дијаспора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 10:12:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дијаспора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски: Дијаспората да продолжи да лобира за заокружување на нашите европски интеграции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-dijasporata-da-prodolzhi-da-lobira-za-zaokruzhuvane-na-nashite-evropski-integratsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-dijasporata-da-prodolzhi-da-lobira-za-zaokruzhuvane-na-nashite-evropski-integratsii/#respond Thu, 20 Jul 2023 10:12:29 +0000 https://kurir.mk/?p=858408

Независноста на државата, демократијата и мултиетничката коегзистенција, се трите најголеми македонски достигнувања, а дијаспората има значаен удел во секое од нив. Најголемата инвестиција што ја носат иселениците тука, се евроатлантските демократски вредности и принципи на работа, културата на почитување на законите и претприемачкиот дух. Неспорен е фактот дека голем дел од придобивките и добрите практики што ги имаме, се донесени токму благодарение на успешните сонародници, желни да ја видат својата прва татковина успешна и развиена, рече денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на првиот Македонски симпозиум што го организира Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во Скопје. Како што истакна Пендаровски, борбата на илинденците и на учесниците во НОБ беше за слобода и за човечки правдини, а нашата борба во 21-от век е за развиена и просперитетна македонска држава во која граѓаните ќе имаат шанса да ги остварат своите животни идеали. -Само со помош на дијаспората и со заеднички напори на сите Македонци во светот ќе можеме да ја постигнеме целта и да изградиме држава што со гордост ќе можеме да ја наречеме наш заеднички дом, потенцира претседателот. Македонските иселеници, оцени шефот на државата, никогаш не биле пасивни набљудувачи на процесите, туку активни чинители, а особено е важно што нивниот интерес не се сведува на некаква пасивна носталгија, туку е пример за активен ангажман и волја за вклучување во современите процеси во татковината. -Дијаспората лобираше за признавање на независноста на македонската држава, за воспоставување дипломатски односи со многу земји во светот и за интензивирање на билатералните односи меѓу нивната прва и втора татковина. И денеска вие, припадниците на дијаспората, продолжувате да ги застапувате нашите интереси, да отворате врати за билатерална соработка и да придонесувате за меѓународна афирмација на државата, подвлече Пендаровски. Според него, за трите најголеми постигнувања на македонската држава да продолжат да опстојуваат и да бидат платформа за натамошен развој и просперитет на сегашните и идните генерации, неопходни се три услови: геополитичка безбедност, владеење на правото и динамичен економски раст и развој. -Првиот услов е геополитичка безбедност што ни ја гарантира членството во НАТО. Војната во Украина покажа колку е важно што сме на вистинската страна на историјата. Но, за да го заокружиме интегрирањето во тој геополитички и геоекономски простор неопходно ни е и членство во ЕУ. Вториот услов е владеењето на правото. Од правната сигурност зависи и довербата на граѓаните во државните институции и одржливиот економски и општествен развој. Законите кои не важат за сите еднакво, генерираат не само правна, туку и социоекономска и политичка нееднаквост. За да ја постигнеме таа цел, мора да вложиме далеку повеќе енергија во борбата против непотизмот, корупцијата и организираниот криминал, партизацијата и етнизацијата на политиката и на институциите. Третиот услов е динамичен економски раст и развој. Мора да изградиме економија заснована врз новите технологии и да вложуваме во развојот на иновативните екосистеми. Круцијално е да го затвориме јазот на дигитални вештини и дигитално образование со развиениот дел на свет, за младите да можат да најдат добро платена работа и овде, во својата татковина, рече Пендаровски. Тој порача дека дијаспората треба да продолжи да лобира за заокружување на нашите европски интеграции, да внесува добри бизнис практики, да кофинансира развојни и проекти за општествена одговорност. -Токму оваа тријада на геополитичка безбедност, правна сигурност и економска одржливост е најголемата гаранција дека ќе достигнеме многу поголем економски развој, повисока доверба во институциите и што е особено важно, драстично помало иселување на младите, истакна претседателот. Во врска со мултиетничката коегзистенција и вековната традиција на почитување на различноста, нагласи дека се наша најголема вредност и предуслов за внатрешната стабилност и просперитет. -Актуелните превирања на континентот и пошироко се доказ дека мултиетничката демократија е сериозен предизвик и за многу поголеми и помоќни држави од нашата. Ние со децении го одржуваме моделот на функционална мултиетничка демократија, какви што нема многу во Европа, посочи Пендаровски. Во обраќањето, тој се осврна и на програмата „Родум од Македонија“, а го цитираше и Горан Стефановски. -Познатиот американски историчар на емиграцијата, Маркус Хансен стана познат по тезата дека во секоја дијаспора, третата генерација се обидува да го открие она што втората генерација се трудела да го заборави. Меѓутоа, македонската дијаспора го побива овој принцип бидејќи, не само што немало обид да го заборави своето македонско потекло, туку, тоа, како најголема вредност го пренесува од колено на колено. Потврда за тоа се и младите иселеници кои се дел од програмата „Родум од Македонија“ и кои изминативе две недели беа практиканти во повеќе македонски институции и компании. Горан Стефановски велеше, минувањето време во татковината е трансформативно искуство, бидејќи тука е изворот на македонскиот идентитет, на нашата приказна, рече шефот на државата кој ја најави и својата претстојна посета на Пустец. Пред обраќањето на Пендаровски, кусо се обрати и претседателот на ОМД Методија Колоски кој потсети дека оваа организација не е партиска, туку соработува со сите институции и има познати ставови. Над 4 милиони долари, рече, инвестирала ОМД досега од своето постоење во различни програми во земјава. -Отсекогаш сме биле партнер на македонското општество и ќе останеме негов партнер. Секако, нема да се согласиме со се со татковината и таа со нас исто така, но вратите мора да останат отворени без разлика на билатералните односи меѓу Северна Македонија и различните држави. Се надеваме дека нашите соседи ќе бидат многу повеќе како нас, во смисла да ги даваат правата што ги заслужуваат сите малцинства како што Македонија е пример во светот за правата на малцинствата. Тоа е клучна порака која мора да ја кажуваме постојано, истакна Колоски кој претходно одржа и прес-конференција. Симпозиумот на ОМД е организиран за информирање, отворена комуникација и поврзување на земјава со македонската дијаспора, како и за промоција на потенцијалите за студирање, инвестирање и пензионирање во Северна Македонија. Освен претседателот Пендаровски, говорници се и поранешниот претседател Ѓорге Иванов, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, професори, како и претставници од политичкиот и јавниот живот. На симпозиумот присуствуваат иселеници од земјава кои живеат во Австралија, Канада, САД, Шведска,...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-dijasporata-da-prodolzhi-da-lobira-za-zaokruzhuvane-na-nashite-evropski-integratsii/feed/ 0
Топ чанел: Албанската дијаспора трета во светот, извештајот на ОН покажува масовна депопулација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/top-chanel-albanskata-dijaspora-treta-vo-svetot-izveshtajot-na-on-pokazuva-masovna-depopulacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/top-chanel-albanskata-dijaspora-treta-vo-svetot-izveshtajot-na-on-pokazuva-masovna-depopulacija/#respond Fri, 02 Dec 2022 16:01:17 +0000 https://kurir.mk/?p=770273

Според извештајот на Обединетите нации Албанија ја има третата по големина дијаспора во светот, јави Топ чанел. Според оваа листа, 30,7 отсто од албанското население живее во дијаспората. – По падот на комунизмот во раните 1990-ти години, многу луѓе заминаа во потрага по подобри економски можности, на пример, Западна Европа, се вели во извештајот. Денес, најголем дел од Албанците во странство се населиле во Италија, Грција, Велика Британија, САД и многу други земји, јави дописничката на МИА од Тирана. – Обезбедувањето подобар живот постојано ги турка Албанците масовно да си заминат. Младите и членовите на семејствата велат дека ниското економско ниво и немањето перспектива за иднината ги турка да најдат решение надвор од местото каде што се родени и израснати, пренесува телевизијата. На второ место според овој извештај е Босна и Херцеговина, каде како резултат на крвавите војни, 34 отсто од населението живее во странство. Ова се однесува и на Сирија, каде што околу 30 отсто од населението од 28 милиони сега живее во странство, како и Јужен Судан (21 отсто). Списокот на земји со најголем процент од домородното население кое живее во дијаспората открива историја на војна и раселување, но и економска стагнација и недостиг на перспектива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/top-chanel-albanskata-dijaspora-treta-vo-svetot-izveshtajot-na-on-pokazuva-masovna-depopulacija/feed/ 0
Општина Аеродром ја зајакнува соработката со дијаспората https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-zajaknuva-sorabotkata-so-dijasporata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-zajaknuva-sorabotkata-so-dijasporata/#respond Tue, 15 Nov 2022 10:09:56 +0000 https://kurir.mk/?p=760823

Во просториите на Општина Аеродром, денеска се одржа работна средба меѓу градоначалникот Тимчо Муцунски и министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи на која двете страни потпишаа договор за заемна соработка кој предвидува отворање на „Центар за дијаспора“ во Општина Аеродром. Центарот за дијаспора ќе има посредничка улога, односно ќе биде линк меѓу граѓаните од дијаспората и Општина Аеродром преку кој тие ќе има пристап до потребните информации. Улогата на овој центар во иднина ќе биде да: иницира соработка на локални организации со организации од дијаспората за реализација на заеднички проекти, поттикнува т.н. дијаспора туризам, води евиденција за бројот на дипломирани студенти од локалната дијаспора, промовираат програми за мобилност на млади, поттикнува и промовира збратимување на градовите со општини во странство каде што живеат Македонци и др. „Се надевам дека во иднина на оваа соработка ќе ѝ следи успех за заедно да ја вратиме довербата на граѓаните од дијаспората и да им го олесниме пристапот до нивните права во нивната татковина“, изјави министерот Чупи по потпишување на договорот. Градоначалникот Муцунски истакна дека нашите граѓани кои живеат во странство се составен и важен дел од нашата земја и токму поради тоа денешниот настан има големо значење. Имајќи ја предвид важноста на дијаспората, ние како локална самоуправа имаме обврска да преземеме активности со кои ќе се зајакнат конекциите кои тие ги имаат со Македонија. „Општина Аеродром е една од првите општини каде се отвора ваква канцеларија и за мене преставува вистинска чест што токму преку нашата општина ќе се градат идните врски со дијаспората, но и ќе се иницираат проекти кои бидат од значење за Македонците од странство, но и за граѓаните на Аеродром. Преку оваа канцеларија ќе направиме и мапирање на нашите граѓани кои живеат во странство, а кои во иднина можат да дадат придонес за економскиот, културен и научен развој на општината“, истакна градоначалникот Муцунски. Со потпишување на денешниот договор, Општина Аеродром се обврзува да ги обезбеди сите неопходни услови за непречена работа и функционирање на оваа канцеларија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-zajaknuva-sorabotkata-so-dijasporata/feed/ 0
Тројца млади студенти од дијаспората на тринеделна пракса во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trojca-mladi-studenti-od-dijasporata-na-trinedelna-praksa-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trojca-mladi-studenti-od-dijasporata-na-trinedelna-praksa-vo-bitola/#respond Tue, 12 Jul 2022 11:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=703837

Христијан Доумкос, Наум Хофман и Метју Костов, се тројца млади студенти од Америка, Канада и Швајцарија, кои во Битола, посетуваат практична настава, како студенти од дијаспората и учесници во програмата „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) која од годинава, за првпат се реализира и во Битола. Програмата Родум од Македонија (Birthright Macedonia) ја реализира Обединетата Македонска Дијаспора во соработка со Македонскиот центар за меѓународна Соработка (МЦМС) и новосоздадената Битолска Алијанса на Родум од Македонија. Оваа програма ги поврзува македонските корени преку комуникација на македонскиот јазик, а студентите имаат можност да ја доживеат македонската култура, традициите, богатата кујна и историјата на нивните предци во татковината. На покана на градоначалникот Тони Коњановски, општина Битола ја посетија овие студенти од дијаспората кои изведуваат практична настава во градот, во: „Битолска лабораторија“, приватната ИТ компанија „iSORCE“ и Управата за јавни приходи – регионална дирекција Битола, заедно со организаторите на програмата за Битола, професорките Рената Петревска Нечкоска и Мимоза Богданоска Јовановска и претставникот на Организација на жени Светлана Петковска. На средбата, се разговараше за програмата со која во период од три недели, сите учесници се распоредени низ државни институции, приватни бизниси, компании и организации со соодветна гостувачка програма за поконкретно практично осознавање на работата кое ги надополнува нивните академски и кариерни цели. Воспоставувањето на ваквата соработка е од особено значење за промоција на македонската култура, запознавње на младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата со културното наследство, размена на искуства и знаења, но и воспоставување контакти и пријателства со нивните врсници во земјава, како и реализација на активности кои може да придонесат и за поинтензивна соработка со дијаспората. Градоначалникот Коњановски им посака пријатен престој на студентите во Битола, препорачувајќи им да ги посетат значајните културно – историски споменици, кои сведочат за богатата историја на Битола, но ја изрази и отвореноста за соработка на локалната самоуправа, како промотор и поддржувач во реализација на проектните активности кои имаат значење за Битола од повеќе аспекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trojca-mladi-studenti-od-dijasporata-na-trinedelna-praksa-vo-bitola/feed/ 0
Нашинците од дијаспората лани испратиле 361 милион евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nashincite-od-dijasporata-lani-ispratile-361-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nashincite-od-dijasporata-lani-ispratile-361-milion-evra/#respond Sat, 25 Dec 2021 08:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=612885

Дијаспората во текот на 2020 година испратила 361 милион евра, што е околу 3,4 проценти од БДП на земјава, но сепак тоа е најмалку споредено со земјите од регионот, каде според податоците од Евростат личните дотации од странство во Србија се околу 7,2 проценти од БДП, во Босна и Херцеговина – 9,3 %, Албанија – 9,8%, Црна Гора – 12,5% и Косово – 18,5 % од БДП. И во апсолутни бројки, имаме најмали дотации од дијаспората, споредено со целиот регион. Најголем прилива на средства од странство има Србија – 3,37 милијарди евра, потоа следат Босна и Херцеговина – 1,63, Албанија – 1,27, Косово – 1,25, Црна Гора – 524 милиони и на крај Северна Македонија со 361 милион евра. Според податоците од Евростат, во рамки на ЕУ најголема зависност од лични дотации од странство во 2020 година имале Хрватска – 7,3 проценти од БДП, потоа Летонија – 3,2 проценти од БДП и Романија – 3,1 процент. Процентот на зависност од странски дотации, се пресметува како процентот на вкупните лични трансфери во однос на вкупниот БДП на земјата. Податоците од Евростат покажуваат дека во 2020 година текот на пари испратени од резиденти на ЕУ во земји кои не се дел од ЕУ, како лични трансфери изнесуваат 34,1 милијарда евра, што е раст од 3 проценти споредено со 33,2 милијарди евра во 2019 година. Поголемиот дел од личните трансфери се состојат од пари испратени од мигранти во земјите од кои потекнуваат. Приливот на пари во ЕУ во 2020 година изнесува 12 милијарди евра, што е намалување од 6 проценти, споредено со 12,8 милијарди евра во 2019 година. Над половина од дотациите кон надвор, остануваат во границите на ЕУ, односно околу 53 проценти од вкупните лични дотации во 2020 година се меѓу земји членки на Унијата, што не е изненадување со оглед на слободниот пазар на труд во рамки на ЕУ. Сепак, постојат значителни разлики меѓу самите земји-членки на ЕУ во однос на движењето на дотациите. Така, во земји како Полска (98%), Шпанија (93%), Грција (91%), Литванија (84%) ) и Италија (82 %) одливот на лични дознаки претежно оди во економиите надвор од ЕУ, додека Ирска (93 %), Италија (80%) и Литванија (76 %) најголем дел од дознаките ги примаат главно од земји надвор од ЕУ. Економиите кои најмногу се фокусирани на ЕУ во однос на меѓународните дознаки се Луксембург каде само 0,6 отсто од вкупните одливи се надвор од ЕУ и Словенија каде само 6,8 проценти од вкупните приливи се надвор од ЕУ. Во земјите од регионот најголем одлив има Србија – 342 милиони евра, а најмал Северна Македонија – 24 милиони евра. По Србија, следат Албанија – 109 милиони евра, Црна Гора – 85 милиони евра, Босна и Херцеговина – 84 милиони евра и Косово – 43 милиони евра. Најголем дел од средствата кои се префрлаат како лични дотации во други земји доаѓаат од економиите на Германија – 17.4 проценти, Франција – 11,6 отсто, Луксембург – 11,3 проценти и Холандија – 10,7 отсто од вкупните лични дотации на ниво на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nashincite-od-dijasporata-lani-ispratile-361-milion-evra/feed/ 0
Заев: Дијаспората може буквално утре да се врати дома, мора да ги попишеме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dijasporata-moze-bukvalno-utre-da-se-vrati-doma-mora-da-gi-popisheme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dijasporata-moze-bukvalno-utre-da-se-vrati-doma-mora-da-gi-popisheme/#respond Wed, 22 Sep 2021 12:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=566866

Законот за употреба на јазиците, правата на Албанците и на помалку бројните заедници апсолутно остануваат исти и тоа никако не се менува во зависност од севкупната бројка на попишани, во зависност од резиденти или нерезиденти и тука сме на чисто, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање кои податоци кои произлегуваат од пописот ќе се користат како основа за креирање на државните економски и социјални политики, конкретно кога станува збор за правична етничка застапеност и користењето на јазиците. Истакна оти пописот нема да доведе до ретроградни процеси. Уставот, вели, е јасен, законите се јасни и продолжуваат да важат и тука треба да бидеме сите спокојни. Основно, како што рече Заев, е да знаеме вкупно колку државјани имаме и граѓани, колку се надвор и колку се тука во државата, а врз основа на тие параметри ќе се димензионираат сите економски, социјални, културолошки и други ресурсни политики, како политики на развој и раст. Во делот на економските и социјалните политики, тоа што ќе се промени е во делот ако се испразнило некое село и не живеат повеќе луѓе во селото, тие пари ќе се пренасочат да можат да бидат за развој на друго село или на градот. Секако се однесува на резидентните во делот на економските политики, но секојпат корективот што треба да го знаеме – нашата дијаспора може буквално утре да се врати дома, односно кога сакаат. Тоа се наши граѓани, наши државјани, имаат наши македонски пасоши и лични пасоши и секако живеат една година или повеќе надвор од државата, но тоа не значи дека гарантирано трајно дека ќе останат во државата, може теоретски утре да се вратат, посочи Заев. Според него, тоа е променлива категорија. Знаете дека за време на првиот и вториот бран на пандемијата голем број на граѓани се вратија и се уште се тука, останаа. Се надевам и дека ќе останат трајно да го димензионираат својот живот, додаде Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dijasporata-moze-bukvalno-utre-da-se-vrati-doma-mora-da-gi-popisheme/feed/ 0
Досега самопопишани 177.875 македонски државјани од дијаспората https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-samopopishani-177-875-makedonski-drzavjani-od-dijasporata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-samopopishani-177-875-makedonski-drzavjani-od-dijasporata/#respond Thu, 01 Apr 2021 09:58:38 +0000 https://kurir.mk/?p=490740

Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани вкупно 177 875 лица од дијаспората, објави денеска на веб страницата Државниот завод за статистика. Најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58 067, Германија – 40 400 и Италија – 25 618. Во САД има попишано 7 484 лица, во Австралија 2 227 и Канада – 1 591 граѓанин. Според политичкиот договор за одложување на пописот, самопопишувањето на граѓаните од дијаспората ќе продолжи до 30 септември годинава. Од соседството од Албанија досега самопопишани се 362 лица, Босна и Херцеговина – 530, Бугарија – 408, Грција – 141, Косово – 1 038, Словенија – 3 324, Србија – 678, Хрватска – 1 331 и Црна Гора – 163. Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, Државниот завод за статистика денеска информираше дека нема да ги отпочне пописните активности на терен, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-samopopishani-177-875-makedonski-drzavjani-od-dijasporata/feed/ 0
До денеска самопопишани 148.719 лица од дијаспората https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-deneska-samopopishani-148-719-lica-od-dijasporata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-deneska-samopopishani-148-719-lica-od-dijasporata/#respond Fri, 26 Mar 2021 09:57:16 +0000 https://kurir.mk/?p=488067

Преку апликацијата за самопишување на дијаспората заклучно со 08:00 часот денеска се евидентирани 148 719 лица. Самопопишувањето на државјаните кои живеат во странство започна на 1 март и ќе трае до 21 април. Пописот на населението во земјава почнува на 1 април и ќе се одвива до 21 април, согласно утврдените протоколи за заштита од Ковид 19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-deneska-samopopishani-148-719-lica-od-dijasporata/feed/ 0
Државниот завод за статистика објави колку иселеници се попишале досега https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-zavod-za-statistika-objavi-kolku-iselenici-se-popishale-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-zavod-za-statistika-objavi-kolku-iselenici-se-popishale-dosega/#respond Tue, 23 Mar 2021 07:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=486470

Во последното деноноќие, заклучно со 23 март во 8 часот, вкупната бројка на самопопишани изнесува 130. 009, објавуваат од Државмиот завод за статистика. -Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување на услуги кои им се потребни од својата татковина, велат од заводот. Од таму додаваат дека самопопишувањето не е обврска – тоа е должност кон татковината и кон сопствените корени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-zavod-za-statistika-objavi-kolku-iselenici-se-popishale-dosega/feed/ 0
Вкупно 87.905 евидентирани лица преку апликацијата за самопопишување, најмногу од Швајцарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkupno-87-905-evidentirani-lica-preku-aplikacijata-za-samopopishuvanje-najmnogu-od-shvajcarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkupno-87-905-evidentirani-lica-preku-aplikacijata-za-samopopishuvanje-najmnogu-od-shvajcarija/#respond Sat, 20 Mar 2021 11:46:15 +0000 https://kurir.mk/?p=485202

Досега преку апликацијата за самопопишување се евидентирале вкупно 87.905 лица. Државниот завод за статистика го објави првиот детален список по држави на досега попишани граѓани од дијаспората. Истиот се однесува на период заклучно со вчерашниот ден до 8:30 часот. Според објавениот список, до овој пресек попишани се вкупно 82.113, а најголем дел самопопишани има од Швајцарија - 26.366. Следува Германија со 19.083, па Италија со 10.904 самопопишани лица. Целиот список може да го погледнете ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkupno-87-905-evidentirani-lica-preku-aplikacijata-za-samopopishuvanje-najmnogu-od-shvajcarija/feed/ 0