дисциплинска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 14 Jan 2023 13:47:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дисциплинска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФИФА почна постапка против Хрватска за славјето за третото место https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-pochna-postapka-protiv-hrvatska-za-slavjeto-za-tretoto-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-pochna-postapka-protiv-hrvatska-za-slavjeto-za-tretoto-mesto/#respond Sat, 14 Jan 2023 13:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=787261

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА покрена постапка против фудбалската федерација на Хрватска, за случувањата за време и после натпреварот за трето место на Мундијалот во Катар. „Асошијетед прес“ наведува дека ФИФА почнала процедура поради можни кршења на членовите 13 и 16 од дисциплинскиот кодекс кои се однесуваат на дискриминација, односно ред и сигурност на натпреварите. Наведено е дека спорна е прославата на Хрватите од едно кафуле во Загреб, каде што се гледа дека дефанзивецот Дејан Ловрен со соиграчот Марсело Брозовоиќ ја извикуваат паролата „За дом спремни“ и пеат шовинистички песни. Сепак, наведува листот, шансите за суспензија или казна се мали, со оглед дека станува збор за приватна прослава со што можно е федерацијата само да добие опомена.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-pochna-postapka-protiv-hrvatska-za-slavjeto-za-tretoto-mesto/feed/ 0
Дисциплинска за полицајците што го приведоа момчето, пријави за „играорците“ во Гевгелија и за настанот во Ченто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/disciplinska-za-policajcite-shto-go-privedoa-momcheto-prijavi-za-igraorcite-vo-gevgelija-i-za-nastanot-vo-chento/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/disciplinska-za-policajcite-shto-go-privedoa-momcheto-prijavi-za-igraorcite-vo-gevgelija-i-za-nastanot-vo-chento/#respond Tue, 21 Apr 2020 14:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=335134

Лицето С.Б кој вчера околу 14:30 беше приведен од страна на полиција во улицата „Антон Панов”, во Скопје, бил надвор од својот дом, заедно со домашен миленик, спротивно на владината уредба и пропишаното време за прошетка на домашни миленици во време на полициски час, информираат од МВР. Истовремено од МВР констатирале дека при преземање на службените мерки и дејствија полициските службеници работните задачи ги извршувале спротивно на упатството за начинот на однесување на работниците во МВР, во услови на прогласена вонредна состојба предизвикана од појавата на коронавирус. – Против полициските службеници кои преземале службени дејствија спротивно на пропишаните правила и прописи од страна на ОВККИПС иницирана е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, соопштија од МВР. Во врска со настанот од 19-ти овој месец во Гевгелија, пак, каде што повеќе граѓани ја прекршија забраната за движење согласно уредбите на Владата, Министерството за внатрешни работи, односно надлежните служби во текот на денов од веќе идентификуваните 18 лица учесници на настанот, извршија службени разговори со осум лица, а за останатите десет лица се во тек достави на покани за разговор во надлежната полициска станица. Исто така, по целосно документирање на настанот против сите инволвирани ке бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија. Воедно од МВР, истакнуваат дека освен трите лица кои првично беа приведени за настаните во Ченто, од 13 април и за кои веднаш беше поднесена кривична пријава, дополнително по извршена оперативни активности идентификувани се уште 23 лица. – Тие се повикани во полициска станица и со истите е извршен службен разговор, за што е изготвена соодветна документација. По целосно комплетирање на документацијата, изготвена е кривична пријава против 23 лица за сторено кривично дело предвидено и казниво од КЗ и истата е доставена до Основното јавно обвинителство, соопштија од МВР. Покрај ова, а во насока на целосно расчистување на настанот, Министерството за внатрешни работи и понатаму презема соодветни мерки и активности со цел идентификација и на останатите учесници, и по целосно завршување на постапката ќе биде доставен дополнителен поднесок до надлежното ОЈО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/disciplinska-za-policajcite-shto-go-privedoa-momcheto-prijavi-za-igraorcite-vo-gevgelija-i-za-nastanot-vo-chento/feed/ 0