дијабетичар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Dec 2022 13:57:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дијабетичар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ СИМПТОМИ НА ДИЈАБЕТЕС! Не смеете да ги ИГНОРИРАТЕ! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-najchesti-simptomi-na-dijabetes-ne-smeete-da-gi-ignorirate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-najchesti-simptomi-na-dijabetes-ne-smeete-da-gi-ignorirate/#respond Fri, 02 Dec 2022 13:57:10 +0000 https://kurir.mk/?p=770208

Дијабетесот е болест која има влијание на способноста на телото да произведува инсулин, а ова резултира со висок шеќер во крвта. Првите симптоми може да бидат навистина суптилни, па повеќето луѓе ги игнорираат. Ако не се лекува, дијабетесот не само што ќе го намали квалитетот на животот, туку може и да го скрати. Токму поради ова е важно навреме да се открие. Погледнете некои од најчестите рани симптоми кои ќе ви помогнат во тоа. Зголемена жед и потреба за во тоалет Зголемената жед и честото уринирање се најчестите симптоми за дијабетес. Кога имате дијабетес, вашите бубрези не можат да го апсорбираат вишокот шеќер. Поради ова, тој завршува во вашата урина и ги „собира“ течностите од ткивата. Ова ве тера почесто да одите во тоалет и ве дехидрира. За да ја изгаснете жедта пиете уште повеќе течности, а ова води до уште почесто уринирање. Во просек, луѓето одат во тоалет 6-7 пати дневно. Од 4 до 10 пати дневно е нормален број за здрава личност. Зголемен глад Зголемениот глад, заедно со претходните симптоми, е уште еден знак за дијабетес. Ако вашето тело не произведува доволно инсулин, не може да ја претвора храната во глукоза, која пак им е потребна на клетките за енергија. Поради ова, вашиот глад не исчезнува дури и после оброк. Всушност, јадењето само ќе го зголеми нивото на шеќер во крвта. Ако постојано јадете, а гладот не престанува, можеби е најдобро да го посетите вашиот лекар. Замор Друг чест симптом за дијабетес е постојаниот замор. Ако го имате ова нарушување ќе се чувствувате заморно и поспано, и тоа од истата причина од која чувствувате глад – вашите клетки немаат доволно глукоза за енергија. Дехидрацијата поради честото уринирање исто така може да биде причина за заморот. Заморот често е симптом и за други нарушувања, но во комбинација со овие знаци, можеби станува збор за дијабетес. Замаглен вид Кога замаглениот поглед не е поради проблеми со очите, може да биде ран знак за дијабетес. Ова се случува поради менување на нивото на течност во телото, а ова прави леќите во вашите очи да ја менуваат формата. Оваа промена влијае на способноста за фокусирање, па работите ви изгледаат замаглено. Овие промени не се трајни и вашиот вид ќе се врати во нормала штом ќе се стабилизира нивото на шеќер во крвта. Сепак, ако болеста не се лекува, овие промени може да доведат до слепило.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-najchesti-simptomi-na-dijabetes-ne-smeete-da-gi-ignorirate/feed/ 0
Сојузот на здруженија на дијабетичари бара промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за лицата со инсулинска терапија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-dijabetichari-bara-promena-na-modelot-za-nabavka-na-glukomeri-i-lenti-za-licata-so-insulinska-terapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-dijabetichari-bara-promena-na-modelot-za-nabavka-na-glukomeri-i-lenti-za-licata-so-insulinska-terapija/#respond Tue, 28 Jun 2022 11:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=696795

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) бара промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за секое лице со дијабетес со инсулинска терапија, со цел нивна навремена дистрибуција и достапност во аптеките, но засега немаат одговор од Министерството за здравсто, ниту од ресорниот министер Беким Сали и покрај обидите во последните шест месеци за воспоставување редовна комункација со него. Како што изјави на денешната прес-конференција претседателот на СЗДСМ Диме Велев, како здружение заедно со своите членки пред три месеци поднеле и официјално писмено барање за промена на моделот за набавка на глукомери и ленти, а за истото барање од канцеларијата на премиерот добиле писмено исвестување дека постапката ја започнале и дека го чекаат министерот за здравство. -Денес упатуваме барање до претседателот на Владата, Ковачевски како по закон најнадлежен за состојбите во извршната власт да ја заокружат постапката за промена на моделот за набавка на глукомери и ленти. Бараме лентите и апаратите да се тргнат од тендерската постапка за набавка на инсулин и истите да бидат со дефинирана референтна цена и достапни во сите аптеки. Ако и овој наш предлог не сте во можност да го прифатите и спроведете, тогаш барем одвојте ги двете тендерски постапки-посебен тендер за инсулинска и друга антидијабетична терапија и посебен тендер за апарати, ленти, пумпи, сензори и други медицински помагала. Се работи за 45 000 кои имаат право на квалитетна терапија и на квалитетни медицински помагала, рече Велев. Тој при изрази благодарност што во последните неколку години се во можност да користат најсовремена инсулинска и друга терапија набавена преку официјални ланци на снабдување и дека тоа ќе продолжи и во иднина без никакви можности за набавка со паралелен увоз. Претседателката на БАЛАНС МК Наташа Деспотовска Димитриева изјави дека во земјава има 600 деца до 18 години, односно деца и адолесценти со тип 1 дијабетес, а вкупно 5 илјади лица со тип 1 дијабетес кои се комплетно зависни со инсулин, при што е забележан драстичен пораст на дијабетот тип 1 особено кај детската популација во земјава, но и на глобално ниво. -Ако се зборува за детската популација, значи не само во детската популација туку и воопшто КОВИД-от влијаеше многу не само кај нас во Македонија туку и во светски рамки, порастот на лица особено со тип 1 дијабетес е во драматичен пораст. Тоа се одрази кај нас. Ако ние на годишно ниво до пред две години имавме во просек од 30 до 40 деца, лани на пример на Детската клиника се дијагностицираа 70 деца. Оваа година која не е ни до пола измината, веќе имаме 30 нови дечиња со дијабетес тип 1, рече Деспотовска Димитриева на новинарско прашања. Велев прашан во однос на дистрибуцијата на лентите и глукомерите за лицата со инсулинската терапија посочи дека во Скопје останува проблемот со ненавремена дистрибуција и редистрибуција. -Другите градови се релативно снабдени и има недостатоци но не драматични, не беа многу високи. Се работи за ден-два. Додека во Скопје имаме појава оваа година каде што во аптеките во здравствените домови овде во Скопје не се врши навреме редистрибуција или дистрибуција. Поточно, Министерството за здравство дава информација, што е точно, дека е доставено до централно депо на инсулинска аптека. За понатаму како се врши никој не може да влеземе во трка затоа што нашите членови во Скопје секој месец по два-три пати мора да интервенираат за да се достават од една до друга аптека лентите и апаратите па пациентите да ги добијат навремено. За жал, тука имаме лица и со тип 1 кои по два-три месеци не можат да си подигнат ни ленти, ни апарат, нагласува Велев. Тој воедно посочува и дека, покрај кај тип 1 порапидно зголемување на случаи има и кај тип 2 дијабетес особено кај поризичните пациенти кои биле и клинички третирани со КОВИД, па покрај гестациски дијабет веќе имаме и постковид дијабетес и во светски рамки и во земјава, но, вели, се надеваме дека тој ќе биде времен слично како и гестацискиот и дека нема да биде траен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-dijabetichari-bara-promena-na-modelot-za-nabavka-na-glukomeri-i-lenti-za-licata-so-insulinska-terapija/feed/ 0