Динамо Загреб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Sep 2023 15:58:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Динамо Загреб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полицијата во Загреб апси навивачи по барање на Грција https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/politsijata-vo-zagreb-apsi-navivachi-po-barane-na-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/politsijata-vo-zagreb-apsi-navivachi-po-barane-na-grtsija/#respond Sat, 23 Sep 2023 15:58:58 +0000 https://kurir.mk/?p=881054

Хрватската полиција има голема акција за апсење на повеќе навивачи на Динамо Загреб, кои се дел од навивачката група „Бед Блу Бојс“. Акцијата на полицијата доаѓа по барање на грчките власти од Атина, кои испратија листа со имиња на навивачи кои биле дел од нередите пред мечот АЕК – Динамо Загреб, а потоа успеале да избегаат од Грција. Неофицијално, петмина навивачи биле уапсени , а уште најмалку четворица се уапсени денеска. Грчките власти ќе бараат екстрадиција на овие навивачи за кои се верува дека биле дел од нередите на 7 август во Атина, кога до смрт беше избоден еден 29-годишен навивач на АЕК. По тој голем инцидент, во Грција беа уапсени повеќе од 100 хрватски навивачи, но 10-тина од нив успеале да избегаат од земјата. Се верува дека успеале да избегаат откако со брод заминале за Италија, а од таму по копнен пат се вратиле во Хрватска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/politsijata-vo-zagreb-apsi-navivachi-po-barane-na-grtsija/feed/ 0
Адеми: Не очекував да се вратам толку брзо во Динамо Загреб https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ademi-ne-ochekuvav-da-se-vratam-tolku-brzo-vo-dinamo-zagreb/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ademi-ne-ochekuvav-da-se-vratam-tolku-brzo-vo-dinamo-zagreb/#respond Sat, 09 Sep 2023 05:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=876193

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми и официјално се врати во редовите на најдобриот хрватски клуб Динамо Загреб.
-Враќањето во Динамо, од моја перспектива, никогаш не беше под знак прашање. Не очекував дека тоа ќе се случи толку брзо, но работите тргнаа на тој начин. Цело време го следев секој натпревар од Кина,, секоја вест поврзана со мојот сакан клуб, па затоа сум пресреќен поради овој епилог.
Во целиот процес, секако, голема улога одиграа клупската администрација и спортскиот сектор, бидејќи преку контактот со нив почувствував колку сакаат да ме вратат и колку им е важно во овој преоден рок. Заслуга има и соблекувалната на Динамо со кого бев во контакт цело време, како и тренерот Јакировиќ кој инсистираше на моето доаѓање и лично беше силно вклучен во целиот процес. Можам само да кажам дека сум исклучително среќен што се враќам во мојот клуб, на мојот омилен стадион и им ветувам на навивачите дека ќе продолжам таму каде што застанав пред неколку месеци – дека ќе дадам се од себе, ќе гинам за овој клуб и ќе се погрижам се да подобриме се нови победи, -порача Аки за официјалниот сајт на клубот.
Аријан нема да може игра за Динамо во групната фаза на Конференциската лига, но ќе биде активен во лигата и Купот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ademi-ne-ochekuvav-da-se-vratam-tolku-brzo-vo-dinamo-zagreb/feed/ 0
Динамо го отпушти Бишчан, Ристовски ќе добие нов тренер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dinamo-go-otpushti-bishchan-ristovski-ke-dobie-nov-trener/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dinamo-go-otpushti-bishchan-ristovski-ke-dobie-nov-trener/#respond Mon, 21 Aug 2023 12:32:50 +0000 https://kurir.mk/?p=869136

Игор Бишчан ја плати цената за драматичната елиминација на Динамо од квалификациите за Лигата на шампионите и од денеска веќе не е тренер на хрватскиот шампион. Динамо имаше пласман во следната рунда до 92. минута на гостувањето кај АЕК, но наредните минути прими два гола и доживеа елиминација на радост на домашните играчи и фанови. Ваквиот епилог го зголеми притисокот на сметка на Бишчан, кој заработи многу критики за одредени потези за време на двомечот, а денеска е донесено решение за крај на соработката. Нашиот Стефан Ристовски наскоро ќе добие нов тренер, а одлуката за промена доаѓа на три дена до плејоф дуелот од Лига Европа против Спарта Прага. Бишчан го водеше Динамо на 16 натпревари, минатата сезона ја презема функцијата од Анте Чачиќ и ја потврди титулата, а сезонава ги водеше „модрите“ до трофејот во Суперкупот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dinamo-go-otpushti-bishchan-ristovski-ke-dobie-nov-trener/feed/ 0
Победата против Динамо Загреб, АЕК ја посвети на убиениот навивач Михалис https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pobedata-protiv-dinamo-zagreb-aek-ja-posveti-na-ubieniot-navivach-mihalis/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pobedata-protiv-dinamo-zagreb-aek-ja-posveti-na-ubieniot-navivach-mihalis/#respond Wed, 16 Aug 2023 09:46:56 +0000 https://kurir.mk/?p=867338 фото: EPA-EFE/DANIEL KASAP

Текстот на грчкиот новинар Јоргос Цакирис посветен на чудесниот триумф на АЕК против Динамо Загреб (2-1) во натпреварот од 3.прелиминарно коло во Лигата на шампионите што се одигра на Максимир, предизвика големо внимание во јавноста и ги налути Хрватите. Гостувањето на грчкиот клуб во Загреб сосема очекувано предизвика огромно внимание. По трагичните настани во Атина во кои животот го загуби 29-годишниот навивач на грчкиот клуб, Михалис Какурис, АЕК беше максимално мотивиран да дојде до победа на Максимир и на крајот и успеа. По пресврт АЕК го совлада хрватскиот клуб со 2-1 и победата му ја посвети на убиениот навивач Михалис Качурис. Херојот на натпреварот Костантинос Галанопулос откако го постигна победничкиот гол, ја извади црната лента и ја крена раката високо кон небото, а неговиот емотивен гест ја воодушеви јавноста во Грција. Новинарот Цакирис во текстот со наслов „Михалис, виде ли што им направи Галанос? Во твоја чест, ним во лице“ ги опиша настаните на Максимир за кој посочи дека е неонацистички стадион. „Михалис, брат, се надевам дека се забавуваш во рајот. АЕК победи на неонацистичкиот стадион, а Костас Галанопулос славеше пред нивните навивачи во твоја чест со високо крената црна лента. Постигна гол во нивниот дом, тоа боли повеќе од сѐ. Детето на клубот славеше, како Господ да ставил сè во ред“ – се наведува во текстот. „Секогаш кога го гледам вториот гол се обидувам да ги запрам солзите, но не можам. Движењето на Костас, неговата реакција на голот, целата наша болка…“ – додава грчкиот новинар. Тој во текстот ги прозива и навивачите на загрепскиот клуб. „Деновиве доживуваме невиден срам, обиди да се оцрни споменот на Михалис. Ни требаше оваа победа, овој гол, оваа прослава пред неонацистите во Загреб. Михалис брате наш, слави и прими извинување за ова што се случува долу, за оние кои не го почитуваат споменот на тебе и им вртат грб на нацистите, Хрвати и Грци од Динамо и од Панатинаикос“ – пишува во текстот на грчкиот новинар кој предизвика огромна бура во хрватската јавност. Реванш натпреварот во Атина ќе се одигра во сабота, во 20.45 часот.]]>
фото: EPA-EFE/DANIEL KASAP

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pobedata-protiv-dinamo-zagreb-aek-ja-posveti-na-ubieniot-navivach-mihalis/feed/ 0
Пленковиќ за осомничените навивачи во Грција: Се товарат за сериозни дела; според Милановиќ третирани се како воени заробеници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovik-za-osomnichenite-navivachi-vo-grtsija-se-tovarat-za-seriozni-dela-spored-milanovik-tretirani-se-kako-voeni-zarobenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovik-za-osomnichenite-navivachi-vo-grtsija-se-tovarat-za-seriozni-dela-spored-milanovik-tretirani-se-kako-voeni-zarobenitsi/#respond Tue, 15 Aug 2023 13:31:55 +0000 https://kurir.mk/?p=866993

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го коментираше апсењето на државјани на Република Хрватска во Грција, откако навивачи на Динамо Загреб предизвикаа немири во Атина, при што беше убиен еден грчки државјанин а повеќемина беа повредени. Тој нагласи дека грчката полиција била предупредена дека доаѓа група луѓе, кои очигледно ќе се судрат со навивачите на АЕК. Спортско да, спортско навивање да, но хулиганство не. Жал ни е што тоа се случи, рече тој. Пленковиќ вели дека разговарал со грчкиот премиер, од кого побарал Грција да гарантира фер и брз судски процес и безбедност во затворите. Тој изрази сочувство за смртта на грчкиот навивач. Тој посочи дека Владата и Министерството за надворешни работи се во постојан контакт со грчките власти, а амбасадата е на располагање на хрватските граѓани. Тој потсети на обвиненијата против нив, велејќи дека се работи за тешки кривични дела. - Соодветно на тоа, максимално ангажирано ќе им помогнеме на хрватските граѓани, на овие млади луѓе кои отишле таму долу на максимално ангажиран начин, водејќи сметка дека тие не отишле таму на матура, не отишле на екскурзија, не оделе на одмор, не отишле на туризам. во Грција, туку отидоа свесни дека нема да можат да влезат на натпреварот. И се случи она што се случи. Затоа, очекуваме брз процес во Грција и огромното мнозинство од овие луѓе да бидат депортирани и вратени во Хрватска. Се работи за тешки кривични дела за кои се товарат. Убеден сум дека не може да има 100, не може да има 98, кои евентуално се поврзани со овој случај каде што, за жал, загина еден граѓанин, рече хрватскиот премиер. Тој апелираше до грчките власти да ја спроведат постапката што е можно побрзо и поефикасно и да го депортираат огромното мнозинство хрватски државјани во Хрватска. – Целиот случај е во рацете на грчкото правосудство, а не на извршната, потенцираше тој. Од друга страна, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ синоќа даде остра реакција за овој случај. - Државата мора да си ја заврши работата. Грција има своја процедура, но јас сум претседател на Хрватска, сум субјективен и себичен кога се во прашање сто хрватски затвореници. Тие луѓе се заробени како да е војна. Тоа нема врска со законот. Тоа го кажав пред неколку дена, плашејќи се дека ќе се случи вакво нешто, дека ќе има колективна етичка казна. Сега можам да навлегувам во причините зошто тоа е направено сега и зошто токму во Грција и што треба Грција да добие од УЕФА и зошто им е важно одговорноста да ја префрлат на Хрватите. Колку Грци се во притвор?, праша Милановиќ во Јелса, коментирајќи го испраќањето на сите хрватски навивачи во истражни затвори низ Грција. Тој потсети дека грчките власти - и по пет дена од приведувањето на навивачите без објаснување - не им било доволно да идентификуваат кој ќе биде одговорен, туку сите ги ставиле во притвор. - Па, тоа не е правна држава! Тие луѓе беа третирани како воени заробеници. Да бев премиер би размислил што да направам. Не е едноставно. Ова се граничи со воено право. Тие се третираат како заробена единица. Имаш пет дена да го одвоиш плевелот од група луѓе и сите ги ставаш во притвор и ги расфрлаш по цела Грција за да бидат тепани и силувани. Одлично - тоа е ЕУ“, предупреди хрватскиот претседател. „Ако пет или десет од нив стотина беа ставени во притвор, јас би рекол - во ред. Но, ова нема никаква врска со владеењето на правото. На ваквите правосудни системи многу помалку им верувам од хрватскиот кон кој сум многу скептичен и постојано го критикувам. Не можете да држите сто луѓе во притвор пет дена. Тие пет дена ви даваат огромна дискреција да видите што се случило, а потоа тие се луѓе и наши граѓани кои имаат свои човекови права“, додаде тој и предупреди дека хрватските навивачи и граѓани „во Грција се третираат како коров“. Тоа нема никаква врска со демократијата, со почитувањето на човековите права. Ако е тоа ЕУ, тогаш подобро да ја нема денес, оцени претседателот на Хрватска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovik-za-osomnichenite-navivachi-vo-grtsija-se-tovarat-za-seriozni-dela-spored-milanovik-tretirani-se-kako-voeni-zarobenitsi/feed/ 0
Притворените Хрвати за убиството на навивачот се распоредуваат низ грчките затвори каде нема многу Срби за да се спречат судири меѓу затворениците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvorenite-hrvati-za-ubistvoto-na-navivachot-se-rasporeduvaat-niz-grchkite-zatvori-kade-nema-mnogu-srbi-za-da-se-sprechat-sudiri-megu-zatvorenitsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvorenite-hrvati-za-ubistvoto-na-navivachot-se-rasporeduvaat-niz-grchkite-zatvori-kade-nema-mnogu-srbi-za-da-se-sprechat-sudiri-megu-zatvorenitsite/#respond Tue, 15 Aug 2023 07:34:54 +0000 https://kurir.mk/?p=866833 фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Во Грција почнаа трансферите на притворените хрватските хулигани осомничени за крвавите инциденти во Нова Филаделфија, кога беше убиен 29-годишниот навивач на грчки АЕК, Михалис Кацурис. Вчера утро беа префрлени околу 70 притвореници од вкупно 105, а трансферот на останатите продолжува. Станува збор за голем број лица кои треба да бидат внимателно распоредени во притворските одделенија низ Грција. Трансферите на останатите ќе продолжат во среда и четврток. Поточно, 8 се веќе во затворите Коридалос, 12 требаше да бидат испратени во затворите во Авлона, а останатите ќе бидат распределени во Трикала, Лариса, Волос, Нигрита, Комотини, Маландрино, Амфиса, Домокос, Ханија, Хиос, Гревена, Нафплио, Кос и Солунските затвори, во зависност од капацитетот на секој затвор. Загриженоста на грчките власти е во правец на тоа дали ќе има доволно обезбедување за затворениците, поради што Генералниот секретаријат за антикриминална политика стапи во контакт со управите на сите притвори кои презедоа мерки за безбедно задржување на притворените лица. „Главоболката“ на казнено-поправните установи е во затворите каде има многу Срби, кои имаат омраза кон хрватските хулигани, но и за физичкиот интегритет на Грците и другите затвореници, па се дадени наредби и се внимаваше таму тие да немаат контакти коишто би можеле да доведат до судири. Изготвени се и планови за зголемени мерки и надзор во сите затвори, како и подготвеност од локалните полициски власти за брза интервенција доколку е потребно, пишува Прототема. Онаму каде што е можно притворениците да се чуваат во посебни одделенија, тоа ќе се направи. Па така 8-те кои беа префрлени во Коридалос се чуваат во специјалното одделение, за да немаат контакт со други затвореници. Реакција на хрватскиот претседател Милановиќ Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, излезе со нови провокативни изјави и се обидува да интервенира во грчкиот правосуден систем во врска со хрватските хулигани на кои им е одреден притвор за убиството на Михалис Кацурис, пишуваат грчките весници. Хрватскиот претседател тврди дека грчките власти ги третираат навивачите на Динамо Загреб како да се воени заробеници и дека таквиот став нема никаква врска со правото, демократијата и почитувањето на човековите права. „Законот не се почитува. Тие ги третираат овие луѓе како воени затвореници. Да бев премиер, ќе размислев што можам да направам. Не е едноставно. Изгледа како воена зона. Тие се третирани како заробена воена единица. Можам да ги наведам причините, зошто тоа се случи и зошто конкретно во Грција и што Грција може да добие од УЕФА и зошто е важно да ја пренесат одговорноста на 100-те Хрвати. Колку Грци се уапсени?“, прашува Милановиќ. „Имавте пет дена да ги пронајдете штетниците од група луѓе и сите ги уапсивте, ги расфрлате низ цела Грција, за да бидат удирани и малтретирани. Совршено, ова е Европската Унија“, додаде хрватскиот претседател. „Не можете да држите 100 луѓе во затвор пет дена. Овие пет дена ви даваат можност да дознаете што се случило, а освен тоа тие се луѓе и нашите граѓани имаат човекови права. Но, хрватските навивачи во Грција ги третираат како штетници. Тоа нема никаква врска со демократијата и почитувањето на човековите права. Ако ова е Европската унија денес, подобро да ја нема“, остро реагираше Милановиќ.]]>
фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvorenite-hrvati-za-ubistvoto-na-navivachot-se-rasporeduvaat-niz-grchkite-zatvori-kade-nema-mnogu-srbi-za-da-se-sprechat-sudiri-megu-zatvorenitsite/feed/ 0
Христос ги опиша последните моменти на убиениот навивач https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hristos-gi-opisha-poslednite-momenti-na-ubieniot-navivach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hristos-gi-opisha-poslednite-momenti-na-ubieniot-navivach/#respond Fri, 11 Aug 2023 11:41:50 +0000 https://kurir.mk/?p=865855 epa10791717 Hooligans, who were arrested after violent clashes between AEK and Dinamo Zagreb supporters in Athens, are transferred by police officers to appear before a public prosecutor, in Athens, Greece, 09 August 2023. Ninety four individuals, mostly Croatian nationals who were arrested during clashes between Greek and Croatian football fans in Athens on 07 August, will be presented before a prosecuting magistrate, while DNA samples are collected from all in order to identify the murderer of a 29-year-old AEK fan, who died during the clashes. EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Денеска ќе биде погребот на Михалис Кацурис, навивачот на АЕК кој беше убиен во пресметка со навивачите на Динамо од Загреб, познатите Бед Блу Бојс (БББ). Грчка „Газет“ пишува дека во неговата населба Елефсини владее тага и неверување и додава дека Михалис, кој беше убиен на 29 години, во соседството го паметат како мирен и чесен работник. Во вториот дел од текстот Грците ги објавија изјавите на неговите пријатели, а последните моменти на Михалис за телевизијата „АНТ1“ ги опиша неговиот пријател Христос. Извини брат, не успеав. Тоа сакам да ти кажам. Трчавме затоа што се обидувавме да избегаме од напаѓачите, а потоа слушнав како Михалис вели дека го избоделе. Крварел изобилно цело време, а со нас беше една девојка.Влеговме во кафулето и заедно седнавме во сепаре.Девојката направи се што можеше да му помогне.Брзата помош не дојде иако многу луѓе ја повикаа.Како што слушнав , полицијата 20 минути не дозволуваше да дојде брзата помош, откри Христос и додаде: Случајно успеав да најдам приватна амбуланта и го молев човекот да дојде на стадионот, каде што има многу повредени, а мојот пријател умира. Така брзата помош пристигна на местото на злосторството. Михалис никогаш никого не повредил. Тој го сакаше АЕК, тоа беше видливо во секој дел од неговиот живот, сите сме со тебе брат, веќе две ноќи не спиевме, додаде Христос.]]>
epa10791717 Hooligans, who were arrested after violent clashes between AEK and Dinamo Zagreb supporters in Athens, are transferred by police officers to appear before a public prosecutor, in Athens, Greece, 09 August 2023. Ninety four individuals, mostly Croatian nationals who were arrested during clashes between Greek and Croatian football fans in Athens on 07 August, will be presented before a prosecuting magistrate, while DNA samples are collected from all in order to identify the murderer of a 29-year-old AEK fan, who died during the clashes. EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Денеска ќе биде погребот на Михалис Кацурис, навивачот на АЕК кој беше убиен во пресметка со навивачите на Динамо од Загреб, познатите Бед Блу Бојс (БББ). Грчка „Газет“ пишува дека во неговата населба Елефсини владее тага и неверување и додава дека Михалис, кој беше убиен на 29 години, во соседството го паметат како мирен и чесен работник. Во вториот дел од текстот Грците ги објавија изјавите на неговите пријатели, а последните моменти на Михалис за телевизијата „АНТ1“ ги опиша неговиот пријател Христос. Извини брат, не успеав. Тоа сакам да ти кажам. Трчавме затоа што се обидувавме да избегаме од напаѓачите, а потоа слушнав како Михалис вели дека го избоделе. Крварел изобилно цело време, а со нас беше една девојка.Влеговме во кафулето и заедно седнавме во сепаре.Девојката направи се што можеше да му помогне.Брзата помош не дојде иако многу луѓе ја повикаа.Како што слушнав , полицијата 20 минути не дозволуваше да дојде брзата помош, откри Христос и додаде: Случајно успеав да најдам приватна амбуланта и го молев човекот да дојде на стадионот, каде што има многу повредени, а мојот пријател умира. Така брзата помош пристигна на местото на злосторството. Михалис никогаш никого не повредил. Тој го сакаше АЕК, тоа беше видливо во секој дел од неговиот живот, сите сме со тебе брат, веќе две ноќи не спиевме, додаде Христос.]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hristos-gi-opisha-poslednite-momenti-na-ubieniot-navivach/feed/ 0
Тешки зборови на мајката на убиениот навивач на АЕК, за првпат се огласи и таткото на Михалис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teshki-zborovi-na-majkata-na-ubieniot-navivach-na-aek-za-prvpat-se-oglasi-i-tatkoto-na-mihalis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teshki-zborovi-na-majkata-na-ubieniot-navivach-na-aek-za-prvpat-se-oglasi-i-tatkoto-na-mihalis/#respond Thu, 10 Aug 2023 11:04:19 +0000 https://kurir.mk/?p=865430

Дваесет и девет годишниот Михалис го загуби жиботот во хаосот што се случи меѓу навивачите на Динамо Загреб и АЕК во Атина. Во моментот кога слушнала дека нејзиниот син е убиен, мајката на Михалис доживеала инфаркт и моментално се наоѓа во болницата „Црвен крст“ во атинската населба Нова Филаделфија. Сега за првпат се огласи и таткото на починатиот млад човек. Тој во изјава за грчките медиуми рече дека единствена желба му е да го пронајде убиецот. -Сега се грижам да го најдам убиецот на моето дете. За жал, моето дете е изгубено и се плашам дека ќе се изгубат и други. Сакам да го испратам достојно моето дете, а потоа да разговарав, изјавил таткото на Михалис Качурис. Мајката на Михалис, проговорила преку својата сестра која ја открила нејзината состојба -Таа е на лекови, продолжува со лекувањето, но ќе оди на погреб. Таа сака да се збогува со Михалис. Кога ја посетив, таа ме држеше цело време и рече дека никогаш нема да го види или гушне својот син, откри таа. Родителите на трагично загинатиот 29-годишник добија голема поддршка од родителите на Алкис Кампанос. Алкис беше фан на Арис, кој беше нападнат и убиен од 12 навивачи на ПАОК поради неговата навивачка припадност. Седуммина добија доживотна казна за убиство од небрежност, додека пет беа осудени на по 20 години затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teshki-zborovi-na-majkata-na-ubieniot-navivach-na-aek-za-prvpat-se-oglasi-i-tatkoto-na-mihalis/feed/ 0
Откриен најважниот детаљ за убиството на Михалис https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/otkrien-najvazhniot-detal-za-ubistvoto-na-mihalis/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/otkrien-najvazhniot-detal-za-ubistvoto-na-mihalis/#respond Wed, 09 Aug 2023 11:50:34 +0000 https://kurir.mk/?p=865048

Еден навивач на грчки АЕК беше убиен во крвавата пресметка меѓу хулиганите на тој клуб и Динамо од Загреб. Михалис беше избоден до смрт, а грчките медиуми објавија каков монструозен чин направиле навивачите на хрватскиот шампион кои имале голема поддршка и од хулиганите на Панатинаикос. АЕК и Динамо во вторникот во Атина требаше да го одиграат натпреварот од 3. Квалификациско коло во Лигата на шампиони, но тој натпревар беше одложен поради крвавата пресметка меѓу навивачите на двата клуба. Навивачите на Динамо (З), популарните Бед Блу Бојс (БББ) пристигнаа во Атина, иако УЕФА им забрани присуство на натпреварот поради страв од можни конфронтации, а дека челниците во УЕФА биле во право најдобро се покажа во понеделникот. Крвавата пресметка се случила околу 23 часот пред стадионот на АЕК каде се појавиле над 100 навивачи на Динамо кои сакале да упаднат на стадионот, а потоа почнале да се тепаат со навивачите на грчкиот клуб кои биле во кафулињата пред стадионот. Во жестоката пресметка настрада 29-годишниот Михалис, кој беше избоден до смрт и, за жал, не преживеа додека не дојде брзата помош. Уште еден навивач на АЕК е во критична состојба бидејќи се здобил со тешки повреди на главата. Грчките медиуми пишуваат колку јавноста во таа земја е згрозена од монструозното однесување на хулиганите, бидејќи е откриено како загинал Михалис и во какви маки се наоѓал во последните минути од животот. Грчка „Газета“ објави дека Михалис бил неколку пати избоден со нож, а кобна била убодната рана во раката. Ножот ја пресекол артеријата, поради што Михалис искрвавил пред да дојде брзата помош. Но, детаљ кој ги згрози сите е фактот што откако завршил на земја и лежел беспомошен, некои хулигани го удирале со палки и стапала по главата и остатокот од телото, а наводно биле толку монструозни што го удриле дури и кога не давал знаци на живот. Откако се оддалечиле од него, луѓето кои биле во близина се обиделе да му помогнат на Михалис, повикале брза помош, но за жал можеле само да констатираат дека е мртов. Фановите на АЕК на социјалните мрежи се збогуваат со Михалис, а челниците на грчкиот клуб најавија дека сака да го најде неговиот убиец и да го казни со максимална казна за убиство. Како што пишуваат хрватските медиуми, грчката полиција наводно открила отпечатоци од прстите на потенцијалниот убиец. Првичните резултати покажаа дека убиецот е Грк, а не Хрват, како што се претпоставуваше досега. Секако, се уште се чекаат официјални информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/otkrien-najvazhniot-detal-za-ubistvoto-na-mihalis/feed/ 0
Уапсените за инцидентит пред стадионот на АЕК и убиството на навивачот денеска во Атина ќе бидат изведени пред јавен обвинител https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uapsenite-za-intsidentit-pred-stadionot-na-aek-i-ubistvoto-na-navivachot-deneska-vo-atina-ke-bidat-izvedeni-pred-javen-obvinitel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uapsenite-za-intsidentit-pred-stadionot-na-aek-i-ubistvoto-na-navivachot-deneska-vo-atina-ke-bidat-izvedeni-pred-javen-obvinitel/#respond Wed, 09 Aug 2023 08:01:17 +0000 https://kurir.mk/?p=864897

На пристаништето во Игуменица синоќа биле уапсени уште петмина хрватски државјани под сомнение дека учествувале во инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта, додека пак они кои веќе беа уапсени во Атина, над 90 лица, денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката полиција е во потрага по сторителот на убиството на 29-годишниот Михалис, навивачот на АЕК кој беше прободен со нож пред стадионот, па затоа властите во Грција ги зголемиле контролите на сите излезени точки од земјата за да не им дозволат на хрватските навивачи на Динамо Загреб, кои можеби учествувале во немирите, да побегнат од државата. Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека при контрола на патниците кои со траект од Игуменица ќе патувале за Бари во Италија, било констатирано дека петмина хрватски државјани на возраст од 25 до 41 година, не можеле да ја оправдаат причината и времетраењето на нивниот престој во Грција и дополнително рекле дека биле на одмор и без никаков багаж се враќаат во нивната земја. Токму затоа биле сомнителни дека можеби учествувале во инцидентите во Атина и биле уапсени. Паралелно, на граничниот премин со Албанија, вчера бил уапсен 19-годишен Хрват, исто така под сомнение дека учествувал во инцидентите во Атина, со што вкупниот број на уапсени е над 100 лица. Денеска се очекува пред јавен обвинител да бидат изведени 94 од уапсените во понеделникот вечерта, а поголемиот број од нив се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на свои извори пишува дека процените се дека најмалку 50 хрватски хулигани успеале да побегнат, а во тек се лабораториските испитувања и анализи на ДНК и други докази за откривање на сторителот на убиството на 29-годишниот навивач на АЕК. Министерот за заштита на граѓаните, надлежен за полицијата Јанис Иконому во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“ синоќа рече дека постоел „трагичен неуспех“ на полицијата да го спречи и запре патувањето во Атина на навивачите на Динамо Загреб, но говореше и за оперативни грешки и неискористување на информациите. За пропустите на грчката полиција, сведочат и документите објавени во медиумите, според кои полицијата била информирана дека во Атина доаѓаат навивачи на Динамо Загреб, информации кои стигнале и од хрватските и од црногорските власти. Аналитичарите од Секторот за борба со спортско насилство уште во неделата знаеле и информирале дека најмалку 100 хрватски хулигани на Динамо Загреб ќе пристигнат во Атина, од хрватската полиција соопштија дека до нивните грчки колеги уште од 4 август испратиле предупредување, додека пак црногорските власти ја информирале грчката полиција за „потенцијално пристигнување на  100-200 ризични фанови, членови на организираната група на Динамо Загреб Bad blue boys“. Во дописот испратен во вторникот наутро, Подгорица не само што ја информира Атина за групата, туку и детално ги наведува возилата на Хрватите, односно марките и регистарските таблици на 22 хрватски автомобили. Навивачите на Динамо Загреб во Атина пристигнаа по копнен пат, а во Грција влегле преку Албанија, без никој да ги запре за контрола иако од УЕФА имаше забрана за патување на навивачи. Со одлука на надлежниот министер вчера беа сменети седуммина одговорни во грчката полиција односно надлежниот за справување со спортско насилство и одговорните во сообраќајната полиција на потегот од градот Јанина до Коринт. Во инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта беше убиено едно лице, а осум беа повредени, од кои четворица уште се во болница. Натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо Загреб беше одложен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uapsenite-za-intsidentit-pred-stadionot-na-aek-i-ubistvoto-na-navivachot-deneska-vo-atina-ke-bidat-izvedeni-pred-javen-obvinitel/feed/ 0