директори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 16:32:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png директори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерот Меџити: Заедничките служби на Клинички центар ништо не работат, а сите 66 директори треба да се разрешат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-medhiti-zaednichkite-sluzhbi-na-klinichki-tsentar-nishto-ne-rabotat-a-site-66-direktori-treba-da-se-razreshat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-medhiti-zaednichkite-sluzhbi-na-klinichki-tsentar-nishto-ne-rabotat-a-site-66-direktori-treba-da-se-razreshat/#respond Tue, 17 Oct 2023 16:32:50 +0000 https://kurir.mk/?p=889932

Приорите од првиот ден ми е спојување на клинички центар, што како пример и референтен центар ми е Словенија и Љубљана како клинички центар, истите жители, истата географска големина. Ние не сме ни по паметни, ни побогати од нив и мислам дека треба да следиме нив, не треба да откриеме топла вода, вели министерот за здравство Фатмир Меџити од денешната седница на Анкетната комисија за случајот си клиниката за онкологија, во македонското Собрание, додавајќи дека ние сме земја која што има 66 директори на еден метар квадратен. Меџити истакна дека овие 66 директори на универзитетските клиники во Клиничкиот центар во Скопје треба да се разрешат и дека треба да се укине и Службата за заеднички работи која во изминатиот период ништо не работи освен што од година во година ги зголемува долговите. „Јас сум за тоа дека треба да се тргнат овие директори и сите тие јавни набавки да бидат на ниво на еден заеднички клинички центар а не со Заеднички служби кои ништо не работат, не ги знаат одговорностите, само се загубари и од година во година ги зголемуваат долговите. Затоа ова е конкретна јасна мерка и во иднина ќе видите дека ова ќе биде реалност и како ќе се справиме со сите овие нерегуларности и за кои и јас потполно се согласувам“, рече министерот Меџити.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-medhiti-zaednichkite-sluzhbi-na-klinichki-tsentar-nishto-ne-rabotat-a-site-66-direktori-treba-da-se-razreshat/feed/ 0
Јанчев бара разрешување на директорите по инцидентот во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-bara-razreshuvane-na-direktorite-po-intsidentot-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-bara-razreshuvane-na-direktorite-po-intsidentot-vo-kavadartsi/#respond Mon, 12 Jun 2023 17:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=845030

Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на двајцата директори на основни училишта по инцидентот со нарушување на јавен ред и мир, се вели во соопштението од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Во соопштението се појаснува  дека градоначалникот заедно со службите на општината Кавадарци, денеска ја разгледале состојбата со инцидентот. - Доставени се дописи до училишните одбори на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци и ООУ „Тошо Велков Пепето“. Се бара разгледување на информациите од ОВР Кавадарци и СВР Велес за инцидентот во кои се вклучени двајцата директори и училишните одбори да донесат одлука за разрешување на Ѓорѓи Ѓорчев од директорската функција во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ и Сашко Пановски од директор на ООУ „Тошо Велков Пепето“, се додава во соопштението. Како што завчера информираа од СВР Велес, на 10 јуни околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето. - По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, нагласи тогаш Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-bara-razreshuvane-na-direktorite-po-intsidentot-vo-kavadartsi/feed/ 0
СКАНДАЛ: Двајца директори на основни училишта во Кавадарци се тепаат среде дискотека, градоначалникот Јанчев најави каква казна ги очекува во понеделник! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-dvajtsa-direktori-na-osnovni-uchilishta-vo-kavadartsi-se-tepaat-srede-diskoteka-gradonachalnikot-janchev-najavi-kakva-kazna-gi-ochekuva-vo-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-dvajtsa-direktori-na-osnovni-uchilishta-vo-kavadartsi-se-tepaat-srede-diskoteka-gradonachalnikot-janchev-najavi-kakva-kazna-gi-ochekuva-vo-ponedelnik/#respond Sat, 10 Jun 2023 17:39:50 +0000 https://kurir.mk/?p=844442

Видео снимка која набрзо беше избришана од социјалните мрежи, направена синоќа во ноќен клуб во центарот на Кавадарци, покажува за тепачката меѓу два директори на основни училишта во Кавадарци. Возрасните мажи кои се тепаат, а потоа присутните ги разделуваат, се директори во две основни училишта во градот. Тие биле приведени во полициската станица поради напад на обезбедувањето, под дејство на алкохол, како и поради нарушување на јавниот ред и мир. Кавадарчани се згрозени од настанот и јавно прашуваат како може носители на јавни функции, во дискотека каде излегуваат нивните деца, да се однесуваат на таков недоличен начин. Се бара одговорност и нивно поднесување на оставки од морални причини. За ова се јави со став и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој најави дека во понеделник следува разрешување на двете лица од нивните функции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-dvajtsa-direktori-na-osnovni-uchilishta-vo-kavadartsi-se-tepaat-srede-diskoteka-gradonachalnikot-janchev-najavi-kakva-kazna-gi-ochekuva-vo-ponedelnik/feed/ 0
Ќе се укинат организациските директори на клиниките, а медицинските ќе бидат раководители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-se-ukinat-organizatsiskite-direktori-na-klinikite-a-meditsinskite-ke-bidat-rakovoditeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-se-ukinat-organizatsiskite-direktori-na-klinikite-a-meditsinskite-ke-bidat-rakovoditeli/#respond Mon, 05 Jun 2023 13:44:28 +0000 https://kurir.mk/?p=842322

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска најави дека покрај разрешување на организациските директори во Клиничкиот центар во Скопје, медицинските директори ќе се пренаменат во раководители на соодветните клиники. За иницијативата за разрешување на организациските директори, Меџити образложи дека таму немало кабинети, возачи, туку секретари, кои, како што рече, ќе работат за матичните клиники. -Ова се однесува само на Клинички центар. Не дека ќе ги снема само организациските, туку и медицинските директори, кои ќе се пренаменат во раководители на тие клиники. Како што е ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Тоа е успешна приказна и супер функционира, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити по промоцијата на новата онлајн услуга: електронска регистрација на новороденче во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка тереза“-Чаир. Според него, финансиската импликација од оваа мерка е многу голема. -Не само платите на директорите, па и снадувањето и тендерирањето, секој сам го прави. Тогаш ќе го прави една куќа и ќе се добие со најниска цена со цел буџетот да не се оштети и пациентите да добиваат подобра услуга, рече Меџити. Функционирањето внатре, од медицински, здравствен аспект, посочи, сега е потежок. Кога ќе биде еден правен субјект, ќе функционира многу подобро и ќе има термини, смета министерот за здравство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-se-ukinat-organizatsiskite-direktori-na-klinikite-a-meditsinskite-ke-bidat-rakovoditeli/feed/ 0
Чулев: За платите на тројца директори граѓаните плаќаат 10.000 евра месечно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-za-platite-na-trojtsa-direktori-graganite-plakaat-10-000-evra-mesechno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-za-platite-na-trojtsa-direktori-graganite-plakaat-10-000-evra-mesechno/#respond Sun, 28 May 2023 09:18:52 +0000 https://kurir.mk/?p=839675

За плати на директорите на трите државни агенции од безбедносниот сектор, само за еден месец граѓаните плаќаат речиси 10 илјади евра. Просечната плата на секој од нив согласно законски утврдениот коефициент и другите додатоци, е околу 3 илјади евра, на месечно ниво, посочува Наќе Чулев. Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение: Кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, вкупната сума која државата ја двои секој месец за плати за само три лица односно Директорите на Агенција за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Оперативно техничката агенција, изнесува фантастични 600.000 денари. На годишно ниво, само за директорите на овие три институции се трошат речиси 7.200.000 денари. Платата на секоја овие три директори е повисока дури од платата на Претседателот на државата и Премиерот. Јас, вие и сите чесни и одговорни граѓани на Република Македонија, редовно и одговорно плаќаме даноци за енормно високите плати на лицата кои се поставени и работат исклучиво на спроведување партиски агенди и директиви, тргување со влијание, вршење притисок и следење на опозицијата, спроведување мобинг и закани врз вработените, неспроведување на законите, градење перцепција и клеветење кај меѓународната заедница дека опозицијата е анти ЕУ и пропагира и практикува македонски национализам и екстремизам, злоупотреба на процесот на издавање на безбедносни сертификати со цел елиминирање на политички неистомисленици ...и уште многу други работи. Сите ние плаќаме илјадници евра за плати на луѓето кои се возат во луксузни и скапи возила, кои имаат цела армија обезбедувања и возачи, јадат скапи ручеци и единствено нешто што направија се низата скандали поврзани со безбедносните сертификати, спорните државјанства и пасоши на белосветски криминалци и фактот дека го доведоа безбедносно – разузнавачкиот систем во катастрофално, лоша состојба во каква што не бил во изминатите 30 години, сериозно нарушувајќи ги безбедносните капацитети на Македонија кои имаат основна цел зачувување на уставниот поредок на државата и територијалниот интегритет. Одговорни, едуцирани и докажани професионалци на раководни позиции со високи морални вредности и интегритет. Тоа е критериумот кој го бара европската унија и НАТО. Астрономските плати се само начин на кој оваа власт продолжува да го осиромашува народот и да ја руши економијата на државата. Во услови на економска криза и сериозна сиромаштија, толку високи плати се уште една потврда за немањето грам срам и осет во редовите на политичките партии кои се дел од власта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-za-platite-na-trojtsa-direktori-graganite-plakaat-10-000-evra-mesechno/feed/ 0
Контраверзии при полагањето на Државниот испит за директори, откажале полагање зошто комисијата не се појавила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontraverzii-pri-polaganeto-na-drzhavniot-ispit-za-direktori-otkazhale-polagane-zoshto-komisijata-ne-se-pojavila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontraverzii-pri-polaganeto-na-drzhavniot-ispit-za-direktori-otkazhale-polagane-zoshto-komisijata-ne-se-pojavila/#respond Wed, 03 May 2023 18:02:35 +0000 https://kurir.mk/?p=830292

Контраверзии го следат полагањето на директорскиот испит организиран од Државниот испитен центар. Година ипол откако истиот беше блокиран поради политички опструкции денес кандидатите кои требале да полагаат се вратени зошто недостасувале членови на комисиката задолжена за полагањето. Инаку година ипол Државниот испитен центар нема распишано испити за полагање на менаџерски испит, а со тоа централната власт го ускратува уставното право на потенцијалните директори да полагаат за лиценца за менаџери. Ова е уште еден доказ за апсурдноста со која се соочуваат општините. -И покрај тоа што овие луѓе уплатиле, полагале, со одлука на новиот директор се поништија полагањата и испитите кои ги имат положено потенцијалните кадри за директори. Само да се елиминира потенцијалната конкуренција, на кадрите кои во времето на СДСМ , не навлегувам на каков начин, добиле соодветна лиценца за директори, изјави штипскиот градоначалник Јорданов за овој случај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontraverzii-pri-polaganeto-na-drzhavniot-ispit-za-direktori-otkazhale-polagane-zoshto-komisijata-ne-se-pojavila/feed/ 0
Училиште од Велес со двајца директори, еден назначен од министер, еден од градоначалник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishte-od-veles-so-dvajca-direktori-eden-naznachen-od-minister-eden-od-gradonachalnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishte-od-veles-so-dvajca-direktori-eden-naznachen-od-minister-eden-od-gradonachalnik/#respond Thu, 29 Dec 2022 20:11:01 +0000 https://kurir.mk/?p=782337

Двајца наставници од основното училиште „Блаже Конески“ од Велес во текот на денешниот ден добиле решенија за директори, едниот од градоначалникот Марко Колев, другиот од министерот за образование Јетон Шаќири, дознава „А1он“. Градоначалникот на Велес, Марко Колев изготвил решение за назначување на в.д. директор откако од просветниот и општинскиот инспектор биле утврдени неправилности во постапката за именување на директор на истото училиште. Но исто така и министерот Шаќири изготвил свое решение. „Министерот според оваа постапка се поставил над Законот за основно образование и надвор од неговата надлежност поставил негов директор игнорирајќи ги записниците од инспекторите. Според истиот закон надлежен орган за назначување на директор или в.д директор е градоначалникот, но не и министерот. Очигледно е дека има прекршување на законите во поглед на надлежностите, но дали некој ќе реагира“, велат извори за „А1он“. Министерот за образование постапувал во сличен случај во средното училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес. Таму најпрвиин ги одземал ингеренциите од градот за хемиското училиште и потоа назначил в.д. директор, но во случајот со основното училиште „Блаже Конески“ не бил испочитуван законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishte-od-veles-so-dvajca-direktori-eden-naznachen-od-minister-eden-od-gradonachalnik/feed/ 0
Од 2024 година ќе се намали бројот на директори и членови на Управните одбори во јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-2024-godina-kje-se-namali-brojot-na-direktori-i-chlenovi-na-upravnite-odbori-vo-javnata-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-2024-godina-kje-se-namali-brojot-na-direktori-i-chlenovi-na-upravnite-odbori-vo-javnata-administracija/#respond Thu, 17 Nov 2022 15:52:43 +0000 https://kurir.mk/?p=762495

Кратење на директорски места , членови на управни одбори, затворање или спојување на агенции кои имаат исти надлежности, сето ова се планира со реорганизација на администрацијата, најавена за 2024. Ресорниот министер уверува дека нема да има отпуштања по министерствата, бидејки како што вели има дефицит на вработени. - Ќе се намали бројот на директори и на членови на Управни одбори, а не на вработени. Ќе имаме дефицит на вработени во централната власт. Вработените ќе останат, а ќе има директори кои во 2024 година нема да бидат повеќе на таа позиција, вели Адмирим Алити. Реформите во администрацијата се неопходни, порача евроамбасадорот Гир, иако , признава , се работи за политички процес кој е исклучително чувствителен. Веке се направени пилот проекти за реорганизација во три министерства за земјоделство, економија и информатичко општество со цел да се постигне ефикасности и транспарентност, но и да се избегнат досегашните лоши практики. Пилот проектите се спонзорирани од ЕУ, преку Ипа фондовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-2024-godina-kje-se-namali-brojot-na-direktori-i-chlenovi-na-upravnite-odbori-vo-javnata-administracija/feed/ 0
„10 месеци додека директорите на јавните претпријатија под Град Скопје беа од ВМРО-ДПМНЕ градот беше отворен за граѓаните и се реализираа проекти“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/10-meseci-dodeka-direktorite-na-javnite-pretprijatija-pod-grad-skopje-bea-od-vmro-dpmne-gradot-beshe-otvoren-za-gragjanite-i-se-realiziraa-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/10-meseci-dodeka-direktorite-na-javnite-pretprijatija-pod-grad-skopje-bea-od-vmro-dpmne-gradot-beshe-otvoren-za-gragjanite-i-se-realiziraa-proekti/#respond Sat, 05 Nov 2022 13:52:45 +0000 https://kurir.mk/?p=756203

На денешната трибина „Предизвици на Градот Скопје“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, координатор на советничката група на Град Скопје при ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истакна дека ако нешто може да се каже дека функционира во Градот, тоа е единствено Советот на Град Скопје. - За првпат од кога постои Совет на Градот Скопје воведовме една пракса на транспарентност, каде што граѓаните во живо можат да ги следат седниците на Градот Скопје, да ја видат одблиску работата на секој од нас советниците, како и градската власт. Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата воспоставивме пракса од самиот почеток на отворени денови за средби со граѓаните. И колк што сум запознаена не само тие официјални денови кога имаме предвидено средби со граѓаните, буквално секој советник од оваа советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остваруваат средби на дневна основа со граѓаните дали тоа се поединци, здруженија и сл., рече Андоновска. - Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наша примарна цел е остварување т.е. реализација на програмата „За модерно Скопје“. Како повеќето партии така и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанавме зад оваа програма „За модерно Скопје“ и буквално одевме од врата на врата, во секој дом, и ја промовиравме оваа програма. Од тие причини наша обврска е и обврзувачки е ние да се обидеме како Совет, како советници да направиме што е можно повеќе оваа програма да се реализира. И тоа е единственото нешто што ние го бараме како Совет. Она што јас можам да го кажам е дека не постои ниту еден проект кој што бил предложен на дел од програмата или проект кој што е за доброто на граѓаните на Град Скопје, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за него. Значи такво нешто не постои и покрај обвинувањата дека тоа се случува, заклучи таа. Андоновска нагласи дека граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку сакаат да видат дека советниците, градоначалникот, Градот се оние што зборуваат, имаат натпревар на идеи кои што би значело подобар проект или побрза реализација на истите проекти. Во Градот Скопје транспарентност нема, отчетност нема. Советниците на Градот Скопје не добиваат ниту одговор на советничките прашања кои што ги поставуваат. Советничките прашања не се лични прашања туку тие произлегуваат од средбите со граѓани. градоначалникот на Град Скопје не треба да одговори на советниците, туку да одговори на граѓаните. - Градот во моментов е узурпиран од актуелниот секретар на Градот Скопје. И зошто ова го кажувам, без двојба? Поради тоа што во Градот во последно време се секаде поставени камери, не знам со која цел. Поставени се дури и безбедносни врати. Но, ајде тоа да го тргнеме настрана, јас морам да споменам една случка што ми се случи скоро, а тоа е дека како што споменав имаме средби со граѓани и тоа е на различни локации, или во просториите на некој од нашите партиски штабови или некое друго место, или пак просториите кои што ни ги овозможува и ни ги дава на користење Градот Скопје. Ете тоа пред некој дена се случи, јас се обидов да остварам средба со една личност во просториите на Градот Скопје. Влегов внатре и ја чекам личноста да дојде, но после извесно време, доцни нели, ми се јавува и вика морате да излезете надвор. Велам зошто. Личноста ми вели јас сума на пријавница веќе половина час, овде морам да потполнам формулар каде одам, како одам, но морам да потполнам вели и зошто одам, а воедно кај тој што одам да дојде овде и да се потпише. Па, замислете чив е Градот Скопје, кога не можат граѓаните да дојдат и да си ги кажат таму маките, појасни Андоновска. Таа порача до градоначалничката и секретарот веднаш да се ослободи Градот Скопје, бидејќи тој не е нивен туку на граѓаните. Ѓоко Велковски, поранешен секретар на Град Скопје. на трибината за предизвиците во град Скопје на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина", истакна дека во тие 10 месеци додека бил генерален секретар вратите биле отворени за сите граѓани, се обидувале се решаваат проблемите на граѓаните но по негово заминување сега гледаме како менаџментот на градот е фокусиран на рекла кажала муабети наместо за потребите на граѓаните. Тој посочи дека втор човек на град Скопје целото внимание било насочено кон реализација на проектите, меѓутоа по неговото заминување проблемите се појавиле и почнала тортура кон вработените во град Скопје, неотчетност кон граѓаните. - Се заложивме за мега паркови во Скопје, да најдеме начин за намалување на аерозагадувањето, да направиме проодни булевари, нови булевари, тоа се проекти за кои од прв дена баравме начин да го реализираме, но одредени структури од кај градоначалничката па ни самата таа денеска немаме ниту еден мега парк, немаме почнат булевар, за аерозагадување нема мерки, а за Луна парк да не зборуваме. Наместо за бесплатен јавен превоз денеска гледаме дека нема превоз, градски линии не сообраќаат затоа што вработените во ЈСП не земале плата, а ни на другите приватни превозници не им се исплатени парите, рече Велковски. - Депонијата Дрисла е една од клучните фактори за поздрава и поквалитетна животна средина во градот Скопје. Депонијата Дрисла е единствена регионална депонија во Република Македонија која работи со еколошка „А“ интегрирана дозвола која е издадена од министерството за животна средина и е на највисоко ниво, изјави поранешниот директор на Депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски. Мицевски потенцираше дека градот Скопје на дневна основа создава 600-тини до 700-тини тони комунален отпад и како Депонија Дрисла мора да размислуваме како умешно да се справуваме со тој отпад. Депонија Дрисла мора со нејзиното модернизирање и со нејзиното усовршување ќе помогне и те како на поквалитетниот живот на скопјани. - Она што успеав за овие 9 месеци да го стекнам како искуство таму и преку бројните состаноци организирани на оваа тема од луѓе што имаат искуство со справување со отпадот и што веќе знаат како да се работи на отпадот и како економски да се врати фидвекот према градот Скопје. Еден од начините е да се направи постројка за секундарна селекција на отпадот, преку таа селекција на отпадот околу 70-80% ќе може повторно назад да се врати преку фракции како што се метал, стакло, пластика, картон и секоја онаа фракција што може да се реупотребува внатре во бизнисот. Со тоа што 20-30% би завршувало на отворена депонија и те како ќе биде позитивно за градот Скопје и самото претпријатие во финансиски импут меѓутоа и со продолжување на векот на самата депонија, кажа Мицевски. - Мојот последен предлог и одлука од директорувањето беше токму зголемување на платите на вработените во ЈП Градски паркинг и беше тоа спроведено од страна на Управнит одбор, веданш по иницијативата. Сега веќе вработените во ЈП Градски паркинг земаат достоинствена плата која што можеби е на рангот на повисоките или највисоките плати на вработените во државна институција, рече Бојан Христовски, поранешен директор на ЈП Градски Паркинг, пред пристутните на политичкиот саем. Христовски изјави дека за успешно менаџирање на едно претпријатие главни се три фактори, а тоа како што рече тој е задоиволен работник, функционално претпријатие и се разбира задоволен граѓанин. Според него, тој тоа успеал да го постигне додавајќи дека се покачила платата за 3000 денари на вработените, се намалило зонското паркирање од 25 проценти за граѓаните, но и покрај тоа претпријатитето со домажинско работење доби зголемен прилив на средства. - Неопходно е доброто менаџирање и тука би издвоил три главни фактори кои што се како формула за успешно општествено одговорно претрпијатие, а тоа е задоволен работник, функционално претпријатие и задоволен граѓанин. Многу е важно да се креира баланс помеѓу овие три главни фактори и мислам дека тој баланс го постигнав со мојот тим, а тоа е што вработените добија покачување од 3000 денари, граѓаните добија 25 проценти поевтин паркинг на зонско паркирање, а претпријатието доби сепак и покрај намалувањето зголемен прилив на средства од зонското паркирање во вредност повеќе од 25 проценти, вели Христовски. Доскорешниот директор на Јавното претпријатија „Водовод и канализација“, Златко Перински рече дека ја испорачува работата за која е основано ова претпријатие, а во последно време, последниот месец, месец и половина е во медиумите е со непопуларни вести. Според него предизвиците кои ги трпи претпријатието се многу големи и како пример посочи дека цената која ја плаќаат за електрична енергија е за шест пати поголема или сметката за септември била скоро шест пати поголема наспроти августовската. - Ние видовме дека ова ќе се случува и во февруари, март формиравме работна група во рамки на управниот одбор за да се најде начин претпријатието да инвестира во соларни панели со што според анализите излезе дека 70 проценти од потребите претпријатието може да покрива само, рече Перински. Перински посочи дека ова не е реализирано и дека не знае зошто проектот не е продолжен. Тој се осврна на изработката на десет годишен план за водовод и канализација и додаде „и дека беше да направиме буквално библија по која ќе се развива водоводната, фекалната и атмосферската линија на град Скопје“. Жалам, рече Перински, што изработката на пречистителната станица доби негативен контекст. - Пречистителната станица е проект започнат во 2019 година жал ми е што беше претставен во негативен план. Процесот е кристално чист, а ова е императив и за отворање на поглавјата со ЕУ, заклучи Перински укажувајќи дека во делот на човечкиот потенцијал во претпријатието се потребни водоводџии, багерсисти, а оти токму ним не им беа продолжени договорите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/10-meseci-dodeka-direktorite-na-javnite-pretprijatija-pod-grad-skopje-bea-od-vmro-dpmne-gradot-beshe-otvoren-za-gragjanite-i-se-realiziraa-proekti/feed/ 0
Детска клиника и Онкологија добија нови директори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detska-klinika-i-onkologija-dobija-novi-direktori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detska-klinika-i-onkologija-dobija-novi-direktori/#respond Thu, 03 Nov 2022 09:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=755028

По вчерашните оставки. Денеска на Детска клиника и Онкологија назначени се нови директори. Откако вчера на барање на министерот за здравство, Беким Сали, оставки си поднесоа директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија, денеска се назначени нови директори. Како што дознава „Фокус“, за нова директорка на Детската клиника е назначена д-р Стојка Нацева Фуштиќ, а на чело на Клиниката за онкологија застанува д-р Виолета Клисаровска. Оставките пак вчера ги доставија директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detska-klinika-i-onkologija-dobija-novi-direktori/feed/ 0