дино-парк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Aug 2021 20:05:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дино-парк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Диносаурусот на Шилегов си го скрши вратот- колку пари чинеше Дино паркот? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-dinosaurusot-na-shilegov-si-go-skrshi-vratot-kolku-pari-chineshe-dino-parkot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-dinosaurusot-na-shilegov-si-go-skrshi-vratot-kolku-pari-chineshe-dino-parkot/#respond Thu, 12 Aug 2021 20:05:24 +0000 https://kurir.mk/?p=549896

Кон крајот на мај, во скопската Зоолошка градина беше отворен Дино парк каде се поставени 41 фигура од диносауруси во природна големина. Паркот зафаќа површина од 2.000 метри квадратни. Посетителите во природна големина можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, како и поставки со мали диносауруси. Но, по два и пол месеци, посетителите забележуваат дека на еден од диносаурусите вратот му е скрешен. Па градоначалникот Петре Шилегов, кој се пофали дека ова е само почеток на тоа што недостигаше долги години во градот, а тоа е забава за нашите најмлади, нека нѐ потсети- колку пари чинеше Дино паркот?, пишува Република. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-dinosaurusot-na-shilegov-si-go-skrshi-vratot-kolku-pari-chineshe-dino-parkot/feed/ 0
ФОТО: Отворен новиот Дино парк, погледнете како изгледа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-otvoren-noviot-dino-park-poglednete-kako-izgleda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-otvoren-noviot-dino-park-poglednete-kako-izgleda/#respond Sat, 29 May 2021 07:37:00 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516358

Скопје доби нова туристичка атракција, Дино паркот лоциран веднаш до скопската зоолошка градина е официјално отворен за посетители. За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од денеска ќе имаат прилика тоа да го искусат и доживеат. Дино паркот се простира на површина од 2000 квадратни метри и има вкупно 41 реплика на диносауруси од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци. -Дополнително во Дино паркот функционално се распоредени и придружни елементи - патеки, зеленило и дел за одмор. Ова е првиот Дино парк на Балканот каде што има толкав голем број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни. Токму поради тоа очекуваме овој парк да прерасне во туристичка атракција која заедно со зоолошката градина која и сега е полна со посетители, дополнително ќе ја збогатат туристичката понуда на градот . Скопскиот Дино парк е еден од најзелените тематски паркови во Европа, со засадени над 300 садници на ниски и на високостеблести растенија – кажа Шилегов. Тој дополни дека за изградбата на овој парк од Буџетот на Град Скопје се потрошени околу 350 илјади евра, што во време на епидемијата со корона вирусот претставува добра замена, неколкукратно поевтина од забавниот парк, чија изградба мораше да ја одложиме за една година. Дино паркот има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк, а билетот за влез ќе чини само 50 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-otvoren-noviot-dino-park-poglednete-kako-izgleda/feed/ 0
ВИДЕО: Подготвени се диносаурусите за Зоолошката во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-podgotveni-se-dinosaurusite-za-zooloshkata-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-podgotveni-se-dinosaurusite-za-zooloshkata-vo-skopje/#respond Wed, 12 Aug 2020 07:11:59 +0000 https://kurir.mk/?p=389485

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, преку објава на Фејсбук ги подгреа страстите кај вљубениците во диносауруси, и преку неколку видеа покажа како ќе изгледаат диносаурусите што треба да бидат сместени во дино паркот во ЗОО Скопје. Изградбата на дино-паркот почна лани во октомври, а сега се гледа дека фигурите на диносаурусите се подготвени да пристигнат во Зоолошката во Скопје. Како што најавија од Градот тогаш дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци. За изградбата на паркот се предвидени околу 20 милиони денари распоредени во две буџетски години , а отворањето е планирано за следната година. Влезницата за паркот беше најавено дека ќе чини 50 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-podgotveni-se-dinosaurusite-za-zooloshkata-vo-skopje/feed/ 0