Димитар Узунски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Nov 2021 13:07:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Димитар Узунски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димитар Узунски испратен на вечното почивалиште во Тработивише, во негова чест подготвена Спомен соба https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitar-uzunski-ispraten-na-vechnoto-pochivalishte-vo-trabotivishe-vo-negova-chest-podgotvena-spomen-soba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitar-uzunski-ispraten-na-vechnoto-pochivalishte-vo-trabotivishe-vo-negova-chest-podgotvena-spomen-soba/#respond Wed, 24 Nov 2021 13:07:22 +0000 https://kurir.mk/?p=599335

Делчево денеска се прости од Димитар Узунски, eден од најголемите промотори на Пијанечкото-фолклорно богаство и најзаслужните за впишувањето на орото „Копачка“ на репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наслество. По испраќањето во неговото вечно почивалиште во село Тработивиште, културните работници, членовите на фолкорната група „Копачка“, неговите сожители и првите луѓе на општината со пиетет зборуваа за сето она, што тој го остави како културно наследство за идните генерации. Методи Толевски, директор на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“, алудирајки на творештвото на Узунски, посочи дека тој е личност која не верува дека ќе се роди во наредните сто години. -Што да се каже за Димитар Узунски, за него треба да се зборува со денови и денови. Тој е личност која не верувам дека ќе се роди во наредните, 20, 30, 50 или 100 години. Тоа е човек кој работеше со голема љубов и ентузијазам кон учителството и културата. Мене како учител, ми предаваше од 6 до 8 одделение, беше најдобриот учител, а во културата ќе го паметам како највреден работник, еден од иницијаторите и основач на Голачките фолкорни средби, За „Копачката“ да не зборуваме, тука е и учеството на безброј фестивали меѓу кои „Пеце Атанасовски“ од Долнени, рече Толевски. Додаде дека е многу тешко во неколку реченици да се опише неговата работа, посочувајќи дека Узунски, кој секогаш бил добредојден во Центарот за култура, треба да биде „репер“, не само во културата, туку и во образованието, како пример за културните работници, кои треба да се стремат да постигнат барем мал дел од она што тој го направил за културата, за што сведочат многубројните домашни и меѓународни награди. Од оние кои имаа што да кажат за животот и делото на големиот фолклорист беше и афористичарот Миле Ѓорѓијоски кој како роден Кичевец, во Делчево твори од 80-тите години од минатиот век, од кога другарува со „учителот“ од Тработивиште за кој рече дека 24 часа во денот бил посветен на она што најмногу го сакал, а тоа е народното творештво. -За мојата среќа, со Узунски се познавам уште од првите денови кога сум во Делчево, односно од 80-тите години од минатиот век. Ние бевме другари пријатели, соработници во Радио Делчево, тој ја работеше култната емисија од фолклорното богатство на Пијанец, јас ја работев тогаш хумористичната емисија и го паметам како човек кој себе се вложуваше 24 часа, беше ангажиран на онаа работа што знаеше мајсторски да ја работи, рече Ѓорѓијоски. Нивната последна средба, како што додаде, била пред неколку недели кај него дома на кафе, на која Узунски со голема радост и занес му раскажувал за собата што се подготвува во негова чест. Според афористичарот ќе бидат потребни стотици соби, за да се распостеле „богатството“ што Узунски успеал да го сочува и заштити од забот на времето. -Тработивиште, Делчево, регионот, Македонија, па и пошироко треба да се навистина благодарни, што имаа еден таков човек кој голем дел од нашето национално богаство го остави и зачува за идните генерации. Јас се надевам дека ние ќе имаме доблест да ја продолжиме неговата работа, да го сочуваме она што тој го откина од забот на времето. Димитар Узунски денес физички не напушти, но Димитар Узунски ќе живее се додека живее Македонија, се додека има луѓе на овие простори, тој ќе е заштитен знак на големото Национално фолклорно богатство на Македонија, додаде Ѓорѓијоски. Од Фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево во својство на носители на нематеријалното фолклорно добро „Копачката“ и негови наследници му ја оддадоа последната почит, а како што истакна секретарот на Здружението, Перса Стојановска она што ќе остане да говори за големината на Претседателот на Копачка е неговата Спомен соба која како идеја се реализира со финансиската поддршка од Министерството за култура и Општината Делчево. -Во Собата за културното наследство на Пијанец-Соба на Димитар Узунски која што се наоѓа во неговата родна куќа позади мене, ќе бидат поместени неговата истражувачка дејност од неговите тетратки до неговите изданија на монографии, до неговите диоломи благодарници и награди во хартиена форма, ќе ставиме информативна табла, сето тоа е подготвено, интересно дрво направивме на неговата дејност, многу се радуваше да го дочека уредувањето на Собата кое беше договорено за саботата што помина, но во текот на неделата неговата здравствена состојба се влоши и тој еве не напушти. Нека почива во мир, рече Стојановска. За градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој присуствуваше на испраќањето на Узунски, Пијанечкиот Цепенков зад себе остави илјадници народни умотворби од Пијанечко, изворни факти за опстојувањето на уникатното оро „Копачка“ кое под негово раководство се запиша во УНЕСКО, над 400 емисии од Фолклорното богатство од Пијанец за локалното Радио Делчево и десетици аудио и видеозаписи за МТВ, што само по себе говори колкава е неговата важност за нашата држава. Димитар Узунски е роден на 22.09.1938 година во село Тработивиште, општина Делчево. Завршил Педагошка академија група музичко воспитување во Скопје. Над 50 години ја раководи Фолкорната група „Копачка“ с. Драмче и со неа има бројни настапи во земјата и странство како пејач, организатор, инструменталист и играорец. Членовите на „Копачка“ со гордост се сеќаваат на неговите зборови кога го предавал архивскиот материјал за негова национална и светска заштита во Министерството за култура, кога рекол : „Ви го давам срцето“. Узунски во текот на својот работен век беше надворешен соработник на Институтот за фолклор на Р. Македонија и до длабока старост се занимаваше со собирачка активност. За МТВ имаше учествувано во повеќе емисии, а за радио Скопје снимил 40 изворни пијанечки народни песни. За програмата на Радио Телевизија Делчево, за 12 години има подготвено над 400 емисии, за серијата емисии „Од фолкорното богатство на нашето поднебје“. Има објавено три монографии: „Разловци“; „Дедо Митко- ороводецот на Копачката“ и „Копачката, чекор по чекор до УНЕСКО- мојот живот со Копачката“. Меѓу најпознатите награди и признанија со кои се стекнал од ЗФГ „Копачка“ ги издвоија наградите за „Особено истакнат педагошки работник“-1980, Гран при од ФИИП „Пеце Атанасовски“ 2011, Плакета за животно дело од Градоначалникот на општина Делчево, по повод „100-години град Делчево“, Државна награда за народен уметник, 23-Октомври во 2014 година, како и наградата за „Најдобар културен работник на Источна Македонија“. Во својата последна порака до својот учител, членовите на „Копачка“ истакнаа дека засекогаш ќе остане во срцата на сите носители на нематеријалното светско културно наследство орото „Копачката“, а во знак на завет длабоко му се поклонија и му ја оддадоа последната почит]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitar-uzunski-ispraten-na-vechnoto-pochivalishte-vo-trabotivishe-vo-negova-chest-podgotvena-spomen-soba/feed/ 0
Почина Димитар Узунски, легендата на Пијанечкото-народно творештво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dimitar-uzunski-legendata-na-pijanechkoto-narodno-tvoreshtvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dimitar-uzunski-legendata-na-pijanechkoto-narodno-tvoreshtvo/#respond Wed, 24 Nov 2021 06:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=599101

На 83 години вчера почина народниот уметник, фолкористот Димитар Узунски. Веста ја соопшти секретарот на здружението ,,Копачка”, Перса Стојановска која истакна дека Узунски ја загубил битката со болестите. -Со неизмерна тага и болка соопшуваме дека нашиот драг претседател Димитар Узунски, ја загуби битката со болестите и не напушти засекогаш. Неговото заминување несомнено ќе биде само телесно, додека неговиот дух ќе остане вечно да живее во неговите дела кои ќе сведочат за неговиот живот во кој се даде себеси со несебично, крајно одговорно, со целосна посветеност во негувањето, трансмисијата и одржливоста на пијанечкиот фолклор а пред се на орото „Копачката“, рече Стојановска. Со негова заслуга како што додаде „Копачката“ во 2014 година беше прогласена за национално културно наследство со особено значење од исклучителен интерес, а воедно и беше впишано во УНЕСКО, во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото. -Димитар Узунски е роден на 22.09.1938 година во село Тработивиште, општина Делчево. Завршил Педагошка академија група музичко воспитување во Скопје. Над 50 години ја раководи ФГ КОПАЧКА с. Драмче и со неа има бројни настапи во земјата и странство како пејач, организатор, инструменталист и играорец. Кога го предаваше архивскиот материјал за негова национална и светска заштита во Министерството за култура, рече: „Ви го давам срцето“, додаде Стојановска. Узунски како надворешен соработник на Институтот за фолклор до длабока старост се занимаваше со собирачка активност. -За МТВ имаше учествувано во повеќе емисии, а за радио Скопје снимил 40 изворни пијанечки народни песни. За програмата на РТДелчево, за 12 години подготвил над 400 емисии, за серијата емисии „Од фолкорното богатство на нашето поднебје“. Објавил три монографии: „Разловци“; „Дедо Митко- ороводецот на Копачката“ и „Копачката, чекор по чекор до УНЕСКО- мојот живот со Копачката“, додаде секретарот на ,,Копачка”. Узунски има освоено повеќе признанија и награди меѓу кои и наградите за „Особено истакнат педагошки работник“-1980; Гран при од ФИИП „Пеце Атанасовски“ 2011; Плакета за животно дело од Градоначалникот на општина Делчево, по повод „100-год град Делчево“; Државна награда за народен уметник, 23-Октомври во 2014 год; „Најдобар културен работник на Источна Македонија“. Последно простување од својот Претаедател упатија и од здружението. -Нека ти е светол патот драг наш Претседателе, почивај во рајот, во мир. За секогаш ќе останеш во нашите срца на сите нас носителите на нематеријалното светско културно наследство орото „Копачката“ и во знак на завет длабоко ти се поклонуваме и ти ја одаваме нашата последна почит, исѕакнаа од ЗФГ ,,Копачка”. Димитар Узунски ќе биде погребан денеска во 10 часот на градските гробишта во село Тработивиште]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dimitar-uzunski-legendata-na-pijanechkoto-narodno-tvoreshtvo/feed/ 0