дијалот Белград-Приштина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Oct 2020 13:15:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дијалот Белград-Приштина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефовите на дипломатиите на ЕУ в понедленик за дијалогот Белград-Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shefovite-na-diplomatiite-na-eu-v-ponedlenik-za-dijalogot-belgrad-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shefovite-na-diplomatiite-na-eu-v-ponedlenik-za-dijalogot-belgrad-prishtina/#respond Fri, 09 Oct 2020 13:15:42 +0000 https://kurir.mk/?p=414458

Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе разговараат за состојбата во дијалогот меѓу Белград и Приштина на состанок во Луксембург в понеделник, на 12 октомври, најавено е во Советот на ЕУ. Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, потоа треба да ги посети Белград и Приштина,јави Танјуг. В понеделник, Лајчак за првпат во својот мандат ќе ги информира шефовите на дипломатиите на ЕУ за постигнатото досега во рамките на обновениот дијалог меѓу Белград и Приштина. Од продолжувањето на дијалогот во јули 2020 година, на високо политичко ниво одржани се три средби помеѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти. Одржани се и пет рунди експертски разговори, предводени од главните преговарачи Марко Ѓуриќ и Скендер Хисени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shefovite-na-diplomatiite-na-eu-v-ponedlenik-za-dijalogot-belgrad-prishtina/feed/ 0
Во Брисел продолжува дијалогот Белград – Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-brisel-prodolzuva-dijalogot-belgrad-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-brisel-prodolzuva-dijalogot-belgrad-prishtina/#respond Fri, 07 Sep 2018 05:57:41 +0000 https://kurir.mk/?p=97415

Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда од дијалогот помеѓу Белград и Приштина, а портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи, со посредство на шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, ќе продолжат да работат на сеопфатната нормализација на односите и постигнување правно обврзувачки договор. - Утре, на највисоко ниво, продолжува работата која е веќе интензивирана во претходните недели и месеци, изјави вчера Коцијанчиќ. Во пресрет на новата рунда на дијалогот, како што објави Танјуг, во Брисел посочуваат дека продолжува интензивната работа од таканаречената „втора фаза", но ЕУ како посредник не сака да шпекулира за можните резултати од состанокот, ниту за деталите од можното решение. - Втората фаза започна пред една година. Дијалогот во оваа фаза е интензивиран меѓу претседателите и така ќе продолжи, изјави Коцијанчиќ. Меѓу претставниците на странските медиуми постои зголемен интерес за средбата меѓу Вучиќ и Тачи, информира Танјуг. Повеќе странски медиуми, поради честите реакции во Европа на можните решенија за „косовското прашање", очекуваат дека денешниот состанок може да донесе конкретни резултати. Од Европската комисија, сепак најавија дека тоа е само еден од серијата состаноци на кои ќе се разгледуваат обидите за постигнување на компромисно решение. Комесарот за проширување Јоханес Хан кажа дека „не очекува договор во петок и оти за постигнување договор ќе требаат уште неколку месеци ". - Би било корисно ако тоа би можело да се заврши, да речеме, до летото следната година, како би можеле да тргнеме со нови чекори, изјави Хан деновиве. Дипломатски извори на Танјуг во Брисел рекле дека „сите страни" во дијалогот проценуваат оти договорот може да се постигне и на почетокот на следната година или во наредните шест месеци. Во ЕУ пред овој круг на дијалогот, порачуваат дека Белград и Приштина треба да разгледаат „различни идеи" и да видат „што е можно, а што не е" како основа за можен компромис, на кој би се засновал правно обврзувачкиот договор за сеопфатна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Еврокомесарката Федерика Могерини деновиве изјави дека „постои реална шанса Вучиќ и Тачи да постигнат договор со кој ќе се решат сите отворени прашања меѓу Белград и Приштина". - Треба да сториме се што можеме, заедно со нашите партнери во Европа, регионот и во меѓународната заедница, особено во Советот за безбедност на ОН, со цел да ги поддржиме овие преговори преку дијалог и во рамките на меѓународната заедница, заклучи Могерини. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-brisel-prodolzuva-dijalogot-belgrad-prishtina/feed/ 0
„Ниту Белград, ниту Приштина нема да добијат тоа што сакаат“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nitu-belgrad-nitu-prishtina-nema-da-dobijat-toa-shto-sakaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nitu-belgrad-nitu-prishtina-nema-da-dobijat-toa-shto-sakaat/#respond Mon, 02 Jul 2018 07:17:06 +0000 https://kurir.mk/?p=71854

Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина би требало да влезе во поинтензивна фаза. Додава дека се надева оти компромисот би можел да се случи во оваа година. Скот за РТ вели дека е јасно оти ниту Белград, ниту Приштина нема да добијат се што сакаат, туку дека е важно двете страни да дојдат до компромис. -Затоа е толку важен овој дијалог кој води кон ЕУ. Мислам дека морате да влезете во поинтензивна фаза, јас се надевам ќе дојде до компромис, можеби и оваа година, изјави Скот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nitu-belgrad-nitu-prishtina-nema-da-dobijat-toa-shto-sakaat/feed/ 0