerna-debelina/#respond Tue, 07 Jun 2022 13:16:40 +0000 https://kurir.mk/?p=687872

Лекот за дијабетес од типот 2 „Тирзепатид“ што неодамна беше одобрен во САД, може да помогне во слабењеето на возрасните лица со прекумерна телесна тежина, а немаат дијабетес, покажуваат резултатите на истражување спроведено од меѓународна група научници. Ефектите на медикаментот биле испитувани во период од 72 седмици кај повеќе од 2500 дебели лица кои немале дијабетес. Испитаниците биле поделени во четири групи, од кои едната примала плацебо, а другите три по пет, десет и 15 милиграми „Тирзепатид“. Учесниците во студијата кои земале доза од пет милиграми изгубиле во просек околу 16 килограми во текот на односниот период, оние во доза од десет милиграми изгубиле во просек 22 килограми, а учесниците на кои им била дадена доза од 15 милиграми изгубиле во просек околу 23,6 килограми. Испитаниците од групата која примале плацебо-инјекција изгубиле во просек 2,4 килограми. „Тирзепатид“ делува на начин што имитира хормони кои им помагаат на луѓето да се чувствуваат сити после оброк или во содејство на два природни хормони кои му помагаат на мозокот да испрати сигнал за ситост на организмот. „Околу деведесет проценти од луѓето во студијата изгубиле тежина, а просечното губење на тежината при највисока доза беше 22,5 проценти, што досега не сме го виделе во ниту една слична студија“, вели коавторот на студијата, д-р Анија Јастребоф, пррофесор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Јеил“. „Резултатите од студијата претставуваат значителен напредок во потенцијално проширување на ефективни терапевтски опции за луѓето кои се борат против дебелината“, рече таа. Студијата бележи подобрувања забележани кај речиси сите учесници во експериментот кога станува збор за крвниот притисок како и нивоата на шеќер и на холестерол во крвта. Најчестите несакани ефекти биле гадење, дијареа и запек, но генерално сите во блага до умерена форма, посочува рече Јастребоф додавајќи дека учесниците во студијата можеле да ја задржат истата телесна тежина во текот на 72-неделниот период опфатен со испитувањето. „Дебелината е хронична болест што може да се лекува. Би можеле да ја третираме како што третираме било која друга хронична болест – со ефективни и безбедни пристапи што ги таргетираат механизмите на основната болест, а овие резултати се доказ дека Тирзепатид делува на тој начин“, рече Јастребоф објаснувајќи и дека пациентите можеби ќе треба да останат на односната терапија неодредено долго време. „Но, ако сметаме дека прекумерната дебелина е хронична болест, тогаш зошто хроничната болест да се лекува само 72 недели“, изјави таа. Д-р. Сајмон Корк од Универзитетот во Кембриџ, рече дека оваа класа лекови делува само доколку учесниците се придржуваат до пропишаната диета, што се заснова врз намален внес на калории. „Значи, ова не е некој вид на магичен лек“, истакна Корк. „Тирзепатид“ е медикамент произведен во фармацевтската компанија „Ели Лили“, а во САД беше одобрен за третман на дијабетес тип 2 во средината на мај. Федералната управа за храна и лекарства (ФДА) утврди дека лекот со правилна исхрана и физичка активност успева да го држи под контрола нивото на шеќер во крвта кај возрасните со таков тип дијабетес. Резултатите од студијата се објавени во специјализираното списание „New England Journal of Medicine“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/noviot-lek-za-dijabetes-od-tipot-2-uspeshen-i-vo-lekuvanjeto-prekumerna-debelina/feed/ 0
Виното е опасно за луѓето со астма и дијабетес https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vinoto-e-opasno-za-lugjeto-so-astma-i-dijabetes/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vinoto-e-opasno-za-lugjeto-so-astma-i-dijabetes/#respond Mon, 18 Apr 2022 10:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=664723

Според Американскиот институт за вино, просечниот Американец пие повеќе од 13 литри вино секоја година. Но сепак, виното не е за секого. Експертите советуваат, како што објави списанието „Eat This, Not That“, за кого сѐ е полезно да се прекине со оваа напивка. 1. Лица со дијабетес Луѓето со дијабетес треба особено да внимаваат со виното, според Лијан Постон, специјалист во „Инвигор медикал“. – Виното може да влијае на нивото шеќер во крвта, особено ако се пие на празен стомак. Дијабетичарите треба да бидат многу внимателни, вели Постон. – Пиењето алкохол на празен стомак може значително да го намали нивото шеќер во крвта и да доведе до тешка хипогликемија, што може да доведе до дијабетна кома, додаде тој. 2. Оние кои земаат седативи или лекови против болки Без оглед какви седативи или лекови против болки земате, пиењето алкохол во сите случаи значи – опасност. – Седативите и лековите против болки се депресанти, што значи дека ја забавуваат активноста на мозокот. А, алкохолот го прави истото, вели Постон. Според извештајот од 2014 година објавен од Центарот за контрола и превенција на болести во САД, алкохолот е причина за 18,5 отсто од повиците во итна помош поврзани со опојни аналгетици и 22,1 отсто од смртните случаи поврзани со тоа. 3. Луѓе кои земаат дисулфирам Дисулфирам е лек којшто се користи за хроничен алкохолизам. Во комбинација со вино може да има сериозни несакани ефекти. – Ако пиете алкохол додека го земате овој лек, може да почувствувате главоболки, повраќање, гадење, слабост, промени во дишењето и отчукувањата на срцето, појаснува Постон. 4. Заболени од астма Изненадувачки, ако страдате од астма, една или две чаши вино може да ве направат поподложни на напади. Астматичарите може да доживеат несакани последиции од виното, поради чувствителноста на сулфити, според д-р Крис Ери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vinoto-e-opasno-za-lugjeto-so-astma-i-dijabetes/feed/ 0
Совети за луѓето со дијабетес кои сакаат да постат за Рамазан https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-lugjeto-so-dijabetes-koi-sakaat-da-postat-za-ramazan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-lugjeto-so-dijabetes-koi-sakaat-da-postat-za-ramazan/#respond Tue, 05 Apr 2022 08:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=658548

Рамазан, периодот во којшто муслиманските верници постат од изгрејсонце до зајдисонце, започна на 2 април. Што значи ова за луѓето кои имаат дијабетес и коишто треба да го задржат шеќерот во крвта под контрола? Дијабетесот е доживотна здравствена состојба која предизвикува високи нивоа шеќер во крвта. Постојат два главни вида дијабетес – тип 1 и тип 2. Кај дијабетес тип 1, имунолошкиот систем на телото ги напаѓа клетките што произведуваат инсулин, а кај дијабетесот тип 2, телото самостојно не произведува доволно инсулин, што предизвикува клетките да не реагираат правилно на инсулинот. – Постот за време на Рамазан не се препорачува за луѓе со дијабетес тип 1. Ова важи и за оние со оштетување на бубрезите или земаат апчиња поради болеста, вели стручњакот Несрин Јавуз. Муслиманите со хронични болести како што е дијабетесот се ослободени од обврската за рамазанскиот пост, иако многумина, сепак, сакаат да учествуваат во постот. Оние со дијабетес тип 2 може да постат, но треба да бидат особено внимателни во конкретни случаи. – Дури и за луѓето кои не си инјектираат инсулин, важно е да имаат добри долгорочни нивоа на гликоза во крвта. Оние кои земаат инсулин мора да бидат особено внимателни, бидејќи во спротивно може да западнат во тешка хипогликемија, вели Јавуз. На сите дијабетичари им се советува да разговараат со својот лекар пред да почнат да постат, да си ја проценат општата здравствена состојба, постојната терапија, опасностите од постот и со тоа да си помогнат во креирањето на планот за исхрана. Задолжително е и редовно мерење на нивото шеќер во крвта. Се препорачува овој преглед да се направи еден до два месеци пред Рамазан. И постарите лица и трудниците со дијабетес, исто така, се изложени на ризик. – Ако пациентот со дијабетес е изложен на опасност од хипогликемија за време на целодневен пост, треба веднаш да престане да пости и да го врати шеќерот во крвта под контрола со земање, на пример, малку гликоза, истакнува Јавуз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-lugjeto-so-dijabetes-koi-sakaat-da-postat-za-ramazan/feed/ 0