Димче Мешковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Mar 2023 14:49:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Димче Мешковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комеморација за Димче Мешковски во Драмски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoratsija-za-dimche-meshkovski-vo-dramski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoratsija-za-dimche-meshkovski-vo-dramski/#respond Tue, 28 Mar 2023 14:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=817396

Во Драмскиот театар денеска се одржа комеморација за актерот Димче Мешковски кој почина по долго боледување на 20 март, во неговиот дом во Лос Анџелес (САД). Според актерот Драган Спасов-Дац, Мешко ги имал сите болести на овој свет, а бил поздрав од сите. -Мешко, глумците не умираат, немаат години, глумците на своите матични сцени остануваат долго, долго по нивното физичко заминување. Зад глумците остануваат нивните претстави, филмови, анегдоти. Се слушнавне девет дена пред да си заминеш. Можевме да зборуваме со часови, ти го раскажував она што не можеше да го најдеш на интернет, а беше информиран за сѐ. Беше вљубен во својата Марица како првиот ден и велеше: ‘Ако ме остави Марица, јас ќе умрам’. Ги имаше сите болести на овој свет, а беше поздрав од сите, рече Спасов-Дац. В.д. директорката на НУ Драмски театар Скопје (ДТС) Маја Вељковиќ-Пановска потенцираше дека заминува уште еден од оние кои го создадоа брендот Драмски театар. -Театар препознатлив по својата авангардност, по своите претстави за кои се бараше карта повеќе, театар понекогаш бунтовен и критичен, театар на комедии кои опстојуваа со години, па и децении. Во сето тоа Димче Мешковски. Сите овие синоними важат и за Мешко. Бунтовен, критички расположен, но многу инспиративен, рече Вељковиќ-Пановска. Актерот Коле Ангеловски на комеморацијата напомена дека со Мешко заедно работеле на претстави, кабареа, ТВ серии, фимови... Како што посочи, ќе го памети само по убаво и по смеа. -Заедно работевме претстави, кабареа, ТВсерии, фимови, не знам како постигнувавме. И така 40 години. Повеќе бев во Мешко отколку со моето семејство. Мешко беше песнопоец, еднаш во Полска по грешка запеа руска песна, па потоа кога сфативме колку Полјаците не ги сакаат Русите, повеќе не ни се повтори. Мешко само по убаво и со смеа ќе го паметам. Се надевам дека сега горе со брат ми Дади и со Мичо Егеецот играта брич, посочи Ангеловски. Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година. Актерот забележа над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Во неговиот драмскиот опус се претставите „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoratsija-za-dimche-meshkovski-vo-dramski/feed/ 0
Утре ќе се одржи комеморација за Димче Мешковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-odrzhi-komemoratsija-za-dimche-meshkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-odrzhi-komemoratsija-za-dimche-meshkovski/#respond Mon, 27 Mar 2023 19:24:06 +0000 https://kurir.mk/?p=817019

Во Драмскиот театар утре со почеток во 12 часот ќе се одржи комеморација за актерот Димче Мешковски кој почина по долго боледување на 20 март, во неговиот дом во Лос Анџелес (САД). Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година. Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Од драмскиот опус ги издвојуваме ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“…). Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите во претставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Димче Мешковски ја доби „Наградата за актерско остварување“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на „Наградата за животно дело“ што ја доделува овој наш реномиран театарски фестивал. Бесценет е ангажманот од неколку стотици ролји во радио-драми, забавните и хумористични емисии меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца: „Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиште за кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевски конгрес“, „Прличев“. Мешковски снимил и голем број народни приказни од овој популарен телевизиски формат. Димче Мешковски има огромен придонес во развојот на македонската уметност на нахсинхронизација. Стана миленик на детската публика како неповторлив интерпретатор на детските јунаци Попај, Штрумфови, Нинџа желки и многу други. Димче Мешковски е добитник на „Наградата за животно дело“ што ја доделува реномираниот Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-odrzhi-komemoratsija-za-dimche-meshkovski/feed/ 0
Игор Џамбазов се прости од Мешковски: Ме прифати како син, низ главава ми експлодираат спомени https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/igor-dhambazov-se-prosti-od-meshkovski-me-prifati-kako-sin-niz-glavava-mi-eksplodiraat-spomeni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/igor-dhambazov-se-prosti-od-meshkovski-me-prifati-kako-sin-niz-glavava-mi-eksplodiraat-spomeni/#respond Tue, 21 Mar 2023 11:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=814500

Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски почина по долго боледување во својот дом во Лос Анџелес, САД. Голем број пријатели и актери изразуваат сочувство и се простуваат од него преку социјалните мрежи. Меѓу првите се огласи Игор Џамбазов. -Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага... Низ главава ми експлодираат спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари..., напиша Џамбазов на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/igor-dhambazov-se-prosti-od-meshkovski-me-prifati-kako-sin-niz-glavava-mi-eksplodiraat-spomeni/feed/ 0
На 28 март комеморација за Димче Мешковски во Драмски театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-28-mart-komemoratsija-za-dimche-meshkovski-vo-dramski-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-28-mart-komemoratsija-za-dimche-meshkovski-vo-dramski-teatar/#respond Tue, 21 Mar 2023 11:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=814488

По долго боледување, вчера на 20 март 2023 година, во неговиот дом во Лос Анџелес (САД) почина актерот Димче Мешковски. Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година. Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Од драмскиот опус ги издвојуваме ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“...). Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите во претставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Димче Мешковски ја доби „Наградата за актерско остварување“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на „Наградата за животно дело“ што ја доделува овој наш реномиран театарски фестивал. Бесценет е ангажманот од неколку стотици ролји во радио-драми, забавните и хумористични емисии меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца: „Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиште за кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевски конгрес“, „Прличев“. Мешковски снимил и голем број народни приказни од овој популарен телевизиски формат. Димче Мешковски има огромен придонес во развојот на македонската уметност на нахсинхронизација. Стана миленик на детската публика како неповторлив интерпретатор на детските јунаци Попај, Штрумфови, Нинџа желки и многу други. Комеморацијата за почитуваниот актер Димче Мешковски ќе се одржи во салонот на Драмски театар Скопје на 28 март 2023 година со почеток во 12 часот. Димче Мешковски е добитник на „Наградата за животно дело“ што ја доделува реномираниот Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-28-mart-komemoratsija-za-dimche-meshkovski-vo-dramski-teatar/feed/ 0
Почина македонскиот актер Димче Мешковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-makedonskiot-akter-dimche-meshkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-makedonskiot-akter-dimche-meshkovski/#respond Tue, 21 Mar 2023 10:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=814467

Почина Димче Мешковски македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист. Во „Викенд на мртовци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а нѐ смееше и како дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хиирику“ и многу други…. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“). Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело. Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-makedonskiot-akter-dimche-meshkovski/feed/ 0