дик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Oct 2023 18:50:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Даштевски: Од финансиски, човечки и временски аспект сметам дека пожелно е изборите да се спојат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-od-finansiski-chovechki-i-vremenski-aspekt-smetam-deka-pozhelno-e-izborite-da-se-spojat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-od-finansiski-chovechki-i-vremenski-aspekt-smetam-deka-pozhelno-e-izborite-da-se-spojat/#respond Sat, 28 Oct 2023 18:50:04 +0000 https://kurir.mk/?p=894100

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, лично, смета дека двата изборни циклуси кои што ни претстојат следната 2024 година, претседателски и парламентарни избори, пожелно е да се спојат со цел финансиските импликации да бидат помали но и да се поштедат човечките ресурси како и нивното време. Посочи дека ДИК се подготвени во секое време успешно да ги спроведат престојните избори, и дека одлуката како ќе се органнизираат изботите е во надлежност на Собранието, но ако се земе предвид и се прифати иборните циклуси да бидат споени, ќе биде подобро. -Вака да кажам да не се сфати погрешно, не е работа на ДИК да прави такви проценки, меѓутоа мое лично мислење, би рекол дека сигурно ако се спојат ќе биде подобро не само од тој финансиски аспект, туку и од аспект на човечки ресурси. Знаете дека негде околу 40 илјади луѓе учествуваат во процесот како членови на општински избирни комисии, избирачки одбори, помошни тела во ДИК и така натаму. Така што тоа би им одземало и време повеќе, тие би требало постојано во перманентен процес да се. Така што и од финансиски аспект, од човечки ресурси и од временски аспект сметам дека би било соодветно да се спојат изборите“, рече Даштевски во гостувањето во Дневникот на Сител. Додаде дека тие се подготвуваат и ги усогласиле работите кои треба да се превземат и врз основа на тоа утврдиле што е потребно и што не, поочувајќи дека имаа една препорака да направат и некои рамковни спогодби кои пред изборите ќе треба само да се исполнат. Даштевски, меѓу другото, истакна дека пред недела дена се сретнале со минситерот за финансии каде што ја утврдиле сумата потребна за изборните циклуси идната година на една милијадра денари, која тие ќе ја предвидат во проекцијата на државниот буџет. -Ние минатата недела , мислам дека минатиот петок беше, имавме средба со министерот за финансии. Тоа е редовна пракса пред изборите да ги усогласиме нашите ставови со нивните и се усогласивме во однос на финансиските средства кои ќе бидат потребни. Во согласност со министерот ја заокруживме сумата на милијарда денари за целата 2024 година. Значи тоа е сумата која сега за сега е предвидена тие нив ќе ги предвидат во буџет и со тоа ние сме направиле сериозна работа која ќе ни помогне подоцна да планираме, истакна Даштевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-od-finansiski-chovechki-i-vremenski-aspekt-smetam-deka-pozhelno-e-izborite-da-se-spojat/feed/ 0
Даштевски: Проценката на ДИК вели дека подобро е претседателските и парламентарните избори да се во ист термин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-protsenkata-na-dik-veli-deka-podobro-e-pretsedatelskite-i-parlamentarnite-izbori-da-se-vo-ist-termin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-protsenkata-na-dik-veli-deka-podobro-e-pretsedatelskite-i-parlamentarnite-izbori-da-se-vo-ist-termin/#respond Fri, 27 Oct 2023 17:54:46 +0000 https://kurir.mk/?p=893878

Секако дека е подготвена Државната изборна комисија за одржување на избори, таа е професионално тело и има професионална служба. Ние сме подготвени само чекаме другите детали во Собранието да се разрешат и почнеме со работа. Досега се подготвувавме и ние направивме проценка за тоа колку средства се потребни и ги направивме сите тендери и постапки за вршење на изборите“, изјави претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа. Тој додаде дека Државната изборна комисија ќе биде поподготвена од претходно иако следуваат два изборни циклуса парламентарни и претседателски избори. Даштевски посочи дека во секој случај изборите ќе ги спроведат успешно. „Зависи од кој аспект гледаме, за да се заштедат средства и работата да се поедноставни би било подобро да се спојат изборите ако се договорат така политичките субјекти. Ние сме подготвени на тоа да го спроведеме“, рече Даштевски. Тој потенцираше дека сега ДИК има и план за подобра обука и почеста едукација на луѓето кој работат на овие апарати и уреди поради тоа тој смета дека гласањето ќе е поефикасно и ќе нема никакви проблеми. Даштевски изјави дека како ДИК должни се да направат се за да се оневозможат хакерските напади. „За време на изборите превземаме посебни мерки што значат поголема заштита, минатиот пат беше тоа се успешно. Сметам дека и овие избори треба да поминат без поголем проблем а од друга страна имаме нов софтвер и систем за биометриски уреди на највисоко ниво заштитен каде нема ни теоретски шанси нешто да се направи и тој функционира офлајн. За секој избори се внесуваат нови кодови и шифри“, вели Даштевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-protsenkata-na-dik-veli-deka-podobro-e-pretsedatelskite-i-parlamentarnite-izbori-da-se-vo-ist-termin/feed/ 0
ДИК бара нови вработувања и унапредувања за успешно спроведување на изборите во 2024-та година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-bara-novi-vrabotuvana-i-unapreduvana-za-uspeshno-sproveduvane-na-izborite-vo-2024-ta-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-bara-novi-vrabotuvana-i-unapreduvana-za-uspeshno-sproveduvane-na-izborite-vo-2024-ta-godina/#respond Wed, 30 Aug 2023 11:22:35 +0000 https://kurir.mk/?p=872506

ДИК бара кадровско зајакнување во пресрет на парламентарните и претседателските избори следната година. За испразнетите работни мести се надеваат дека навреме ќе добијат доволен број решенија од Министерството за финансии. За Предлог годишните планови за вработување за 2023 година и за 2024 година на ДИК членовите на оваа институција денеска расправаа на седница. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во изјава за МИА, посочи дека од последните избори во 2021 година се намаил бројот на вработени, но оти Министерството за финансии не дава одобренија на нивните барања поради немање доволно средства. Се прават напори, како што посочи, за навремено зајакнување на позициите пред изборите во 2024 година. - Од изборите во 2021 година повеќе луѓе се пензионираа, а одреден број на луѓе, заминаа од институцијата така што сега сме ослабнати на повеќе позиции. Од Министерство за финансии баравме повеќе пати одобрение за пуштање оглас, меѓутоа не ни дозволија поради финансиската состојба и немање доволно средства. Сега ќе пробаме уште еднаш со планот за вработување и унапредување за 2023 година, во која не сме добиле ниту една место и ќе гледаме тоа да го исполниме, затоа што наредната година ни се изборите и тоа би придонело за навремено зајакнување на позициите, истакна Даштевски после седницата. Тој посочи дека со Планот за унапредување и вработување за 2024 година се предвидени повеќе позиции. - Но тоа пак на крајот ќе зависи од Министерството за финансии и колку ќе има средства, меѓутоа ќе мора да ни помогнат затоа што тоа е и препорака на ОБСЕ и ОДИХР за да се дополни бројот на човечките ресурси бидејќи тие се перманентно присутни за време на изборите и како забелешка беше дека имаме многу работа, а немаме доволно луѓе кои ќе ја извршат таа работа. Се надеваме дека до изборите ќе бидеме подготвени и оти и да не стасаме за сите работни места, ќе добиеме доволен број решенија од Министерството за финансии со кои ќе се пополнат тие места за да можеме успешно да ги спроведеме и претседателските и парламентарните избори, рече Даштевски. Со Планот за 2023 година, се предвидени седум вработувања и седум унапредувања  од причина што, како што рече, многу позиции се напуштени, а ако нема нови унапредувања постои ризик за повеќе напуштања. За Планот за 2024 година, укажа дека мора да се извршат некои промени на систематизацијата и тогаш ќе може да се види за колку места точно станува збор. Но  според досегашните претпоставки сигурно бројката ќе биде поголема во однос на 2023 година. Сега е важно да се пополнат бројките за 2023 година поради успешно спроведување на изборите што следат до година, порача Даштевски. На денешната 72. јавна седница на ДИК, освен предлозите за годишните планови за вработувања за 2023, односно 2024 година, на дневен ред беа усвоени и измените на Годишен план за вкупните потреби за јавни набавки во 2023 година на ДИК, како и Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација во стручната служба на ДИК. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-bara-novi-vrabotuvana-i-unapreduvana-za-uspeshno-sproveduvane-na-izborite-vo-2024-ta-godina/feed/ 0
ДИК ќе формира работна група за меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-ke-formira-rabotna-grupa-za-meguinstitutsionalno-koordinativno-telo-za-ikt-i-spravuvane-so-bezbednosni-predizvitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-ke-formira-rabotna-grupa-za-meguinstitutsionalno-koordinativno-telo-za-ikt-i-spravuvane-so-bezbednosni-predizvitsi/#respond Tue, 30 May 2023 11:13:10 +0000 https://kurir.mk/?p=840385

Членовите на Државната изборна комисија на денешната јавна седница едногласно ги усвоија предлог-измените на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки на ДИК во 2023 година, предлог - етичките кодекси за изборната администрација и за членовите на ДИК, како и предлог-одлука за формирање на работна група за меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици. За формирањето на меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, членот Бобан Стојаноски информираше дека се работи за континиуитет и дека вакво тело имало и во претходните изборни процеси. - Но сега сакаме да му ставиме поголемо значење на ова тело и да стане постојано и кое ќе се грижи за ИТ безбедноста на ДИК и вон изборен процес, истакна Стојаноски. Ова работно тело ќе биде составено од преставници од МВР од сектор за кибер криминал, од интернет кибер провајдери, ИТ секторот во ДИК, делот од односи со јавност во ДИК, независни експерти по информатичката технологија, од претставници од високо образовни установи... Претседателот на ДИК Александар Даштевски појасни дека формирањето на такво тело е во насока на зголемување на кајбер безбедноста, која, според него, е општ проблем во општеството, како превентивна мерка и креирање планови за реакција на кибер закани. Поради краткиот период од времето на распишување избори до нивно одржување, според потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху се појавила потреба за измена на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки на ДИК во 2023 година, преку спроведување на јавните набавки со рамковни спогодби. Предлог измените на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки на ДИК во 2023 година, како што појасни, се однесува на изработка, печатење и транспорт на недоверлив и доверлив материјал, дизајнирање и печатење прирачници, едукација на изборни органи и промотивен материјал, како и избор на пи-ар агенција за обука на гласачите. -Целта е зголемување на ефикасноста и ефективноста во спроведување на јавните набавки да не дојдеме до ситуација заради краткиот период да имаме постапки со преговарање. Затоа Државната изборна комисија се одлучи за наредните избори, редовни паралментарни и претседателски да одиме со спроведување на рамковни спогодби. Набавките ќе бидат транспарентни, ќе бидат објавени во електронскиот систем на Бирото за јавни набавки и ќе ја зголемат конкурентноста на самите набавки, истакна Шеху. Во однос на предлог етичкиот кодекс за изборната администрација, потпретседателката рече дека со кодексот се пропишуваат етичките правила и стандарди во однесувањето на изборната администрација. За непочитување на кодексот, нагласи, администрацијата одговара согласно законите за административни службеници и за работни односи. Целта на етичкиот кодексот за членовите на ДИК, според членот Бобан Стојаноски е зголемување на довербата на граѓаните и јавноста, почитување на уставноста и законитоста при вршење на своите должности, одржување на независноста, непристрасноста, одговорноста и професионалноста во работењето и јакнењето на интегритетот на членовите на ДИК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-ke-formira-rabotna-grupa-za-meguinstitutsionalno-koordinativno-telo-za-ikt-i-spravuvane-so-bezbednosni-predizvitsi/feed/ 0
ДИК: Граѓаните да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-graganite-da-izvrshat-uvid-vo-svoite-podatotsi-vo-izbirachkiot-spisok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-graganite-da-izvrshat-uvid-vo-svoite-podatotsi-vo-izbirachkiot-spisok/#respond Wed, 01 Mar 2023 11:31:05 +0000 https://kurir.mk/?p=806570

Согласно Изборниот законик, на секои шест месеци Државната изборна комисија јавно ги повикува граѓаните да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена. Имајќи го ова предвид, ДИК денеска го испрати јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список. Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, тоа може да го направат по електронски пат на официјалната веб страница на Државната изборна комисија http: //www.sec.mk или на адресата https ://izbirackispisok.gov.mk.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-graganite-da-izvrshat-uvid-vo-svoite-podatotsi-vo-izbirachkiot-spisok/feed/ 0
ДИК усвои процедура за превенција и заштита од сексуално вознемирување на вработените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-usvoi-procedura-za-prevencija-i-zashtita-od-seksualno-voznemiruvanje-na-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-usvoi-procedura-za-prevencija-i-zashtita-od-seksualno-voznemiruvanje-na-vrabotenite/#respond Wed, 12 Oct 2022 12:36:14 +0000 https://kurir.mk/?p=744278

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои процедура за заштита и превенција од сексуално вознемирување, како континуитет на интегрирање на родовите аспекти во Комисијата, поддржано од ОБСЕ. Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху посочи на уставните и законските можности за заштита и забрана на сексуалното вознемирување и врз основа на етничко потекло, раса итн. Шеху потецира дека ДИК е посветена на реализирани на своите стратешки цели, а една од нив е и оваа. Три лица ќе бидат овластени да постапуваат по евентуални случаи на сексуално вознемирување. За време на изборите со оваа процедура ќе бидат опфатени и членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори. Самата процедура предвидува и мерки за вознемирувачите и други механизми за заштита од сексуаано вознемирување. ДИК усвои план за кратење на своите трошоци согласно ребелансот на Буџетот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-usvoi-procedura-za-prevencija-i-zashtita-od-seksualno-voznemiruvanje-na-vrabotenite/feed/ 0
ДИК ги објави конечните резултати за изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-objavi-konechnite-rezultati-za-izborite-za-gradonachalnik-vo-mavrovo-i-rostushe-i-centar-zupa-i-za-sovetnici-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-objavi-konechnite-rezultati-za-izborite-za-gradonachalnik-vo-mavrovo-i-rostushe-i-centar-zupa-i-za-sovetnici-vo-tetovo/#respond Tue, 23 Aug 2022 12:04:59 +0000 https://kurir.mk/?p=722633

Државната изборна комисија на денешната седница ги објави конечните резултати од гласањето за градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Во Маврово и Ростуше за градоначаник е избран Медат Куртовски од коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводен од СДСМ, а во Центар Жупа – Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците. На изборите за членови на Советот на Општина Тетово, СДСМ освоила 1953 гласови или два мандати, ВМРО-ДПМНЕ 3.332 гласови и четири мандати, ДПА – 1058 гласови или еден мандат, Интегра – 161 гласачи и е без мандат, Група на избирачи Агон Заими 206 гласови и е без мандат, Алтернатива 1118 гласови односно еден мандат, Алијанса на Албанците 777 гласови и без освоен мандат, Беса 9620 гласови и освоени 12 мандати, ДПТМ 327 гласови и е без мандат, Група избирачи Ељмедина Абдулахи 675 и е без мандат, ДУИ 8.795 – 11 мандати, ПЦЕР 371 гласа и е без мандат, Левица 646 и е без мандат. Неважечки биле 651 гласачко ливче. На изборите за советници во Тетово на гласање излегле 29.690 избирачи – 35,31 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-objavi-konechnite-rezultati-za-izborite-za-gradonachalnik-vo-mavrovo-i-rostushe-i-centar-zupa-i-za-sovetnici-vo-tetovo/feed/ 0
Течат роковите за приговори за изборниот процес во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-za-izborniot-proces-vo-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-za-izborniot-proces-vo-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/#respond Mon, 22 Aug 2022 05:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=721838

Течат роковите за поднесување на приговори за изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше и за членови во Советот на Општина Тетово. Доколку има поднесено приговори, Државната изборна комисија би ги разгледала во вторник или среда, а објавувањето на конечните резултати ќе зависи од тоа како ќе се решат и дали ќе има тужби до Управниот суд. Државната изборна комисија доцна вечерта по изборите во саботата ги соопшти првичните резултати. Според нив, во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3340 гласачи од вкупно 3395 гласачи. Во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освоил 3266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1935 гласови. Во Советот на Општина Тетово, според првичните резултати, најмногу мандати има освоено БЕСА, вкупно 12, по што следуваат ДУИ со 11 мандати, ВМРО-ДПМНЕ со четири мандати и СДСМ со два мандата. По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива и ДПА. Коалицијата предводена од СДСМ славеше за двојна победа на вонредните локални избори за градоначалник во општините Маврово Ростуше и Центар Жупа, додека пак ВМРО-ДПМНЕ славеше за, како што ја претставија, двојна победа во Тетово, односно дека тие го победиле СДСМ, а БЕСА ја победила ДУИ во Тетово. Според СДСМ, граѓаните избрале напредок и ги препознале вистинските политики. – Граѓаните избраа напредок, граѓаните на изборите потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец, кој ја води државата напред. Во овие тешки времиња граѓаните ги препознаа вистинските политики и со големо мнозинство ја дадоа својата доверба на СДСМ и коалицијата, на концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина, истакнаа од СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ, кои славеа во Тетово, побараа оставка од премиерот и предвремени избори. – ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, а БЕСА ја победи ДУИ во Тетово. Владејачката коалиција нема никаков легитимитет да продолжи да ја води државата. Народот јасно кажа дека СДСМ и ДУИ се минато. Очекуваме Ковачевски да го признае поразот и да си поднесе оставка веднаш. Само предвремени парламентарни избори се решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Поради изборниот неуспех во Тетово и неосвојувањето на ниту еден советнички мандат, вчера неотповиклива оставка поднесе лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. По состанокот на највисокото раководство во Тетово, Села на прес-конференција најави дека повеќе нема да се кандидира за лидерското место во партијата. Тој информираше дека во периодот што следува, Централното собрание треба да заседава и да одлучи кој ќе биде в.д претседател на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-za-izborniot-proces-vo-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/feed/ 0
Ова е излезеноста до 15 часот во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-izlezenosta-do-15-chasot-vo-mavrovo-rostushe-centar-zupa-i-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-izlezenosta-do-15-chasot-vo-mavrovo-rostushe-centar-zupa-i-tetovo/#respond Sat, 20 Aug 2022 15:53:33 +0000 https://kurir.mk/?p=721485

Државната изборна комисија на својата веб страница ја објави излезеноста на изборите за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа, како и за Совет во општина Тетово до 15 часот. Во Општината Центар Жупа до 15 часот гласале 34,41 отсто од запишаните гласачи, додека во Општината Маврово – Ростуше на гласање излегле 32,88 отсто од гласачите. Во Тетово излезноста е пониска и изнесува 21,29 отсто од гласачите со право на глас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-izlezenosta-do-15-chasot-vo-mavrovo-rostushe-centar-zupa-i-tetovo/feed/ 0
ДИК: Излезноста до 13 часот во Центар Жупа 25,4 отсто, во Маврово-Ростуше 24,21 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-izleznosta-do-13-chasot-vo-centar-zupa-25-4-otsto-vo-mavrovo-rostushe-24-21-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-izleznosta-do-13-chasot-vo-centar-zupa-25-4-otsto-vo-mavrovo-rostushe-24-21-otsto/#respond Sat, 20 Aug 2022 13:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=721453

Државната изборна комисија информира дека излезноста до 13 часот во општина Маврово-Ростуше е 24,21 процент, а во општина Центар Жупа 25,4 проценти. Во овие две општини денеска се избира градоначалник. Во општина Тетово каде се гласа за членови во Советот, излезноста е 14,1 процент. Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи, од кои 84.072 во Тетово,7.154 во Центар Жупа и 9.948 во Маврово и Ростуше. Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-izleznosta-do-13-chasot-vo-centar-zupa-25-4-otsto-vo-mavrovo-rostushe-24-21-otsto/feed/ 0