дишни органи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Jan 2021 14:43:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дишни органи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Три зачини полезни за дишните органи https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/tri-zachini-polezni-za-dishnite-organi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/tri-zachini-polezni-za-dishnite-organi/#respond Mon, 11 Jan 2021 14:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=453892

Бројни научни истражувања покажаа дека консумирањето одредени видови храна и пијалаци му помага на телото да се ослободи од штетните материи. Следуваат три зачини кои можат да ги „исчистат“ Вашите бели дробови. Куркума Науката покажа дека овој растителен вид го подобрува чистењето на белите дробови од штетни материи кај луѓе кои резултат, на пр., пушат или живеат во загадена област. Покрај тоа, куркумата ги спречува и заболувањата на дишните патишта. Куркума традиционално се користи, како и кари, во традиционалните индиски јадења. За да се ужива во антиинфламаторните придобивки од куркумата, треба да се измеша со малку црн пипер. Лук Лукот им дава вкус на многу јадења, а има најмногу лековити својства кога се јаде свеж. Тој содржи алицин, кој ги уништува респираторните инфекции и наслагите од тутунските производи. Сепак, имајте на ум дека поголеми количини лук не се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со желудникот и варењето на храната. Ѓумбир Многу лековити својства му се припишуваат и на ѓумбирот. Тој го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува варењето на храната, ја намалува подуеноста, како и воспалителните процеси во телото и ги отстранува токсините од белите дробови и остатокот од телото, поради што посебно се препорачува за пушачи. Често се користи и за правење чај или како додаток на здрави пијалаци, а може да се користи и како зачин во солени и слатки јадења. Ѓумбирот е доста потентен. Не треба да се јаде повеќе од парче ѓумбир со големина од околу два сантиметри дневно, па во случај на несакани ефекти од претерување, стручниот совет препорачува – консултација со лекар или нутриционист. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/tri-zachini-polezni-za-dishnite-organi/feed/ 0
Институт Роберт Кох: Секоја инфекција на дишните органи мора да се тестира https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/institut-robert-koh-sekoja-infekcija-na-dishnite-organi-mora-da-se-testira/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/institut-robert-koh-sekoja-infekcija-na-dishnite-organi-mora-da-se-testira/#respond Fri, 24 Apr 2020 11:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=336634

Бројот на нови инфекции од коронавирус мора да се намали на неколку стотина дневно за да може да се размислува за натамошни ублажувања на мерките, предупреди заменик шефот на германскиот Институт „Роберт Кох“, Ларс Шаде, додавајќи дека отсега секоја инфекција на органите за дишење мора да се тестира на коронавирус. Тој на прес-конференција истакна дека во последните денови во Германија се регистрирани околу 2.000 нови инфекции, а бројот на излекувани достигнал веќе 106.800 лица. Шаде нагласи дека во одделни европски земји, како што се Италија, Франција и Шпанија, се уште е преголема смртноста, објаснувајќи дека тоа не е случај во Германија, каде стапката на морталитет е зголемена само во покраините Хесен и Берлин. – По успешноста на преземените мерки, тие сега се доведуваат во прашање. Тоа што Германија, во споредба со останатите, релативно добро помина низ пандемијата е благодарејќи на мерките. Ако повторно имаме премногу близок контакт меѓу луѓето, тогаш ќе има и повеќе инфекции, оцени Шаде, додавајќи дека не смее да се прават драстични олеснувања на мерките. Тој го повика населението и понатаму да се придржува кон мерките, нагласувајќи дека со тоа помагаат вирусот на се држи под контрола. – Отсега треба секоја инфекција на дишните органи, без разлика на вишокот килограми, да се тестира, изјави Шаде, објаснувајќи дека сега е важно инфекцијата Ковид-19 многу порано да се препознае. На прашањето дали коронавирусот во текот на летниот период ќе се повлече, Шаде истакна дека се уште по постојат сигурни сознанија за тоа, бидејќи има заразени случаи со Ковид-19 на јужната хемисфера и на места каде се високи температурите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/institut-robert-koh-sekoja-infekcija-na-dishnite-organi-mora-da-se-testira/feed/ 0