дипломи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Jun 2020 18:48:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дипломи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали сте знаеле дека половина од вработените во Епл немаат факултетска диплома? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ste-znaele-deka-polovina-od-vrabotenite-vo-epl-nemaat-fakultetska-diploma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ste-znaele-deka-polovina-od-vrabotenite-vo-epl-nemaat-fakultetska-diploma/#respond Wed, 24 Jun 2020 18:48:39 +0000 https://kurir.mk/?p=362390

Голем број студенти сметаат дека стекнувањето на факултетска диплома и задолжувањето со големи студентски кредити се единствениот начин за вработување во водечките светски компании како Епл, Гугл и Нетфликс. Меѓутоа, тоа не е секогаш точно. Истакнатите деловни лидери – генералната директорка на Сименс во Америка, Барбара Хемптон и извршниот директор на Епл, Тим Кук, ја преиспитуваат потребата од факултетски дипломи. Половина од вработените во Епл немаат факултетска диплома Кук неодамна изјави дека околу половина од луѓето вработени во Епл не поседуваат факултетска диплома. Овој податок се однесува на работниците во САД. Извршниот директор заклучил дека многу факултети не подучуваат вештини кои се потребни на пазарот на труд, како што е кодирањето. Хемптон ја отфрла идејата дека 4-годишното студирање гарантира спремност за кариера. “Честопати во огласите за работа се бара факултетска диплома, но во реалноста дипломата воопшто не е потребна за работата за која кандидатот аплицира – тоа само им помага на нашите менаџери да направат некаква селекција за вработувањето”, изјавила неодамна Барбара во Белата куќа во текот на првиот состанок на американскиот Советодавен одбор за политиката на работната сила. Угледните компании како Гугл и Епл вработуваат работници кои ги поседуваат вештините потребни за извршување на работите, со или без диплома. Генералниот директор на Епл потсетува и дека нивната компанија ја основал Стив Џобс, човек кој се запишал на факултет и се откажал од истиот. Поради тоа политиката на компанијата е дека не е потребна диплома за некој да биде успешен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ste-znaele-deka-polovina-od-vrabotenite-vo-epl-nemaat-fakultetska-diploma/feed/ 0
Жените повеќе сакаат мажи со диплома https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zenite-povekje-sakaat-mazi-so-diploma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zenite-povekje-sakaat-mazi-so-diploma/#respond Wed, 08 Aug 2018 13:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=85851

Податоците од истражувањето на Техничкиот Универзитет Квинсленд во Австралија покажуваат дека образованието е најважна карактеристика, која денешните жени ја бараат кај мажите. Во студијата која опфатила 40.000 корисници на интернет страниците за запознавање партнери, на возраст од 18 до 80 години, експертски тим анализирал повеќе од 250.000 интеракции на корисници на еден од најпопуларните и најдоверливи австралиски сајтови за пронаоѓање партнер. Откриено е дека жените до 30-годишна возраст бараат партнери со исто или повисоко ниво на образование. Истражувањето покажува дека жените се многу попребирливи при изборот на партнери, а образованието е еден од главните индикатори на нивната интелигенција и општествен статус, што се, исто така, многу посакувани карактеристики кај посилниот пол. Од друга страна, студијата наведува дека мажите се попребирливи до 40-годишна возраст, но подоцна имаат многу поголеми барања при изборот на партнерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zenite-povekje-sakaat-mazi-so-diploma/feed/ 0