дипломатски скандал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Sep 2021 11:40:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дипломатски скандал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Поради огромниот дипломатски скандал треба оставка на двоецот Димитров – Османи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-poradi-ogromniot-diplomatski-skandal-treba-ostavka-na-dvoecot-dimitrov-osmani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-poradi-ogromniot-diplomatski-skandal-treba-ostavka-na-dvoecot-dimitrov-osmani/#respond Tue, 07 Sep 2021 11:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=560529

Поради огромниот дипломатски скандал треба оставка на двоецот Димитров - Османи. Извлекувањето на ерменскиот тајкун од Ерменија е правено со употреба на многу ресурси и тоа не е изведено само од тројцата дипломати. Заев треба да каже како дипломатот Миленковски изнајмил авион и извлекол тајкун од Ерменија кој е брат на поранешен претседател и човек на лик Вице Заев? До сега не е забележано дипломати да можат да изнајмат приватен авион, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно е дека Миленковски и другите двајца дипломати се само извршители, а некој друг нарачател. Дали Заев го крие тој нарачател и дали тој е дел од власта? Сомнително е што Миленковски е близок човек до Виктор Димовски, шеф на АНБ. Заев мора да каже се користат ли државните ресурси за заштита на белосветски криминалци? Дополнителна индиција дека Заев нешто крие е фактот што пионите на Спасовски во МВР сокриле од Наќе Чулев секаков документ за случајот. Дали систематски е прикриван случајот Миленковски? Заев да почне да дава одговори. Ова се тешки скандали за државата за кои мора да има одговорност, порачуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-poradi-ogromniot-diplomatski-skandal-treba-ostavka-na-dvoecot-dimitrov-osmani/feed/ 0
Спречен дипломатски скандал во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sprechen-diplomatski-skandal-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sprechen-diplomatski-skandal-vo-srbija/#respond Sat, 12 May 2018 07:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=53291

Претседателката на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ изјави дека Ненад Чанак без да се консултира, на меѓународниот собир „Со идеја на ЕУ до мир и развој“, покрај парламентарци од Парштина повикал и пратеници од каталонскиот парламент. Во изјава за денешното издание на „Политика“, Гојковиќ вели дека бил спречен голем дипломатски скандал, бидејќи доколку повикот се реализирал тоа ќе значело навреда за Шпанија, земја чиј територијален интегритет и суверенитет Србија апсолутно го поддржува. Според Гојковиќ, Чанак како претседател на парламентарната Комисија за европски интеграции, на собирот, кој се одржува во Домот на Народното собрание, без да се консултира со неа и без таа и членовите на Комисијата да знаат, повикал парламентарци од Косово, но и пратеници од шпанската покраина Каталонија, која одржа референдум за независност. Објаснувајќи како можело да се испрати покана во Косово и Каталонија, таа нагласи дека Чанак ја приватизирал организацијата за овој добро подготвен собир, на кој присуствуваат претседатели на одделни парламенти, министри, амбасадори, а тука се и шпански парламентарни претставници. - Во разговор со членовите на Комисијата дознав дека адресите за одделни потенцијални учесници на собирот, кои сега ги нема по мојата реакција, стигнувале директно од Лигата на социјалдемократите на Војводина. Тоа бил обид ЛСВ да спроведе своја, а не политика на државата Србија, потенцира српската претседателка на Собрание. Таа додаде дека по нејзината реакција Собранието испратило писмо до каталонскиот Парламент дека се поканети по грешка и нивните потврди за присуство не важат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sprechen-diplomatski-skandal-vo-srbija/feed/ 0