дијабетичари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Aug 2023 18:35:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дијабетичари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дијабетичарите најавуваат тужби поради немање терапија, од МЗ велат дека се прават напори да се надминат проблемите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijabeticharite-najavuvaat-tuzhbi-poradi-nemane-terapija-od-mz-velat-deka-se-pravat-napori-da-se-nadminat-problemite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijabeticharite-najavuvaat-tuzhbi-poradi-nemane-terapija-od-mz-velat-deka-se-pravat-napori-da-se-nadminat-problemite/#respond Fri, 11 Aug 2023 18:35:59 +0000 https://kurir.mk/?p=865957

Министерството за здравство попладнево преку соопштение информираше дека се прават напори да се надминат проблемите со кои се соочуваат лицата со дијабет. На почетокот на следната недела, како што стои во соопштението, здруженијата на дијабетичари повторно ќе бидат повикани на средба. - Министерството за здравство во целост ги разбира Здруженијата на дијабетичари со кои е во постојан контакт. Апсолутно сме на истата страна во овој случај и даваме максимални напори да ги корегираме пропустите од претходното раководство на Министерството за здравство, кое задоцнило со сите процедури и не ги следело препораките на Комисијата навремено да започне со постапкте. Од првиот ден министерот д-р Фатмир Меџити е во комуникација со Здруженијата и пациентите и транспарентно ги посочи наследените проблеми и причините за пролонгирање на набавките, се вели во соопштението. Пациентите со дијабет не ја исклучуваат можноста за тужби против Министерството за здравство затоа што подолг временски период се оставени без терапија. - Прво ќе поднесеме претставки до Министерството за здравство. Сите што добиле од специјалист извештај за инсулин, за ленти, за глукомери и за антидијабетна терапија преку адвокат претставките ќе ги достават до Министерството. Доколку Министерството не одговори со позитивен одговор, ќе тужиме, изјави Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари за телевизија Сител. Од Министерството за здравство апелираат на воздржаност и разбирање. - Тужби не се решение ниту има потреба од нив затоа што Министерството е партнер со здруженијата, но ако тие веќе решиле да тужат, тоа треба да биде насочено кон претходното раководство кое ги создаде проблемите кои денес Министерството се обидува да ги надмине. Уште еднаш апелираме за воздржаност и разбирање, бидејќи се прави апсолутно се што е во моќ на Министерството, запазувајќи ги правните процедури и рокови од кои едноставно не можеме да отстапиме, велат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijabeticharite-najavuvaat-tuzhbi-poradi-nemane-terapija-od-mz-velat-deka-se-pravat-napori-da-se-nadminat-problemite/feed/ 0
Дијабетичарите во Македонија живеат со низа проблеми: Нема ленти за мерење, глукомери, нема иновативна терапија, а неопходни се и сензори за детскиот дијабетес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijabeticharite-vo-makedonija-zhiveat-so-niza-problemi-nema-lenti-za-merene-glukomeri-nema-inovativna-terapija-a-neophodni-se-i-senzori-za-detskiot-dijabetes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijabeticharite-vo-makedonija-zhiveat-so-niza-problemi-nema-lenti-za-merene-glukomeri-nema-inovativna-terapija-a-neophodni-se-i-senzori-za-detskiot-dijabetes/#respond Fri, 10 Mar 2023 10:35:57 +0000 https://kurir.mk/?p=810378

Нема ленти за мерење дијабетес од тип 2, глукомери, нема иновативна терапија, а неопходни се сензори за детскиот дијабетес. Ова се предизвиците со кои се соочувааат дијабетичарите во земјава, а Сојузот на дијабетичари на Македонија бара континуирано да се следи дијабетесот за да не се предизвикаат несакани последици. Во Прилеп синоќа се формираше новото здружение „Сина револуција“, кое ќе се грижи за решавањето на проблемите на лицата со дијабетес. Димче Велев, претседател на Сојузот на дијабетичарите на Македонија вели дека штотуку се реши ситуацијата со инсулинот, но остануваат другите предизвици за 116 000 лица со дијабетес во земјава, од кои 45 000 се на инсулинаска терапија, а 600 се деца и млади до 18 години. - Останува проблемот на немањето ленти на лицата со дијабетес од тип 2 и малиот број ленти кои им се делат на лицата со дијабетес од тип 1. Битното прашање за нас кои сме со дијабетес е квалитетното менаџирање со контролирањето на шеќерот преку континуирано мерење. Од државата бараме, иако еднаш успеавме, но таа се повлече, набавка на сензори за мерење гликемија. Има одредени планови на Министерството, но сакаме час поскоро да се распише тој тендер или повик за 600-те деца или млади до 18 години да обезбедат континуирано мерење на гликемиите за да може да бидат присутни во редовниот живот на училиште, смета Велев. Сојузот има закажано средба со новиот министер за здравство и ќе бара решение за глукомерите. Неопходно е да се обнови и позитивната листа со иновативни терапија, зашто едно лице со дијабет терапијата го чини преку 50 евра. - Час поскоро да се реши проблемот со глукомерите, зашто три месеци не ги добиваме. Дали преку јавна набавка или преку нашиот понуден некулкугодишен модел со референтна цена, односно секој да има право да си бира глукомер за да мериме и да има поквалитетен живот за лицата со дијабетес. Потребна е иновативна таблетарна терапија, која никако не е застаната на позитивната листа на Фондот за здравство. На листата во 15 години е интервенирано само еднаш, со еден лек кој нема врска со хроничните болести. Бараме што побрзо да се обнови листата зашто едно лице со дијабет терапијата го чини минимум 50 евра, изјави Велев. Наташа Деспотовска Димитриевска, родител на дете со дијабетес тип 1 и претседателка на здружението „Баланс мк, асоцијација за детски дијабетес на Македонија“ инсистира на сензорите за мерење дијабетес кај децата, со што ќе се избегне постојано да се боцкааат за да им се проверува шеќерот. Тоа го има во соседните земји. - Секаде во светот станаа нормална терапија во третирањето на дијабетесот. Ние континуирано пет години ги бараме. Сензорите се за континуирано и безболно, без боцкање на секои два часа, контролирање на шеќерот. Со сензорите само со читач може да ги дознаат параметрите. На тој начин на децата им обезбедуваме безбеден престој во градинка, во училиште, мирни ноќи за спиење. Сензорите секаде во соседните држави се ставени на позитивните листи, изјави Деспотовска Димитриевска, нагласувајќи дека пандемијата остави последици и го зголеми бројот. Ако на годишно ниво сме бележеле 30 до 40 деца, по пандемијата биле дијагностицирани по 70 до 80 деца годишно со дијабетес тип 1. Менде Цветкоски, претседател на новото здружение „Сина револуција“ Прилеп вели дека ќе се залагаат активно да се решаваат проблемите, а недостасуваат едукации и медицински лица. - Состојбата во Прилеп е иста како во целата земја. Недостасуваат ленти, во моментов има инсулин во инсулинската аптека, но проблемите се и доста подлабоки. Ни недостасуваат едукација, медицински персонал. Лентите ги нема за тип 2, за тип 1 се за пола доза, апаратчиња нема за никого, изјави Цветкоски. Претседателката на здружението на дијабетичарите од Битола Душанка Атанасовска информира дека од први март почна да работи првото и единствено на овие простори „он-лајн“ советувалиште. - „Он-лајн“ советувалиштето е организирано од клиничката болница за Ендокринологија, за почеток советуваат д-р Катерина Адамова и д-р Тања Ѓорговски, а ќе имаме и психолог за психосоцијална поддршка и ќе може сите преку интернет да се поврзат и да побараат и да добијат совети. Ни се јавуваат од секаде од светот, вели Атанасовска.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijabeticharite-vo-makedonija-zhiveat-so-niza-problemi-nema-lenti-za-merene-glukomeri-nema-inovativna-terapija-a-neophodni-se-i-senzori-za-detskiot-dijabetes/feed/ 0
СЗД: Во сите аптеки да има избор на квалитетни апарати и ленти за мерење шеќер за кои ФЗО ќе ја покрива референтната цена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szd-vo-site-apteki-da-ima-izbor-na-kvalitetni-aparati-i-lenti-za-merenje-shekjer-za-koi-fzo-kje-ja-pokriva-referentnata-cena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szd-vo-site-apteki-da-ima-izbor-na-kvalitetni-aparati-i-lenti-za-merenje-shekjer-za-koi-fzo-kje-ja-pokriva-referentnata-cena/#respond Tue, 05 Apr 2022 12:18:54 +0000 https://kurir.mk/?p=658741

Да се разгледаат позитивните примери на соседните држави и да се овозможи пациентите со дијабетес во државава да имаат избор на квалитетни апарати и ленти за мерење шеќер во сите аптеки, за кои Фондот за здравствено осигурување ќе ја покрива референтната цена на ленти/глукомер, а ќе бидат достапни и најевтините кои се вклопуваат во референтната цена, бараат од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Во барањето што го упатуваат до Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, тие посочуваат дека изминатите неколку години aпаратите за мерење шеќер кои се обезбедени од државата без надомест за лицата на инсулинска терапија имаат сериозни недостатоци за кои досега многу пати реагирале во јавноста и писмено до Министерството. – Особено сакаме да ја истакнеме прецизноста на мерењето шеќер во крвта која е на најниско можно ниво. Со овој проблем се соочуваме над 10 години. И покрај тоа што не убедуваат дека се добри сосема е спротивно, добиваме погрешени резултати на апаратите. Ваквите грешни резултати не наведуваат да дозираме погрешна доза на инсулин, а погрешното дозирање на долг рок резултира со зголемен број на дијабетес пациенти кај кои се појавуваат како акутни, така и хронични компликации, како што се кардиопатии, невропатии, нефропатии, ретинопатија и слепило, односно покрај првичната хронична состојба се развиваат и болести. Во најлош случај, поради погрешното дозирање на инсулин, а поради неточно измерена гликемија, може да настапи и тешка хипогликемична кома со смрт, потенцираат од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Нагласуваат дека како пациентски организации се нудат на располагање со сите свои ресурси (и логистички и човечки), во заедничко решавање и надминување на овој долгогодишен проблем на лицата со дијабетес. – Бараме за да не бидеме повторно приморани на секои две години да се навикнуваме на нови глукометри со сомнителен квалитет од една страна, како и нивен постојан недостиг во инсулинските аптеки, поради што над 30.000 пациенти сме изложени на дополнителни трошоци (купуваме дополнителни глукометри и тест ленти), за да бидеме покриени во периодот кога тие се дефицитарни во здравствениот систем. Во Србија, Хрватска, Словенија им се остава можност на пациентите сами да го одберат глукометарот и лентите кои ќе ги користат при справување со својата состојба (болест), истите можат да ги набават од која било аптека, а здравствениот систем преку Фондот за здравство покрива одреден износ од вредноста на избраниот глукометар/тест ленти (износот се утврдува преку соодветна методологија), истакнуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Со ваквиот пристап, посочуваат тие, се зголемува сигурноста во поглед на точноста на резултатите, постојано се достапни за пациентите и се минимизира евентуалниот трошок на пациентите за набавка на дополнителни ленти и глукометри потребни поради дефицит на количините обезбедени од државата. – Глукометрите и лентите за нас како лица со дијабетес се најбитните средства за самоконтрола во справувањето со оваа состојба (болест), од која боледува 13 отсто од населението (над 125.000 лица боледуваат од дијабетес, од кои 45.000 се на инсулинска терапија, а меѓу нив 600 се деца), додаваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари во барањето упатено до Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szd-vo-site-apteki-da-ima-izbor-na-kvalitetni-aparati-i-lenti-za-merenje-shekjer-za-koi-fzo-kje-ja-pokriva-referentnata-cena/feed/ 0
Сојузот на здруженија на дијабетичари бара непречено функционирање на Центрите за дијабетес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-dijabetichari-bara-neprecheno-funkcioniranje-na-centrite-za-dijabetes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-dijabetichari-bara-neprecheno-funkcioniranje-na-centrite-za-dijabetes/#respond Fri, 20 Nov 2020 08:39:42 +0000 https://kurir.mk/?p=432062

Сојузот на здруженија на дијабетичари во Македонија укажува на потребата од непречено функционирање на сите центри за дијабетес. Здружението бара од Министерството за здравство да создаде можност сите лекари и дијабетолошки сестри да имаат редовни закажани термини во центрите за дијабетес, бидејќи како што наведува во соопштение, сите овие пациенти имаат потреба од редовни прегледи и контроли. – Согласно моменталната КОВИД-19 ситуација свесни сме дека одреден број пациенти не се во состојба за преглед со физичко присуство и за таа група пациенти ја поздравуваме можноста за издавање електронски рецепт, како што впрочем се одвива непречено процесот. На ваков начин се обезбедува континуитет во достапноста на потребната терапија, што е мандаторно за нашата добра здравтсвена состојба, наведуваат во соопштение. Според Здружението, за квалитетна дијабетолошка грижа прифатлив минимум е во оние градови каде има неповолна епидемиолошка слика со КОВИД-19, е центрите за дијабетес да функционираат нормано (тим интернист/сестра) минимум три дена од пет работни денови со термини за редовни прегледи. Во сите останати денови од работната недела дијабетолошките сетри треба да бидат на своето работно место во центрите за дијабетес. Во оние градови каде што не постои влошување на ситуацијата со COVID-19 од СЗДСМ велат дека очекуваат центрите за диајбетес да функционираат непречено во тек на цела работна недела. -Само заеднички со мегусебно разбирање но и со почитување на потребата секој здравствен проблем да добие адекватна медицинска грижа, ќе создадеме предуслови да имаме здрава нација, која секако ќе ни треба по зaвршувањето на оваа светска здравстена криза со COVID-19, посочуваат во соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-dijabetichari-bara-neprecheno-funkcioniranje-na-centrite-za-dijabetes/feed/ 0
Сојузот на здруженија на дијабетичари со барања за обезбедување квалитетни медицински сервиси и терапија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-dijabetichari-so-baranja-za-obezbeduvanje-kvalitetni-medicinski-servisi-i-terapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-dijabetichari-so-baranja-za-obezbeduvanje-kvalitetni-medicinski-servisi-i-terapija/#respond Wed, 19 Aug 2020 05:23:49 +0000 https://kurir.mk/?p=392408

Сојузот на здруженија на дијабетичари денеска ќе ги презентира барањата за обезбедување квалитетни медицински сервиси и терапија, како одржливи модели за менаџирање со дијабетесот во време на пандемијата со Ковид-19. Претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на прес-конференција ќе укажат и на неопходноста за посебно внимание за престојната училишна година, особено за грижа кон децата со дијабетес тип 1, како и за потребата за итно враќање на редовните прегледи и интервенции за лицата со дијабетес. Сојузот на здруженија на дијабетичари ги застапува правата, интересите, проблемите и обврските на околу 125.000 лица со дијабетес од кои околу 44.000 инсулин зависни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-dijabetichari-so-baranja-za-obezbeduvanje-kvalitetni-medicinski-servisi-i-terapija/feed/ 0
Тие треба да бидат ПОСЕБНО внимателни: Овие пациенти имаат 12 пати поголем ризик да починат од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tie-treba-da-bidat-posebno-vnimatelni-ovie-pacienti-imaat-12-pati-pogolem-rizik-da-pochinat-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tie-treba-da-bidat-posebno-vnimatelni-ovie-pacienti-imaat-12-pati-pogolem-rizik-da-pochinat-od-koronavirus/#respond Mon, 27 Jul 2020 13:49:23 +0000 https://kurir.mk/?p=382144

Во американскиот Центар за контрола на заболувањата и профилактика забележале дека пациентите дијабетичари со коронавирус имаат шест пати повеќе потреба од хоспитализација, додека ризикот за смрт кај нив е зголемен за 12 пати. Според истражување на Калифорниски универзитет од Сан Франциско објавено викендов во медицинскиот портал Медикал експрес, научниците анализирале статистика за смртноста за време на неколку месеци пандемија. Според нив, дијабетесот е на втор место по тежина на компликации после срцевите заболувања. Авторот на истражувањето, Пракаш Дидвања, доктор по медицина во Калифорниски универзитет, смета дека заболувањата даваат до знаење дека треба да се воведат „итни и сериозни мерки за контрола на заразени од коронавирус“. Научниците сметаат дека при амбулантно лекување во услови на пандемија, докторите ја губат контролата над состојбата на пациентите. Посетата на дијабетичари на амбулантен преглед се намалила за 10 проценти. Исто така, овие болни се помалку го следат нивото на шеќерот во крвта. Научниците сметаат дека во вакви случаи, од голема помош може да биде телемедицината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tie-treba-da-bidat-posebno-vnimatelni-ovie-pacienti-imaat-12-pati-pogolem-rizik-da-pochinat-od-koronavirus/feed/ 0