дирекција за заштита и спасување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Mar 2023 08:55:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дирекција за заштита и спасување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зградите во Адијаман биле полни со живот пред земјотресот, сведочи тимот на ДЗС кој учествуваше во спасувањето на 38-годишната жена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgradite-vo-adijaman-bile-polni-so-zhivot-pred-zemjotresot-svedochi-timot-na-dzs-koj-uchestvuvashe-vo-spasuvaneto-na-38-godishnata-zhena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgradite-vo-adijaman-bile-polni-so-zhivot-pred-zemjotresot-svedochi-timot-na-dzs-koj-uchestvuvashe-vo-spasuvaneto-na-38-godishnata-zhena/#respond Thu, 02 Mar 2023 08:55:43 +0000 https://kurir.mk/?p=807010

Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој веднаш по разорниот земјотрес во Турција, беше испратен да помогне во пронаоѓањето на преживеани и учествуваше во извлекувањето на 38-годишната жена, во разговор за МИА открива дека нејзиното извлекување од урнатините траело цели осум часа. По пристигнувањето во градот Адијаман, веднаш почнала потрагата по преживеани, но првиот ден извлечени биле три починати лица. Веќе следниот ден заедно со Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Република Турција - АФАД, успеваат да ја извлечат 38-годишната жена жива од урнатините. - Веќе вториот ден додека работевме при расчистување на северната страна на објектот, а работевме 24/7, тимот којшто беше на смена, дојде до визуелен контакт со една преживеана личност. Тоа беше 38-годишна Турчинка, раскажува тим-лидерот на Репубичкиот тим за спасување Ивица Наумовски. Воспоставиле контакт со неа со помош на преведувач од турски на македонски јазик, а екипите на турски АФАД помогнале во делот на медицинската помош. - Почнавме со расчистување на се што беше околу неа за да можеме по осум работни часа да ја извлечеме на безбедно, да ја предадеме на амбулантното возило и потоа да ја префрлат во болниците што беа оспособени за работа за време на разорниот земјотрес во Турција, раскажува Наумовски во видео изјава за МИА. Целиот тим вели дека се вратиле оттаму со голема тага и дека она што го виделе ќе го носат цел живот со себе. - Сите безбедно се вративме во нашата држава со големо искуство, меѓутоа и со голема тага за она што се случи таму, бидејќи како што работевме на самите објекти при отстранување на плоча по плоча видовме дека тие згради биле полни со живот пред да се случи земјотресот, вели Наумовски. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути вели дека уште од првиот ден откако силниот земјотрес го погоди јужниот дел на Турција, стапиле во контакт со Турската амбасада во Скопје и дека веќе следниот ден на 7 февруари е испратен првиот тим со 40 луѓе во спасувачка мисија. Потоа е испратена уште една група која заедно со првиот тим броеле вкупно 68 спасувачи. - Скоро сите членови на овие тимови се луѓе кои имаат претходно искуство во делот на справување со земјотреси. Имаат поминато различни обуки во државата и надвор и сите треба да бидеме горди на нивната храброст, но и на спасувачката мисија којашто вроди со плод. Спасивме 38-годишна жена од под урнатините при што сакам да упатам благодарност и на некој начин да искажеме сите поклонетост кон овие момци кои дадоа се од себе, вели Максути, најавувајќи дека тие ќе бидат соодветно наградени. Горан Андов и Дејан Спасевски од Секторот за оператива и логистика при ДЗС, од моментот кога добиваат задача за заминување на републичкиот тим за заштита и спасување почнуваат да прибираат информации за потребите на тимот.
- Првично знаевме дека мора да набавиме храна оттука барем за минимум четири дена и да ги задоволиме основните потреби, а тоа е шаторско сместување, кревети и сите минимум потребни услови, објаснува Андов за МИА во врска со нивниот престој во Турција и како се снаоѓале во тие услови со оглед на тоа што имаше сериозни проблеми со какво било снабдување затоа што земјотресот зафати голема територија во тој дел од земјата. Тие биле одговорни за безбедноста на кампот и сите останати логистички потреби имајќи предвид дека во радиус од 200 километри воопшто немало ниту храна, ниту какви било други средства за нивните потреби, но, како што посочија, имале голема поддршка од турските служби. Според директорот на ДЗС, треба да извлечеме поука од земјотресот во Турција. Земјотресите, вели тој, не може да се предвидат, но потребни се мерки со кои ќе се намалат последиците во случај на ваква природна непогода. - Без разлика што поминуваме низ многу обуки, сепак земјотресите бараат посебно внимание, односно бараат мерки коишто треба да ги намалат последиците во случај на земјотреси. Кога сме кај намалување на овие последици, ние можеме да бидеме горди затоа што после земјотресот во 1963 година во Скопје се градело квалитетно. Кога велам квалитетно, мислам во однос на цврстината на издржливост од земјотреси, вели Максути. По разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија на почетокот на февруари, бројот на починати според последните информации, се искачи над 50.000. Извор:МИА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgradite-vo-adijaman-bile-polni-so-zhivot-pred-zemjotresot-svedochi-timot-na-dzs-koj-uchestvuvashe-vo-spasuvaneto-na-38-godishnata-zhena/feed/ 0
ВИДЕО: Извлечена преживеана 38-годишна жена од тимот на Дирекцијата за заштита и спасување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-izvlechena-prezhiveana-38-godishna-zhena-od-timot-na-direktsijata-za-zashtita-i-spasuvane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-izvlechena-prezhiveana-38-godishna-zhena-od-timot-na-direktsijata-za-zashtita-i-spasuvane/#respond Fri, 10 Feb 2023 18:30:14 +0000 https://kurir.mk/?p=799119

Дирекцијата за заштита и спасување извести дека нејзините тимови извлекле преживеана 38-годишна жена од урнатините во Турција.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-izvlechena-prezhiveana-38-godishna-zhena-od-timot-na-direktsijata-za-zashtita-i-spasuvane/feed/ 0
Тим од 40 лица од ДЗС на терен во турскиот град Адијаман https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tim-od-40-litsa-od-dzs-na-teren-vo-turskiot-grad-adijaman/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tim-od-40-litsa-od-dzs-na-teren-vo-turskiot-grad-adijaman/#respond Thu, 09 Feb 2023 12:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=798410

Првиот тим за спасување составен од 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување од синоќа се на терен во градот Адијаман, Турција и веднаш се приклучени во операциите за пребарување и спасување. Како што соопштија од ДЗС, истовремено се прават процени за потребите на терен и да се подготви за пристигнување вториот тим кој е во близина. - Тимовите навреме и брзо се одвоија во помали тимови и се упатија на различни места за спасување во градот Адијаман, се наведува во соопштението.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tim-od-40-litsa-od-dzs-na-teren-vo-turskiot-grad-adijaman/feed/ 0
Авионски и рачни бомби, тенковски мини: За три дена пронајдени над 800 неексплодирани убојни средства од двете Светски војни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avionski-i-rachni-bombi-tenkovski-mini-za-tri-dena-pronajdeni-nad-800-neeksplodirani-ubojni-sredstva-od-dvete-svetski-vojni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avionski-i-rachni-bombi-tenkovski-mini-za-tri-dena-pronajdeni-nad-800-neeksplodirani-ubojni-sredstva-od-dvete-svetski-vojni/#respond Tue, 15 Nov 2022 10:07:37 +0000 https://kurir.mk/?p=760812

Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување во изминатиот период пронашле голема количина на неексплодирани убојни средства. Како што информираат од ДЗС дел од нив датираат од Првата Светска Војна и дел од нив се од Втората Светска Војна. - На ден 11.11.2022г. во реонот на Битола се пронајдени 837 рачни бомби, два дена подоцна на 13-ти ноември, на патот Извор, Дебар се пронајдени 4 авионски бомби SB германско производство и истите се уништени на лице место при што се превземени сите безбедносни мерки за нивно ништење. Веќе следниот ден во село Плетвар биле пронајдени две тенковски школски мини, информира ДЗС. Истовремено се интервенирало и во Гевгелија, Дојран, Ресен каде се пронајдени девет неексплодирани убојни средства. Дел од гранатите се уништени на лице место, а дел се безбедно подигнати за понатамошно ништење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avionski-i-rachni-bombi-tenkovski-mini-za-tri-dena-pronajdeni-nad-800-neeksplodirani-ubojni-sredstva-od-dvete-svetski-vojni/feed/ 0
ФОТО: Во Струмичко и Кумановско пронајдени неексплодирани средства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-vo-strumichko-i-kumanovsko-pronajdeni-neeksplodirani-sredstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-vo-strumichko-i-kumanovsko-pronajdeni-neeksplodirani-sredstva/#respond Sun, 12 Jun 2022 14:37:49 +0000 https://kurir.mk/?p=689890

Пиротехничари на Дирекцијата за заштита и спасување во с. Костурино, Струмица пронашле артилериска граната од 75мм. Во с. Виштица, Куманово е пронајдено стабилизатор од минофрлачка граната 120 мм. Од ДЗС информираат дека неексплодираните средства безбедно се подигнати за понатамошна постапка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-vo-strumichko-i-kumanovsko-pronajdeni-neeksplodirani-sredstva/feed/ 0
И по 3 години земјава нема функционален авион за гаснење пожар, првиот се очекува кон крајот на април – другите два поради дефект не заминале на сервис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-po-3-godini-zemjava-nema-funkcionalen-avion-za-gasnenje-pozar-prviot-se-ochekuva-kon-krajot-na-april-drugite-dva-poradi-defekt-ne-zaminale-na-servis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-po-3-godini-zemjava-nema-funkcionalen-avion-za-gasnenje-pozar-prviot-se-ochekuva-kon-krajot-na-april-drugite-dva-poradi-defekt-ne-zaminale-na-servis/#respond Tue, 29 Mar 2022 08:58:58 +0000 https://kurir.mk/?p=654907

Иако е рано, според пожарникарите сезоната на пожари во Македонија веќе е започната. Изминативе денови во скопско, велешко, кумановско, штипско, струмичко беа пријавени поголем број пожари, дел од нив шумски. Земјава минатата година во летните месеци се соочуваше со огромни шумски пожари, изгореа илјадници хектари шума. Неподготвеноста на македонските институции да се справат со ваква состојба доведе до апели за помош. Институциите затаија во извршувањето на нивните обврски, па на помош дојдоа екипи од повеќе држави кои ја терен ја покажаа својата подготвеност. Дали оваа година Македонија е подготвена да се соочи со шумски пожари? Еден од главните проблеми минатата година беше и нефункционалноста на авионите за гаснење пожари кои две години беа во хангарите. По минатогодишните пожари, постапката беше завршена и потпишана одлуката за нивно сервисирање во Шпанија. Процесот на сервисирање, според информациите трае до два месеци, а сервисот е со важност од една година. Од Дирекцијата за заштита и спасување за Курир велат дека располагаат со три воздухоплови „Ер Трактор“ АТ-802А кои не се во функција да извршуваат специјализирани операции, односно гаснење на шумски пожари.
-Во моменов се очекува примопредавање на првиот сервисиран авион од трите авиони кои ги поседуваме. Останатите два воздухоплови требаше да одат на сервис пред 10 дена, но поради технички дефект на едниот од нив, нивното заминување е одложено до доаѓањето на резервните делови и отстранување на дефектот. Воздухопловите беа планирани да одат во тандем поради запазување на безбедносните услови за летање преку поголема водена површина, велат од ДЗС за Курир.
Појаснуваат дека едниот авион е во завршна фаза на годишен преглед во ТИТАН Шпанија. По сервисот следува основен преглед од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство и се продолжува пловидбеноста на воздухопловот.
-За воздухопловот да биде способен за гаснење на шумски пожари до Агенцијата за воздухопловство се поднесува барање за издавање на Декларација со овластување за вршење на специјализирани операции како што се гаснење на шумски пожари. За гаснење на шумски пожари, еден воздухоплов може да се планира да се ангажира на крај на април, а другите два штом заврши нивното годишно сервисирање, стои во одговорот на Дирекцијата.
Во март месец регистрирани се околу 140 пожари, од кои неколку сериозни, опожарена е поголема површина, нанесена голема штета на овоштарници и шума. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вчера истакна дека штетите се проценети на околу 38,5 милиони евра. И додека од ДЗС велат дека Македонија нема во моментов функционален авион за гаснење пожар, Ангелов го очекува да се врати во секој момент. Очекува и другите авиони да бидат подготвени до почеток на сезоната на пожари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-po-3-godini-zemjava-nema-funkcionalen-avion-za-gasnenje-pozar-prviot-se-ochekuva-kon-krajot-na-april-drugite-dva-poradi-defekt-ne-zaminale-na-servis/feed/ 0
Спаувачката акција на Шар Планина со среќен крај: Пронајдени повредените планинари, еве каква е нивната состојба https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spauvachkata-akcija-na-shar-planina-so-srekjen-kraj-pronajdeni-povredenite-planinari-eve-kakva-e-nivnata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spauvachkata-akcija-na-shar-planina-so-srekjen-kraj-pronajdeni-povredenite-planinari-eve-kakva-e-nivnata-sostojba/#respond Sun, 30 Jan 2022 18:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=624788

Успешно пронајдени и спасувани планинарите од страна на Екипите за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување. - Еден од планинарите бил повреден на кој му е извршено брзо интервирање на коленото. Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со планинарите се упатени кон с. Вешале, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spauvachkata-akcija-na-shar-planina-so-srekjen-kraj-pronajdeni-povredenite-planinari-eve-kakva-e-nivnata-sostojba/feed/ 0
Во тек е спасувачка акција: Двајца планинари од Скопје повредени на Шар Планина, екипите на терен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-spasuvachka-akcija-dvajca-planinari-od-skopje-povredeni-na-shar-planina-ekipite-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-spasuvachka-akcija-dvajca-planinari-od-skopje-povredeni-na-shar-planina-ekipite-na-teren/#respond Sun, 30 Jan 2022 17:50:10 +0000 https://kurir.mk/?p=624779

Денеска, 30.01.2022 година, околу 15:00 часот, Екипа за брз одговор за спасување од планина од Подрачното одделение за заштита и спасување Тетово со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување откако било пријавено дека двајца планинари од Скопје се повредени некаде над с.Вешала, Кобилица на Шар Планина во близина на границата со Косово. По комуникацијата со лицата, екипите се упатиле кон локацијата за да ги пронајдат и спасат. - Акцијата за спасување се спроведува внимателно и за секоја информација ќе ја информираме јавноста, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-spasuvachka-akcija-dvajca-planinari-od-skopje-povredeni-na-shar-planina-ekipite-na-teren/feed/ 0
ФОТО: Повреден планински велосипедист, погледнете ја спасувачката акција во битолско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povreden-planinski-velosipedist-poglednete-ja-spasuvachkata-akcija-vo-bitolsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povreden-planinski-velosipedist-poglednete-ja-spasuvachkata-akcija-vo-bitolsko/#respond Tue, 18 Aug 2020 07:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=391952

По пријава за повреден планински велосипедист на планината Баба, вчера покрај Министерството за внатрешни работи и Брзата помош од Битола, се вклучи и Дирекцијата за заштита и спасување, со Тим за спасување од планина од ПОЗС- Битола. -Со помош на теренско возило, тимот на Дирекцијата за заштита и спасување веднаш по пријавата се упати кон местото викано "Антени" со што на повреденото лице му беше пружена медицинска помош. Повредениот е транспортиран до Здравствениот дом во Битола на понатамошно лекување, објави ДЗС на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povreden-planinski-velosipedist-poglednete-ja-spasuvachkata-akcija-vo-bitolsko/feed/ 0
Дирекција за заштита и спасување: Граѓаните да не се движат покрај реките и речните брегови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direkcija-za-zashtita-i-spasuvanje-gragjanite-da-ne-se-dvizat-pokraj-rekite-i-rechnite-bregovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direkcija-za-zashtita-i-spasuvanje-gragjanite-da-ne-se-dvizat-pokraj-rekite-i-rechnite-bregovi/#respond Wed, 05 Aug 2020 13:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=386650

Поради нестабилното време проследено со локален пороен дожд, грмежи и град, предизвикано од циклонска активност, Дирекцијата за заштита и спасовање апелира граѓаните да не се движат покрај реките и речните брегови во земјата. – Согласно Законот за заштита и спасување и најавата на УХМР за нестабилно време проследено со локален пороен дожд, грмежи и град, предизвикано од циклонска активност, Дирекцијата за заштита и спасување ја следи ситуацијата и навремено ги извести сите подрачни одделенија за заштита и спасување како и единиците на локалната самоуправа за превземање на мерки во своите надлежности. Дирекцијата за заштита и спасување АПЕЛИРА до граѓаните да не се движат покрај реките и речните брегови низ земјата, се вели во соопштението Дирекцијата. Утрово, УХМР информираше дека и покрај најавените поројни врнежи во наредните денови, нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, но, предупреди дека е можно слевање вода во градските урбани средини. – Почнувајќи од денешните попладневни часови, па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, наведува УХМР. Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер. – Поради тоа, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, информираше УХМР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direkcija-za-zashtita-i-spasuvanje-gragjanite-da-ne-se-dvizat-pokraj-rekite-i-rechnite-bregovi/feed/ 0