Димитрис Каменос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Jul 2018 14:54:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Димитрис Каменос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оставка на потпретседателот на грчкиот Парламент, Каменос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ostavka-na-potpretsedatelot-na-grchkiot-parlament-kamenos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ostavka-na-potpretsedatelot-na-grchkiot-parlament-kamenos/#respond Mon, 09 Jul 2018 14:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=74877

Откако ја поддржа иницијативата на опозициската Нова демократија за гласање недоверба на Владата на Грција, по што беше и исклучен од неговата партија Независни Грци, потпретседателот на грчкиот Парламент, Димитрис Каменос денеска поднесе оставка од функцијата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Каменос за одлуката со писмо го известил претседателот на Парламентот, Никос Вуцис, во кое ги објаснува причините за оставката. - По моето исклулување од партијата Независни Грци за гласот од срце што го дадов за прашањето за нашата Македонија и по релевантни разговори што ги имавме во изминатиот период, Ве информирам за мојата одлука да го олеснам непреченото функционирање на Претседателството на Парламентот и да не ја исцрпам можноста предвидена со Деловникот за работа на Собранието. Ви ја доставувам мојата оставка од позицијата потпретседател на грчкиот Парламент, пишува Димитрис Каменос во дописот до Вуцис. Новиот потпретседател на грчкиот Парламент од редовите на Независни Грци треба да биде избран во среда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ostavka-na-potpretsedatelot-na-grchkiot-parlament-kamenos/feed/ 0
Димитрис Каменос: Нема да се постигне решение за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitris-kamenos-nema-da-se-postigne-reshenie-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitris-kamenos-nema-da-se-postigne-reshenie-za-imeto/#respond Thu, 08 Mar 2018 12:39:52 +0000 http://kurir.mk/?p=28385

Еден од потпретседателите на грчкиот Парламент и пратеник од Независни Грци, Димитрис Каменос, смета дека нема да се постигне решение на проблемот со името.

- Мислам дека вака како што оди, нема многу простор. Нема да постои решение. Овие луѓе не можат да ги сменат работите што ние ги сметаме за неопходни и треба да се направаат како гаранција. Ни говори (Заев) за меѓународен договор, вели ние нема да промениме јазик, нема да смениме ништо, нема да го промениме Уставот, само табли менуваат, вели Каменос во интервју за грчката телевизија Скај.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, пратеникот од Независни Грци, упати критики до македонскиот премиер, затоа што „во време на сериозни преговори, излегол со хумористични изјави за промена на грчкиот Устав“.

Говорејќи за грчко-турските односи, Каменос побара од Заев јавно да ја коментира „турската провокација“.

 -Господинот Заев сака да влезе во Европа. Не сака да влезе? Не бара од нас различни имиња? Во која Европа сака да влезе? Има дадено некоја изјава за турската провокација? Доаѓа господинот Заев и ни вели сакам да влезам во Европската унија.  Границата на неговата земја ќе биде Европската унија, ќе сака утре тоа да го поддржува Грција и Европската унија? Ќе треба и тој да даде изјава. Ова го кажувам јавно. Да ја процени агресивност во ексклузивната економска зона на Кипар и агресивноста на Турција (со која има многу добри односи) на границата со Грција, што е и европска граница, рече потпретседателот на грчкиот Парламент и пратеник од Независни Грци.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitris-kamenos-nema-da-se-postigne-reshenie-za-imeto/feed/ 0
Каменос: Треба да се смени цел устав за крај на иредентизмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-treba-da-se-smeni-cel-ustav-za-kraj-na-iredentizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-treba-da-se-smeni-cel-ustav-za-kraj-na-iredentizmot/#respond Fri, 26 Jan 2018 12:56:22 +0000 http://kurir.mk/?p=15304

Димитрис Каменос, пратеник од партијата Независни грци и заменик претседател на грчкиот парламент, по средбата на премиерите Ципрас и Заев не е целосно задоволен од преземените гестови на добра волја. Според него, не е доволно преименување на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“. -Тоа не значи ништо. За да се стави крај на иредентизмот потребно е смена на целиот устав на ФИРОМ, истакна Каменос во уште еден говор со кој ја поткопува владината коалиција составена од Сириза и националистичката партија Независни Грци. Ваквиот говор на Каменос не е изненадување бидејќи Независни Грци има очаен рејтинг и на следните избори според актуелните анкети нема шанси за добивање на пратеничко место со што им се заканува исчезнување од политичката сцена во Грција. Пратеникот Никос Филис од Сириза истакна дека ставовите на Димитрис Каменос не се израз на ставовите на владината коалиција која се залага за сложено име за севкупна употреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-treba-da-se-smeni-cel-ustav-za-kraj-na-iredentizmot/feed/ 0