Димитар Илиевски-Мурато – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 May 2023 08:42:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Димитар Илиевски-Мурато – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planinarski-marsh-na-pelister-vo-chest-na-dimitar-ilievski-murato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planinarski-marsh-na-pelister-vo-chest-na-dimitar-ilievski-murato/#respond Sat, 13 May 2023 08:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=833746

Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ во чест и слава на Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец што се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест, денеска го организира 34. традиционален планинарски марш на кој учествуваат планинари од земјава и странство. Планинарите до Димев Врв на Пелистер ќе стигнат преку две маршрути, изјави за МИА Диме Попов, претседател на ПСК „Пелистер“-Битола. -Првата група планинари утрово стартуваше во 7 часот од Инфо центар и ќе се движат до Палиснопје, потоа Ловечка куќа, врв Пелистер и Димев Врв, додека втората маршрута стартуваше од Нижо Поле, потоа преку Дебел Рид, Големо Езеро и Партизански Врв, а на Широко Стапало ќе се спојат двете групи планинари и заеднички продолжуваат до врвот Пелистер, а потоа до Димев Врв. Според востановената традиција, за време на маршот, пред сите учесници ќе потсетиме на ликот и делото на Димитар Илиевски-Мурато и ќе положиме цвеќе пред споменикот на Мурато што се наоѓа во дворот на планинарскиот дом „Копанки“, потврди Попов. Пред 34 години, на 10 мај 1989 година, битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, член на македонската алпинистичко-хималајска експедиција „Еверест 89“, беше првиот македонски алпинист кој се искачи и го освои највисокиот планински врв на светот Монт Еверест висок 8.848 метри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planinarski-marsh-na-pelister-vo-chest-na-dimitar-ilievski-murato/feed/ 0
На денешен ден во 1989 година, првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато го освои Монт Еверест https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-deneshen-den-vo-1989-godina-prviot-makedonets-dimitar-ilievski-murato-go-osvoi-mont-everest/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-deneshen-den-vo-1989-godina-prviot-makedonets-dimitar-ilievski-murato-go-osvoi-mont-everest/#respond Wed, 10 May 2023 05:57:37 +0000 https://kurir.mk/?p=832468

На денешен ден, пред 34 години, на 10 мај 1989 година, битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, како прв македонски алпинист се искачи и го освои највисокиот планински врв на светот Монт Еверест (8.848 метри). Македонската јавност никогаш нема да го заборави разговорот меѓу Димитар Илиевски-Мурато и членовите на македонската алпинистичка хималајска експедиција, што го водеа тој ден на Хималаите и легендарната фотографија на Димитар снимена на врвот на планетата, точно во 18 часот по локално време. – Диме како си? (прашуваат од македонската хималајска експедиција) – Ептен убо…, одговора Диме, по битолски... – Диме сите сме горди со тебе! Браво Диме! – И ние тука сме среќни, одговора Диме, придружуван од локалните шерпаси Сонам и Аџива и двата планинари од Хрватска и Словенија, Стипе Божиќ и Вики Грошељ, сведоци на историскиот настан. Македонија! Мацедонија! Е,ееее Македонија – пееја, тогаш македонските планинари и неколку Шерпаси. Како што е познато на 10 мај 1989 година Димитар Илиевски-Мурато, член на македонската алпинистичко-хималајска експедиција „Еверест 89“ се искачи на највисокиот врв на светот, развиори знаме, и дури 80 минути бил на највисоката точка на планетата Земја, но за жал не успеа да се врати до базниот логор, останувајќи вечно на Хималаите. Македонските планинари, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“ и годинава масовно ќе учествуваат на планинарски марш кој ќе се одржи в сабота на 13 мај на Пелистер. - Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ во чест и слава на нашиот Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец што се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест, викендов ќе го организира 34. традиционален планинарски марш на кој учество ќе земат неколку стотици планинари од земјава и странство. Планинарите до Димев Врв ќе стигнат преку две маршрути, првата ќе почне од Инфо центар и ќе планинарите ќе се движат до Палиснопје, Ловечка куќа, врв Пелистер и Димев Врв, додека втората маршрута ќе стартува од Нижо Поле, потоа преку Дебел Рид, Големо Езеро, Партизански Врв, Широко Стапало и врв Пелистер, ќе се стигне до Димев Врв. Пред сите учесници ќе потсетиме на ликот и делото на Димитар Илиевски-Мурато и ќе положиме цвеќе пред споменикот на Мурато што се наоѓа во дворот на планинарскиот дом „Копанки“, изјави за МИА, Диме Попов, претседател на ПСК „Пелистер“-Битола. Како што е познато, Општина Битола во чест на својот истакнат граѓанин во централното градско подрачје именува улица со името на Димитар Илиевски-Мурато, на родната куќа на Димитар, поставена е спомен плоча, а неговиот син Јонче Илиевски заедно со група повозрасни планинари, во 2010 година, во спомен на неговиот татко, го основаа планинарскиот спортски клуб Димитар Илиевски-Мурато. -Традиционалниот планинарски марш е голем предизвик и возбудување. Вљубени сме во планината, ја сакаме планината...Нашето семејство и пријателите планинари се горди што мојот татко беше првиот Македонец што го освои највискиот врв на светот Еверест, ни изјави Јонче Илиевски, син на Димитар Илиевски-Мурато. За подвигот од 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато посмртно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, а од Македонскиот олимписки комитет е прогласен за „Великан на спортот“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-deneshen-den-vo-1989-godina-prviot-makedonets-dimitar-ilievski-murato-go-osvoi-mont-everest/feed/ 0
(ВИДЕО) Како изгледаше искачувањето на Мурато на Еверест: Марш на Пелистер во негова чест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kako-izgledashe-iskachuvanjeto-na-murato-na-everest-marsh-na-pelister-vo-negova-chest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kako-izgledashe-iskachuvanjeto-na-murato-na-everest-marsh-na-pelister-vo-negova-chest/#respond Sat, 11 May 2019 07:47:10 +0000 https://kurir.mk/?p=196685

Планинари од државата и странство, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“-Битола, утрово учествуваат на традиционалниот планинарскиот марш посветен на првиот Македонец што го освои Монт Еврест, битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато. На јубилејниот, 30-ти по ред, планинарски марш кој од Битола води до „Димев Врв“ на планината Баба што се наоѓа на неколку метри под врвот Пелистер, годинава учествуваат членови на македонските планинарски клубови, гости од странство и претставници на дипломатскиот кор. -Според востановената традиција, на местото „Димев Врв“ денес околу 13 часот, еден планинар ќе потсети на алпинистичките успеси на Мурато, а учесниците ќе положат цвеќе на спомен бистата на Димитар Илиевски-Мурато што се наоѓа кај планинарскиот дом „Копанки“, најавија организаторите на јубилејниот планинарски марш. Според програмата, учесниците од првата група ќе се движат од Големо Езеро, преку Мало Езеро, Партизански Врв и Широко Стапало ќе стигнат до врвот Пелистер, а втората група планинари која ќе се движи од Палиснопје и Ловечка Куќа ќе стигне до врвот Пелистер. Во пресрет на планинарскиот марш, во Битола беше отворена фото изложба од историскиот настан кога пред 30 години Димитар Илиевски-Мурато го освои Еверест, но и други фотографии од подвизи на планинарите, чиј автор е новинарот во пензија и планинар, Петар Ставрев. Планинарскиот марш е востановен во чест на Димитар Илиевски-Мурато кој на 10 мај 1989 година како прв македонски алпинист се искачи и го освои највисокиот планински врв на Хималаите.За жал, тој загина на враќање. Како изгледаше тоа на врвот погледнете го видеото: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kako-izgledashe-iskachuvanjeto-na-murato-na-everest-marsh-na-pelister-vo-negova-chest/feed/ 0