димитар ковечевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Mar 2023 11:14:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png димитар ковечевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лефков до Ковачевски: Дали според Вас не треба веднаш да се отвори истрага за надзорот од 22 милиони, условите се менувани сред постапка за фирма загубар да го добие тендерот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-do-kovachevski-dali-spored-vas-ne-treba-vednash-da-se-otvori-istraga-za-nadzorot-od-22-milioni-uslovite-se-menuvani-sred-postapka-za-firma-zagubar-da-go-dobie-tenderot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-do-kovachevski-dali-spored-vas-ne-treba-vednash-da-se-otvori-istraga-za-nadzorot-od-22-milioni-uslovite-se-menuvani-sred-postapka-za-firma-zagubar-da-go-dobie-tenderot/#respond Tue, 28 Mar 2023 11:14:25 +0000 https://kurir.mk/?p=817309

Еве денеска од прилика имаме повторно сликата која што ни се повторува во држава во која што имаме сѐ, само нема правда. Затоа што во текот на вчерашниот ден побаравме од Јавниот обвинител да биде овде за да можеме да му поставиме прашање иако претседателот на Собранието нѐ извести дека е поканет сѐ уште нема одговор и ги нема овде во салата. Прашањето е дали воопшто Јавниот обвинител смее да се појави, дали воопшто Јавниот обвинител смее да дава одговори на прашањата кои што сакаме да му ги поставиме и тие прашања се практично прашања од македонската јавност меѓутоа еве ќе се снајдеме, ќе функционираме со она што располагаме. Прашањата кои што требаше да бидат поставени до Јавниот обвинител ќе ги поставам до вицепремиерката за добри практики, Славица Грковска и второто прашање ќе биде упатено директно до премиерот Ковачевски, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на пратенички прашања. „Првото прашање, да бидеме директни и да не го губиме времето ќе започнеме со еден документ кој што е преземен од Отворени финансии. Од овој документ може да се види дека од Владата на Република Македонија поточно директно од министерството со кое што раководи Артан Груби, оној кој што се потпишува како прв вицепремиер се префрлани парични средства директно на неговиот брат Ветон Груби. Односно за какви политики на добро владеење ќе разговараме во Македонија, за каква борба против корупција кога видовме дека Јавниот обвинител не смее ни да се појави овде за да му ги поставиме овие прашања. А, од Јавни финансии, од изводите од Јавни финансии јасно се гледа текот на средства како од Владата завршуваат во фирмата „ЕТЦ Травел“, сопственост на братот на Артан Груби, или првиот вицепремиер“, рече Лефков. Лефков ја запраша Грковска дали ги оправдува ваквите однесувања. И дали смета со ова исполнети критериумите на членот 5 од Етичкиот кодекс за однесување на членови на Владата. Дали согласно членот 72 став 1 била известена за ваков судир на интереси. „Второто прашање беше директно до Јавниот обвинител затоа што сметам дека многу е сериозна корупцијата во тендерите за надзор за изградба на коридорите 8 и 10Д. Меѓутоа за жал целата македонска јавност виде дека над 22 милиони евра се сериозно, сериозно компромитирани од врските кои што се појавуваат помеѓу премиерот на Владата, господинот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби. Кога го нема Јавниот обвинител, ајде Вие директно премиере да ми ги одговорите овие прашања, дали сметате дека треба веднаш да се отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра затоа што условите под кои што се тендерирани се менувани во сред постапка и за фирма загубар за да може да го добие тендерот. Сомнежи за местење на тендер се изнесувани преку најразлични медиуми, а ги гледаме дека државата и оние кои што треба да се борат против корупција претежно мислев на Јавното обвинителство молчат. И токму поради тоа имаме ниска доверба во Обвинителството“, нагласи пратеникот. Лефков го запраша Ковачевски да објасни како недостасуваат документи за ангажман на 23 експерти. „Електра Солушн“ наведеле дека имаат 32 вработени, а според Годишната сметка која што се пријавува во Централен регистар се само двајца. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-do-kovachevski-dali-spored-vas-ne-treba-vednash-da-se-otvori-istraga-za-nadzorot-od-22-milioni-uslovite-se-menuvani-sred-postapka-za-firma-zagubar-da-go-dobie-tenderot/feed/ 0
„Дезертерот Ковачевски е трајно неспособен за служење војска, ама е способен за тендери и богатење во време на енергетска криза“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dezerterot-kovachevski-e-trajno-nesposoben-za-sluzenje-vojska-ama-e-sposoben-za-tenderi-i-bogatenje-vo-vreme-na-energetska-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dezerterot-kovachevski-e-trajno-nesposoben-za-sluzenje-vojska-ama-e-sposoben-za-tenderi-i-bogatenje-vo-vreme-na-energetska-kriza/#respond Mon, 03 Oct 2022 07:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=740243

Дезертерот Ковачевски е трајно неспособен за служење војска, ама е способен за тендери и богатење во време на енергетска криза, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Димитар Ковачевски е трајно неспособен за служење на воениот рок, ама затоа е способен за тендери и богатење во време на енергетска криза. Дезертерот Ковачевски најпрвен лажење дека не бил во војска заради школување, за потоа да излезе документ на кој се гледа дека тој бил трајно неспособен за служење на воен рок. Ковачевски дезертирапе и на повикот за одбрана на Македонија во 2001 години. Бидејќи пред неколку дена дезертерот Ковачевски јавно призна дека е трајно неспособен, го повикуваме него лично, но и надлежниот суд да ја утврдат неговата деловна способност, и резултатот да биде објавен. Бидејќи е премиер на државата, дезертерот Ковачевски чесно е да се одважи и јавноста да го види резултатот, дали е трајно неспсобен или лажел и го избегнувал служењето воен рок. Доколку има трајна неспособност, дезертерот Ковачевски може да потпише погрешен документ, или пак да донесе погрешна одлука, а можеби и да има проблем и со расудување. Дали неговата трајна неспособност, која е напишана на официјален документ и потпишана од официјални лица е причината за погрешните одлуку во време на оваа кризна состојба, енергетска и економска и да предизвика уште полоша состојба во државата. Затоа е потребно што поскоро да се одважи и да се утврди неговата способност, се вели во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dezerterot-kovachevski-e-trajno-nesposoben-za-sluzenje-vojska-ama-e-sposoben-za-tenderi-i-bogatenje-vo-vreme-na-energetska-kriza/feed/ 0
„Ковачевски да се огради од тие кои го прикриваа убиството на ракометарот, во спротивно ќе сметаме дека се виновни за прикривање на убиство“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-da-se-ogradi-od-tie-koi-go-prikrivaa-ubistvoto-na-rakometarot-vo-sprotivno-kje-smetame-deka-se-vinovni-za-prikrivanje-na-ubistvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-da-se-ogradi-od-tie-koi-go-prikrivaa-ubistvoto-na-rakometarot-vo-sprotivno-kje-smetame-deka-se-vinovni-za-prikrivanje-na-ubistvo/#respond Sun, 10 Apr 2022 16:29:40 +0000 https://kurir.mk/?p=660950

Убиството на ракометарот на РК Бутел ниту една разумна личност не би го оправдала, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Клучната тема во овој трагичен настан, кој најостро го осудуваме е - зошто владата на Ковачевски се обиде убиството на хрватскиот ракометар да го прикрие како да не се случило?!?! Зарем беа толку наивни да поверуваат дека вистината нема да се дознае? Дали има нешто повеќе и нешто друго заради што Ковачевски и кадрите на СДСМ се одлучија на овој катастрофален чекор на прикривање на убиство?! Жално е кога денес како луѓето што дојдоа на бранот на борбата за фер и транспарентни институции, ги гледаме во едно крајно лошо светло како соучесници и џелати на правдата и вистината во Македонија, велат од партијата. Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ го повикува Ковачевски да се огради од оние што се обидоа да го прикријат убиството на ракометарот на РК Бутел и најостро да ги санкционира истите во согласност со законите на оваа земја. Во спротивно, ќе сметаме дека СДСМ и Ковачевски лично се директни учесници во овој грозоморен чин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-da-se-ogradi-od-tie-koi-go-prikrivaa-ubistvoto-na-rakometarot-vo-sprotivno-kje-smetame-deka-se-vinovni-za-prikrivanje-na-ubistvo/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски преговара со Бугарија за Гоце Делчев затоа не ја прифаќа Декларацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kovachevski-pregovara-so-bugarija-za-goce-delchev-zatoa-ne-ja-prifakja-deklaracijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kovachevski-pregovara-so-bugarija-za-goce-delchev-zatoa-ne-ja-prifakja-deklaracijata/#respond Thu, 10 Feb 2022 07:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=629436

СДСМ со денови молчи и не одговара што и смета и што е спорно во предложената Декларација која го афирмира ликот и делото на Гоце Делчев. Никој освен власта на пиунот Ковачевски не гледа спорно во тоа соодветно и достоинствено државата и институциите да го одбележат јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. Што има лошо во тоа медиумите со соодветна содржина да се приклучат кон одбележувањето, во тоа да се издаде поштенска марка, или да има дополнителна наставна содржина во училиштата за неговото дело? Што има лошо во тоа научните институции да го афирмираат значењето на Гоце Делчев во револуционерната борба за државност на Македонија? Никој, ама баш никој не гледа ништо спорно освен власта, која само одби и не кажува аргументи против. Нивниот молк гласно говори. Ова отвора сомнеж дека власта на СДСМ и ДУИ предводена од пиунот Ковачевски се влезени наголемо во нов пазар со македонските национални интереси. Евентуалниот пазар со револуционерното дело на најголемиот македонски син Гоце Делчев и распродажбата на македонската историја се удар и врз идентитетот и врз темелите на Македонија како држава. Власта на пиунот Ковачевски мора да одговори, а не кукавички да се кријат од својот народ. Интегрален текст од сопштение на ВМРО-ДПМНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kovachevski-pregovara-so-bugarija-za-goce-delchev-zatoa-ne-ja-prifakja-deklaracijata/feed/ 0
Сајкоски: Предложената влада е лош експеримент на Заев, сите министри му ги договори на Ковачевски, а тој треба да ја води владата диригиран од Струмица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-predlozenata-vlada-e-losh-eksperiment-na-zaev-site-ministri-mu-gi-dogovori-na-kovachevski-a-toj-treba-da-ja-vodi-vladata-dirigiran-od-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-predlozenata-vlada-e-losh-eksperiment-na-zaev-site-ministri-mu-gi-dogovori-na-kovachevski-a-toj-treba-da-ja-vodi-vladata-dirigiran-od-strumica/#respond Sun, 16 Jan 2022 13:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=620000

Наместо нова влада гледаме предлог за влада во која ништо не е ново, влада со стари кадри која ќе ги споделува истите вредности со претходната влада која ни донесе порази за државата, не направи најкорумпирана држава во Европа, изјави пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на денешната собраниска седница на која се дискутира за нова влада, при што потенцираше дека станува збор за континуитет на истата влада која донесе сиромаштија, зголемени цени, пустош во енергетиката и застој во економијата. - Предложената влада е само лош експеримент на претходниот премиер кој со оваа влада сака да го продолжи континуитетот на неработа, криминал. Треба да ставиме крај на политичките експерименти, и мора да бидеме свесни дека Македонија нема време за ваков и на експеримент, народот не заслужува да живее во правна несигурност, корумпирана држава и во сиромаштија. Програмата која е доставена се истите материјали кои веќе 5 години им стојат на хартија и не се реализирани, рече Сајкоски. Сајкоски истакна дека оваа влада нема легитимитет од граѓаните, кои не даваат поддршка на влада која донесе најмногу разочарување во изминативе 30 години, граѓаните ја казнија оваа влада кој живот донесе само за мал луѓе блиски до врвот. - Владата на Заев сега добива ново продолжение во Димитар Ковачевски со старите министри. Ковачевски е лик кој го донесе и промовираше поранешниот премиер, и тој ќе одговара пред него, а не пред пратениците. Ковачевски беше дел од минатата влада како заменик министер за финансии кој кажуваше не на сите добри амандмани и кажуваше не за најзначајните работи за енергетиката и најзначајниот проект за отворање на нов рудник за јаглен. Како да веруваме дека ќе работи и ќе отвора нов енергетски капацитети и ќе има подобри денови? – прашува Сајкоски. Тој нагласи дека во оваа влада Ковачевски нема еден негов предлог, сите предлози се претходно договорени, а тој е повикан само да ја води и ќе биде диригиран директно од Струмица. - Ковачевски се нафатил да биде пиун и послушник на претходниот премиер. Во предлогот за влада го имаме Оливер Спасовски во чие време Македонија е најкорумпирана држава во Европа. Судството ни е корумпирано, а поранешниот министер за правда, ќе биде министер и во оваа влада. Во инфраструктурата нема изградено ниту еден километар, а останува истиот министер за транспорт и врски. Ниту еден проект не ви е ниту отпочнат ниту завршен. Ниту патишта, ниту пругата Кичево – Лин нема ништо. Оваа влада е осудена на неуспех уште од сам почеток, и Ковачевски нека се охрабри да излезе на избори, изјави Сајкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-predlozenata-vlada-e-losh-eksperiment-na-zaev-site-ministri-mu-gi-dogovori-na-kovachevski-a-toj-treba-da-ja-vodi-vladata-dirigiran-od-strumica/feed/ 0
Ковачевски доби мандат за состав на влада, планира да ја предложи околу 10-11 јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-dobi-mandat-za-sostav-na-vlada-planira-da-ja-predlozi-okolu-10-11-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-dobi-mandat-za-sostav-na-vlada-planira-da-ja-predlozi-okolu-10-11-januari/#respond Thu, 30 Dec 2021 07:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=614698

Претседателот Стево Пендаровски вчера врз основа на членот 84, став 1, алинеја прва од Уставот, му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, откако од СДСМ добил известување за предлог за мандатар, поддржано од политичките партии кои заедно имаат мнозинството во Собранието. По добивањето на мандатот Ковачевски изјави дека тоа за него преставува чест и одговорност, најавувајќи дека ќе формира „нов тим луѓе кои треба да одговорат на сериозните предизвици кои не чекаат од почетокот на следната година“. Тој посочи дека сме соочени со долгогодишни проблеми и оти затоа се потребни стабилни, храбри и одговорни луѓе кои, како што рече, ќе понесат одговорност, да се соочат и да ги надминат сите препреки со цел заштита и грижа за граѓаните и најави дека новата влада ќе има јасна цел, обезбедување сигурност, подобар живот и иднина за граѓаните. – За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење што ќе биде одлика на тимот кој јас како мандатар ќе го составам, нагласи Ковачевски, најавувајќи дека ќе се залага да се врати довербата на граѓаните во политиката и во институциите и ветувајќи независни институции и правично општество. Ковачевски планира Владата да ја предложи околу 10-11 јануари идната година, односно во пократок рок од уставно предвидениот. Принципот на одговорност, изјави синоќа Ковачевски, ќе биде одлика на управувањето. – Технократскиот начин на управување обично се поврзува со цврста рака на владеење, меѓутоа за мене тоа значи еден мерит систем на раководење, каде што секој којшто извршува одредена јавна функција, треба одговорно и чесно да ги извршува своите задачи, согласно со зададените цели. Секој, низ личен пример, да работи во интерес на граѓаните и да одговара при непостапување, рече Ковачевски. Тој додаде дека од работата на новата Влада може да се очекува силна посветеност на економските реформи во државата, силна посветеност на справувањето со најгорливите прашања, а тоа се предизвиците од енергетската глобална криза, корупцијата, владеењето на правото, како и продолжување на патот за влез во ЕУ. Ковачевски нагласи дека фокусот на неговата влада ќе биде на економскиот развој на земјата и финансиска поддршка за семејствата. – Не смееме да дозволиме политички поделби и бескрајни расправии, кои прават голема штета на развојот и реализација на проекти и реформи кои се потребни за подобар живот на сите, додаде Ковачевски. Пред, Пендаровски да му го довери мандатот на Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека од новото раководство на СДСМ и од мандатарот очекува продолжување на политиките на Зоран Заев. – Имав прилика да слушнам едно интервју на Ковачевски, стерилно, буквално не можам да препознам некоја политичка, лидерска реченица која ќе можам да ја коментирам. Затоа очекувам само продолжување на политиките и ништо друго, рече Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека од Ковачевски не слушнал ништо ново и не очекува никаков пресврт во однос на политиките на Владата што тој ќе ја предводи. Министерот за правда Бојан Маричиќ пак оцени дека Ковачевски во врска со новото раководство на СДСМ успеал да спои различни групи на луѓе. – Секое време носи нов тим и раководство. Ова е една убава можност за освежување на врвот на СДСМ, има луѓе кои се докажани во својата професија една мешавина на нови кадри, Ковачевски покажа способност да ги спои различните групи, луѓе и да ги спои во овој врв јас сум убеден оптимист дека ќе има успех, нагласува Маричиќ. Во однос на тоа дали ќе биде дел од новата влада, Маричиќ истакна дека тоа ќе го каже новиот мандатар. – Јас сум на располагање и сум подготвен. Би презел каква било должност која ќе ми се понуди во новиот концепт на мандатарот, изјави Маричиќ. Собранието минатата недела ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, со што почна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова влада. Централниот одбор на СДСМ на седницата што се одржа во понеделникот официјално го потврди Ковачевски како кандидат за нов премиер. Откако Ковачевски го доби мандатот за формирање нова Влада, се очекува во текот на првата половина на следниот месец тој до Собранието да ги достави програмата за работа и составот на новиот владин кабинет, по што пратениците ќе треба да гласаат за избор на новата влада. За да биде избран, за предложениот владин кабинет треба да гласаат најмалку 61 пратеник. Новото парламентарно мнозинство составено од коалицијата предводена од СДСМ, заедно со ДУИ, Алтернатива и ДПА има 64 пратеници во Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери образложувајќи ја целата постапка за избор на нова влада, изјави дека очекува таа да ја преземе функцијата на 17 јануари 2022 година. Мандатарот, како што истакна Џафери, во рок од 20 дена од приемот на мандатот треба да излезе пред Собранието со предлог персонален состав на новата влада и програма за работа на владата. – Во моментот кога ќе се добие персоналниот состав и програмата на владата, тогаш почнува рокот на Собранието – во рок од 15 дена од тој момент да се свика седница за избор на влада. Седницата трае два дена. Вториот ден, пред 24 часот треба да се гласа за нова влада и очекувам некаде 10-11 да добијам предлог состав на владата и програма и врз основа на консултации со пратеничките групи кои се во Собранието, да се определи датум за одржување седницата. Најверојатно тоа ќе биде 15-16 јануари, да се одржи дебата два дена, вториот ден на 16, пред 24 часот да се изгласа новата влада, која на 17 изутрината би ги презела функциите во министерствата, односно во владата како тим со мандати и со сите овластувања коишто произлегуваат од одлуката со избор, изјави Џафери. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-dobi-mandat-za-sostav-na-vlada-planira-da-ja-predlozi-okolu-10-11-januari/feed/ 0