дино имери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 05:52:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дино имери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концерт на македонскиот пијанист Дино Имери во Лондон https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-makedonskiot-pijanist-dino-imeri-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-makedonskiot-pijanist-dino-imeri-vo-london/#respond Wed, 25 Oct 2023 05:52:40 +0000 https://kurir.mk/?p=892766

По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу РС Македонија и Велика Британија, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music). На концертот тој ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот пијанист Ведран Јањанин, ќе изведат дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-makedonskiot-pijanist-dino-imeri-vo-london/feed/ 0
Солистички концерт на Дино Имери на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/solistichki-kontsert-na-dino-imeri-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/solistichki-kontsert-na-dino-imeri-na-ohridsko-leto/#respond Thu, 20 Jul 2023 08:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=858347

Секоја година „Охридско лето“ дел од својата програма отстапува за домашните музичари и уметници. Така вечерва сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концертот на Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти. Дино Имери со огромен успех настапува на престижните сцени низ светот, како гостин на врвни оркестри, како уметник – изведувач на рецитали и како камерен музичар. За него француската критика пишува: „Дино Имери – магионичар на пијаното..“ (Magazine, OPS), а неговите уметнички креации не ја оставаат рамнодушна публиката на неговите концерти. Стручната критика вели дека „Имери не само што ја изведува музиката, скоро како да ја компонира во моментот. Неверојатен и рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника,инструментална култура и фасцинантна слобода со еден неверојатен интерпретациски квалитет во неговите изведби – ова е краток опис на неговото големо умеење.“ (Е. Дочева, Kultura.bg). Настапувал со Стразбуршкиот филхармониски оркестар, Софиската филхармонија, Филхармонијата на Р. Северна Македонија, Симфонискиот и Камерен оркестар на ФМУ-Скопје, Оркестарот на НОБ. Добитник е на бројни награди и признанија: „Виртуози“ за млад музички уметник, „Мајка Тереза“ за хуманост, Лауреат е на Фондацијата „Томислав Зографски“, Златна Бубамара на популарноста, рангиран е во десетте најдобри млади европски пијанисти според „3eme Concours européen de piano – Normandie“... Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни дискографски куќи, бележи успеси и како композитор, пишувајќи музика за филм, театар, инструментална и вокална музика. Со музичко образование се стекнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ (класа на проф. Људмила Романова), дипломира со високи почести на ФМУ-Скопје (класа на проф. Борис Романов), а магистрира со високи почести и просек 10,00 на ФМУ- Скопје (класа на проф. Симон Трпчески). Од 2018 гoдина Дино Имери предава на Факултетот за музичка уметност во Скопје при УКИМ. На програмта на вечеранипт концерт се Шопен и Рахмањинов. Почетокот на концертот е од стаднардниот фестивалски термин од 21 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/solistichki-kontsert-na-dino-imeri-na-ohridsko-leto/feed/ 0
Рецитал на пијанистот Дино Имери во Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retsital-na-pijanistot-dino-imeri-vo-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retsital-na-pijanistot-dino-imeri-vo-filharmonija/#respond Wed, 17 May 2023 05:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=835036

Во Големата сала на Филхармонија вечерва ќе настапи пијанистот Дино Имери. Концертот е насловен „Ишарет“, а на програмата се дела од Де Фаља, Момпу, Равел и Бизе. Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапува на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, рецитален уметник и како камерен музичар. Настапувал во Австрија, Италија, Франција, Хрватска, Србија, Бугарија (гостувал рекордни пет пати во три сезони на Софиската Филхармонија, дополнително изведувајќи рецитал со дела од македонски автори во Софија во рамки на циклусот „Музиката на Европа – Македонија“), Словенија и др. За неговата уметност, стручната критика ќе напише „Дино Имери не само што ја изведува музиката, скоро како да ја компонира во моментот. Неверојатен и рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника, инструментална култура и фасцинантна слобода со еден неверојатен интерпретациски квалитет во неговите изведби – ова е краток опис на неговото големо умеење.“ Настапувал со Стразбуршкиот Филхармониски Оркестар, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен оркестар на ФМУ-Скопје, Оркестарот на Националната Опера и Балет. Соработувал со еминентни уметници, пејачи и инструменталисти. Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои наградата „Виртуози“ за млад музички уметник, „Св. Мајка Тереза“ за хуманост, лауреат на Фондација „Томислав Зографски“, ранг во десетте најдобри млади европски пијанисти според 3eme Concours européendepiano– Normandieи... Покрај концертната дејност, Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни дискографски куќи меѓу кои „Dino Imeri LIVE“ (2010, Piano Plage France), “Reflections” (2020, PMG Jazz), “Passions” (Con:tempo, 2021) и др. Имери бележи бројни успеси и како млад композитор, пишувајќи музика за филм, театар (соработка со независниот театар Артопија), балет („Дијалози“ на Ивана Коцевска), инструментална и вокална музика, мултимедијални проекти („Проста и строга македонска песна – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“). Со своето образование се стекнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ (класа на проф. Људмила Романова), дипломира со високи почести на ФМУ-Скопје (класа на проф. Борис Романов), а магистрира со високи почести и просек 10,00 на ФМУ-Скопје (класа на проф. Симон Трпчески). Во 2018 година, Дино Имери се стекнува со звање доцент и предава на својот Алма Матер - Факултетот за Музичка Уметност во Скопје при УКИМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retsital-na-pijanistot-dino-imeri-vo-filharmonija/feed/ 0
„Волшебникот на пијаното“ Дино Имери со рецитал во Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/volshebnikot-na-pijanoto-dino-imeri-so-retsital-vo-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/volshebnikot-na-pijanoto-dino-imeri-so-retsital-vo-filharmonija/#respond Tue, 16 May 2023 12:15:29 +0000 https://kurir.mk/?p=834822

Познатиот македонски пијанист Дино Имери ќе одржи концерт инспириран од шпанската, но и светска класична музичка традиција. Имери пред публиката излегува со атрактивна програма во која ќе бидат интерпретирани дела од Мануел Де Фаља, Фредерико Момпу, Морис Равел. Посетителите ќе можат да уживаат и во особено виртуозните и спектакуларни дела „Кармен“ и „Шпански валцер“ од Жорж Бизе, во аранжмани на Владимир Хоровиц и Аркадиј Володос. Концертот ќе се одржи в среда, 17 мај 2023 година во големата сала на Македонската филхармонија во 20 часот. Имери е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар. Настапувал во Австрија (турнеја во Палата „Естерхази“, „Liszt-Zentrum“, J. Haydn Kons), Италија (Рим, Бари), Франција (рецитално отворање на „Piano Plage Festival“, со оркестарот на Стразбуршката филхармонија), Хрватска (Загреб: „Ватрослав Лисински“, Дубровник: Epidaurus Festival), Србија (“Коларац”, Галерија „Artget“ - Белград), Бугарија(со Софиската филхармонија). Покрај концертната дејност, Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни дискографски куќи меѓу кои „Dino Imeri LIVE“ (2010, Piano Plage France), “Reflections” (2020, PMG Jazz), “Passions” (Con:tempo, 2021) и др. Имери бележи бројни успеси и како млад композитор, пишувајќи музика за филм, театар, балет и инструментална и вокална музика, мултимедијални проекти како што беше и проектот „Проста и строга македонска песна – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“. Како ценет професионалец, Имери е често пати член на меѓународни стручни комисии на престижни музички натпревари во регионот и Европа. Имери е и доцент на Факултетот за музичка уметност при УКИМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/volshebnikot-na-pijanoto-dino-imeri-so-retsital-vo-filharmonija/feed/ 0
Имери: Филхармонија не е сопственост, Филхармонија е идеја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/imeri-filharmonija-ne-e-sopstvenost-filharmonija-e-ideja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/imeri-filharmonija-ne-e-sopstvenost-filharmonija-e-ideja/#respond Tue, 18 Apr 2023 10:38:43 +0000 https://kurir.mk/?p=824909

Се зголемува поддршката за Македонска филхармонија, на страна на институцијата застанаа и поранешната директорка, Кармен Костова и израелскиот диригент, маестро Јерухам Шаровски Познатиот македонски пијанист Дино Имери изнесе свој став во врска со сместувањето на Националниот оркестар за џез музика во Македонска филхаронија. Според него, се работи за преседан што не смее да се повтори и одлука што треба да се донесе во согласност со сите професионални мерила. „Денес сме сведоци на преседан кој не смее да се повтори во иднина, а треба веднаш да биде повлечен. Повредува леснотијата и површноста со која се носат значајни одлуки кои директно влијаат на институциите и на вработените, но и на публиката. Да се донесе и потврди одлука за сместувањето на новооформената национална установа Оркестар за Џез музика во објектот на НУ Филхармонија на РСМ без никаква претходна професионална и темелна анализа на можностите, капацитетите и реалните состојби е во најмала рака несериозно. Да се стори тоа без никаков дијалог и инволвираност од институцијата која е најмногу засегната – НУ Филхармонија, тоа е незамисливо“, вели Имери. Тој ја поздравува и се радува на одлуката за основање на новата национална установа, но не се согласува со одлуката на Министерството за култура за прескокнување на Филхармонија во момент кога се одлучува за нејзината иднина. „Ги повикувам одговорните лица да станат и тие дел од нешто што е поголемо од нив и веднаш да ја стопираат нивната одлука. Последиците се веќе јасни - нарушените меѓучовечки односи и недоразбирања кои не би се ни појавиле доколку целиот процес бил направен како што треба. Одлуката дали новата институција треба да се смести во Филхармонија не треба да е предмет на дискусија на јавноста, на сите нас да ја поддржуваме или оспоруваме. Таа одлука требало да се донесе во склад со сите професионални мерила. Филхармонија не е зграда. Филхармонија не е сопственост. Филхармонија е идеја, а идеите се отпорни дури и на куршуми“, потенцира Дино Имери. Поранешната директорка на Македонската Филхармонија, Кармен Костова исто така се осврна на актуелниот спор. „Ништо не се создава и не се руши преку ноќ. Сметам дека проблемот со Националниот оркестар за џез музика е создаден во старт од министерката за култура, која наложува работа на друга новосоздадена институција во веќе постоечката. Зборот на музичарите од филхармонијата треба да биде слушнат, бидејќи тие најдобро знаат низ што поминале во овие осум децении“, посочува Костова. На прагот на 80 годишнината од постоењето на Филхармонија Костова изразува жалење за сегашните збиднувања и потенцира дека Македонска Филхармонија е бренд за кој треба сите да се грижиме. „Среќна сум што го гледам растот на Филхармонија од почетокот на нејзиното постоење до денеска. Како нејзин поранешен раководител ги знам сите проблеми со кои се среќавале и се среќаваат музичарите. Знам дека секој директор се вложил себеси во создавањето и работењето на Филхармонија, а за тоа говорат досегашните резултати“. Поранешната директорка на Филхармонија го поставува прашањето зошто не можат да заживеат некои од студијата во МРТВ, кои се специјално направени за Биг Бенд оркестар, што значи дека и акустички одговараат за таква дејност. „Овие студија претставувале расадници на џез музиката и на џез музичарите во државата. Доколку се случи невиден преседан, се плашам дека Филхармонија ќе биде институција во која во иднина привремено ќе се сместуваат уште многу новосоздадени ансамбли, што никако не е добро и продуктивно. Треба да се слушнат и музичарите од Филхармонија кои се докажани професионалци во државата. Со меѓусебно осудување не можеме ништо да добиеме, само полека ќе си ги поткопуваме темелите кои сме ги создале. Се што е ново, треба да има свој простор за раст, но не на штета на веќе создаденото“, нагласува Кармен Костова. Филхармонија добива поддршка и од странски уметници, а еден од оние кои упати јавна порака за новонастанатата ситуација е и израелскиот диригент, маестро Јерухам Шаровски. „Имав задоволство 20 години да работам со оркестарот на Македонската филхармонија, од 2003 година. Во тој период, имав многу прилики да диригирам концерти во Македонија, како и на меѓународните турнеи во Кина во 2018 и во Израел во 2019 година. Всушност, оркестарот има и официјална покана за концертни турнеи во Шпанија во ноември 2024, вклучувајќи ги Мадрид, Барселона и Валенсија, како и концерт на фестивалот „Емилија Романа" во Италија. Лично сум бил сведок како македонскиот филхармониски оркестар секогаш бил препознат како меѓународно првокласен оркестар и едно од најзначајните наследства, претставувајќи ги на највисокото ниво македонската музика, култура и образование. Убеден сум дека македонската Влада ќе продолжи да му ги нуди на оркестарот најдобриот простор и услови за работа за да го осигура континуитетот на неговата национална мисија како една од најизвонредните македонски икони во светот“, вели Шаровски, кој во текот на својата  кариера диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји и соработувал со славните диригенти Зубин Мехта и Лорин Мазел.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/imeri-filharmonija-ne-e-sopstvenost-filharmonija-e-ideja/feed/ 0
Дино Имери одржа концерт во Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dino-imeri-odrza-koncert-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dino-imeri-odrza-koncert-vo-sofija/#respond Fri, 04 Nov 2022 10:55:39 +0000 https://kurir.mk/?p=755687

Македонскиот музичар и композитор Дино Имери синоќа одржа концерт во Софиската филхармонија во сала „Бугарија“ во Софија, како дел од есенската сезона на Софиската филхармонија. Освен учеството на Имери како солист која ја свиреше симфонијата бр.2 од Бернштајн, под диригентската палка на Љубомир Денев – син, исто така на сцената настапија и солистите перкусионисти Калина Владовска, Мартина Митева и Мирослав Димов. Имери изјави дека ова е негов шести настап со Софиската филхармонија. Меѓу бројната публика, покрај познатите софиски музичари, уметници, гости на КИЦ на РСМ, беше и новоименуваната амбасадорка на РСМ во Бугарија, Агнеза Руси Поповска. Во текот на вчерашниот ден, Имери го посети и КИЦ на РСМ во Софија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dino-imeri-odrza-koncert-vo-sofija/feed/ 0
„Далга“ – концерт на Филхармонија со пијанистот Дино Имери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dalga-koncert-na-filharmonija-so-pijanistot-dino-imeri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dalga-koncert-na-filharmonija-so-pijanistot-dino-imeri/#respond Wed, 12 Oct 2022 05:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=744009

Оркестарот на Филхармонија вечер ќе одржи концерт насловен „Далга“ на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, под диригентство на Габриел Бебешелеа од Романија. Имери ќе настапи наместо шпанскиот гитарист Рафаел Агире, кој беше првично најавен, но поради болест го откажа гостувањето во Скопје. На програмата се „Пијан танец – Пајдушко“ од македонскиот композитор Сони Петровски и Концертот за пијано и оркестар во бе-мол и Шестата симфонија „Патетична“ од Петар Илич Чајковски. Концертот е поддржан од Европската Унија, а со истата програма оркестарот на Филхармонија на 14 октомври ќе гостува и во Белград. Имери се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова, проф. Борис Романов (во чија класа и дипломира на ФМУ во Скопје со Кум Лауде), како и со проф. Симон Трпчески во чија класа магистрира на само 22 – годишна возраст со просек 10 и со почести Кум Лауде. Во својата досегашна дејност, Имери остварил многубројни настапи во земјава, но и во странство. Вбројан е во 10-те најдобри европски пијанисти според ранг листата на Третиот европски пијано натпревар одржан во Нормандија, Франција, а подеднакво успешен е во земјава каде во 2013 година се здобива со највисокото домашно признание за класична музика – наградата „Виртуози“ во категоријата „Млад музички уметник“. Во 2015 го добива признанието „Лауреатна Фондација Томислав Зографски“ доделена од истоимената фондација за промоција на македонските композитори во земјата и во странство. Во 2010 година, потпиша двегодишен договор со Европската пијано програма – проект кој му ги отвори интернационалните сцени во Франција, Австрија, Полска… Во 2013 година го издава своето прво ДВД-издание со музика од Хајдн, Бетовен, Лист и Брамс, во соработка со „Фејмс“ оркестарот за снимање на филмска музика. Диригентот Бебешелеа на 30-годишна возраст е етикетиран како еден од најталентираните диригенти во последната декада во Романија. Добитник е на бројни награди на престижни натпревари за диригенти, а забележлив е и како оперски диригент и именуван за шеф-диригент на Романската национална опера во 2011 година, со што стана најмладиот шеф-диригент во Романија. Од 2011 година, тој е главен диригент на Молдавскиот национален младински оркестар, а редовно работи и со Романскиот младински оркестар. Моментно живее во Виена, каде што ги заврши постдипломските студии на Универзитетот за музика и изведувачки уметности. Композиторот Сони Петровски е роден на 4 јануари 1977 година во Сиднеј, Австралија. Средно музичко училиште завршил во Битола, а дипломирал на одделот по композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Гоце Коларовски. Автор е на повеќе од 70 оригинални композиции и обработки во речиси сите жанрови – Операта „Леандар и Косара“, симфониски, концертантни, камерни, вокални, хорски и солистички дела. Автор е на повеќе нумери од албумот „Божилак“ на Тоше Проески како и 30-тина оркестрации на неговите песни изведувани ширум Балканот. Неговите дела се изведувани во земјава, регионот, на сцените низ Европа, но и во Нов Зеланд, Канада. Неговите дела се издадени на носачи на звук од СОКОМ, Музичка младина на Македонија, Трио Интерарт, City Records, Hit Records, Hi-Fi Centar.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dalga-koncert-na-filharmonija-so-pijanistot-dino-imeri/feed/ 0
Пијанистот Дино Имери и квартетот „Такси Конзилиум“ на фестивалот „Крај Вардарот џез“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistot-dino-imeri-i-kvartetot-taksi-konzilium-na-festivalot-kraj-vardarot-dzez-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistot-dino-imeri-i-kvartetot-taksi-konzilium-na-festivalot-kraj-vardarot-dzez-2/#respond Wed, 06 Oct 2021 06:10:14 +0000 https://kurir.mk/?p=573745

Во рамки на последната фестивалска вечер од второто издание на „Крај Вардарот Џез“, вечерва во МКЦ во кино Фросина ќе настапат квартетот „Такси Конзилиум“, а веднаш по нив композиторот и пијанист за современа класична музика Дино Имери, кој ќе настапи соло на пијано. „Такси Конзилиум“ е квартет на еден од македонските водечки џез гитаристи, Филип Букршлиев. Албумот „The Essential Sunday Gloom“ во издание на ПМГ Џез е прогласен за џез албум на месецот на Бенд Кемп. Во Такси Конзилиум, освен него, членуваат уште неколку млади музичари: Андреа Мирческа на контрабас, Драган Теодосиев на тапани и Благојче Томевски на кларинет. Нивниот звук е цврст и силно модерен, небаре излезен од некој „катинг еџ“ њујоршки џез клуб. Дино Имери веќе издаде и промовираше авторско ЦД со наслов „Refleciotns“ за ПМГ Џез. Неговиот развој како композитор на современа класична музика е поврзан со оваа дискографска куќа, за која во моментов подготвува ново издание. Имери вечерва ќе настапи соло на пијано. „Крај Вардарот Џез“ е годишен фестивал на дискографската куќа ПМГ Џез. Минатата година беше реализирано првото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, кое беше еден од најзабележителните и најквалитетни музички настани во земјата за 2020-та година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistot-dino-imeri-i-kvartetot-taksi-konzilium-na-festivalot-kraj-vardarot-dzez-2/feed/ 0
Пијанистот Дино Имери и квартетот „Такси Конзилиум“ на фестивалот „Крај Вардарот џез“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistot-dino-imeri-i-kvartetot-taksi-konzilium-na-festivalot-kraj-vardarot-dzez/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistot-dino-imeri-i-kvartetot-taksi-konzilium-na-festivalot-kraj-vardarot-dzez/#respond Tue, 05 Oct 2021 07:48:20 +0000 https://kurir.mk/?p=573133

Утревечер, во рамките на последната фестивалска вечер од второто издание на „Крај Вардарот Џез“ во 20 часот, во кино Фросина, МКЦ ќе настапат квартетот „Такси Конзилиум“, а веднаш по нив, Дино Имери, еден од најдобрите надоаѓачки композитори и пијанисти за современа класична музика кај нас, кој ќе настапи соло на пијано. „Такси Конзилиум“ е квартет на еден од македонските водечки џез гитаристи, Филип Букршлиев. Албумот „The Essential Sunday Gloom“ во издание на ПМГ Џез е прогласен за џез албум на месецот на Бенд Кемп, каде што патем речено извонредно проаѓа. Во Такси Конзилиум, освен него, членуваат уште неколку извонредни млади музичари: Андреа Мирческа на контрабас, Драган Теодосиев на тапани и Благојче Томевски на кларинет. Нивниот звук е цврст и силно модерен, небаре излезен од некој „катинг еџ“ њујоршки џез клуб. Дино Имери веќе издаде и промовираше успешно авторско ЦД со наслов „Refleciotns“ за ПМГ Џез. Неговиот развој како композитор на современа класична музика е поврзан со оваа дискографска куќа, за која во моментов подготвува ново издание. Утревечер, Имери, ќе настапи соло на пијано. „Крај Вардарот Џез“ е годишен фестивал на дискографската куќа ПМГ Џез. Овој фестивал е логична последица на работата на оваа издавачка куќа, која успеа за само 3 години да издаде 30 висококвалитени изданија да внесе раздвиженост на џез сцената и да потикне нов бран артисти. Минатата година беше реализирано првото издание на фестивалот “Крај Вардарот Џез“, кое беше еден од најзабележителните и најквалитетни музички настани во земјата за 2020та. И покрај специфичните пандемиски услови, фестивалот остави силен впечаток кај публиката и критиката, но и аманет за продолжување на добрата работа. Концертот во МКЦ ќе се одржи според актуелните владини мерки во услови на пандемија. Бројот на билети е во строго ограничен број.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistot-dino-imeri-i-kvartetot-taksi-konzilium-na-festivalot-kraj-vardarot-dzez/feed/ 0
На „Охридско лето“ вечер со кларинетистот Стојан Димов и Дино Имери на пијано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-ohridsko-leto-vecher-so-klarinetistot-stojan-dimov-i-dino-imeri-na-pijano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-ohridsko-leto-vecher-so-klarinetistot-stojan-dimov-i-dino-imeri-na-pijano/#respond Mon, 19 Jul 2021 05:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=538388

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на домашните уметници, Стојан Димов на кларинет и Дино Имери на пијано. Стојан Димов основно и средно образование завршува во Велес и во Скопје, а во периодот од 1975-1981 година студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Иван Кочаров) и на Универзитетот во Загреб (проф. Јосип Нохта). Магистрира во 1993 година во Скопје, а од 1980-1995 година е соло кларинетист во Македонската филхармонија. Истовремено е член на Биг Бендот на МРТ, а од 2002 година е постојан член на групата на Горан Бреговиќ. Низ годините бележи бројни настапи со рецитали, а како солист настапува со повеќе македонски и странски оркестри. Соработува со значајни диригентски имиња, а член е и на разни камерни ансамбли. Денес, Стојан Димов е еден од најактивните македонски музичари со настапи низ целиот свет. Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршка филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен оркестар на ФМУ, Македонска Опера и Балет, Камерен оркестар на Музичка младина на Македонија. Со рецитали настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои: „Ватрослав Лисински“ – Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж фестивал“ во Франција, Охридско лето, Скопско лето, Интерфест – Битола и др. Добитник е на голем број награди и признанија. Имери бележи и бројни домашни и меѓународни дискографски изданија, а од Декември 2018 г. се стекнува со звање доцент и предава на факултетот за Музичка уметност во Скопје повеќе предмети од областа на пијано, камерна музика, корепетиција и пијано во контекст. Концертот ќе се одржи на прекрасната сцена во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-ohridsko-leto-vecher-so-klarinetistot-stojan-dimov-i-dino-imeri-na-pijano/feed/ 0