Димитар Костадиновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Apr 2023 11:32:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Димитар Костадиновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Костадиновски: Ново парно и внатрешна реконструкција на основното училиште во Жилче во Јегуновце https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinovski-novo-parno-i-vnatreshna-rekonstruktsija-na-osnovnoto-uchilishte-vo-zhilche-vo-jegunovtse/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinovski-novo-parno-i-vnatreshna-rekonstruktsija-na-osnovnoto-uchilishte-vo-zhilche-vo-jegunovtse/#respond Sat, 22 Apr 2023 11:32:24 +0000 https://kurir.mk/?p=826371

Денеска се наоѓаме во населено место Жилче, општина Јегуновце да посетиме некои од проектите кои беа реализирани во изминатиот период од кога станав градоначалник на општина Јегуновце и проекти кои се во тек и проекти кои во наредниот период, во тековната година ќе бидат реализирани, изјави Димитар Костадиновски, градоначалник на општина Јегуновце. Денеска во посета на општина Јегуновце, исто ни е чест и задоволство што е со нас и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, сите членови на Советот на општина Јегуновце, граѓани од населено место Жилче и другите населени места на територија на општина Јегуновце. Исто и на мое задоволство гостин е и градоначалникот на општина Брвеница и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Александар Велјановски. Како што најавив сега и се наоѓаме во основното или подрачното училиште во населено место Жилче каде што беше реализиран проектот реконструкција на внатрешниот дел на училиштето и поставување или замена на постоечкото загревање со нова технологија односно поставување на парно со топлинска пумпа. Во ова измината една година се посветивме посебно на образованието, на образовниот процес каде што инвестираме во неколку населени места, поточно во повеќе подрачни училишта во тие населени места со тоа што да се подигне нивото на образованието за нашите најмлади да имаат подобри услови за образование. Од проектите кои беа реализирани во изминатиот период од повеќе од една година, најголем проект и најзначаен проект кој беше реализиран во овој период беше проектот изградба или обезбедување на чиста и здрава вода за пиење за населените места Жилче и Шемшево. Овој проблем беше децениски проблем со кој се соочуваа населени места Жилче и Шемшево и мое задоволство ете што успеав за овој краток период заедно со администрацијата, заедно со жителите од овие населени места, посебно со јавното комунално претпријатие на општина Јегуновце да успееме сами да го изработиме тој проект, да го реализираме и да обезбедиме чиста и здрава вода за пиење. И мислам дека тоа е историски и суштински проект кој во иднина ќе продолжиме таквите проекти да ги реализираме и во другите населени места на територија на општина Јегуновце. Од проекти кои беа позначајни, бевте и сведоци самите, беше пуштена градинка во населено место Прељубиште, во која одат нашите најмили и кои имаат добри услови за децата. Исто имаме проект сега кои ќе почнат во фаза, парк во населено место Туденце, оградување на библиотеката во населено место Прељубиште, имаме локален пат во населено место Вратница кој во тек е исто како што кажав за образованието тече постапка и е завршена за неколку подрачни училишта во Копанце, Сиричино исто за поставување на топлинска пумпа и за реновирање на внатрешниот дел на училиштата кои се надевам дека успешно ќе ги завршиме. Мислам дека во овој период имаме исто одобрено средства за асфалтирање на патот кој води во Жилче и во населено место Рате кој ќе почне за многу брзо од сега да реализира. Исто и во населено место Рате ќе започнеме со поставување на дел од фекална канализација на делот од селото, каде што на истото ќе биде и поставен и реконструиран патот кој ќе биде од огромно значање и за жителите на населено место Рате, рече Костадиновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinovski-novo-parno-i-vnatreshna-rekonstruktsija-na-osnovnoto-uchilishte-vo-zhilche-vo-jegunovtse/feed/ 0
Костадиноски: Започна работна акција на територија на општина Јегуновце https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinoski-zapochna-rabotna-akcija-na-teritorija-na-opshtina-jegunovce/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinoski-zapochna-rabotna-akcija-na-teritorija-na-opshtina-jegunovce/#respond Thu, 12 May 2022 17:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=675927

Изминативе недели ја започнавме големата пролетна работна акција на територијата на Општина Јегуновце, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиновски. -Екипата на ОЈП Јегуновце координирано спроведува активности за чистење на локалните патишта од надвиснати гранки како и косење и уредување на парковите по населените места и уредување на зеленилото. Деновиве се работи на рачистување и касрење на дрвата на локација од населено место Шемшово до населено место Сиричино. Приоритет ставаме на чистотата. Нашата цел е општина Јегуновце да го врати својот сјај и одново да биде чиста и зелена општина! Истакна Костадиновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinoski-zapochna-rabotna-akcija-na-teritorija-na-opshtina-jegunovce/feed/ 0
Костадиновски за 100 дена локална власт: Воведено е дигитално плаќање на такси, се гради инклузивен детски парк, набавена е механизација за комуналното претпријатие во Јегуновце https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinovski-za-100-dena-lokalna-vlast-vovedeno-e-digitalno-plakjanje-na-taksi-se-gradi-inkluziven-detski-park-nabavena-e-mehanizacija-za-komunalnoto-pretprijatie-vo-jegunovce/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinovski-za-100-dena-lokalna-vlast-vovedeno-e-digitalno-plakjanje-na-taksi-se-gradi-inkluziven-detski-park-nabavena-e-mehanizacija-za-komunalnoto-pretprijatie-vo-jegunovce/#respond Wed, 23 Feb 2022 13:27:02 +0000 https://kurir.mk/?p=635462

Ветеното се остварува, а општината денес е вистински сервис на граѓаните. Општина Јегуновце денес е отворена и транспарентна институција, а јас како градоначалник сум постојано достапен за контакт со граѓаните, вели градоначалникот на општина Јегуновце од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Костадиновски на денешниот регионален отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ. Костадиновски изјави дека преку постојана комуникација со граѓаните ги слуша нивните проблеми, но и дека заеднички се соочуваат со предизвиците и проекти. Тој се пожали и на лошиот однос од страна на централната власт, односно како што истакна општина Јегуновце е единствен субјект кој нема никаква поддршка во однос на енергетската криза, додавајќи дека од буџетот на општината ќе се потрошат средства кои наместо да бидат инвестирани во канализациони и водоводни мрежи ќе се потрошат за електрична енергија. -Општина Јегуновце како и сите други општини се единствени субјекти кои немаат никаква поддршка од државата во однос на енергетската криза, општината се очекува да потроши големи сопствени средства за електрична енергија, средства коишто би можело да се инвестираат во канализации, водоводи, улици, додаде Костадиновски. Костадиновски наброи голем дел на проекти кои што за овие 100 дена се започнати или завршени, додавајќи дека е вратено во функција општинското јавно претпријатие „Јегуновце“, набавен е багер, а во постапка е набавка на камионет за потребите на институцијата. -Во ЈОУДГ „Јаболчиња“ поставена е топлотна пумпа со систем за греење. Во постапка е страничното оградување на детската градинка, партерно уредување на дворот на градинката со детски реквизити, во тек е оградување на деспирзираната градинка во Прељубиште, доделени се ваучери на спортисти, како и доделени се ваучери на учениците, потенцираше тој. Завршена постапка за изградба на инклузивен парк за деца во село Јанчиште, завршена постапка за изградба на инклузивен парк за деца во с. Јегуновце, вели Костадиновски. -Ќе се започнат работи за враќање во функција на фудбалскиот стадион. За прв пат воведовме дигитално плаќање на административните такси и даноци. За потребите на секундарната водоводна мрежа набавени се цевки за санација на проблемите во водоводна мрежа. Завршена изградбата на колекторот за фекална канализација од с. Жилче до село Шемшово, додаде Костадиновски. Во однос на 2022 година, Костадиновски нагласи дека и во следниот период ќе продолжи да работи во интерес на жителите на општина Јегуновце, додавајќи дека ќе се започне со изградба на нов резервар за вода и замена на постоечката мрежа во с. Прељубиште, изградба на помали улици со бекатон плочки, проширување на канализационата мрежа, како и изградба на локални патишта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinovski-za-100-dena-lokalna-vlast-vovedeno-e-digitalno-plakjanje-na-taksi-se-gradi-inkluziven-detski-park-nabavena-e-mehanizacija-za-komunalnoto-pretprijatie-vo-jegunovce/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ПРОГЛАСУВА ПОБЕДА ВО ЈЕГУНОВЦЕ: Кандидатот Костадиновски убедливо води во првиот круг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-proglasuva-pobeda-vo-jegunovce-kandidatot-kostadinovski-ubedlivo-vodi-vo-prviot-krug/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-proglasuva-pobeda-vo-jegunovce-kandidatot-kostadinovski-ubedlivo-vodi-vo-prviot-krug/#respond Sun, 17 Oct 2021 18:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=581008

Според првичните неофицијални информации ВМРО-ДПМНЕ прогласува победа во општината Јегуновце. Таму според нашите информации убедливо води Димитар Костадиновски. ВМРО-ДПМНЕ таму ќе прогласи победа уште во првиот круг од овие седми локални избори во земјава. Наскоро многу поопширно...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-proglasuva-pobeda-vo-jegunovce-kandidatot-kostadinovski-ubedlivo-vodi-vo-prviot-krug/feed/ 0
КУРИР ИНТЕРВЈУ со Костадиновски: Чиста и здрава вода за пиење во секој дом и нови работни места во Општина Јегуновце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-intervju-so-kostadinovski-chista-i-zdrava-voda-za-pienje-vo-sekoj-dom-i-novi-rabotni-mesta-vo-opshtina-jegunovce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-intervju-so-kostadinovski-chista-i-zdrava-voda-za-pienje-vo-sekoj-dom-i-novi-rabotni-mesta-vo-opshtina-jegunovce/#respond Wed, 25 Aug 2021 16:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=554852

Димитар Костадиновски е кандидатот за градоначалник на Општина Јегуновце од ВМРО-ДПМНЕ. Тој е дипломиран економист – специјалист по маркетинг. Работи во општината дури и сега без никаква позиција, за него велта дека помага многу и сака да работи како градоначалник за да го направи Јегуновце поубаво место за живеење. КУРИР: Недостигот на вода е еден од најголемите проблеми за жителите на Општина Јегуновце? Какви се вашите планови, како до решение на овој горлив проблем? -Се согласувам, како и секој жител на општина Јегуновце би се согласил дека недостигот на вода за пиење во општина Јегуновце е најгорлив проблем. Сакам да истакнам дека актуелната локална власт предводена од СДСМ не успеа да ги обезбеди најосновните потреби и услови за нормален живот, како што се чиста и здрава вода за пиење, фекални канализации и чиста животна средина. Не успеа во ниту едно населено место да започне со изградба на систем за водоснабдување. Овој проблем ќе биде приоритет во моето 4 годишно работење. Преку ископ на нови бунари за вода во повеќе населени места и ставање во водоводната мрежа ќе ги зголемиме капацитетите за вода за пиење, каде секое домаќинство ќе добие доволни количини здрава и чиста вода за пиење. КУРИР: Подобра животна средина и решавање на дивите депонии остануваат отворени прашања на кои треба многу да се работи. Депониите се едно од најголемите отворени прашања кои ги засегаат граѓаните од оваа општина. Како до почист воздух и почиста животна средина? -Во соработка со приватните градежни фирми ќе се расчистат сите диви депонии, кои претставуваат грда слика за општината. Сите домаќинства ќе бидат обезбедени со канти за отпадоци, а за градежниот шут ќе се утврдат привремени локации во соработка со месните заедници. Сите досега изградени фекални канализации, кои беа изградени пред да дојде сегашниот градоначалник ќе бидат пуштени во употреба. Досегашниот градоначалник, наместо да ги пушти во употреба, тој успеа само да го затвори претпријатието кое вршеше приклучоци на фекалната канализација. Би сакал да истакнам дека приклучокот на фекалната канализација за секое домаќинство ќе изнесува 0 денари, односно ќе биде бесплатен. Исто така ќе изградиме и нови фекални канализации. Од страна на новото јавно комунално претпријатие ќе се одржуваат сите зелени површини покрај патиштата и парковите во општината со навремено чистење, косење и полевање на тревата. КУРИР: Дали имате решение за фабриката „Југохром“? Работењето на Југохром е од големо значење како за државата, така и за граѓаните на општина Јегуновце. Со работењето на Југохром ќе се создадат можности за отворање на други секундарни фирми, ќе се зголеми животниот стандард на граѓаните. Поради тоа, јас, како иден градоначалник на општина Јегуновце во рамките на моите овластувања и надлежности со ракооводството на Југохром ќе се заложам да помогнам да се најде решение за рестартирање на истиот. КУРИР: Кои се вашите клучни проекти со кои ќе ја барате довербата од жителите на Општина Јегуновце на локалните избори? Клучните проекти на општина Јегуновце, за мојот мандат ќе бидат: - Обезбедување на чиста и здрава вода за пиење во секое населено место и во секој дом; -Ќе се ангажирам да донесам инвеститори преку кои ќе се отворат нови работни места; - Поддршка на постоечките фирми на територија на Општина Јегуновце; - Буџетските средства ќе се користат строго наменски, транспарентно, домаќински и одговорно, преку редовно известување за сработеното; - Ќе им давам безрезервна поддршка на земјоделците, младите, невладините организации и здруженија . КУРИР: Колку вашето искуство во областа маркетинг сметате дека ќе ви помогне доколку ја добиете довербата од локалното население да ја предводите општината, во нејзиниот развој и менување на сликата кон подобро? Општина Јегуновце ќе биде транспарентна, каде граѓаните ќе бидат информирани за се што се случува во општината, за секое започнување и завршување на некоја активност и тоа преку континуирано ажурирање на веб страна, преку одржување на средби со граѓаните, преку одржување на прес конференции и појавување на локални медиуми, како и печатење на годишен информатор во кој ќе бидат вметнати сите активности и проекти што се реализирани во претходната година. Исто така ќе им се овозможи на граѓаните преку проектот "Денови на предлози на идеи и проекти од страна на граѓаните" да предложат идеи и проекти кои ќе бидат во функција на општина Јегуновце, а со тоа граѓаните ќе почувствуваат дека активно учествуваат во креирањето и спроведувањето на политиката на општина Јегуновце. Ќе воведеме електронски систем на услуги каде секој граѓанин на општина Јегуновце, кој има било каква потреба ќе може да аплицира електронски. Исто така, ќе воведеме и електронско плаќање за сите добиени услуги од страна на граѓаните. КУРИР: Какви планови имате за развој на спортот во општината? Општина Јегуновце ќе го помага и учествува во развојот на спортот, во сите негови сегменти, со вклучување на голем број деца, млади и граѓани, спортот ќе биде место за собирање и дружење на младите генерации, како и основа за создавање на здрава младина и одлична превентива од пороците на модерното живеење преку подржување на турнири, спортски манифестации, учество во отворените забавни фудбалски школи, изградба на повеќенаменски игралишта во населените места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-intervju-so-kostadinovski-chista-i-zdrava-voda-za-pienje-vo-sekoj-dom-i-novi-rabotni-mesta-vo-opshtina-jegunovce/feed/ 0
Костадиновски: СДСМ во Јегуновце не ги обезбеди ни основните работи како чиста вода за пиење, со ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат промени, отворање на работни места, просперитет и развој https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinovski-sdsm-vo-jegunovce-ne-gi-obezbedi-ni-osnovnite-raboti-kako-chista-voda-za-pienje-so-vmro-dpmne-doagjaat-promeni-otvoranje-na-rabotni-mesta-prosperitet-i-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinovski-sdsm-vo-jegunovce-ne-gi-obezbedi-ni-osnovnite-raboti-kako-chista-voda-za-pienje-so-vmro-dpmne-doagjaat-promeni-otvoranje-na-rabotni-mesta-prosperitet-i-razvoj/#respond Mon, 23 Aug 2021 15:58:32 +0000 https://kurir.mk/?p=554103

Јегуновце 4 години стагнира. Нема никаков проект, нема новини, нема напредок, истакна на ненешната прес-конференција Димитар Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Костадиновски: Актуелната локална власт предводена од СДСМ не успеа да ги обезбеди најосновните потреби и услови за нормален живот, како што се чиста и здрава вода за пиење, фекални канализации и чиста животна средина. Немаше транспарентност и отчетност во работата. На локалните избори во 2017-та година ветуваа „Живот во Јегуновце “, но живот во Јегуновце за жал, има само за нив и за дел од нивните семејства и сопартијци. Сведоци сме дека во изминативе речиси четири години единствена константа во нивното работење се партиските вработувања. Најпрво на чело на институциите во општината поставија кадри кои во најголемиот дел се одликуваат со неспособност и некадарност, но истите покажаа исклучителна способност во вршењето мобинг и притисоци врз вработените лица. Градоначалникот на СДСМ е само локален шериф и наместо идеи и решенија нуди магла. Во Јегуновце доаѓа време на промени и јас како иден градоначалник ќе ја направам општина Јегуновце сервис за сите граѓани, ќе бидам транспарентен и отчетен во мојата работа. Нашата општина Јегуновце е соочена со многубројни тешки предизвици коишто се закануваат да ја ослабнат нејзината економска состојба: Последиците од пандемијата со КОВИД 19, невработеноста, неконтролираното и масовно иселување на младото население, изумирањето на локалната економија итн. Јегуновце се сака со конкретни дела, а не само со празни флоскули за попросперитетна иднина. Општина Јегуновце да се здобие со поголема финансиска самостојност, за да може да ги оствариме конкретните замисли. ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди и сериозна Програма за вистинско решавање на проблемите на нашите сограѓани и за просперитет и развој на општина Јегуновце. Ќе обезбедиме чиста и здрава вода за пиење во секое населено место и во секој дом Ќе се ангажираме да донесам инвеститори преку кои ќе се отворат нови работни места. Ќе им даваме поддршка на постоечките фирми на територија на општина Јегуновце Ќе им даваме безрезервна поддршка на земјоделците, младите, невладините организации и здруженија. Општина Јегуновце мора да тргне напред. ВМРО-ДПМНЕ има план и стратегија, време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе, посочи Костадиновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinovski-sdsm-vo-jegunovce-ne-gi-obezbedi-ni-osnovnite-raboti-kako-chista-voda-za-pienje-so-vmro-dpmne-doagjaat-promeni-otvoranje-na-rabotni-mesta-prosperitet-i-razvoj/feed/ 0