Дирк Јан Коп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 10:24:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дирк Јан Коп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амбасадорот Коп: Во земјава нема вистинска политичка волја за промена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-kop-vo-zemjava-nema-vistinska-politichka-volja-za-promena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-kop-vo-zemjava-nema-vistinska-politichka-volja-za-promena/#respond Thu, 19 Oct 2023 10:24:42 +0000 https://kurir.mk/?p=890717

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп вели дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што, како што рече денеска, блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската конвенција. -Сепак сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ. Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници? После сите овие години има стратегија за се, има по два акциски планови за се, сечија свест е веќе трипати зголемена и сите се веќе обучени четирикратно. Сепак, се е заглавено поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот. Со едноставни зборови нема вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската Конвенција. Политичарите и понатаму се безчујни и сакаат да се фотографираат со свештениците и оџите. И која е пораката за нас? Пораката е дека ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности, рече амбасадорот Коп на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“. Амбасадорот нагласи дека Холандија беше и ќе продолжи и понатаму да биде партнер за регионот на нивниот пат кон ЕУ. Коп потенцира дека „ситуацијата во правосудниот сектор не остави без друга опција освен да ја евалуираме нашата поддршка која што ја даваме“. -Сепак, самиот регион и покрај ова нема некоја друга алтернатива освен да се движи напред кон ЕУ. Друга алтернатива е за 20-ина години да се создаде една група на сиромашни земји со празни села, со празни места каде што ќе останат само стари луѓе додека останатите ќе бидат емигрирани. Знаците се тука. Ова не е бајка. Денешниот геополитички контекст е во најмала рака сложен, но неговиот релативно мало влијание врз регионот не може повторно да се искористи како изговор да не се оди напред. Одењето напред може само да се постигне само ако има владеење на правото, демократија и почитување на човековите права, рече тој. Како што нагласи амбасадорот, во Холандија голем акцент се става врз владеењето на правото, бидејќи, како што рече, тоа е основата и камен темелник за сите демократии и тука станува збор за разбирање на правата на граѓаните, за балансот меѓу нивните непремостливи права кон слободите и обврските и имањето на јасни правила со коишто се ограничуваат овластувањата на власта и се третираат сите луѓе на еднаков начин. За сето тоа, како што потенцира, потребно е да постојат стабилни институции, бидејќи институциите се скелетот и основата на државата, а не поединечни корумпирани шефови и диктатори. -Холандија не е голема земја. Ние имаме 18 милиони луѓе кои што е иста големина како и населението во Западен Балкан. Она што ги штити малите земји не е големината или воената моќ, туку меѓународното право и човековите права. Нас, името на овој проект ме потсети на стара латинска поговорка за правдата која што значи „правдата нека се изврши дури и небото да пропаѓа“. Овие зборови се и денеска релевантни и се длабоко вградени во културата на западните цивилизации. Тоа значи дека правдата мора да се изврши без оглед на цената. Ова исто така значи дека мора да има фер, да има објективност и соодветно спроведување на начелата на правдата коишто се одамна утврдени и дека еднаквите треба да се третираат еднакво, а нееднаквите нееднакво. Треба да се обезбеди еднакво за сите и да се обезбеди дека никој не е над законот. Во Холандија, во Северна Македонија, во Србија, во Албанија, насекаде тоа значи дека луѓето би требало да може да му веруваат на законот и да им веруваат на своите институции, рече тој. Според холандскиот амбасадор, во контекст на ЕУ тоа значи дека земјите членки треба да си веруваат на меѓусебните структури и во меѓусебните процеси и ЕУ успеа тоа да го направи. -Разновидна група на земји креираа еден единствен пазар во којшто се обезбеди заеднички стандард на живеење и сега соработуваме и во други области, а таа соработка и понатаму расте. Поддршка и солидарност – тоа не секогаш беше успешно. Не беше ниту лесно, ниту без никакви пречки постигнато во ЕУ, особено во однос на владеењето на правото. Меѓутоа, и покрај предизвиците со коишто се соочуваме на секојдневна основа, има правила коишто заеднички ги усвоивме и има механизми со коишто се осигурува спроведување на тие правила за коишто се договоривме. Системот иако се чини дека е најсовршен не прави да бидеме посилни и побезбедни. Тоа е иднината која што ја сакаме за Западен Балкан - безбедни, стабилни и просперитетни во ЕУ. Но, вие не ние сте одговорни за да стигнете до таму, рече холандскиот амбасадор Коп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-kop-vo-zemjava-nema-vistinska-politichka-volja-za-promena/feed/ 0
Холандскиот амбасадор Коп: Договорот за коридорите НЕ е усогласен со ЕУ и се злоупотребува европското знаменце, корупцијата најголем проблем во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandskiot-ambasador-kop-dogovorot-za-koridorite-ne-e-usoglasen-so-eu-i-se-zloupotrebuva-evropskoto-znamentse-koruptsijata-najgolem-problem-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandskiot-ambasador-kop-dogovorot-za-koridorite-ne-e-usoglasen-so-eu-i-se-zloupotrebuva-evropskoto-znamentse-koruptsijata-najgolem-problem-vo-zemjava/#respond Sun, 28 May 2023 09:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=839680

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, жестоко ги критикува состојбите во судството и борбата против корупцијата. Амбасадорот зборува за политички влијанија во сите сфери од правосудниот систем, за лошите резултати во спроведување на реформите, за злоупотребата на европското знаме и последиците за македонските евроинтеграции. РСЕ: Може ли употребата на европското знаме за законите поврзани со проектот за изграба на коридорите 8 и 10д да има последици во натамошниот процес за евроинтеграции на Македонија? Да, мислам дека може. ЕУ законодавството е многу јасно. Не може да ги игнорирате правилата за јавни набавки, односно да ги избегнете тендерските постапки во договорот. Има два услови кога е дозволено тоа. Првото е кога се работи за национална безбедност, кога имате тенкови на границата, не мора да чекате најдобар договор за да купите оружје и вториот е кога се работи за национална катастрофа. На пример, ако се случи земјотрес, не губите време за да купите крвна плазма, таа ви е потребна веднаш. Значи ЕУ законодавството е важно, а договорот со Бехтел и Енка не се совпаѓа со тој опис и не е усогласен со ЕУ законодавството. Исто така и целиот начин на кој е спроведен, е прилично нетранспарентен, што е исто така и мислење на ММФ на пример. Па, може ли Северна Македонија да го направи тоа? Па... национална катастрофа може да биде само ако кажете дека состојбата со инфраструктурата е национална катастрофа, но не мислам дека некој го прави тоа. Може ли Северна Македонија да го направи тоа? Да може, но само затоа што не е членка на ЕУ. Може ли следните постапки како оваа да станат проблем кога сакате да сте во Унијата, да, би кажал дека тоа е прашање. Во врска со ЕУ знамињата јасно е, ЕУ веќе објави став дека употребата на европско знаме тука е погрешна, знаменцата се наменети за законите кои треба да ја доведат земјата поблиску до остварување на а-кито, до Копенхашките критериуми и со години ние и не само ние и други претставници на ЕУ делегацијата предупредувавме на злоупотребата на европското знаме во овој процес. Аргументот кој се користи за злоупотребата на знамето е да се одбегне филибастеринг од опозицијата во Парламентот. И да, се разбира, тоа е дилема. Но, прашањето е дали ќе го употребите европското знаме за прашања кои немаат некоја поврзаност со европското законодавство. А според наше мислење, токму тоа се случува сега со овој договор. РСЕ: Борбата против корупцијата останува една од слабите точки, барем според релевантни меѓународни извештаи. Според вас како Владата се справува со овој проблем? Па, не гледаме некој напредок, напротив сметаме дека работите се влошуваат. Постои корупција насекаде, конфликт на интереси, влијание врз невладиниот сектор, непотизам, клиентелизам, а препораките од Државната комисија за спречување корупција и Народниот правобранител не се почитуваат од никој, ниту од Владата ниту од парламентот, ниту од Обвинителството. Всушност годинешниот извештај од Антикорупциската комисија покажува дека 10 проценки од претставките се процесирани, тоа е многу помалку и во однос на 20-те проценти во извештајот од 2021 година, кој патем се уште не е разгледан од Парламентот во последните 2 години, нешто што требаше да се направи. Затоа нема причина за оптимизам. Како што кажав и порано корупцијата е состојба на умот. Ја има насекаде. Таа е дел од менталитетот и треба да се смени сега, зошто ако сакате да сте во Унијата во процесот на преговори, оваа состојба со менталитетот и политичката волја заедно со неказнивоста која оди со тоа и која е најпрезирана од граѓаните, мора да се смени веднаш. Во спротивно желбата да бидете дел од ЕУ во 2023 година, ќе биде илузија. Целото интервју со него, погледнете го на Радио Слободна Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandskiot-ambasador-kop-dogovorot-za-koridorite-ne-e-usoglasen-so-eu-i-se-zloupotrebuva-evropskoto-znamentse-koruptsijata-najgolem-problem-vo-zemjava/feed/ 0
Холандскиот амбасадот вели дека треба да се затне носот и да се голтнат уставните промени, иако ПРЕДЛОГОТ НЕ Е СОВРШЕН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandskiot-ambasadot-veli-deka-treba-da-se-zatne-nosot-i-da-se-goltnat-ustavnite-promeni-iako-predlogot-ne-e-sovrshen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandskiot-ambasadot-veli-deka-treba-da-se-zatne-nosot-i-da-se-goltnat-ustavnite-promeni-iako-predlogot-ne-e-sovrshen/#respond Fri, 10 Feb 2023 09:17:52 +0000 https://kurir.mk/?p=798805

Амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, вчера во Македонија порача дека треба да се затне носот и да се голтнат уставните промени. Признава дека предлогот не е совршен, но вели дека тоа ќе ја однесе државата во ЕУ. Последната анкета на ЕУРОТИНК пак, покажува дека расте скептицизмот во ЕУ, најголема закана за Македонија е Бугарија, а 72 отсто сметаат дека земјата оди во погрешна насока. Расте скептицизмот за Европската Унија, најголема закана за Македонија е Бугарија. Ваков е заклучокот од резултатите на анкетата „Еврометар“, спроведена од страна на агенцијата „Брима“ од 12 декември до 27 декември 2022 година на репрезентативен примерок од 1.006 испитаници. Според ова истражување, високи 72 отсто од испитаниците сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока. Во однос на фундаменталните општествени вредности, високи 61 отсто од испитаниците сметаат дека нема демократија. Зголемен е скептицизмот во врска со влезот на Македонија во Европската Унија. -Имаме рекордно ниски бројки во однос на довербата и ставовите на македонските граѓани кон ЕУ и ставот кон самиот процес на интеграции. На прашањето – каков е ставот на ЕУ кон Македонија највисоки 65 отсто сметаат дека тој е нефер и уценувачки, додека оние кои сметааат дека е фер е само ниски 17 проценти што се падови и осцилации од 20 проценти во однос на претходните години, рече извршниот директор на Евротинк, Димитар Николовски. Дополнително, 29 проценти од испитаниците мислат дека Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ, додека во 2021 овој процент изнесувал 17 отсто. Зголемена е загриженоста на граѓаните во врска со тоа дали некоја држава или меѓународна организација претставува закана за Македонија, каде 42 проценти од испитаниците сметаат дека постои закана, за разлика од многу пониските 33 отсто минатата година. Како најголема закана од листата се споменуваат Бугарија (27%) и Русија (4%). За разлика од тоа, Србија се смета за најголем пријател со 37 проценти. Коп вчера во Македонија имаше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која се разговарало за актуелната политичка состојба, како и евроинтегративниот пат на Македонија. Мицкоски на средбата истакнал дека односот на бугарските власти кон Македонија и негирањето на македонскиот идентитет, само ја засилуваат ескалацијата на лошите односи помеѓу двете држави, потенцирајќи дека пристапниот пат на државата кон Европската унија не смее да личи на пазар со земјоделски култури на кој се продава и се купува македонскиот идентитет. Мицкоски го информираше амбасадорот Јан Коп, за високиот степен на корупција и криминал од високи владини функционери, како и дека граѓаните предолго се изложени на лаги од владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, укажувајќи дека потребно е одржување на предвремени парламентарни избори и нова влада со луѓе кои ќе стојат зад дадениот збор и ќе ги исполнуваат ветувањата. Воедно, Мицкоски се заблагодари за поддршката и ангажманот од страна на Кралството Холандија, изразувајќи верување дека ќе продолжи соработката и партнерството меѓу двете држави.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandskiot-ambasadot-veli-deka-treba-da-se-zatne-nosot-i-da-se-goltnat-ustavnite-promeni-iako-predlogot-ne-e-sovrshen/feed/ 0
Мицкоски на средба со холандскиот амбасадор Коп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-holandskiot-ambasador-kop/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-holandskiot-ambasador-kop/#respond Thu, 02 Dec 2021 15:17:36 +0000 https://kurir.mk/?p=603144

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на Александар Николоски оствари средба со холандскиот амбасадор во Република Македонија, Дирк Јан Коп. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, како и за економската состојба и евроинтеграциските процеси на државата. Претседателот на партијата, Мицкоски, ја истакна својата загриженост за состојбата на државата на економски план, катастрофалното справување на власта со енергетската криза и лошото менаџирање со здравствената криза. Исто така на средбата двајцата соговорници разговараа и за евроитеграциските процеси на државата Мицкоски ја нагласи стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство на државата во Европската Унија, како и дека Македонија е предолго време во чекалната на Европската Унија и е потребно државата што поскоро да добие датум за преговори со унијата. На средбата, Мицкоски додаде дека владата не спроведува никакви реформи во правосудството, а Македонија е лидер во Европа по степенот на криминал и корупција. Исто така беа потенцирани и добрите билатерални односи меѓу двете земји, како и дека соработката треба да се продлабочи и негува во иднина.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-holandskiot-ambasador-kop/feed/ 0
Холандскиот амбасадор: Не е само Бугарија, туку и корупцијата е проблем за влез во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandskiot-ambasador-ne-e-samo-bugarija-tuku-i-korupcijata-e-problem-za-vlez-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandskiot-ambasador-ne-e-samo-bugarija-tuku-i-korupcijata-e-problem-za-vlez-vo-eu/#respond Wed, 20 Jan 2021 11:28:24 +0000 https://kurir.mk/?p=457485

Прашањето повеќе не е дали Македонија ќе стане членка на ЕУ, туку кога тоа ќе се случи и дотогаш Холандија ќе продолжи критички да ги следи неопходните реформи, вели амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК. Но, вели тој, овој процес не ја става  Македонија во неправична позиција, туку, напротив, тоа би требало да ја стимулира државата да ги преземе следните неопходни чекори на патот кој го избрала. За сеприсутната корупција кај нас, тој вели дека е состојба на умот, од корупцијата во јавните набавки, кронизмот и непотизмот на највисоко ниво, кај градоначалниците, судиите, па сè до луѓето кои се подготвени да платат поткуп, оние кои носат шише виски кога одат на преглед кај доктор и оние кои во март носат подароци за учителките на своите деца. Впечатокот на македонските граѓани за Холандија е дека е земја партнер која ја поддржува Македонија од првиот ден на нејзината независност, и не само политички туку и финансиски. Холандија се смета за модел на кој треба да се угледуваме кога станува збор за човековите права, без оглед на тоа дали се работи за малцински права во однос на етничкото потекло, попреченост, полова еднаквост, права на припадниците на ЛГБТИ заедницата… Зошто Холандија молчи сега, кога бугарското вето за почеток на преговорите за членство на Македонија се заснова на деградација на овие основни човекови права и негирање на овие фундаментални вредности на ЕУ? Очигледно се работи за краткотрајна меморија. Во март 2020 година, Македонија не само што стана членка на НАТО, туку доби и зелено светло од ЕУ за да стане нејзина полноправна членка. Двете работи се случија со целосна поддршка од страна на Холандија. Иако она што требаше да биде свечен момент беше во голема мера засенето од ситуацијата со корона вирусот, прашањето повеќе не е ДАЛИ Македонија ќе стане членка на ЕУ, туку КОГА тоа ќе се случи. И покрај многуте итни прашања како што се коронавирусот, Брегзитот, масовната имиграција и слично, од март наваму Европската комисија, заедно со земјите членки, ја подготви преговарачката рамка за Македонија. Холандија даде целосна поддршка за овој документ и заедно со останатите земји членки се согласи за почеток на преговорите; сите земји членки, освен една, Бугарија. Бугарија сакаше во преговарачката рамка да се додадат прашања од билатерална природа, на кои, според останатите земји членки, таму не им е местото. Бугарија во ова е сама. Исто така, треба да се запомни дека многу други држави мораа да решат тешки билатерални прашања пред да станат членки на ЕУ. Во меѓувреме, сето ова не треба да се драматизира на начин на кој се чини дека се прави во моментов. Поминувањето низ 35-те преговарачки поглавја со ЕУ во наредните години значи дека на патот пред вас има многу семафори и на секој од нив треба да се запали зеленото светло. Понекогаш, чекате подолго отколку што сте очекувале. Сепак, за повеќето семафори Македонија најверојатно ќе забележи дека, имајќи го предвид напредокот кој државата веќе го има постигнато, зеленото светло ќе светне порано од очекуваното. Мојата порака би била да не се придава премногу значење на секој поединечен семафор, туку да се продолжи со реформите. Крајната цел не е да се помине бугарскиот застој на овој семафор, туку членството во ЕУ на крајот на патот. Целото интервју на холандскиот амбасадор можете да го прочитате ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandskiot-ambasador-ne-e-samo-bugarija-tuku-i-korupcijata-e-problem-za-vlez-vo-eu/feed/ 0