директорка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 08:24:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png директорка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потпретседателката на ЕИБ доаѓа во Скопје за да потпише грант за пречистителната станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelkata-na-eib-doaga-vo-skopje-za-da-potpishe-grant-za-prechistitelnata-stanitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelkata-na-eib-doaga-vo-skopje-za-da-potpishe-grant-za-prechistitelnata-stanitsa/#respond Wed, 22 Mar 2023 08:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=814804

Потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова денеска доаѓа во земјава за да потпише грант за пречистителната станица во Скопје. Павлова во интервју за МИА открива дека станува збор за најголем грант досега од ЕУ доделен за Северна Македонија според Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и дека со него се комплетира финансирањето на проектот, заедно со заемите од ЕИБ и ЕБОР. - Овој еколошки проект е дел од Економскиот и инвестицискиот план и зелената агенда со цел да се забрза зелената транзиција и да се овозможат подобри услови за живот за околу 500.000 луѓе. Имплементацијата треба да започне наскоро, по завршување на фазата на набавка, вели Павлова во интервјуто кое подоцна ќе биде објавено во целост. Потпишувањето на договорот ќе биде во Клубот на пратеници, а на него најавено е присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и евроамбасадорот Дејвид Гир. Во интервјуто зборуваме со Павлова и за тоа колку е сигурен банкарскиот сектор по случувањата во Силиконската долина и Credit Suisse и кога може да очекуваме олабавување на монетарната политика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelkata-na-eib-doaga-vo-skopje-za-da-potpishe-grant-za-prechistitelnata-stanitsa/feed/ 0
Директорка од соседството во училиште си донела машини за копање криптовалути – дури и си вработила лице само за тоа (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorka-od-sosedstvoto-vo-uchilishte-si-donela-mashini-za-kopanje-kriptovaluti-duri-i-si-vrabotila-lice-samo-za-toa-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorka-od-sosedstvoto-vo-uchilishte-si-donela-mashini-za-kopanje-kriptovaluti-duri-i-si-vrabotila-lice-samo-za-toa-foto/#respond Fri, 23 Dec 2022 07:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=779443

Директорката на ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Стапар, Ј.М. (50) е уапсена под сомнение дека организирала „копање“ на криптовалути со поставување на т.н. „риги“ за „копање“, дознава „Блиц“. Дополнително, како што не официјално дознава српски „Блиц“, таа вработила едно лице во училиштето да се занимава исклучиво со тие задачи. Во големата акција на Службата за справување против организиран криминал и Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал, Ј.М. е уапсена заедно со 34 лица од територијата на градовите Сомбор, Нови Сад и општините Бачка Паланка и Апатин, поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела. Тие се товарат за здружување за извршување на кривични дела, неовластен пристап до заштитен компјутер, компјутерска мрежа и електронска база на податоци. Засега не се знае дали сите соработувале меѓу себе, бидејќи дел од уа псените се осомничени дека измамиле луѓе продавајќи им „наместени резултати“ преку социјалните мрежи. Она што неофицијално го дознава „Блиц“ е дека Ј.М. имала поставени ,,ригови“ за „минирање“ на повеќе локации во градот и дека постои причина да се сомнева дека за неа работеле повеќе луѓе.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorka-od-sosedstvoto-vo-uchilishte-si-donela-mashini-za-kopanje-kriptovaluti-duri-i-si-vrabotila-lice-samo-za-toa-foto/feed/ 0
Денешните дојави за бомби во Скопје се вчерашни, директорката не го видела мejлот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshnite-dojavi-za-bombi-vo-skopje-se-vcherashni-direktorkata-ne-go-videla-mejlot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshnite-dojavi-za-bombi-vo-skopje-se-vcherashni-direktorkata-ne-go-videla-mejlot/#respond Fri, 02 Dec 2022 15:15:15 +0000 https://kurir.mk/?p=770265

Денешните дојави за бомби во скопски основни училишта се во Петровец, но тоа се пријави испратени во текот на вчерашниот ден. Дојавата за бомба е стигната во текот на вчерашниот ден на електронската адреса на директорката на училиштето „Кочо Рацин“, но таа не ја видела пораката. Откако денеска ја видела, веднаш пријавила. Бидејќи во оваа општина има три училишта со име „Кочо Рацин“, мораше да извршиме проверка кај сите нив, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој потврди и дека денеска има дојава за поставена експлозивна направа во основно училиште во Крива Паланка каде што од страна на тимови за антитероризам се вршат проверки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshnite-dojavi-za-bombi-vo-skopje-se-vcherashni-direktorkata-ne-go-videla-mejlot/feed/ 0
Се помал бројот на прекршоци кај трговците за маржите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pomal-brojot-na-prekrshoci-kaj-trgovcite-za-marzite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pomal-brojot-na-prekrshoci-kaj-trgovcite-za-marzite/#respond Fri, 18 Nov 2022 13:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=762947

Директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска Димоска денеска соопшти дека сè помал е бројот на прекршоци кај трговците во однос на Одлуката за трговската маржа на основните производи. Симеска Димоска присуствуваше на работниот состанок во Министерството за економија со производителите од прехранбената индустрија и претставниците на најголемите ланци маркети. Таа прифатила, како што изјави, со нив на посебен панел да разговара за сите дилеми и прашања кои ги имаат околу Законот за заштита на потрошувачите. – Последниов месец максимално се почитува Одлуката за трговската маржа на основните производи. Се помалку има прекршоци од страна на трговците, но и натаму ќе следиме што се случува на пазарот и постојано ќе бидеме на терен. На денешниот состанок од трговците побарав да го почитуваат Законот за заштита на потрошувачите кој веќе стапи во сила и со кој максимално прецизно се кажани сите нивни права и обврски, рече директорката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pomal-brojot-na-prekrshoci-kaj-trgovcite-za-marzite/feed/ 0
Разрешена директорката на Агенција за ветеринарство на Албанија поради ненавремена реакција на птичјиот грип https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razreshena-direktorkata-na-agencija-za-veterinarstvo-na-albanija-poradi-nenavremena-reakcija-na-ptichjiot-grip/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razreshena-direktorkata-na-agencija-za-veterinarstvo-na-albanija-poradi-nenavremena-reakcija-na-ptichjiot-grip/#respond Mon, 21 Mar 2022 15:26:02 +0000 https://kurir.mk/?p=650791

Разрешена е директорката на Националната агенција за ветеринарство на Албанија, Тана Кика, поради ” ненавремено превземени мерки за откривање на птичјиот грип”. Во исто време Обвинителството во Драч почна истрага во врска со последните случувања со болеста кај живината. Иако пред две недели било сигнализирано дека има појава на угинување на живина во фарми во Драч, потврда дека станува за птичји грип е соопштена вчера попладне, откако здружението на потрошувачи и локални производители обвинија за негрижа и неодговорност на надлежните. Од здружението денеска побараа одговорност и од Агенцијата за храна бидејќи дозволила продажба на живина во овој период. Последните информации говорат дека угинати се над 300 илјади кокошки. Дополнителен скандал, за кој Министерството за земјоделство најави брзо решение, е фактот што угинатата живина се чува во кругот на фирмите, бидејќи не добиле локација за уништување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razreshena-direktorkata-na-agencija-za-veterinarstvo-na-albanija-poradi-nenavremena-reakcija-na-ptichjiot-grip/feed/ 0
Се огласи директорката која прашуваше Фејсбук астролог за втор мандат: „Ми е битно да добијам затоа што сум способна“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-oglasi-direktorkata-koja-prashuvashe-fejsbuk-astrolog-za-vtor-mandat-mi-e-bitno-da-dobijam-zatoa-shto-sum-sposobna/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-oglasi-direktorkata-koja-prashuvashe-fejsbuk-astrolog-za-vtor-mandat-mi-e-bitno-da-dobijam-zatoa-shto-sum-sposobna/#respond Tue, 14 Dec 2021 14:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=608415

Како што претходно објавивме, директорката на ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, поставена од СДСМ, Матилда Бајкова, на страница за астрологија на „Фејсбук“ праша дали ќе добие втор мандат. https://kurir.mk/makedonija/vesti/foto-direktorka-od-sdsm-prashuva-fejsbuk-astrolog-dali-kje-dobie-vtor-mandat/ Таа за ММС се огласи по повод оваа вест и изјави: - Знам зошто ме барате! Каква фама се дигна што сум прашала дали ќе добијам втор мандат?! А зошто да не добијам? А и да не добијам големо чудо, професијата никој нема да ми ја земе “, рече Матилда, која сето тоа го направила од забава, заедно со другарка и. Со другарка ми се шегувавме. Јас не знаев што да прашам и таа вели прашај за втор мандат. Ама бидејки беше во живо, а многу се јавуваа коментарот копиран отиде неколку пати. Интересно ми беше. И што е тука страшно, не ми е јасно? Има ли некој кој не чита хороскоп? Има ли некој кого не го интересира што кажуваат ѕвездите? Ама им благодарам на сите, поубава реклама не можеа да ми направат и да платев, вели Бајкова, која во ова школо е директорка од 2018 година. На прашање зошто толку и е важно да добие втор мандат, Бајкова одговори: - Ми е битно, затоа што сум способна. Го дигнав училиштето од нула. Беше непознато, а сега е најпознато со 11 меѓународни збратимувања, со проекти, со награди. Заслужувам да бидам зашто го водам беспрекорно. А ако и не бидам директор, пак, ќе кажам, големо чудо, не можат да ми ја земат професијата и титулата. Искрено ми значи да имам втор мандат токму заради успесите на школото. Но, ако ме смени новиот градоначалник нека ме смени, вели таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-oglasi-direktorkata-koja-prashuvashe-fejsbuk-astrolog-za-vtor-mandat-mi-e-bitno-da-dobijam-zatoa-shto-sum-sposobna/feed/ 0
ФОТО: Директорка од СДСМ прашува фејсбук астролог дали ќе добие втор мандат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-direktorka-od-sdsm-prashuva-fejsbuk-astrolog-dali-kje-dobie-vtor-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-direktorka-od-sdsm-prashuva-fejsbuk-astrolog-dali-kje-dobie-vtor-mandat/#respond Tue, 14 Dec 2021 11:29:31 +0000 https://kurir.mk/?p=608275

Директорката на ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, поставена од СДСМ, Матилда Бајкова, на страница за астрологија на „Фејсбук“ прашува дали ќе добие втор мандат. При вклучувањето во живо на астрологот Мирјана Мирковиќ од Србија во неделата, во еден од коментарите Бојкова го пишува нејзиниот датум на раѓање за да провери дали ќе продолжи да го води скопското училиште. Бајкова повторно го постави прашањето кон крајот на емисијата, но и по вторпат не доби одговор. Мирковиќ редовно се вклучува во живо на „Фејсбук“ и чита што велат ѕвездите заедно со сопругот кој гледа на тарот карти: Бајкова, пак, е професорката по македонски јазик и литература, а во 2017 година, кога работеше во три училишта во Карпош, по повод Меѓународниот ден на учителот доби признание „Просветен работник на годината за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образованата дејност за учебната 2016/2017 “.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-direktorka-od-sdsm-prashuva-fejsbuk-astrolog-dali-kje-dobie-vtor-mandat/feed/ 0
Адвокатката на Трамп бара да се смени директорката на ЦИА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-tramp-bara-da-se-smeni-direktorkata-na-cia/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-tramp-bara-da-se-smeni-direktorkata-na-cia/#respond Mon, 16 Nov 2020 14:55:08 +0000 https://kurir.mk/?p=430285

Сидни Пауел, законскиот застапник на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека Џина Хаспел, директорката на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), треба да биде „сменета“ затоа што немала забелешки и не се огласила за употребата на изборниот софтвер Доминион, кој без доказ ги спомнува и Трамп и неговите приврзаници како инструмент со кој е извршена „изборната измама“. Во интервју за Фокс Њуз, Пауел се обиде да го зајакне кредибилитетот на обвинувањата на Трамп, наведувајќи дека софтверскиот систем Доминион се користел во неколку држави каде што победи Бајден, пренесува Би-Би-Си. Иако овие тврдења беа побиени од бројни неутрални експерти, Пауел тврди дека има свиркачи кои ќе и презентираат на јавноста информации дека овој софтвер бил користен за бришење на милиони гласови на гласачите на Трамп. – Не разбирам зошто Џина Хаспел е сè уште на чело на ЦИА. Таа треба веднаш да биде сменета, рече Пауел. На новинарско прашање дали има докази што ги поткрепуваат нејзините тврдења, Пауел одговори дека нема намера да објавува такви информации на телевизија. Хаспел беше назначена за директорка на ЦИА од Доналд Трамп во 2018 година и таа е првата жена во историјата на ЦИА која е назначена на таа позиција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-tramp-bara-da-se-smeni-direktorkata-na-cia/feed/ 0
”Директорка” – оваа поза ги освои паровите ширум светот, ќе доживеете незаборавен момент https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/direktorka-ovaa-poza-gi-osvoi-parovite-shirum-svetot-kje-doziveete-nezaboraven-moment/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/direktorka-ovaa-poza-gi-osvoi-parovite-shirum-svetot-kje-doziveete-nezaboraven-moment/#respond Wed, 22 Jul 2020 19:35:56 +0000 https://kurir.mk/?p=379880

За оваа поза во сексот маса и стол ви се единствените предмети кои што ви се потребни. Доминантната директорка која што го повикува својот подреден во канцеларија и ја заклучува вратата, веројатно ви е прва асоцијација на името на оваа поза во сексот. Многу е веројатно истата да е инспирирана од некоја таква ситуација во реалниот живот. Оваа поза, брзо ги освои паровите шиурм светот, особено оние кои што сакаат да си играат улоги во текот на сексуалниот однос, а кога на сето тоа ќе се додаде и малку ”казнување” од страна на директорката – ете ви цел филм. Оваа поза во сексот не само што ветува моќни оргазми за краток временски период, туку е и идеална доколку сакате секс набрзина. Масата и столот ви се единствените предмети кои што ви се потребни за неа. Оваа поза задоволува и возбудува што исто така допринесува во поголемото чувство на страста и задоволството. Жената треба да седне на мажот, свртена кон масата за која што се придржува, додека пак мажот седи на столот, свртен кон нејзе, со опуштени и раширени нозе. Нејзините нозе треба да бидат поставени од левата кон дестната страна на столот за да го допираат неговото тело, додека пак лактите сместете ги на масата пред себе. Мажот треба да го држи нејзиниот струк, па сексуалниот однос може да го започнете. Иако на почеток ќе ви изгледа малку комплицирано, низ неколку обиди лесно ќе може да се навикнете со партнерот и да уживате кога и да посакате.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/direktorka-ovaa-poza-gi-osvoi-parovite-shirum-svetot-kje-doziveete-nezaboraven-moment/feed/ 0
Директорката на кумановската болница позитивна на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-kumanovskata-bolnica-pozitivna-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-kumanovskata-bolnica-pozitivna-na-koronavirus/#respond Fri, 03 Jul 2020 08:37:33 +0000 https://kurir.mk/?p=368023

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на КОВИД-19. – Позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома, пет месеци работа – дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера напладне, благодарност до МАНУ за брзиот резултат, напиша Захариева. Од почетокот на пандемијата во кумановската општа болница беше заразен поголем дел од здравствениот персонал. Одделенијата работеа со редуциран кадар, доаѓаа лекари од други градови. Состојбата по извесен период се стабилизираше. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-kumanovskata-bolnica-pozitivna-na-koronavirus/feed/ 0