дипломатски кор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 Mar 2021 08:15:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дипломатски кор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Целта е вакцината да дојде до сите луѓе, порача дипломатскиот кор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/celta-e-vakcinata-da-dojde-do-site-lugje-poracha-diplomatskiot-kor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/celta-e-vakcinata-da-dojde-do-site-lugje-poracha-diplomatskiot-kor/#respond Sun, 28 Mar 2021 08:15:09 +0000 https://kurir.mk/?p=488762

Дипломатскиот кор во земјава, којшто беше присутен при пристигнувањето на првите 24.000 дози вакцини преку Ковакс механизмот на Меѓународниот аеродром во Скопје, порача дека нивна цел е вакцината да дојде до сите луѓе, бидејќи, посочија, никој не е безбеден додека сите не се безбедни. Американската амбасадорка Кејт Брнз по пристигнувањето на вакцините истакна дека е среќна што вакцините преку Ковакс механизмот пристигнаа денеска во земјава. -Сите земји треба да имаат пристап до вакцините против Ковид-19 со цел да се стави крај на пандемијата. Брзото ширење на Ковид-19 ни покажа дека ниту една нација не може да делува сама кога станува збор за глобалните предизвици. Ќе се соочиме и ќе ја пребродиме оваа пандемија доколку делуваме заедно како партнери, порача амбасадорката на САД Брнз. Германската амбасадорка Анке Холштајн изрази задоволство што денеска пристигнаа првите дози, иако како што рече, посакувала ова да се случеше три месеци порано. -Германија е коосновач на платформата за снабдување вакацини и е нејзин најголем донатор со 2,1 милијарди евра. Ковакс снабдува во првиот чекор до крајот на мај 142 земји со вакцини. Од нив 89 земји се во развој чии вакцини ќе бидат финансирани преку меѓународни донатори. Вакцините се бесплатни за државите приматели. Секое петто евро за тоа доаѓа од Германија, секое трето евро од ЕУ. Ова го правиме тоа, бидејќи ние сме дури тогаш сите други се безбедни. Во битката за распределба секој против секого, Германија со ЕУ, со нашите прозиводствени капцитети, можеби краткорочно би победиле. Но по таа цена во остатокот од светот пандемијата и понатаму неконторлирано би се ширела, подвлече Холштајн. Оцени дека распределбата не се одвива според политичка услуга и пи-ар вредност туку само според потребата и оти целта е сите во светот да можат да ја добијат потребната вакцина. Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј рече дека Велика Британија, како еден од првите донатори во Ковакс досега oбезбедила 548 милиони фунти за Ковакс и 1,3 милијарди фунти помош за ставање крај на пандемијата со коронавирусот што е можно побрзо. Посочи дека вакцините спасуваат живот и ја намалуваат хоспитализацијата и оти уште вакцини се потребни, но никој од нас не е безбеден се додека сите не сме безбедни. Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер, пак, истакна дека со овие дози вакцини ќе може да започне вистинската и масовна кампања за вакцинација во земјава. -И ова е само почеток. Над 100.000 дози се предвидени во рамки на овој механизам. Ова е прекрасна вест за граѓаните и за медицинскиот персонал. Но се разбира и дека ова е прекрасна вест и за целокупната здравствена состојба што е најважно. Но ова одлична вест и на политички план, бидејќи истата е конкретен одраз на меѓународната солидарност, како и на европската солидарност. Сите сме засеганти од оваа пандемија и истата ќе ја победиме само доколку сме обединети и солидарни, порача Бомгартнер. Никола Бертолини, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија наведе дека ова е среќен ден бидејќи Ковакс пристигна и почна да испорачува. Тимот Европа донираше 2,2 милијарди евра во Ковакс и оти вакцините се светло на крајот на тунелот на пандемијата. За Џихан Тавила, претставничка на СЗО во земјава, денеска е денот на знак на надеж бидејќи вакцините пристигнаа за оние на кои им се најпотребни а тос е здравствените работници и лицата со хронични болести, кои долго време ги чекаа вакцините. -Му се заблагодарувам на министерот Филипче и неговиот тим кои работеа напорно за да ги добијат вакцините, тоа е комплицирана работа не е лесно треба да се работи на регулатива, на логистика… Вакцините се рефлексија на солидарост во борба против вирусот. Се додека сите не се вакцинирани нема да бидеме безбедни, дотогаш треба да се придржуваме до мерките на дистанца, носење маска и одржување хигиена, рече Тавила. Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава ги охрабри луѓето да се вакцинираат, со цел, како што рече, да ги вратиме децата во училиштата, за децата да се чувствуваат здрави, родителите да можат да се вратат на работа, со цел да се бориме и против детската сиромаштија. Росана Дуџак, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија рече дека од почетокот на кризата ОН работи со Владата со цел намалување на последиците од пандемијата. Вакцините „Астра зенека“ што пристигаа денеска на аеродромот Скопје преку Ковакс механзимот се произведени во Кореја. Со нив вакцинацијата треба да стартува в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови. Покрај 24.000-те илјади дози што на здравствените власти им беа испорачани денеска во присуство на дипломатскиот кор и претставници на СЗО, ОН и УНИЦЕФ, за до крај на април преку Ковакс има најава за уште 76.000 вакцини од истиот производител за нашата држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/celta-e-vakcinata-da-dojde-do-site-lugje-poracha-diplomatskiot-kor/feed/ 0
Ги разбира ли полиглотот Заев пораките на амбасадорката Брнс и на целиот дипломатски кор во Македонија?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-razbira-li-poliglotot-zaev-porakite-na-ambasadorkata-brns-i-na-celiot-diplomatski-kor-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-razbira-li-poliglotot-zaev-porakite-na-ambasadorkata-brns-i-na-celiot-diplomatski-kor-vo-makedonija/#respond Fri, 31 Jan 2020 10:54:42 +0000 https://kurir.mk/?p=297354

Последниот период „корупција“ стана заеднички именител во вокабулоарот на амбасадорскиот кор во државата. Пораката е иста, само јазиците се различни, англиски, француски, германски, факт кој не би требало да биде проблем за полиглотот, екс премиер. Ова доаѓа по само три години откако Зоран Заев на власт дојде со загубени избори и на крајно сомнителен начин. Од тогаш почна со своите исто така сомнителни изјави, честопати зачинети со гафови и неразбирлива симболика во нив. Една таква изјава е дека судството ќе го отворел како пупка?! Па откако ја даде таа изјава, тогашниот премиер Заев, три пати аболиран во кариерата, сам се назначи за претседател на советот за судски реформи, па откако ги виде реакциите на јавноста се повлече. Оттогаш па до денес, секојдневно излегуваат нови афери за корупција кај луѓе блиски до заевата влада, но и за членови на неговото семејство. Последни се аферите за сканалдозниет доделувања лиценци во бизнисот со медицинска марихуана. Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави серија скандали поврзани со Зоран Заев и луѓе блиски до него, бизнисмени кои претпеле штета од истите јавно излегоа и обвинија за рекетирање и корупција и најтазе е вчерашното интервју за амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнс, која јасно и гласно вчера му порача на Зоран Заев дека корупцијата и невладеењето на правото се главни проблеми во државата. „Корупцијата предизвикува огромна загриженост. И борбата со корупцијата е толку клучна затоа што тоа е број еден препорака за позитивната иднина на оваа земја, за нејзиниот развој, за се што се надева да постигне. Мислам дека многу е важно да се препознае дека независно дали се работи за корупција на високо ниво во форма на поткуп на високи службеници или ситна корупција која граѓаните ја чувствуваат на дневна основа, кога чувствуваат дека треба да платат за да го запишат детето во одредено училиште, за да добијат работа или фер третман во болници. Сите овие форми на корупција ја изобличуваат економската ситуација и креираат недоверба во општетсвото. Затоа, неопходно е сите партии, властите на сите нивоа, но и целото општество да се обединат и да се поттикне сеопфатна дебата за кроупцијата, а тука улога играат и медиумите, но и да се обединат во акцијата да се справат со корупцијата како одговор од целото општество, и да осигураат, бидејќи никој не е имун, дека секој има своја улога“, рече Брнс. Но дали Заев ги разбира овие пораки? Дали Зоран Заев е свесен дека овие пораки доаѓаат од САД? Но ова не се први предупредувања од САД и падот од 13 места во новиот извештај на Транпаренси Интернешнал не е случаен. Индексот на Транспаренси Интернешнал се базира на експертски анализи за корупцијата во јавниот сектор земени по неколку фактори како – дали владини лидери во дадена држава се сметаат за одговорни заради корупција или се неказнети, дали јавните институции одговараат на потребите на граѓаните, дали се смета дека поткупот доминира во одделна држава. Ако добро се погледне овој извештај, ќе забележиме дека земји како Косово, Перу, БиХ, Кувајт, Тринидат и Тобаго, Колумбија, Виетнам и Етиопија се далеку повисоко од нас.   А доколку малку имаме познавање за дел од овие земји, ќе знаеме дека важат за земји во кои владее криминалот и корупцијата, а дел од нив се земји во кои се произведува разновидни дроги како кокаин, хероин и марихиана, проституцијата и трговијата со луѓе е на највисоко ниво. Такви земји во моментов се пред Македонија во овој извештај. Се поставува прашањето, за какви реформи зборуваше Зоран Заев, ако Македонија добива вакви извештаи? Тука не смее да се заборават и пораките од Германија и Франција, односно нивните амбасадори во земјава, Томас Герберих и Кристиан Тимоние, каде и двајцата повикаа за поголема борба против криминалот и корупцијата. – За граѓаните на Македонија е многу важно да има владеење на правото. Гледаме колку луѓе ја напуштаат земјата, тоа го гледам актуелно секое утро кога доаѓам во германската амбасада. Го гледам големиот ред пред амбасадата, ги гледам сите оние коишто поднесуваат барање за добивање на работна виза. Мислам дека освен плата и поголем животен стандард, им недостига и правната сигурност. Тоа е реформа која што треба прва да се спроведе, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих. – Прашањата за добивање на датумот кај нас се вртат околу две прашања. Прво, повторно да се види извештајот за напредокот на земјата од областа на човековите права и правната држава и втората точка е тој конкретен Закон за јавно обвинителство. Тој е многу важен затоа што со него би можело да се даде можност да се третираат и стари и нови предмети кои што ја трујат политичката клима. Многу е важно големите политички партии да успеат да се договорат за тоа прашање, посочи францускиот амбасадор Тимоние. И покрај ваквите опомени и пораки, заевата влада остана глува. Напротив, наместо ситуацијата да се подобри, истата се влошува секојдневно. Дипломатскиот кор е едногласен, корупцијата во Македонија е на највисоко ниво, граѓаните не се чуствуваат безбедни, а среќата се решени да си ја бараат во западноевропските земји. Во овој контекст, паралелно со предупредувањето за корупцијата до актуелната власт е и изјавата на Брнс во која таа повика на мирен трансфер на власта по изборите. Пораката е повеќе од јасна. Логиката вели дека доколку СДСМ победи, не може да има никаков трансфер, власта останува иста. Дали со констатацијата за корупцијата, амбасадорката, всушност, даде индиректно појаснување зошто актуелната власт веќе нема да биде на Илинденска бр.2, паралелно повикувајќи и предупредувајќи ги Заев и партијата да не прават проблеми и мирно да го изведат трансферот кој следува по изборите. Потврда на Брнс се и повеќето анкети на јавно мислење во последниот период, кои укажаа на лошиот рејтиг на СДСМ, освен една анкета нарачана лично од нив, која со наводното минимално водство на владејачката номенклатура, се протолкува како алатка за намалување непокојот кај сопственото членство.   Ристе Здравков]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-razbira-li-poliglotot-zaev-porakite-na-ambasadorkata-brns-i-na-celiot-diplomatski-kor-vo-makedonija/feed/ 0