димитар ковачевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 14:50:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png димитар ковачевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски не очекува нова политичка криза, изборите ќе се организираат според изборен законик усогласен со сите партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-ochekuva-nova-politichka-kriza-izborite-ke-se-organiziraat-spored-izboren-zakonik-usoglasen-so-site-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-ochekuva-nova-politichka-kriza-izborite-ke-se-organiziraat-spored-izboren-zakonik-usoglasen-so-site-partii/#respond Thu, 02 Nov 2023 14:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=895868

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски не очекува нова политичка криза во државата иако, според него, изминатите четири години опозицијата ја блокира работата на Парламентот. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура појасни дека претстојат избори, кои ќе се организираат врз основа на изборен законик којшто ќе биде усогласен со сите политички партии. -Откако изборниот законик ќе биде изработен од Министерството за правда ќе биде доставен до Парламентот, каде сите политички партии и оние кои не учествуваат од опозицијата ќе можат да дадат свој придонес во неговата финална реализација преку парламентарната расправа, изјави Ковачевски. Изборите, нагласи, ќе бидат договорени во рамки на нивните законски термини и претседателските и парламентарните избори, притоа почитувајќи го и правото на граѓаните на Северна Македонија. Без разлика на нивната вероисповед да биде испочитувана и можноста да ги прослават и рамазанските и велигденските празници со своите семејства и тој период да не биде оптоварен со избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-ochekuva-nova-politichka-kriza-izborite-ke-se-organiziraat-spored-izboren-zakonik-usoglasen-so-site-partii/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: За какво покачување на струја и парно зборува Ковачевски, кога цената на гасот на берзите е 3 пати пониска од лани ова време? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-kakvo-pokachuvane-na-struja-i-parno-zboruva-kovachevski-koga-tsenata-na-gasot-na-berzite-e-3-pati-poniska-od-lani-ova-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-kakvo-pokachuvane-na-struja-i-parno-zboruva-kovachevski-koga-tsenata-na-gasot-na-berzite-e-3-pati-poniska-od-lani-ova-vreme/#respond Thu, 02 Nov 2023 08:22:17 +0000 https://kurir.mk/?p=895641

За какво покачување на струја и парно зборува Ковачевски, кога цената на гасот на берзите е 3 пати пониска од лани ова време? Нешто очигледно не штима на релација СДС - ДУИ или пак апетити за нечии профити се огромни, а граѓаните треба истото да го покријат тоа според логиката на Ковачевски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Чист факт е дека лани ова време цената на гасот на берзата во Холандија беше над 110 евра за мегават час, за сега мегават час да се продава под 50 евра, што е повеќе од двојно пониско. Фјучерсите кои се продаваат за цела грејна сезона 2023/2024 според европските берзи не надминуваат 50 евра за мегават, но сепак Ковачевски се заканува со покачување на цената на струјата и парното, второто веќе е поскапено за 5%. Како власта ќе објасни зошто се заканува со зголемување на цените на парното и струјата, во време кога гасот се продава по цени повеќе од двојно пониски од лани“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-kakvo-pokachuvane-na-struja-i-parno-zboruva-kovachevski-koga-tsenata-na-gasot-na-berzite-e-3-pati-poniska-od-lani-ova-vreme/feed/ 0
„Избори ќе има согласно законските рокови“ – вели премиерот Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbori-ke-ima-soglasno-zakonskite-rokovi-veli-premierot-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbori-ke-ima-soglasno-zakonskite-rokovi-veli-premierot-kovachevski/#respond Wed, 01 Nov 2023 11:06:49 +0000 https://kurir.mk/?p=895318

Кога ќе се постигне договор за точниот датум за претседателски и парламентарни избори, јавноста ќе биде информирана. Согласно законот 100 дена пред одржувањето на Парламентарните избори ќе се формира техничка Влада, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето на настанот по повод Националниот ден на осигурувањето - 1 Ноември, тој нагласи дека избори ќе има, бидејќи истекува мандатот на претседателот и мандатот на парламентот. -Во однос на тоа кога точно ќе бидат изборите ќе може да биде информирана јавноста кога ќе се постигне договор во однос на точниот тајминг во рамки на Парламентот. Парламентот ќе треба да ја донесе таа одлука, а претседателот на Собранието ги распишува изборите, рече Ковачевски. Според него, треба да се има предвид дека во пролетните месеци има и верски празници кои грѓаните ги почитуваат. -Имајќи ги предвид сите овие претпоставки ќе биде донесен и датум, нормално во законските рокови, со оглед на тоа дека во нашиот Закон постои обврска за техничка влада, таа ќе биде 100 дена пред одржувањето на Парламентарните избори, така како што било и до сега, истакна премиерот Ковачевски. На прашањето дали разговараат со ДУИ за заеднички настап на претседателските или на парламентарните избори, тој одговори дека за настапот на избори јавноста ќе биде информирана кога ќе донесат одлука телата на партиите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbori-ke-ima-soglasno-zakonskite-rokovi-veli-premierot-kovachevski/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Абази, Јовески и Ковачевски слика имаат – тон немаат, молчат за скандалот од 2,6 милиони евра со Лотарија кој е школски пример за корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-abazi-joveski-i-kovachevski-slika-imaat-ton-nemaat-molchat-za-skandalot-od-2-6-milioni-evra-so-lotarija-koj-e-shkolski-primer-za-koruptsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-abazi-joveski-i-kovachevski-slika-imaat-ton-nemaat-molchat-za-skandalot-od-2-6-milioni-evra-so-lotarija-koj-e-shkolski-primer-za-koruptsija/#respond Tue, 31 Oct 2023 07:45:00 +0000 https://kurir.mk/?p=894733

Ислам Абази и Љубомир Јовевски молчат за скандалот со  изнајмувањето на простор од страна на државната Лотарија од компанија ХЕЈ, формирана пред неколку месеци, под крајно сомнителни услови. Оваа компанија  е тесно поврзана со Артан Груби и кланот Зајас. Причината за молкот на првите луѓе на институциите на прогонот е јасна, на едниот на глава му се качени пола раководство на ДУИ, а другиот е седнат во скутот на власта, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа при очи се прават слепи пред школскиот пример за корупција и криминал. Државната лотарија која е предводена од поранешниот шеф на кабинетот на Артан Груби, Прпарим Бајрами, изнајмила деловен простор по 21 илјада евра месечно или за десет години 2,6 милиони евра од компанија каде еден од членовите на УО на Државна Лотарија е ангажиран. Зад компанијата ХЕЈ којашто за 6 месеци се основа, купи имот и фати милионски тендер, е Армин Машовиќ од тимот партнери на Ерџан Сулкоски поврзан со семејните бизниси на кланот Зајас.

Груби и ДУИ се извор на коруптивни скандали. Но најстрашно од се е што органите на прогонот воопшто не ги ни истражуваат, а уште помалку ги санкционираат. Ниту премиерот има храброст да го истражи овој милионски скандал. Ковачевски, како и Абази и Јовески, има слика, тон нема. Ова мора да престане. Оваа корумпирана власт која се богати со народните пари мора да си замине, а потоа да одговара за секој проневерен денар“ - посочуваат од партијата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-abazi-joveski-i-kovachevski-slika-imaat-ton-nemaat-molchat-za-skandalot-od-2-6-milioni-evra-so-lotarija-koj-e-shkolski-primer-za-koruptsija/feed/ 0
Ковачевски-Лајен: Европската поддршка овозможува економски раст, Северна Македонија станува уште попривлечна за инвеститорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-lajen-evropskata-poddrshka-ovozmozhuva-ekonomski-rast-severna-makedonija-stanuva-ushte-poprivlechna-za-investitorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-lajen-evropskata-poddrshka-ovozmozhuva-ekonomski-rast-severna-makedonija-stanuva-ushte-poprivlechna-za-investitorite/#respond Mon, 30 Oct 2023 12:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=894493

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамките на нејзината официјална посета на Северна Македонија, ја посетија компанијата „Џанвики ДОО“, која е специјализирана за преработка на зеленчук и овошје.. Овој индустриски капацитет е поддржан со претпристапна помош на ЕУ за рурален развој, ИПАРД 2, преку поддршка за изградба на објект за потребите на компанијата, како и соодветна опрема за процесот на производство. Со износот од околу 2,3 милиони евра обезбедени преку ЕУ фондовите, ова е најголемиот ИПАРД проект во Северна Македонија. Се работи за семеен бизнис, каде главно се вработени жени, и која компанија успешно ги искористила ИПАРД средствата за проширување и модернизирање на своето производство. За време на посетата, премиерот Ковачевски истакна дека нашата држава денес е лидер во искористеност на ИПАРД средствата, со 98% искористеност што е најголемо достигнување досега, што е резултат на посветеноста на Владата во обезбедување на неопходната поддршка на полето на руралниот развој и земјоделството. Со помош на ЕУ, во рамките на ИПАРД 2 програмата, како што истакна премиерот Ковачевски, се склучени над 2.300 договори што резултираше со 60% зголемени нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата. За време на посетата на компанијата беа претставени можностите и со ИПАРД 3 програмата, а Северна Македонија е прва земја во регионот која ќе ја имплементира оваа програма. Со програмата, ќе се понудат повеќе области за поддршка, но и авансна исплата за предложените бизнис идеи. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги потенцираше огромните можности за нашата земја преку ИПАРД програмата, како и преку предложениот План за раст со кој вратите на ЕУ за регионот се отворени. Според претседателката на Европската комисија, Лајен, ЕУ е посветена на што побрза интеграција и на земјата и на регионот, на коишто преку поддршката од ЕУ и фондовите им се овозможува забрзан економски раст и можности за позитивна трансформација на сите полиња во државите од Западен Балкан. Со тоа, како што беше истакнато, Северна Македонија ќе стане уште попривлечна за странските инвеститори, а ќе се создадат услови и за уште поголем раст на македонската економија, како и поголеми можности за бизнисите, повеќе инвестиции, повеќе и подобро платени работни места, подобар животен стандард и зголемена финансиска поддршка преку развојните фондови на ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-lajen-evropskata-poddrshka-ovozmozhuva-ekonomski-rast-severna-makedonija-stanuva-ushte-poprivlechna-za-investitorite/feed/ 0
Фон дер Лајен: Се стремиме да го отвориме првиот кластерот оваа година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-se-stremime-da-go-otvorime-prviot-klasterot-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-se-stremime-da-go-otvorime-prviot-klasterot-ovaa-godina/#respond Mon, 30 Oct 2023 10:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=894436

Тука сум денеска да ви кажам вам и на граѓаните на Северна Македонија дека сте на добар пат да се приклучте на ЕУ. Со нетпрение очекувам да ве прчекаме таму. Морам да кажам дека е навистина неројатно да се види напредокот, кој што Северна Македонија го постигна како и решителноста да се движи напред во вистинската насока. Тоа е импресивно. Знаеме дека ЕУ има долга историја на пристапување, не била секогаш Унија на 27 членки, туку постојано се работело на проширувањето и таа има историја на почитување за сите и за секоја нација и почит за разноликоста која ја претставуваме. Затоа еден ден сигурна сум дека ќе ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив. Ова го истакна претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Владата. -Северна Македонија веќе постигна многу, изоде многу и мојата желба е дека апсолутно треба да продолжите. Скрининг процесот се одбвива беспрекорно и ние се стремиме да ги отвориме преговорите за кластерот Фундаменти оваа година и знам дека можеме да го направиме тоа. Свесна сум секако за промената на Уставот. Првите чекори веќе се преземени во Собранието и тоа се добри вести, а сега се надевам дека сите партии, сите страни ќе ја искористат оваа можност да се придвижат напред затоа што сега е вистинскиот момент, цела ЕУ и сите земји кои сакаат да се приклучат кон процесот на проширување. Затоа важно е да се искористи овој момент. Знам дека овие процеси можат да бидат предизвикувачки и сигурна сум дека ќе ја одржите вашата репутација на успешно мултиетничко општество. Вие веќе го отелотворувате мотото на ЕУ - обединети во разнопликоста и тоа е зошто Скопје го доби престижниот наслов на Еропски град на културата за 2028, рече Фон дер Лајен. Таа изрази надеж дека партиите ќе ги поддржат уставните промени, бидејќи, како што рече, сите тие имаат одговорност за иднината на државата. -Изборот е ваш и затоа навистина се надевам дека сите страни, сите партии, ќе го искористат тој момент и ќе ги поддржат уставните промени, затоа што се работи за вашата иднина и сите партии имаат одговорност за иднината на Северна Македонија“, рече Лајен. Втората порака која ја пренесе претседателката на ЕК денеска на прес-конференцијата во Владата е дека треба да се збилжат економиите. -Ние веќе го правиме тоа. Гледајќи наназад имаме план од 30 милијарди евра за инвецстии кој брзо се испорачува, вели Фон дер Лајен и при тоа ги спомна инвестициите во чиста енергија како соларните централи во Битола и Осломеј, ветерниот парк во Богданци и поддршката од 80 милиони евра за справување со енергтетската криза лани, за која нагласи дека е битно дека заедно се справивме. Ковачевски рече дека Лајен е еден од најголемите пријатели на Северна Македонија и секогаш доаѓа со конкретни чекори и планови за приближувањето кон ЕУ, а денеска разговарале за конкретниот план за раст кој ќе донесе конкретни придобивки за земјата и граѓаните пред полноправното членство -Овој план ние го баравме и затоа сакам да и се заблагодарам на претседателката за подготовката на планот. Овој план ќе даде нов силен поттик на евроинтеграциите на земјата. Со неговата реализација која зависи и од ЕУ, но пред се од нас, Западен Балкан двојно ќе го зголеми обемот на екјономијата на регионот, а нашите економии ќе пораснат за околу 10 проценти, рече премиерот Ковачевски. Дел од придобивките кои ги носи планот се: можност за отворање на влез на ЕУ пазарот за македонските производи, зголемување на обемот на опфатот на производи без царини, непречено движење на услуги во делот на електрионската тргоција и зголемување на квалитетот на образованието. Претседателката на Европската комисија вечера со претседателот Стево Пендаровски, а денеска Ковачевски со свечена церемонија ја пречека на платото пред Владата, по што следуваше билатерален состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција. Од Скопје, претседателката на ЕК ја започнува четиридневната турнеја низ државите на Западен Балкан, а пред да продолжи за Приштина заедно со премиерот Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и евроамбасадорот Гир, ќе го посети индустрискиот капацитет „Џанвики ДОО“ за преработка на зеленчук и овошје, најголемиот корисник на ИПАРД програмата во државата. Од независноста до денес поддршката на ЕУ за земјава изнесува над 3,3 милијарди евра. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-se-stremime-da-go-otvorime-prviot-klasterot-ovaa-godina/feed/ 0
Премиерот Ковачевски ја пречека претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен со највисоки државни и воени почести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-kovachevski-ja-precheka-pretsedatelkata-na-evropskata-komisija-fon-der-lajen-so-najvisoki-drzhavni-i-voeni-pochesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-kovachevski-ja-precheka-pretsedatelkata-na-evropskata-komisija-fon-der-lajen-so-najvisoki-drzhavni-i-voeni-pochesti/#respond Mon, 30 Oct 2023 09:13:21 +0000 https://kurir.mk/?p=894383

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ја пречека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која во придружба на делегација на Европската Комисија, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Премиерот Ковачевски и претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен, ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатерален состанок на двете делегации. Теми на разговор ќе бидат процесот на евроинтеграции на државата, скрининг процесот и реформите во државата како и преставување на Планот за раст на земјите од Западен Балкан и останатите отворени прашања на Западен Балкан и состојбите во регионот. По завршувањето на билатералниот состанок на делегациите, предвидено е премиерот Ковачевски и претседателката Фон дер Лајен, да одржат заедничка прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-kovachevski-ja-precheka-pretsedatelkata-na-evropskata-komisija-fon-der-lajen-so-najvisoki-drzhavni-i-voeni-pochesti/feed/ 0
Фон дер Лајен пречекана од Ковачевски пред Владата со највисоки државни почести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-prechekana-od-kovachevski-pred-vladata-so-najvisoki-drzhavni-pochesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-prechekana-od-kovachevski-pred-vladata-so-najvisoki-drzhavni-pochesti/#respond Mon, 30 Oct 2023 08:18:41 +0000 https://kurir.mk/?p=894350

Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјалната посета на државава. Веднаш по церемонијата Ковачевски и Фон дер Лајен се упатија на тет-а-тет средба во Владата, по која ќе следува билатерална средба на двете делегации. Во составот на македонската делегација се бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспот и врски Благој Бочварски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерот за информатичко општество Азир Алиу. По средбите Ковачевски и Фон дер Лајен ќе одржат прес-конференција по која ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ. Претседателката на Европската комисија вчера попладне допатува во Скопје, а на Меѓународниот аеродром беше пречекана од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по што имаше средба во вила Водно со претседателот Стево Пендаровски. Според соопштението од претседателскиот Кабинет, Пендаровски и Фон дер Лајен разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Северна Македонија и за тековните состојби во регионот, и во таа насока биле разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-prechekana-od-kovachevski-pred-vladata-so-najvisoki-drzhavni-pochesti/feed/ 0
Ковачевски: Ќе имаме редовни избори, датумот ќе мора да биде договорен со сите политички партии во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-imame-redovni-izbori-datumot-ke-mora-da-bide-dogovoren-so-site-politichki-partii-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-imame-redovni-izbori-datumot-ke-mora-da-bide-dogovoren-so-site-politichki-partii-vo-sobranieto/#respond Wed, 25 Oct 2023 10:44:36 +0000 https://kurir.mk/?p=892898

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе имаме редовни избори, а нивниот датум ќе мора да биде договорен со сите политички партии во Собранието. -Што се однесува до самите избори, мислам дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прави замена на тези, бидејќи тој зборуваше дека ќе има предвремени избори, а јас зборував дека ќе има редовни избори. И на крајот ќе имаме редовни избори. Тоа значи дека она што јас сум го зборувал останало како така од првиот ден од кога разговаравме за изборите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ две години зборуваше на секои три месеци дека само што не се случиле предвремени избори коишто де факто и де јуре не се случија. Во однос на самиот датум, тој ќе мора да биде договорен со сите политички партии во Собранието, како и секогаш до сега како што бил договорен, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на отворањето на новиот објект за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи. Премиерот нагласи дека кога ќе се дојде до заедничко прифатливо решение за сите, тогаш ќе може и да почнат роковите и организацијата на изборите. -Тој процес нормално ќе биде во текот на наредните недели и месеци отворен и кога ќе се дојде до заедничко прифатливо решение за сите, тогаш ќе може и да почнат роковите, организацијата на изборите, бидејќи ние сигурно дека ќе имаме избори со оглед на законските и уставните обврски и мандатот на сите избрани функционери во Собранието и претседателот на државата, рече Ковачевски. Во однос на тоа кој треба да ги иницира работните групи во Собранието за евентуално да се договори датум за избори, премиерот кажа дека секогаш овие дискусии биле водени во рамки на законодавниот дом каде што се застапени сите парламентарни партии. -Ако ги иницира Владата работните групи, тогаш тие треба да бидат во Влада, а тоа значи дека опозицисите партии не може да бидат опфатени. И затоа секогаш овие дискусии биле водени во рамки на Собранието каде што се застапени сите парламентарни партии, без разлика на тоа дали се дали од власта или дел од опозицијата, посочи Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-imame-redovni-izbori-datumot-ke-mora-da-bide-dogovoren-so-site-politichki-partii-vo-sobranieto/feed/ 0
Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски, а најпозитивно мислење за ВМРО-ДПМНЕ – покажа анкетата на CRPC https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-imaat-najgolema-doverba-vo-mitskoski-a-najpozitivno-mislene-za-vmro-dpmne-pokazha-anketata-na-crpc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-imaat-najgolema-doverba-vo-mitskoski-a-najpozitivno-mislene-za-vmro-dpmne-pokazha-anketata-na-crpc/#respond Tue, 24 Oct 2023 10:05:56 +0000 https://kurir.mk/?p=892464

Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето: Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за премиерот Димитар Ковачевски, 22% од анкетираните одговориле дека имаат главно негативно мислење за премиерот, негативно мислење имаат 21 % од испитаниците, многу негативно 16%, малку позитивно, главно позитивно 5%, односно 9%. 19% од испитаниците на прашањето се изјасниле со – не знам. Повеќе позитивно мислење за премиерот Ковачевски имаат Македонците споредбено со нивните сонародници Албанци. Испитаниците во спроведената анкета од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги одговориле дека највеќе му веруваат на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Или во бројки 19,2% од анкетираните му веруваат на Мицковски, на претседателот на СДСМ Ковачевски му веруваат 10,6 % од анкетираните, на Али Ахмети 4,7%, за Арбен Таравари и Билал Касами бројките се исти односно за нив се изјасниле 3,45% од испитаниците. Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба. Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година. Маргина на грешка +-2,5%. Рејтинг на партиите „Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за ВМРО-ДПМНЕ“ е дел од серијата прашање на анкетата спроведна од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги. Oдговорите на ова прашање се многу поделени. 17% од анкетираните имаат позитивно и главно позитивно мислење за партијата на Мицковски, на опцијата многу позитивно одговориле 15 % од испитаниците, а негативно мислење за партијата имаат 16 % од анкетираните. На прашањето со – не знам одговориле 15 % од испитаниците. 24% од Македонците имаат позитивно мислење за партијата на Мицковски, а само 1 % од Албанците според анкетата имаат позитивно мислење за ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата покажа дека за владината партија СДСМ 24% од испитаниците рекле дека имаат многу негативно мислење, а 8% од нив рекле дека имаат позитивно мислење за партијата на Ковачевски. 9% од Македонците се со позитивно мислење за СДСМ, а само 1% од Албанците се со позитивно мислење за партијата на Ковачевски.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-imaat-najgolema-doverba-vo-mitskoski-a-najpozitivno-mislene-za-vmro-dpmne-pokazha-anketata-na-crpc/feed/ 0