димитро кулеба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Nov 2022 17:16:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png димитро кулеба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кулеба апелираше до членките на НАТО побрзо да достават оружје во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-apelirashe-do-chlenkite-na-nato-pobrzo-da-dostavat-oruzje-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-apelirashe-do-chlenkite-na-nato-pobrzo-da-dostavat-oruzje-vo-ukraina/#respond Tue, 29 Nov 2022 17:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=768410

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба денеска во Букурешт апелираше до членките на НАТО побрзо да достават оружје и друга помош за неговата земја. За време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Кулеба рече дека претходниот пат, кога апелирал до Алијансата, рекол „оружје, оружје, оружје“, а дека денеска во Букурешт дошол со порака „побрзо, побрзо, побрзо“. „Ние сме благодарни за сè што е направено досега, но мора да продолжиме да се бориме. Докажавме дека можеме да ја победиме Русија, но одлуките за оружјето, за новите линии на производство на оружје и за неговата испорака мора да се носат побрзо, рече Кулеба на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО. Кулеба, исто така, укажа на значењето на другите форми на западна помош, првенствено агрегати, бидејќи Украина има големи проблеми со снабдувањето со електрична енергија по руските напади врз цивилната инфраструктура. Столтенберг рече дека сојузниците се согласиле дека е неопходно да се зголеми поддршката за Украина и повтори дека ќе бидат со таа земја се додека тоа е потребно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-apelirashe-do-chlenkite-na-nato-pobrzo-da-dostavat-oruzje-vo-ukraina/feed/ 0
Кулеба од НАТО земјите побара повеќе оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-od-nato-zemjite-pobara-povekje-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-od-nato-zemjite-pobara-povekje-oruzje/#respond Thu, 07 Apr 2022 13:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=659783

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, учествуваше на вонредниот министерски состанок во НАТО, од земјите членки побара повеќе оружје и построги санкции против Русија, јави дописничката на МИА од Брисел. Вчера и денес во Брисел се одржа вонреден министерски во НАТО Алијансата за да се разговара за перспективите за помош на Украина. Украинскиот министер по средбата со обрати пред новинарите и рече дека сѐ уште Украина не го доби тоа што го бара, но дека има напредок. -Русија има свои планови, ние имаме наши, исходот ќе биде одлучен на бојното поле, важно е за сојузниците да не ни кажуваат дека уште размислуваат, дека има процедури, дека треба да се решат уште проблеми, или ќе ни помогнете сега или вашата помош ќе дојде предоцна и многумина ќе умрат, рече Кулеба на прес конференција во НАТО. Тој рече дека во тек се борби во Донбас и дека Москва е фокусирана таму. -Битката за Донбас ќе ве потсети на втората светска војна со масовни операции, рече Кулеба и нагласи дека Украинците се борат за безбедноста на сите НАТО земји не само на Украина. За Украина, рече тој, помошта е важна за да се зајакне позицијата на преговарачката маса со Русија. Сепак тој има надеж дека работите можат да еволуираат во насока каква што бара Киев иако вели дека е “внимателен оптимист“. Кулеба рече дека од почетокот се урнати многу ѕидови во однос на украинските барања за достава на тешко оружје. Тој рече дека сојузниците на почетокот воопшто не сакале да испратат тешко оружје, но тој ѕид сега е урнат. -Да нѐ слушнеа порано немаше да ја имаме оваа дискусија сега, изјави Кулеба и нагласи дека за сега НАТО не планира да испраќа оружје во Украина, туку да ги охрабрува земјите членки да испраќаат, но додаде дека можеби во иднина тоа би се сменило, иако за сега не е оптимист. Министерот побара од земјите на НАТО и ЕУ да воведат санкции против руската нафта и гас и рече дека без вакви санкции Европа и Западот со една рака и помагаат на Украина, а со другата ја финансираат руската воена машина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-od-nato-zemjite-pobara-povekje-oruzje/feed/ 0