димитрис пападимулис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Apr 2018 11:28:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png димитрис пападимулис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пападимулис: Не треба да ја изгубиме можноста за решение на името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/papadimulis-ne-treba-da-ja-izgubime-moznosta-za-reshenie-na-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/papadimulis-ne-treba-da-ja-izgubime-moznosta-za-reshenie-na-imeto/#respond Tue, 10 Apr 2018 11:28:03 +0000 https://kurir.mk/?p=38548

Со Владата на Заев се отвори прозорец на можности за решение и не треба да ја изгубиме шансата, вели потпретседателот на европскиот Парламент и шеф на европратеничката група на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, во интервју за грчката телевизија Скај. - Не треба да ја изгубиме можноста да го решиме овој проблем. Сега со Владата на Заев се отвори прозорец на можности. Тешкотии постојат, затоа овој проблем остана нерешен 25 години, и времето работи на товар на интересот на земјата. Во наш национален интерес е да најдеме решение на ова прашање, вели Пападимулис. Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој одбегна да даде било какви предвидувања за новата средба на шефовите на македонската и грчката дипломатија, но ги коментираше изјавите на премиерот Заев во интервјуто за МИА. - Вчерашните изјави на Заев покажуваат дека го подготвува јавното мислење во неговата земја за едно веројатно решение што ќе има сериозни отстапки и од нивна страна, коментира Пападимулис и додава дека во Брисел, постои „речиси едногласност во поддршката на иницијативите на Ципрас и Заев за решение на проблемот“. Пападимулис објасни дека со затворање на проблемот Грција ќе има и економска корист, особено во северниот дел на земјата, но и ќе може да се фокусира на проблемот со Турција. - Со решавање на прашањето со иредентизмот и името со соседите, со Скопје, ќе можеме буквално да ги пресечеме сите обиди да се зголеми турското влијание на Балканот, вели потпретседателот на европскиот Парламент и шеф на евро пратеничката група на СИРИЗА. Во однос на дилемата дали евентуалниот договор би поминал во грчкиот Парламент, со оглед на тоа дека коалицискиот партнер во Владата, Панос Каменос, има различен став, Пападимулис потсетува дека актуелната грчка Влада има програма изгласана од Парламентот, и поддржана и од Независни Грци. - Оценувам дека и покрај несогласувањето, Панос Каменос нема да ја турне Владата, бидејќи таа е коалициска Влада на СИРИЗА и Независни Грци, и е темелена на програма што доби доверба од грчкиот Парламент. Потсетувам дека програмата на Владата говори за сложено име, заеднички прифатено и стремеж кон решение, објаснува Пападимулис и оценува дека ако договорот е во овие рамки, тогаш ќе биде одобрен од „јасно и чисто мнозинство во Парламентот затоа што ќе го поддржат и пратеници и партии од опозицијата“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/papadimulis-ne-treba-da-ja-izgubime-moznosta-za-reshenie-na-imeto/feed/ 0
Заменик претседателот на ЕП: Историска шанса за решавање на спорот за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamenik-pretsedatelot-na-ep-istoriska-shansa-za-reshavanje-na-sporot-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamenik-pretsedatelot-na-ep-istoriska-shansa-za-reshavanje-na-sporot-za-imeto/#respond Thu, 08 Feb 2018 11:53:59 +0000 http://kurir.mk/?p=19555

Заменик-претседателот на Европскиот Парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, смета дека има историска шанса за решавање на спорот за името на Македонија, информира Њуз.ин. Во статија за француската информативна мрежа „Mediart“, грчкиот политичар посочува дека „владата на премиерот Алексис Ципрас и новиот кабинет на Зоран Заев во Скопје одат напред со решителни чекори кон конечно разрешување на спорот за името на Македонија, по 25 години погрешни приоди и одолговлекувања од претходните влади во двете земји“. Димитрис Пападимулис го потенцира прашањето за стабилноста на Балканот и особено на Западен Балкан, кои според него „децении наназад страдаа од иредентистичките стремежи на популистичките влади и национализми, кои самиот дијалог го прават потежок, како и од стравувањата од распад на албанскиот национализам“. - Грчкиот национален интерес налага да ги завршиме сите отворени прашања и фронтови и со содејство на европските партнери да нацртаме една нова иднина за регионот, далеку од духовите, нерационалностите и безизлезноста од минатото“, пишува Пападимулис во текстот во мрежата „Mediart“. Во изјава, пак, за грчкото радио Real fm, Пападимулис, во однос на одлуката на македонската влада за промена на имињата на аеродромот и автопатот, наведува дека тоа што го направи Заев е важно, позитивно, смело и не треба да се потценува. Додава дека напорите на Заев и Ципрас се поддржани и од Европската народна партија, во која припаѓа Нова демократија и од Европската социјалистичка група, во чии рамки се и грчките партии ПАСОК и Река. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Пападимулис смета дека решението би можело да дојде со потпишување на обврзувачки меѓународен договор. - Еден меѓународен договор ратификуван од ОН, од Европската унија, обврзувачки за двете страни, што ќе ги содржи и следните чекори, според правниците има надуставна сила, ги обврзува страните да ги усвојат чекорите што се потребни и ако не го сторат тоа ќе подлежат на санкции, а другата страна ќе може да преземе контрамерки. Мислам дека ако постои политичка волја да се напуштат иредентизмите, ова може да се вклучи на јасен начин во формирањето на договорот, објаснува Пападимулис за Real fm. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamenik-pretsedatelot-na-ep-istoriska-shansa-za-reshavanje-na-sporot-za-imeto/feed/ 0