димитар богов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 May 2018 11:44:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png димитар богов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иванов ги прими новиот и досегашниот гувернер на НБРМ, Ангеловска-Бежоска и Богов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-gi-primi-noviot-i-dosegashniot-guverner-na-nbrm-angelovska-bezoska-i-bogov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-gi-primi-noviot-i-dosegashniot-guverner-na-nbrm-angelovska-bezoska-i-bogov/#respond Thu, 24 May 2018 11:44:48 +0000 https://kurir.mk/?p=57983

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ги прими Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народната банка на Република Македонија и Димитар Богов, досегашен гувернер на НБРМ. Претседателот Иванов, како што соопшти денеска неговиот Кабинетот, на Ангеловска-Бежоска и го честиташе нејзиното именување за гувернер на Народната банка на Република Македонија, посакувајќи и успех во работата. - Водењето на монетарната политика и севкупното централнобанкарско работење во нашата држава, во континуитет е позитивно оценувано во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија. Имајќи ја предвид вашата професионална биографија и досегашно работно искуство, уверен сум дека ќе продолжи континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија, рече претседателот Иванов на средбата. Во оваа пригода, тој му се заблагодари на Богов за успешното водење на НБРМ во изминатите седум години, оценувајќи дека со неговиот ангажман даде значаен придонес во исполнувањето на предвидените цели и задачи на Народната банка. - Со вашата работа, дадовте значаен придонес во водењето на монетарната политика, постигнувањето и одржувањето на ценовната стабилност, во одржувањето на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем и во поддршката на општата економска политика, во согласност со принципот на отворена пазарна економија. Верувам дека со вашето професионално искуство ќе продолжите да давате натамошен значаен придонес во интерес на Република Македонија, рече претседателот Иванов на средбата. Гувернерката Ангеловска-Бежоска се заблагодари на претседателот Иванов за дадената доверба и изрази очекување дека по преземањето на функцијата од Богов ќе продолжи континуитетот на успешно управување и функционирање на Народната банка. На средбата Богов му се заблагодари на претседателот Иванов за дадената доверба, поддршката и успешната соработка во изминатите седум години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-gi-primi-noviot-i-dosegashniot-guverner-na-nbrm-angelovska-bezoska-i-bogov/feed/ 0
Богов: Седум години на стабилен курс на денарот и стабилен банкарски систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogov-sedum-godini-na-stabilen-kurs-na-denarot-i-stabilen-bankarski-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogov-sedum-godini-na-stabilen-kurs-na-denarot-i-stabilen-bankarski-sistem/#respond Tue, 22 May 2018 10:58:15 +0000 https://kurir.mk/?p=56989

Стабилен курс на денарот и стабилен банкарски систем, што бележеше раст и развој, и ниска каматна стапка, што достигна историски најниско ниво. Ваква оценка даде денеска Димитар Богов за својот седумгодишен мандат на гувернер на Народната банка на Република Македонија, кој истече вчера. Тој функцијата денеска и ја предаде на новоизбраната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. - Во периодот 2011-2017 година просечната стапка на инфлација во Македонија изнесуваше 1,5 проценти, а во еврозоната 1,2 проценти,  Девизниот курс на денарот во однос на еврото беше одржан на стабилно ниво, а  покрај оние редовни турбуленции имавме и два силни шока, едниот беше грчката должничка криза, а другиот домашната политичка криза што кулминираше со шпекулативниот напад на девизниот курс и стабилноста на банките, рече Богов на прес-конференцијата пред да ја предаде функцијата на новата гувернерка. Оцени дека денарот воопшто не изгуби од конкурентноста во однос на еврото, односно, како што рече, немавме во овој период некоја апрецијација на денарот, токму поради тоа што инфлацијата се одржуваше на слично ниво како и во еврозоната. За состојбата во финансискиот систем рече дека беше одржана стабилност и дека банкарскиот сектор успешно се развиваше и растеше во овој период. - За седум години беше остварен раст на вкупната актива на банките, депозитите и кредитите од околу 50 проценти. Во просек годишниот раст на кредитите изнесуваше околу седум проценти. Депозитите имаа вкупен раст од 55 проценти, рече Богов. Тој додаде дека кредитиниот ризик значително е намален во овој период и процентот на лоши кредити од учество од 9,5 проценти во мај 2011 година во април годинава се намалени на 5,2 проценти. Забележано е и зголемување на профитабилноста на банките од 2010 до 2017 година. Како што рече на крајто на 2010 година повратот на капитал изнесуваше седум проценти, а се очекува на крајот на годината да изнесува 20 проценти, што според Богов веројатно е највисоко ниво во целиот регион на ЈИЕ. Богов потенцира дека преку одржување на стабилноста на денарот и банкарскиот сектор направена е до некаде и поддршка на македонската економија. - Каматната стапка се спушти на три проценти на историски најниско ниво. Секогаш може да се дискутира и дебатира дали можеше и пониско и можеше, но доколку немавме политичка криза и доколку фискалните политики беа малку подисциплинирани, рече Богов. Богов додаде дека просечниот економски раст во изминатите години е 2,2 проценти и повисок од просекот на ЕУ каде изнесува 1,3 проценти и истакна дека тој ќе беше посилен ако немавме забавување во последните две години поради политичката криза. Одговорајќи на новинарско прашање што бил најлошиот момент во неговиот мандат како гувернер рече дека најверојатно кулминацијата на политичката криза и шпекулативниот напад врз банкарскиот систем. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogov-sedum-godini-na-stabilen-kurs-na-denarot-i-stabilen-bankarski-sistem/feed/ 0
Мандатот на Богов завршува утре, Македонија ја добива првата жена гувернер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mandatot-na-bogov-zavrshuva-utre-makedonija-ja-dobiva-prvata-zena-guverner/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mandatot-na-bogov-zavrshuva-utre-makedonija-ja-dobiva-prvata-zena-guverner/#respond Sun, 20 May 2018 07:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=56139

Утре истекува седумгодишниот мандат на гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов. Според предлогот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој треба да биде поддржан од најмалку 61 пратеник во Собранието, Богов треба да го наследи Анита Ангеловска-Бежоска. Според собраниски извори предлогот за гласање треба да биде ставен на дневен ред на утрешната собраниска седница која е веќе закажана. Предлогот според најавите треба да добие поддршка. СДСМ, како што изјави деновиве координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев, позитивно гледа на новиот предлог на претседателот Иванов. - Лично сметам дека Ангеловска Бежоска, која е докажан експерт и професионалец во својата област, ја заслужува нашата поддршка, посочи Тунтев. Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека  новиот предлог ќе го разгледаат и дополнително ќе се произнесат, додека ДУИ не го изнесе ставот во врска со предлогот Ангеловска - Бежоска да биде нов гувернер на НБРМ.  

Анита Ангеловска-Бежоска на оваа функција ќе дојде од вицегувернерско место во НБРМ, каде осум години беше задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика, а по втор пат за вицегувернер е избрана во септември 2017 година, кога добила поддршка во Собранието од 97 пратеници.

Претседателот Иванов смета дека Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

Предлогот Ангеловска-Бежоска да биде гувернер на НБРМ следуваше откако Богов, кој иако претходно беше предложен за втор мандат од страна на Иванов, ја повлече кандидатурата под влијание на, како што кажа, реакциите и роковите за избор на гувернер. - Во оваа пригода би сакал да му се заблагодарам на претседателот на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов за довербата што ми ја даде со моето повторно предложување за прв човек на Народната банка, што за мене лично претставува валоризација на сработеното во изминатите седум години. Имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите на политичкиот живот во Република Македонија, моменталната политичка констелација и роковите за избор на гувернер, во интерес на државата се повлекувам од кандидатурата за гувернер на Народната банка, за што веќе го известив претседателот на Република Македонија, наведе Богов во допис со кој се повлече од кандидатурата.

Претседателот Иванов на 27 април 2018 година го достави предлогот до Собранието со кој повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на НБРМ. Предлог, кој, како што се изјасни парламентарното мнозинство и ДУИ, нема да добие поддршка во Собранието и нема да биде изгласан, а во функција на надминување на состојбата се одржа и средба меѓу премиерот Зоран Заев и Ѓорге Иванов. На средба одржана на 7 мај беа согласни дека НБРМ не смее да се остави без гувернер.

Новиот предлог на Иванов следеше откако доби писмено известување од Димитар Богов дека се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ, кој го достави до Собранието на 16 мај.

Анита Ангеловска Бежовска треба да биде петтиот гувернер на Народната банка на Република Македонија и прва жена на оваа позиција.

(Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mandatot-na-bogov-zavrshuva-utre-makedonija-ja-dobiva-prvata-zena-guverner/feed/ 0
Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogov-se-povlekuva-od-kandidaturata-za-guverner-na-nbrm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogov-se-povlekuva-od-kandidaturata-za-guverner-na-nbrm/#respond Wed, 16 May 2018 11:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=54796

Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на Народната банка на Македонија и за тоа веќе го известил претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го предложи за нов гувренерски мандат. Во пишаната изјава за МИА Богов посочува дека со внимание ја следел дебатата во јавноста поврзана со предлогот по вторпат да биде именуван за гувернер на Народната банка на Република Македонија и оти одлуката ја донел имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите во политиката и роковите за избор на гувернер. - Во оваа пригода би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов за довербата што ми ја даде со моето повторно предложување за прв човек на Народната банка, што за мене лично претставува валоризација на сработеното во изминатите седум години. Имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите на политичкиот живот во Република Македонија, моменталната политичка констелација и роковите за избор на гувернер, во интерес на државата се повлекувам од кандидатурата за гувернер на Народната банка, за што веќе го известив Претседателот на Република Македонија, наведува Богов. Тој верува дека во периодот што претстои ќе се изнајде решение и во најскоро време ќе биде предложен нов кандидат за гувернер на Народната банка, од редот на професионалците, кој ќе добие консензуална политичка поддршка. - Народната банка на Република Македонија не смее да се остави без гувернер. Очекувам решение во најкус можен рок, што ќе биде во интерес на Република Македонија, потенцира Богов. Мандатот на Богов како гувернер на НБРМ завршува на 20 мај, а на 21 мај на новата седница на Собранието, според собраниски извори, ќе биде ставена точка на дневен ред за избор на нов гувернер. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogov-se-povlekuva-od-kandidaturata-za-guverner-na-nbrm/feed/ 0
Средба Иванов – Заев за избор на нов гувернер на НБРМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-ivanov-zaev-za-izbor-na-nov-guverner-na-nbrm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-ivanov-zaev-za-izbor-na-nov-guverner-na-nbrm/#respond Mon, 07 May 2018 07:02:10 +0000 https://kurir.mk/?p=50813

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев денеска треба да одржат втора средба за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка на РМ, кој треба да биде заокружен на крајот на месецот, потврдија од кабинетот на премиерот. Средбата е на барање на Заев, откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го поддржува предлогот што неодамна го даде претседателот Иванов актуелниот гувернер Димитар Богов повторно да ја извршува оваа функција. - Ова е сериозна институција, јас верувам дека по пат на кохабитацијата и дијалогот којшто го имаме ќе изнајдеме решение. Правото е апсолутно на претседателот да предложи, но правото е и на парламентарното мнозинство да избере гувернер, изјави завчера Заев одговарајќи на новинарски прашања. Оваа институција, дополни, мора да ја држиме професионална. Разговараме за експертски решенија, не за партиски решенија, кои што и понатаму би ја чувале монетарната политика стабилна, затоа што и нас како Влада тоа ни е од голема важност за да можеме да ги креираме другите економски политики, наведе Заев. Тој вели дека за предлогот на Иванов се информирал од медиумите и оти немале повторна средба по одржаната во март кога шефот на државата му кажал со кого разговара и со кого имал намера да разговара. - Тогаш заклучивме дека прво треба тој да разговара со актуелниот гувернер Богов дали ќе прифати. Ако прифати Богов и претседателот одлучи да го предложи, би ми соопштил мене за да разговарам со парламентарното мнозинство. Јас за одлуката слушнав од Собранието и од медиумите. Значи немавме втор разговор, за после неговата одлука да направиме фаза на подготовка, разговори со парламентарното мнозинство. Како за предлозите за Уставен суд, така се случи и со предлогот за гувернер на НБРМ, се информиравме од медиумите,  беше објаснувањето на Заев. Претходно кабинетот на претседателот соопшти дека Иванов  повторно го предлага Богов за гувернер на Народна Банка на Република Македонија, за што одлучил по консултации  со Сојузот на Стопански Комори, Стопанската комора на Македонија,Здружението на банкарството, МАНУ и со други релевантни фактори од оваа област, притоа водејќи се исклучиво од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предлага. - Водењето на монетарната политика и севкупното централнобанкарското работење во нашата држава, во континуитет е позитивно оценувано во извештаите на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија. Од 2015 година па наваму, Народната банка на Република Македонија, според оценките на ЕК, бележи одличен напредок во остварување на своите цели и задачи, во согласност и со законодавството на ЕУ. Во тој контекст особено е нотирано постигнувањето и одржувањето на ценовната стабилност, одржувањето на девизните резерви,  одржувањето на  фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото и користењето на операциите на отворениот пазар и задолжителната резерва. Позитивно се оценува и усогласувањето на правната рамка на монетарната политика со легислативата на ЕУ, и активностите за обезбедување  функционална и институционална независност на централната банка, соопшти Кабинетот на Претседателот. Богов, кој е гувернер на Народна банка на Република Македонија од 2011 година, неодамна во одговор на новинарско прашања рече дека очекува  нов гувернер да биде избран во предвидениот рок и притоа да се почитува законот за НБРМ.  Институцијата, посочи, не смее да се остави без прв човек, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата. Седумгодишниот мандат на актуелниот гувернер истекува на 21 мај годинава. Согласно Законот за НБРМ, гувернерот се избира на предлог од Претседателот, кој го доставува до Собранието и се гласа на седница со просто мнозинство. Пред Богов, досега функцијата гувернер на НБРМ ја извршуваа Борко Станоевски, Љубе Трпески и Петар Гошев. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-ivanov-zaev-za-izbor-na-nov-guverner-na-nbrm/feed/ 0
Бесими знаел за повторната номинација на Богов за гувернер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besimi-znael-za-povtornata-nominacija-na-bogov-za-guverner/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besimi-znael-za-povtornata-nominacija-na-bogov-za-guverner/#respond Fri, 04 May 2018 08:08:52 +0000 https://kurir.mk/?p=49621

Со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна функција, претседателот Иванов во текот на февруари и март оваа година изврши консултации со Сојузот на Стопански Комори, со Стопанската комора на Македонија, со Здружението на банкарството, со МАНУ и со други институции и поединци од оваа област. По сите тие консултации, Димитар Богов беше посочен како најквалитетна, најпрофесионална и најсоодветна личност за извршување на оваа функција и кандидирање за негов втор мандат, велат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, во врска со предлогот Димитар Богов повторно да биде гувернер на Народната банка на Република Македонија. -По извршените консултации, Претседателот Иванов оствари средба со премиерот Заев на 26 март оваа година, на која македонскиот претседател го запозна премиерот за исходот од консултативните средби и дека Димитар Богов ќе биде предложен за нов мандат од страна на македонскиот претседател, информираат од кабинетот на Иванов. Потоа, како што информираат од Вила Водно, следува средба на претседателот Иванов со гувернерот Богов на која македонскиот претседател му ја соопштува својата намера на Богов дека ќе биде предлог за гувернер на НБРМ. - Откако актуелниот гувернер му дал согласност на претседателот Иванов за негова повторна кандидатура, Димитар Богов остварил средба со премиерот Заев на која му ја искажал согласноста за одлуката на македонскиот претседател за негова повторна кандидатура. За предлогот Димитар Богов да биде гувернер на НБРМ, освен премиерот Заев информиран е и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, велат од кабинетот на Иванов. Оттаму информираат и дека претседателот Иванов изминатиот период остварил и средби со други потенцијални кандидати за гувернерското место, меѓу кои и со Фатмир Бесими. -На сите тие средби, не била посочена ниту една забелешка за работата на актуелниот гувернер, ниту за работата на НБРМ. Напротив, на сите средби преовладувал ставот дека Богов заслужува повторна кандидатура и дека е најдоброто решение, кое е потврдено и во извештаите на ЕК, велат од Кабинетот на претседателот Иванов. Согласно своите овластувања, претседателот Иванов на 27 април 2018 година предлогот го достави до Собранието на Република Македонија. Претседателот Ѓорге Иванов, повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на Народна Банка на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besimi-znael-za-povtornata-nominacija-na-bogov-za-guverner/feed/ 0
Богов: НБРМ не смее да се остави без гувернер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogov-nbrm-ne-smee-da-se-ostavi-bez-guverner/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogov-nbrm-ne-smee-da-se-ostavi-bez-guverner/#respond Thu, 03 May 2018 12:47:31 +0000 https://kurir.mk/?p=49304

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов смета дека институцијата не смее да се остави без прв човек, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата. Очекува нов гувернер да биде избран во предвидениот рок и притоа да се почитува законот за НБРМ. - НБРМ има многу значајни функции во економијата, ја одржува ценовната стабилност преку стабилен курс на денарот во однос на еврото, се грижи за сигурност на банкарскиот сектор. Оставањето на НБРМ без гувернер би имало сериозни негативни импликации. Се уште се надеваме дека согласно Законот за НБРМ ќе се постигне договор, рече Богов, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за годишните проекции на централната банка. Тој смета дека треба да се избере нов гувернер професионалец кој ќе си ја извршува функцијата професионално. - Сите што мислат дека НБРМ може да функционира без гувернер или не се добро информирани или, пак, знаат добро во што ја впуштаат македонската економија. Некои одговорности на гувернерот се исклучиво негови, како донесување одлуки за каматни стапки, ликвидност или за банкарскиот сектор и не може да се префрлат на други, рече гувернерот Богов, кого претседателот Ѓорѓе Иванов повторно го предложи за прв човек на НБРМ. Богово вели дека тој ја прифатил кандидатурата за нов мандат за гувернер, но оти не може сам да ја оценува својата работа. - Тоа не треба јас да го кажам, моето го кажав во овие седум години. Резултатите што ги постигнавме со тимот се видливи за сите и други треба да одлучат како понатаму, истакна гувернерот. Богово дека при донесувањето на одлуката за иден гувернер интересите на државата треба да бидат пред и над се. - Интересот на политичарите треба да биде интересот на државата Република Македонија. Ако има добра волја, ако се седне да се разговара може да се дојде до најдобар кандидат. Има квалитетни кандидати и покрај нас двајца кои сме сега во фокусот, рече Богов. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogov-nbrm-ne-smee-da-se-ostavi-bez-guverner/feed/ 0
НБРМ ќе ги објави најновите макроекономски проекции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nbrm-kje-gi-objavi-najnovite-makroekonomski-proekcii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nbrm-kje-gi-objavi-najnovite-makroekonomski-proekcii/#respond Thu, 03 May 2018 06:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=49004

Народната банка на Република Македонија денеска ќе ги објави новите макроекономски проекции за годинава. На прес-конференцијата во врска со редовната ревизија на макроекономските проекции ќе зборува гувернерот на НБРМ Димитар Богов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nbrm-kje-gi-objavi-najnovite-makroekonomski-proekcii/feed/ 0
Иванов повторно го предложи Богов за гувернер на Народна банка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-povtorno-go-predlozi-bogov-za-guverner-na-narodna-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-povtorno-go-predlozi-bogov-za-guverner-na-narodna-banka/#respond Mon, 30 Apr 2018 09:17:05 +0000 https://kurir.mk/?p=47847

Претседателот Ѓорге Иванов, повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на Народна Банка на Република Македонија. Согласно своите овластувања, претседателот Иванов, предлогот го достави до Собранието на Република Македонија. Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата, со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна функција, претседателот Иванов во изминатите два месеца изврши консултации со Сојузот на Стопански Комори, со Стопанската комора на Македонија, со Здружението на банкарството, со МАНУ и со други релевантни фактори од оваа област, и се водеше исклучиво од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предлага. - Водењето на монетарната политика и севкупното централнобанкарското работење во нашата држава, во континуитет е позитивно оценувано во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија. Од 2015 година па наваму, Народната банка на Република Македонија, според оценките на ЕК бележи одличен напредок во остварувањето на своите цели и задачи, во согласност и со законодавството на ЕУ. Во тој контекст особено е нотирано постигнувањето и одржувањето на ценовната стабилност, одржувањето на девизните резерви, одржувањето на фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото и користењето на операциите на отворениот пазар и задолжителната резерва. Позитивно се оценува и усогласувањето на правната рамка на монетарната политика со легислативата на ЕУ, и активностите за обезбедување на функционална и институционална независност на централната банка, се посочува во соопштението. Димитар Богов е гувернер на Народната банка на Република Македонија од 2011 година. Тој има 23-годишно работно искуство од кое девет години на раководни позиции во јавниот сектор, една година во областа на деловните консултантски услуги и четири години на висока раководна функција во најголемата македонска банка. Богов работел како раководител во Државниот завод за статистика и во Министерството за финансии, каде што бил одговорен за изготвување макроекономски статистики, економска анализа, макроекономско планирање, предлози за економската политика и бил вклучен во преговорите со ММФ. Од 2002 година до јануари 2007 година, тој работел како главен економист во „Стопанска банка“ АД Скопје, членка на групацијата НБГ, каде што бил одговорен за изготвување економска и пазарна анализа, деловно планирање, управувачко сметководство и управување со ризиците. Од 2007 до 2011 година, тој ја извршувал функцијата на вицегувернер на Народната банка на Република Македонија и бил одговорен за финансиските пазари, управувањето со девизните резерви и платните системи. Тој е член на Управниот одбор на Виенската иницијатива 2. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-povtorno-go-predlozi-bogov-za-guverner-na-narodna-banka/feed/ 0
Тевдовски и Богов на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tevdovski-i-bogov-na-proletnite-sredbi-na-mmf-i-sb-vo-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tevdovski-i-bogov-na-proletnite-sredbi-na-mmf-i-sb-vo-vashington/#respond Fri, 20 Apr 2018 06:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=43428

Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Димитар Богов, од денеска учествува на редовните Пролетни средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон. Предвидено е делегацијата да има средби со високи претставници на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, Европската инвестициска банка, Централната банка на Европа и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во рамки на средбите закажани се состаноци со заменик претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер, со директорот за Југоисточна Европа на Линда Ван Гелдер, со извршниот директор на Светска банка Френк Хемскирк, со Пол Томсен, извршен директор на ММФ за Европа и шефот на мисијата на ММФ за Македонија Јасмин Рахман. Во фокусот на разговорите ќе бидат тековната и идната соработка на Македонија со двете институции. Пролетните состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На настанот учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки. Дискусијата е поврзана со актуелните случувања во светската економија и на теми како намалување на сиромаштијата и потикнување на економскиот раст. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tevdovski-i-bogov-na-proletnite-sredbi-na-mmf-i-sb-vo-vashington/feed/ 0