дијалог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Feb 2023 17:06:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дијалог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Курти по средбата со Лајчак: Го прифаќаме предлогот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-po-sredbata-so-lajchak-go-prifakame-predlogot-na-eu-za-dijalog-megu-belgrad-i-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-po-sredbata-so-lajchak-go-prifakame-predlogot-na-eu-za-dijalog-megu-belgrad-i-prishtina/#respond Mon, 06 Feb 2023 17:06:19 +0000 https://kurir.mk/?p=796889

Косовскиот премиер Албин Курти, по средбата со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, соопшти дека Косово го прифаќа предлогот на ЕУ за нормализација на односите. Курти во објава на Твитер изјави дека имал добра дискусија со Лајчак. „Добра размена на мислења со специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак на работниот ручек во Приштина. Го прифаќаме предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и го сметаме за добра основа за понатамошна дискусија и солидна платформа за напредок“, потенцираше Курти. Тој додава дека за одредени прашања за меѓународните гаранции, механизмите за имплементација и тајмингот ќе се разговара наскоро, на преговорите во Брисел. „Демократските концепти со европска ориентација ни даваат надеж“, додаде Курти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-po-sredbata-so-lajchak-go-prifakame-predlogot-na-eu-za-dijalog-megu-belgrad-i-prishtina/feed/ 0
Курти: Нема притисоци за продолжување на дијалогот со Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-nema-pritisoci-za-prodolzuvanje-na-dijalogot-so-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-nema-pritisoci-za-prodolzuvanje-na-dijalogot-so-srbija/#respond Tue, 01 Jun 2021 12:28:31 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517687

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Европската унија и САД не вршат притисок за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, кој е во прекин од септември минатата година, кога во Вашингтон се сретнаа тогашниот косовски премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Алксандар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи им се на новинарите во Призрен, каде што го посети тамошниот бизнис парк, Курти потврди дека кон средината на овој месец ќе се сретне со Вучиќ во Брисел. – Ќе имаме една средба кон средината на јуни. Притисоци немам, туку имаме постојана дискусија. Дијалогот ќе биде принципиелен, ќе биде праведен, при што Косово нема да биде објект на масата, туку страна во преговорите. Ќе го претставуваме Косово со нашата програма и со совеста и одговорноста која сме ја покажале досега, изјави Курти. Запрашан за заедницата на општини со мнозинско српско население, косовскиот премиер истакна дека нема да има еднонационална заедница. – Што ќе се случи со заедницата, тоа го кажа и петицијата на граѓаните и тогашните опозициски дејствија, како и одлуката на Уставниот суд. Во Косово не може да има еднонационална заедница, значи неопходно е да ги интегрираме сите граѓани, без оглед на етничката припадност, да не создаваме творби кои ги одделуваат нив, изјави Курти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-nema-pritisoci-za-prodolzuvanje-na-dijalogot-so-srbija/feed/ 0
САД планираат во април да го обноват стратешкиот дијалог со Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-planiraat-vo-april-da-go-obnovat-strateshkiot-dijalog-so-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-planiraat-vo-april-da-go-obnovat-strateshkiot-dijalog-so-irak/#respond Wed, 24 Mar 2021 07:51:08 +0000 https://kurir.mk/?p=486937

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека Вашингтон планира стратешкиот дијалог со Ирак да се обнови во април. Таа смета дека ова е важна можност да се разговара за заедничките интереси на двете земји во многу области, од безбедноста до културата, трговијата и климата, пренесува агенцијата Анадолија. -Очекуваме во април да го обновиме нашиот стратешки дијалог со ирачката Влада. Ова ќе биде важна можност да разговараме за нашите заеднички интереси во многу области, од безбедноста до културата, трговијата и климата, рече Псаки. Според неа,треба да се разговара и дека единствената цел на коалициските сили во Ирак е обуката и советувањето на ирачките сили со цел да се спречи обновување на вооружената организација Исламска држава. -САД се посветени на суверенитетот на Ирак. Со нетрпение очекуваме важни разговори со ирачките лидери за нашето идно партнерство, како што е утврдено во Стратешкиот рамковен договор меѓу двете земји, додаде Псаки. Претходно, Ирак испрати официјално барање до администрацијата на претседателот Џо Бајден за утврдување датум за продолжување на стратешките разговори за билатералните односи меѓу двете земји и повлекување на преостанатите американски борбени сили. Тројца ирачки владини претставници, кои сакаа да останат анонимни, потврдија дека Ирак неодамна испратил официјално писмо до САД, во кое се бара нова рунда разговори за билатералните односи, особено за повлекувањето на преостанатите борбени сили и дека Багдад се надева на дебата во април. Продолжувањето на разговорите, што почнаа во јуни минатата година, за време на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп, ќе биде прво за администрацијата на Џо Бајден. Американските медиуми пренесуваат дека и ирачките и американските официјални лица наведуваат дека во принцип го поддржуваат планираното повлекување на американските сили од Ирак. Според Пентагон, бројот на американски војници во Ирак во последните неколку месеци е намален на околу 2.500. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-planiraat-vo-april-da-go-obnovat-strateshkiot-dijalog-so-irak/feed/ 0
Дачиќ: Изборите во Косово се „изговор за одлагање на дијалогот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-izborite-vo-kosovo-se-izgovor-za-odlaganje-na-dijalogot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-izborite-vo-kosovo-se-izgovor-za-odlaganje-na-dijalogot/#respond Tue, 22 Dec 2020 12:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=446656

Претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека одлуката на Уставниот суд на Косово за нови избори е нов изговор за одложување на дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Белград. -На Косово се се повторува, секогаш кога во дијалогот треба да се договори нешто, има некои проблеми во Приштина. Додека им траат изборите, нема преговори, и тоа постојано се повторува, кажа Дачиќ за телевизија Хепи. Тој посочи дека брзината на евроинтеграциите на Србија зависи од преговорите со Приштина, која „секогаш бара изговор“. Според него, „несериозно“ е што помина толку време додека Уставниот суд во Приштина донесе одлука практично да падне тамошната влада, како што пренесуваат медиумите. Уставниот суд на Косово го прогласи за неуставно изгласувањето на владата на актуелниот премиер Авдулах Хоти на 3 јуни, бидејќи гласот на еден пратеник бил прогласен за неважечки, со што консастираше дека владата нема добиено мнозинство во косовскиот Парламент. Според одлуката на судот, претседателот на Косово треба да распише нови избори, кои ќе се одржат најдоцна 40 дена по распишувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-izborite-vo-kosovo-se-izgovor-za-odlaganje-na-dijalogot/feed/ 0
Србија: Бугарската блокада на проширувањето на ЕУ ќе влијае на дијалогот Белград-Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-bugarskata-blokada-na-proshiruvanjeto-na-eu-kje-vlijae-na-dijalogot-belgrad-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-bugarskata-blokada-na-proshiruvanjeto-na-eu-kje-vlijae-na-dijalogot-belgrad-prishtina/#respond Tue, 08 Dec 2020 14:22:19 +0000 https://kurir.mk/?p=440483

Бугарската блокада со усвојувањето на Заклучоците на министрите за проширување на земјите на Западен Балкан ќе влијае на евроинтеграциите и на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ, во писмена изјава за Танјуг, оцени дека „по блокадата на Заклучоците за проширување, треба што е можно побрзо да се обликува примената на новата методологија на пристапот и процесот на Србија, со која се доцни, бидејќи земјите-членки и ЕК очевидно не можат да се договорат за преговорачката рамка за Македонија и Албанија“. Таа посочи дека за Србија беше важен сигналот до крајот на годината да се одржи посебна политичка Меѓувладина конференција, што е задолжително според принципите на новата методологија по објавувањето на Заклучоците за проширување. Сузана Грубјешиќ од Центарот за надворешна политика оцени дека се покажало лошо тоа што билатералните спорови влегле во политиката на проширување на ЕУ, па сега една земја членка (Бугарија) може да блокира земја кандидат да започне процес на преговори (Македонија), но со тоа да ги блокира и сите други. – Излезе дека сите ние сме заложници на Бугарија, која ја блокираше Македонија и дека за проширувањето нема да се разговара, додаде таа. Ова не е преседан, ова го имаше и претходно, но откако билатералните спорови го презедоа процесот на проширување вакви ситуации ќе има и во иднина. Грубјешиќ праша зошто е блокирана Македонија, која направи сé за да започне преговори. Како што наведе таа, многу години се зборува дека процесот на донесување одлуки мора да се промени, дека понекогаш консензусот е невозможна мисија и дека треба да се премине на квалификувано двотретинско мнозинство за донесување одлуки. – Кога ќе видите дека Германија, најмоќната земја на ЕУ, нема можност да реши некои клучни прашања во ЕУ за време на претседателство, сето тоа говори дека во наредниот период многу поголемо внимание ќе се посвети на внатрешната организација и реформите, отколку на Западен Балкан и на Србија, оцени Грубјешиќ. Очигледно, оцени таа, Србија ја завршува годината без отворени поглавја, односно се намалуваат шансите за закажување на меѓувладина конференција. – Оваа одлука за блокада ќе има влијание и врз дијалогот меѓу Белград и Приштина, бидејќи што ако не им дадете поттик ниту на Белград ниту на Приштина? Како тие самите ќе имаат поттик да одат побрзо кон конечно политичко решение, истакна Грубјешиќ. Од друга страна, познатата европска перспектива, таа фраза која веќе е испразнета од содржина, не придонесува за ништо, оцени таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-bugarskata-blokada-na-proshiruvanjeto-na-eu-kje-vlijae-na-dijalogot-belgrad-prishtina/feed/ 0
Лавров: Обнова на дијалогот меѓу Москва и Берлин е во интерес на Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-obnova-na-dijalogot-megju-moskva-i-berlin-e-vo-interes-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-obnova-na-dijalogot-megju-moskva-i-berlin-e-vo-interes-na-evropa/#respond Tue, 17 Nov 2020 14:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=430770

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека продолжувањето на дијалогот меѓу Русија и Германија ќе биде во интерес на Европа. Тој рече дека Русија е искрено заинтересирана за тоа, бидејќи трга од претпоставката дека може да се надмине периодот на затегнатост во билатералните односи меѓу Москва и Берлин. Оценувајќи дека односите меѓу Русија и ЕУ континуирано се деградираат во последните неколку години, Лавров посочи дека за тоа не е виновна Русија и предупреди дека европската политика придонела за создавање нови поделби. Според шефот на руската дипломатија, ЕУ „поддржа неуставен државен удар во Украина, воведе еднострани санкции за Русија и уништи комплетен, сложен систем на дијалог меѓу Русија и ЕУ“. – Постојаните обвинувања, ултиматуми и закани кон Русија станаа рутински инструменти на германската надворешна политика. Актуелната тензија скапо ги чинеше европските нации чија безбедност стана заложник на политичката себичност. Ние сепак сме уверени дека е зачувана можноста за воспоставување архитектура на мирот, рече Лавров. Лавров потсети дека и Русија и Европа се соочуваат со исти предизвици и закани – од тероризам, ширење на оружје за масовно уништување и пандемијата на коронавирусот, и оти за сето ова се потребни заеднички напори на Русија и ЕУ. – Русија, од своја страна, секогаш е подготвена за искрена, еднаква соработка и е посветена на воспоставување рамнотежа на интересите, заклучи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-obnova-na-dijalogot-megju-moskva-i-berlin-e-vo-interes-na-evropa/feed/ 0
Дачиќ: Дијалогот со опозицијата со посредство на ЕП ќе се води и ќе го моделира Собранието https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-dijalogot-so-opozicijata-so-posredstvo-na-ep-kje-se-vodi-i-kje-go-modelira-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-dijalogot-so-opozicijata-so-posredstvo-na-ep-kje-se-vodi-i-kje-go-modelira-sobranieto/#respond Thu, 29 Oct 2020 12:04:09 +0000 https://kurir.mk/?p=422108

Важно е секој што се занимава со политика за себе да си постави одредена граница и секој да има право на свое мислење, но навредите врз лична основа нема да бидат толерирани, изјави претседателот на српскиот Парламент, Ивица Дачиќ, најавувајќи дека Парламентот ќе го „моделира“ дијалог меѓу власта и опозицијата во Србија, јави допсиникот на МИА од Белград. Дачиќ за ТВ Хепи изјави дека добил информација дека претседателот на Европскиот парламент (ЕП) дека се очекува Парламентот да се вклучи во дијалогот меѓу опозицијата и владата. – Вучиќ ми рече дека можам да очекувам од бриселската администрација да изврши притисок и дека е важно да има некој искусен што ќе може да ги моделира тие разговори и сега чекам. Слушнав дека ми подготвиле писмо и дека ќе го добијам во текот на денот, истакна Дачиќ. Кога ќе ги добијам тие писма, оцени Дачиќ, дијалогот ќе се води во Парламентот, тој не мора да ги вклучува само партиите од Парламентот, но парламентот како највисоко претставничко тело, ќе го моделира тој дијалог. – Опозицијата во Србија мора да разбере една работа – тешко и е на празната торба да стои исправено. Би ги советувал да постигнат добар резултат, но тие прво мора да имаат политика и луѓе кои ќе бидат привлечни за електоратот, наведе Дачиќ, додавајќи оти „опозицијата не е заинтересирана за изборниот закон, туку за медиумите“. Како што објави весникот Денес, ЕП наскоро ќе испрати две писма до претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, со повик за што е можно поскоро продолжување на дијалогот меѓу власта и опозицијата за подобрување на изборните услови. Весникот повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, пишува дека Дачиќ прво ќе добие писмо од претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, а потоа и писмо од претседателката на Комитетот за стабилизација и асоцијација на ЕП, Тања Фајон и известувачот на ЕП за Србија, Владимир Билчик. Еден од лидерите на опозицијата, претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас изјави вчера дека дијалогот помеѓу режимот и опозицијата е можен само со посредство на Европа и додаде дека очекува тоа да се случи на пролет 2021 година. – Потребна ни е медијација, некој да дојде и утре да предложи некои правила, како во Македонија и Црна Гора, што ќе овозможи промена на ситуацијата не само во медиумите, туку и да се застане со притисок врз луѓето кои мора да гласаат за власта за да не останат без работа. Тоа мора да престане и никогаш повеќе не смее да се повтори, изјави Ѓилас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-dijalogot-so-opozicijata-so-posredstvo-na-ep-kje-se-vodi-i-kje-go-modelira-sobranieto/feed/ 0
Во Брисел денеска продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-brisel-deneska-prodolzuva-dijalogot-megju-belgrad-i-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-brisel-deneska-prodolzuva-dijalogot-megju-belgrad-i-prishtina/#respond Mon, 07 Sep 2020 07:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=400073

Во Брисел денеска, со средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите, под покровителство на ЕУ, Домаќин на состанокот е високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак. ЕУ соопшти дека на средбата ќе бидат разгледани прашања за малцинските заедници, меѓусебните побарувања и имотот, како дел од патот кон сеопфатен договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Вучиќ вчера пристигна од Вашингтон во Брисел, каде се состана со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер. Српскиот претседател најави дека на денешниот дијалог ќе се разговара за три клучни теми: исчезнатите лица, внатрешно раселените лица и економијата и најави дека една од темите ќе биде Здружението на српски општини. Косовскиот премиер Хоти, пак, најави дека денеска со Вучиќ ќе разговара за конечниот договор за заемно признавање и нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Косовскиот координатор за дијалог со Србија, Скендер Хисени, вчера по состанокот на експертските тимови од Белград и Приштина во Брисел, рече дека двете делегации забележливо ги доближиле своите ставови околу тоа што тој го нарече „елементи за еден сеопфатен договор за взаемно признавање“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-brisel-deneska-prodolzuva-dijalogot-megju-belgrad-i-prishtina/feed/ 0
Експертски тимови во Брисел продолжуваат да работат на Дијалогот Белград – Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekspertski-timovi-vo-brisel-prodolzuvaat-da-rabotat-na-dijalogot-belgrad-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekspertski-timovi-vo-brisel-prodolzuvaat-da-rabotat-na-dijalogot-belgrad-prishtina/#respond Thu, 23 Jul 2020 05:26:38 +0000 https://kurir.mk/?p=379924

Експертски тимови на Србија и на Косово денеска и утре во Брисел ќе ја продолжат работата во рамките на Дијалогот  Белград – Приштина. Експертите денеска ќе разговараат на темите што беа почнати на првиот физички состанок на високо ниво. – Косово и Србија се повикани да испратат свои експерти, за да продолжат да се занимаваат со прашањата покренати на состанокот на лидерите минатиот четврток, изјави портпаролката на Европска Унија, Набила Масрали. Европската служба за надворешни работи не наведе детали од планот и агендата на разговорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekspertski-timovi-vo-brisel-prodolzuvaat-da-rabotat-na-dijalogot-belgrad-prishtina/feed/ 0
САД задоволни од обновата на дијалогот меѓу Србија и Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-zadovolni-od-obnovata-na-dijalogot-megju-srbija-i-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-zadovolni-od-obnovata-na-dijalogot-megju-srbija-i-kosovo/#respond Mon, 20 Jul 2020 10:21:48 +0000 https://kurir.mk/?p=378653

Задоволни сме што ЕУ организираше состаноци меѓу Србија и Косово и ја нудиме нашата целосна поддршка, изјави портпарол на Стејт департментот во писмениот одговор за Гласот на Америка во врска со продолжувањето на дијалогот меѓу двете страни. – Нашата цел е договор што двете страни ќе го постигнат за сеопфатна нормализација на односите. Нормализацијата е од суштинско значење за обезбедување стабилност, напредок и безбедност на Западен Балкан, рече портпаролот на Стејт департментот. Како што јави дописникот на МИА од Белград, дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, продолжи на 16 јули во Брисел по пауза од дваесет месеци, со средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти во присуство на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак. Дијалогот беше прекинат во ноември 2018 година, кога владата на тогашниот косовски премиер Рамуш Харадинај воведе такси од 100 отсто на увозот на стоки од Србија и БиХ. Според тогашната косовска влада, поводот беше меѓународната кампања на српските власти за повлекување на признавањето на независноста на Косово, како и блокирање на членството на Косово во меѓународни организации – како што се УНЕСКО и Интерпол. Укинувањето на таксите, што го побара меѓународната заедница предводено од ЕУ и САД – а што Србија го сметаше како услов за продолжување на дијалогот, делумно го спроведе владата на премиерот Албин Курти. Но, ги замени со реципрочни трговски мерки кон Србија – што предизвика разочарување во САД. По гласањето недоверба на поранешниот премиер Албин Курти, врз основа на одлука на косовскиот Уставен суд и без распишување избори, беше избрана владата на Авдулах Хоти, која ги укина мерките за реципроцитет против Србија, со што создаде услови за продолжување на дијалогот, што се случи во јули. На ова требаше да му претходи средба меѓу Александар Вучиќ, претседателот на Србија и главниот преговарач на српската страна и Хашим Тачи, кој го претставуваше Косово во преговарачкиот процес, со посредство на Ричард Гренел, специјалниот пратеник на Белата куќа за дијалог меѓу двете страни. Средбата на двајцата државници, што требаше да се одржи на 27 јуни во Белата куќа, не се одржа, затоа што три дена пред тоа беше објавен обвнителниот акт против Тачи, обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото. Оттогаш, новоназначениот премиер Авдулах Хоти е главен преговарач на Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-zadovolni-od-obnovata-na-dijalogot-megju-srbija-i-kosovo/feed/ 0