дирк новицки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Oct 2022 18:11:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дирк новицки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новицки ќе добие статуа во Далас https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-kje-dobie-statua-vo-dalas/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-kje-dobie-statua-vo-dalas/#respond Mon, 17 Oct 2022 18:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=746686

Во чест на наследството на Дирк Новицки, Далас Маверикс ќе ја откријат неговата статуа на 25. декември во 11 часот. Церемонијата ќе се одржи во „American Airlines Center South Plaza“ за акредитирани и поканети гости. Улицата „ Nowitzki Way“, ќе биде затворена за сообраќај, така што пошироката јавност ќе има можност да го прослави овој важен настан за Маверикс. Преносот на церемонијата ќе биде достапен во живо на веб-страницата на Далас Маверикс. Мавс го пензионираа дресот со број 41 на Дирк во јануари. „Дирк направи толку многу за кошарката и за нашиот град“, рече сопственикот на Маверикс, Марк Кубан и дополни: „За да ја покажеме нашата благодарност за тоа, сакаме да се погрижиме наследството и уникатноста на Дирк Новицки засекогаш да се паметат во Далас“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-kje-dobie-statua-vo-dalas/feed/ 0
Германската репрезентација го повлекува дресот на легендата Новицки https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/germanskata-reprezentacija-go-povlekuva-dresot-na-legendata-novicki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/germanskata-reprezentacija-go-povlekuva-dresot-na-legendata-novicki/#respond Sun, 14 Aug 2022 07:08:10 +0000 https://kurir.mk/?p=718205

Челниците на германската кошаркарска федерација решија да му го повлечат дресот од репрезентацијата на големата кошаркарска легенда Дирк Новицки. Церемонијата ќе се одржи непосредно пред натпреварот меѓу Германија и Франција, на отворањето на Евробаскетот на први септември во Келн. Првпат се случува федерацијата да го повлече дресот на легендата, бидејќи тоа не можеше да се направи додека важеа старите правила на ФИБА дека бројките мора да бидат од 4 до 15. „Се чувствував почестен кога Германската федерација ми ја претстави оваа идеја. Беше убаво изненадување и веќе сум возбуден што ме чека во Келн. Како амбасадор на ФИБА на Евробаскетот, со нетрпение очекувам возбудливи натпревари со одлични тимови и се надевам дека навивачите во Келн и Берлин ќе обезбедат полни арени и одлична атмосфера“, смета Новицки.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/germanskata-reprezentacija-go-povlekuva-dresot-na-legendata-novicki/feed/ 0
Далас Маверикс го повлекува дресот со број 41 https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dalas-maveriks-go-povlekuva-dresot-so-broj-41/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dalas-maveriks-go-povlekuva-dresot-so-broj-41/#respond Fri, 19 Nov 2021 20:15:34 +0000 https://kurir.mk/?p=597578

Дресот на Дирк Новицки ќе биде повлечен на домашниот дуел на Далас Маверикс против Голден Стејт Вориорс на почетокот на следната година. Тоа ќе биде уште еден голем гест на франшизата на Тексас кон својата легенда. Германскиот интернационалец ги одигра сите сезони во НБА лигата во дресот на Далас. Тоа е апсолутен рекорд меѓу кошаркарите кои останале верни на една екипа. Новицки ги предводеше Маверикси до нивниот единствен шампионски прстен во 2011 година, освојувајќи ја МВП наградата во финалето. 14-кратниот „Ол-стар“ играч се пензионираше по сезоната 2018-19, напуштајќи ја лигата како еден од најдобрите меѓународни играчи на сите времиња]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dalas-maveriks-go-povlekuva-dresot-so-broj-41/feed/ 0
Дирк Новицки се враќа во Далас https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dirk-novicki-se-vrakja-vo-dalas/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dirk-novicki-se-vrakja-vo-dalas/#respond Fri, 18 Jun 2021 19:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=525235

Поранешниот кошаркар Дирк Новицки се врати во Далас Маверикс каде ќе работи како специјален советник на екипата од Тексас. Новицки се пензионираше на крајот на сезоната 2018/19, а нов предизвик ќе му биде да помогне на тимот во борбата за титулата во НБА-лигата. „Марк Кубан ми се јави и ми ја понуди работата специјален советник и среќен сум што ќе можам да им помогнам на Маверикс. Дони Нелсон и Рик Карлајл беа двајца мои ментори и одиграа голема улога во мојата кариера и успесите на франшизата и многу ќе ми недостасуваат. Сега е најважно е да се фокусираме на работата за Маверикс да тргне нанапред“, изјави Новицки кој одигра 21 сезона за Екипата од Тексас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dirk-novicki-se-vrakja-vo-dalas/feed/ 0
Новицки објави крај на кариерата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-objavi-kraj-na-karierata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-objavi-kraj-na-karierata/#respond Wed, 10 Apr 2019 07:13:56 +0000 https://kurir.mk/?p=184583

Кошаркарот на Далас, Дирк Новицки најави дека ја завршува кариерата. Тој тоа го соопшти во својот говорот одржан ноќеска по натпреварот со Феникс. -Како што можеше да се очекува, ова беше мојот последен натпревар. Ова е суперемоционален момент за мене. Би сакал да им се заблагодарам на многу луѓе и целиот клуб за поддршката, не само за вечерва, туку и низ сити 21 година поминати тука. Имав подеми и падови, но секогаш бевте со мене. Јас навистина го ценам тоа. Благодарение на моите соиграчи кои секогаш ме поддржуваа. Физички, оваа година беше тешка за мене, но ми дадоа поддршка. Благодарност и до семејство. Поминав прекрасни моменти во Далас, изјави Новицки. Германецот постигна 30 поени со осум скока и три асистенции во триумфот над Феникс со 120:109. Далас не успеа да се избори за место во плејофот. Четириесет годишниот Дирк Новицки играше за Далас од 1998 година. Во 2011 година, тој стана шампион на НБА. Четиринаесет пати учествуваше на НБА „Ол стар“ натпреварите.  Во кариерата неговиот просек е 20,7 поени, 7,5 скока и 2,4 асистенции по натпревар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-objavi-kraj-na-karierata/feed/ 0
Новицки четврти кошаркар кој одиграл 1.500 натпревари во НБА https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-chetvrti-kosharkar-koj-odigral-1-500-natprevari-vo-nba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-chetvrti-kosharkar-koj-odigral-1-500-natprevari-vo-nba/#respond Tue, 26 Feb 2019 07:18:40 +0000 https://kurir.mk/?p=168360

Германскиот интернационалец, член на Далас маверикс, Дирк Новицки влезе во историјата на НБА-лигата. Тој настапи за својот тим ноќеска на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс и стана четвртиот кошаркар со 1.500 натпревари во најсилната светска лига. Четириесет годишниот Новицки за кусо време може да избие на третото место на оваа листа. Пред него се само Роберт Периш со 1.611 настапи, Карим Абдул-Џабар има 1.560 натпревари и Џон Стоктон со 1.504 НБА средби. Јубилејот на Новицки не беше прославен со победа на неговиот тим. Клиперс славеа триумф со 121:112. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-chetvrti-kosharkar-koj-odigral-1-500-natprevari-vo-nba/feed/ 0
Новицки го надмина Мелоун, пред него само Стоктон, Џабар и Периш https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-go-nadmina-meloun-pred-nego-samo-stokton-dzabar-i-perish/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-go-nadmina-meloun-pred-nego-samo-stokton-dzabar-i-perish/#respond Thu, 27 Dec 2018 17:31:12 +0000 https://kurir.mk/?p=145855

Најдобриот европски кошаркар во историјата на НБА, Дирк Новицки, го одигра 1477 натпревар во најсилната лига во светот ноќта помеѓу среда и четврток. Така, германскиот кошаркар го надмина легендарниот Карл Мелоун, кој сега е петти. Пред Новицки сега се само Џон Стоктон, Карим Абдул-Џабар и Роберт Периш. Веќе две децении во НБА, крилото има просек од 21,1 поен, 7,7 скока и 2,5 асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novicki-go-nadmina-meloun-pred-nego-samo-stokton-dzabar-i-perish/feed/ 0
На 40 години, Новицки потпиша нов договор со Далас https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/na-40-godini-novicki-potpisha-nov-dogovor-so-dalas/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/na-40-godini-novicki-potpisha-nov-dogovor-so-dalas/#respond Fri, 20 Jul 2018 08:46:14 +0000 https://kurir.mk/?p=79054

Германското тешко крило на Далас Маверикс Дирк Новицки потпиша нов едногодишен договор, соопштија од клубот. Четириесет-годишниот Новицки ќе ја игра 21-вата сезона во дресот на „телињата“, со кои ја освои титулата во 2011 година. Ако запише барeм еден натпревар во новата сезона, Новицки ќе го собори рекордот на Коби Брајант и ќе стане првиот играч во историјата на НБА со повеќе од 20 сезони за еден тим. Минатата сезона, Новицки играше во 77 натпревари и постигнуваше во просек по 12,0 поени и 5,7 скока по натпревар. Германецот висок 213 сантиметри се наоѓа на шестото место на вечната листа на стрелците во НБА, со 232 поени зад Вилт Чембрлен, а 149 пред Леброн Џејмс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/na-40-godini-novicki-potpisha-nov-dogovor-so-dalas/feed/ 0