дипломатски односи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Dec 2021 07:07:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дипломатски односи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Никарагва ги прекинува дипломатските односи со Тајван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikaragva-gi-prekinuva-diplomatskite-odnosi-so-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikaragva-gi-prekinuva-diplomatskite-odnosi-so-tajvan/#respond Fri, 10 Dec 2021 07:07:02 +0000 https://kurir.mk/?p=606392

Никарагва вчера ги прекина своите долгогодишни дипломатски врски со Тајван, префрлајќи ја верноста кон Пекинг како признавање на политиката на кинеската Комунистичка партија „Една Кина“. „Владата на Република Никарагва денеска ги прекинува дипломатските односи со Тајван и престанува да има какви било контакти или официјални односи. Народна Република Кина е единствената легитимна влада што ја претставува цела Кина, а Тајван е неотуѓив дел од кинеската територија“, се вели во соопштението на тамошното МНР. Тајван брзо реагираше, изразувајќи „болка и жалење“ поради одлуката и рече дека претседателот на таа централноамериканска земја, Даниел Ортега, го запоставил пријателството меѓу народот на Тајван и Никарагва. Потегот на Никарагва го остава Тајван со само 14 формални дипломатски сојузници, главно во Латинска Америка и Карибите, заедно со неколку мали држави. Раскинувањето со Тајван е удар и за САД, по неколкумесечните влошени односи меѓу Ортега и Вашингтон, а дојде на ден кога американскиот Стејт департмент соопшти дека вовел санкции за советникот за национална безбедност на Ортега, Нестор Монкади Лау, велејќи дека тој управува увозна шема и царинска измама за збогатување на членовите на владата на Ортега. Минатиот месец американскиот претседател Џо Бајден го критикуваше Ортега, нарекувајќи ги претседателските избори во Никарагва „пантомима“ затоа што поранешната марксистичка герилец и противник на САД од Студената војна победи на изборите и го освои четвртиот мандат по ред, пренесува Хина. Потегот на Никарагва, исто така, следи по заканите од новите лидери на Хондурас дека ќе ги прекинат односите со Тајпеј. Сепак, по минатомесечните избори во Хондурас, тимот на идниот претседател Ксиомар Кастро донекаде се повлече од таа позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikaragva-gi-prekinuva-diplomatskite-odnosi-so-tajvan/feed/ 0
Сомалија ги прекина дипломатските односи со Кенија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somalija-gi-prekina-diplomatskite-odnosi-so-kenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somalija-gi-prekina-diplomatskite-odnosi-so-kenija/#respond Tue, 15 Dec 2020 16:29:00 +0000 https://kurir.mk/?p=443641

Сомалија денеска ги прекина дипломатските односи со соседна Кенија, обвинувајќи ја за мешање во внатрешните работи, во време кога во оваа земја почнаа протести и дојде до престрелки во главниот град Могадишу заради одложените избори. Сомалискиот министер за информации, Осман Дубе, сооопшти дека сите сомалиски дипломати во рок од седум дена треба да се повлечат од Кенија, а сите кениски дипломати да си заминат од Сомалија, пренесуваат британските медиуми. -Сомалија ја донесе ваквата одлука по уште едниот обид за мешање во нашите внатрешни работи. Актуелната кениска Влада постојано предизвикува проблеми во Сомалија, рече Дубе во изјавата за Радио Могадишу. Кениската Влада се уште не реагирала на одлуката, наведуваат британските медиуми. Сето ова се случува во време кога во главниот град Могадишу избија антивладини протести во кои демонстрантите го кренаа гласот против претседателот Мохамед Абдула Мухамед Фармаз и одложените избори за двата дома на парламентот поради несогласувањата околу составот на изборните одбори. Вооружени мажи во цивилна облека, кои ги чуваа демонстрантите, почнаа да разменуваат оган со полицијата, принудувајќи ги демонстрантите да бегаат, а сведоците потврдија дека има и поврдени. Британските медиуми пренесуваат дека сомалиската Влада се уште нема издадено официјално соопштение за протестите и инцидентите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somalija-gi-prekina-diplomatskite-odnosi-so-kenija/feed/ 0
Гватемала ги прекинува дипломатските односи со Венецуела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gvatemala-gi-prekinuva-diplomatskite-odnosi-so-venecuela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gvatemala-gi-prekinuva-diplomatskite-odnosi-so-venecuela/#respond Fri, 17 Jan 2020 07:17:49 +0000 https://kurir.mk/?p=290978

Новиот претседател на Гватемала, Алехандро Џаматеи синоќа изјави дека ги прекинува дипломатските односи со владата на Венецуела, предводена од Николас Мадуро и оти ќе ја затвори Амбасадата во Каракас. – Го известивме министерот за надворешни работи дека дефинитивно ги прекинуваме односите со Владата на Венецуела и оти единственото лице во Амбасадата во Каракас треба да се врати во земјата, посочи Џаматеи. Тој ја презеде функцијата претседател на Гватемала во вторникот и најави прекин на односите со Венецуела. По таквата одлука шефот на венецуелската дипломатија Хорхе Ареца изјави дека Гватемала „и се потчинува“ на американскиот претседател Доналд Трамп. – Неговата Влада сигурно ќе биде уште една невкусна шега, што ќе биде заборавена, напиша Ареца на Твитер. Гватемала е активна членка на Лима групата, во која членуваат десетина држави од Јужна Америка и Канада, а формирана е во 2017 година за изнаоѓање на решение за кризата во Венецуела. Лима групата за легитимен претставник на Венецуела го признава Хуан Гуаидо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gvatemala-gi-prekinuva-diplomatskite-odnosi-so-venecuela/feed/ 0
Македонија и Јапонија – 25 години дипломатски односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-japonija-25-godini-diplomatski-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-japonija-25-godini-diplomatski-odnosi/#respond Wed, 20 Feb 2019 06:46:28 +0000 https://kurir.mk/?p=165841

Девет проекти за шест региони ќе бидат потпишани денеска по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија. На церемонијата на потпишувањето на грант договорите  ќе присуствува јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и девет директори од институциите добитници на грантовите, министрите за здравство, за образование, за локална самоуправа, Венко Филипче, Арбер Адеми, Сухејл Фазлиу и заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар. На приемот по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи ќе се обратат амбасадорката Ханеда и шефот на дипломатијата Никола Димитров, а ќе бидат објавени и добитниците на грант помошта за оваа година. Македонија и Јапонија пред 25 години ги воспоставија дипломатските односи. Амбасада на Северна Македонија во Јапонија е отворена во мај 2013 година, јапонската во земјава во јануари 2017 година. Кеико Ханеда, која е повеќе од една година на функцијата е првата резидентна амбасадорка на Јапонија во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-japonija-25-godini-diplomatski-odnosi/feed/ 0