дискотеки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Jul 2022 09:28:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дискотеки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дискотеките „на нозе“, бараат реакција од Спасовкси – иницијативата „Сакаме ноќен живот“ најави протест на 27 јули https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/diskotekite-na-noze-baraat-reakcija-od-spasovksi-inicijativata-sakame-nokjen-zivot-najavi-protest-na-27-juli/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/diskotekite-na-noze-baraat-reakcija-od-spasovksi-inicijativata-sakame-nokjen-zivot-najavi-protest-na-27-juli/#respond Sat, 23 Jul 2022 09:28:49 +0000 https://kurir.mk/?p=709246

Летниот ноќен клуб „Хавана“ попладнево излезе со реакција откако и на средина на летото, клубовите и дискотеките во Скопје се уште се без лиценца за работа. -После 30 години Скопје е без ниту една летна дискотека и ноќен живот! Илјадници млади немаат каде да се забавуваат, додека стотици вработени ги загубија своите работни места, велат од „Хавана“. Дискотеката бара итна реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР) и министерот Оливер Спасовски. -Да се реши овој проблем и да ни дозволат да работиме, стои во реакцијата од „Хавана“. Преку пораката „Младите треба да живеат, Скопје треба да живее!“, иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ најави протест пред Владата на 27 јули, со почеток во 20 часот. - Ниту еден летен клуб во Скопје сè уште нема добиено лиценца за работа. За таа цел ги повикуваме надлежните да го решат проблем на метрополата со немањето на понуда за ноќен живот, се вели во најавата. Синоќа, претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски, во име на летните ноќни клубови истакна дека за разлика од минати години пред пандемијата, кога Скопје сè уште Скопје имал можност да се натпреварува со останати балкански градови во квалитетот на понуда на полноќните настани и програми, ова лето познатите забави веќе не постојат. - После долг период затворени и изолирани од дружење и забава младите повторно немаат каде да се социјализираат и забавуваат. Каде и што е тоа што се променило оваа година за да Mинистерството за економија не може да издаде лиценци, кога три децении летните ноќни клубови истата документација ја добивале? И наместо да се најдат начини и можности да го одржиме барем на минимално ниво ноќниот живот во градот ова лето, скопскиот полноќен живот е во целосен мрак, рече Јосифовски на вчерашната прес-конференција. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потврди дека е запознаен со проблемот со издавање лиценци за угостителите, односно за друштвата кои менаџираат со ноќни клубови и летните дискотеки и истакна дека се чека на добивање позитивно мислење од полицијата. -Да информиран сум. Во моментот кога ќе добиеме позитивно мислење од страна на МВР согласно процедурата на издавање на лиценци, веднаш истиот ден сите тие угостителски објекти кои ги исполнуваат условите, секако дека ќе ги добијат тие лиценци. Додека немаме мислење од страна на МВР кое е предвидена и со Закон, ние немаме законско право да ги издаваме тие лиценци, информира првиот човек на ресорот економија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/diskotekite-na-noze-baraat-reakcija-od-spasovksi-inicijativata-sakame-nokjen-zivot-najavi-protest-na-27-juli/feed/ 0
МОРБИДЕН ТРЕНД СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА: Со инекции во нозете, рацете, грбот и рамена се напаѓаат луѓе во дискотеките, поголем дел од жртвите се девојки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morbiden-trend-se-shiri-vo-evropa-so-inekcii-vo-nozete-racete-grbot-i-ramena-se-napagjaat-lugje-vo-diskotekite-pogolem-del-od-zrtvite-se-devojki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morbiden-trend-se-shiri-vo-evropa-so-inekcii-vo-nozete-racete-grbot-i-ramena-se-napagjaat-lugje-vo-diskotekite-pogolem-del-od-zrtvite-se-devojki/#respond Sat, 30 Apr 2022 08:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=670056

Најмалку 53 лица тврдат дека имале гадење, вртоглавица, несвестица и дека не можеле да одат откако биле избодени на подиумот. Најголем дел од жртвите се жени. Обвинителите во голем број градови, вклучувајќи ги Рен, Нант, Тулуз и Гренобл, започнале истрага за инјектирање на штетни материи, иако не нашле докази за да ги потврдат тие тврдења. Франција го вклучила алармот откако слични случаи биле пријавени и во Британија и во Ирска. Тврдењата дека силувачите сега користат нов метод на зашеметување жртви сè уште се под истрага во овие земји. Вообичаена е претпоставката дека дрогата се става во пијалоци. Но, во овие случаи, дрогата се инјектирала во нозете, рацете, грбот или рамената. Лекарите во Франција забележале дека на телата на жртвите се видливи црвени траги што укажуваат на тоа дека биле избодени со инекција. На жртвите им се советува да преземат превентивни третмани за ХИВ во случај иглите да се користат неколку пати. Имало неколку извештаи во медиумите за убоди од игли. Зое Стопиља, 20-годишна студентка од Гренобл, била во ноќен клуб претходно овој месец. Испила чаша алкохол, а откако отишла да дише свеж воздух, почувствувала дека повеќе не може да зборува, да се движи или да гледа. „Тоа траеше 10 минути. Испив една чаша кога пристигнав и веднаш сфатив дека тоа не е алкохол.“ Пријателите ја однеле во болница и лекар од брзата помош открил црвена дамка на нејзината нога што докажува дека добила убод од инекција. Таа сега зема терапија за превенција на ХИВ. „Ова ми уништи добар дел од животот.“, вели Лу-Ан Ле Ру, 16-годишна од Лориен, Бретања, која вели дека почувствувала остра болка во рамото во еден момент за време на музички фестивал. „Почнав да чувствувам напад на паника. Не се чувствував добро. Се грчев, а главата ме болеше сѐ повеќе и повеќе. Извештаите за напади се широко распространети. Во еден клуб во Монтобан, во југозападниот дел на земјата, две девојки се онесвестиле во неделата наутро, откако околу 50 луѓе истрчале кон излезот од ноќен клуб кога маж на шега извикал: „Избоден сум!“. Француските истражители во моментов се обидуваат да одговорат на тешкото прашање зошто луѓето биле прободени во клубовите. Тестовите на крв и урина не покажале траги од дрогата што ја користеле силувачите. GHB, психоактивна супстанца позната како дрога за силување, останува во крвта на жртвите само неколку часа, што го отежнува утврдувањето на можноста за нејзино инјектирање. Во клубовите не се пронајдени шприцеви. Исто така, снимките од видео надзор не покажале убоди. Она што уште повеќе ги збунува истражителите е фактот што досега не се пронајдени докази дека боцкањето со игла е поврзано со сексуален напад или кражба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morbiden-trend-se-shiri-vo-evropa-so-inekcii-vo-nozete-racete-grbot-i-ramena-se-napagjaat-lugje-vo-diskotekite-pogolem-del-od-zrtvite-se-devojki/feed/ 0
Во Франција од петок се затвораат сите дискотеки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-od-petok-se-zatvoraat-site-diskoteki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-od-petok-se-zatvoraat-site-diskoteki/#respond Mon, 06 Dec 2021 21:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=605051

Францускиот премиер Жан Кастек денеска изјави дека дискотеките ќе бидат затворени во следните четири недели, почнувајќи од петок. Одлуката за затворање на дискотеките тој ја образложи со напредокот на петтиот бран на Ковид 19 и тешкотиите во примената на мерките за социјално дистанцирање во овие објекти, пишува францускиот весник „Фигаро“. – Вирусот циркулира меѓу младите и тешко е да се носат маски на овие места – истакна францускиот премиер во телевизиско обраќање. Франција не е единствената земја која донела ваква одлука, наведува весникот и додава дека неколку дена претходно и Белгија одлучила да ги затвори дискотеките за да го запре наглото зголемување на нови инфекции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-od-petok-se-zatvoraat-site-diskoteki/feed/ 0
Италија затвора дискотеки, задолжително носење маски навечер на јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zatvora-diskoteki-zadolzitelno-nosenje-maski-navecher-na-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zatvora-diskoteki-zadolzitelno-nosenje-maski-navecher-na-javni-mesta/#respond Sun, 16 Aug 2020 17:18:29 +0000 https://kurir.mk/?p=391409

Италијанските власти наредија затворање на сите дискотеки и носење маски ноќе на јавни места бидејќи државата се соочува со зголемен број случаи на заразени со новиот коронавирус. Министерот за здравство Роберто Сперанца потпиша декрет за влегување во сила од утре. Со декретот задолжително е носење заштитна маска од 18 часот до 6 часот наутро на јавни места каде има „формирање групи“. Новиот декрет, исто така, забранува работење на отворените дискотеки и ноќни клубови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zatvora-diskoteki-zadolzitelno-nosenje-maski-navecher-na-javni-mesta/feed/ 0
Во Каталонија се затвораат сите дискотеки и ноќни клубови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-katalonija-se-zatvoraat-site-diskoteki-i-nokjni-klubovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-katalonija-se-zatvoraat-site-diskoteki-i-nokjni-klubovi/#respond Sat, 25 Jul 2020 07:33:08 +0000 https://kurir.mk/?p=381039

Властите во шпанската провинција Каталонија наредија затворање на сите дискотеки и ноќни клубови, во обид да го спречат ширењето на коронавирусот. Мерките, кои стапуваат во сила денеска и ќе важат две недели, се воведени откако во Каталонија во последните 14 дена беа регистрирани околу 8000 нови случаи, додека во истиот период се регистрирани нешто повеќе од 16.000 новозаразени во цела Шпанија. Претходно донесените мерки, кои, меѓу другото, вклучуваа и забрана за собирање на повеќе од 10 лица на јавно место, ќе важат уште една недела, по што локалните власти ќе проценат дали ќе ги продолжат. Епидемијата во Шпанија се забави во јуни, по што беше укината вонредната состојба, но оттогаш вирусот повторно се прошири во 280 жаришта, при што Каталонија бележи најголем број нови случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-katalonija-se-zatvoraat-site-diskoteki-i-nokjni-klubovi/feed/ 0
Последно лето за дискотеките во парк: Сите ќе бидат срушени поради новиот забавен парк https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/posledno-leto-za-diskotekite-vo-park-site-kje-bidat-srusheni-poradi-noviot-zabaven-park/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/posledno-leto-za-diskotekite-vo-park-site-kje-bidat-srusheni-poradi-noviot-zabaven-park/#respond Thu, 06 Jun 2019 07:12:57 +0000 https://kurir.mk/?p=205840

Летните дискотеки во Градскиот парк ќе се уриваат и на нивно место ќе се наоѓа новиот забавен парк, објавува СДК.МК. Според проектот, паркот ќе биде на површина од 26.000 метри квадратни, односно освен просторот на сегашниот луна парк, ќе се прошири и на местото на летните дискотеките. Поголема површина за новиот забавен парк како што објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Шилегов е потребна бидејќи во него нема да има реквизити само за деца, туку и адреналински содржини за возрасни. Како што најави Шилегов на презентацијата на проектов летово ќе почне постапката за проектирање и набавка на реквизитите, што значи на есен ќе се уриваат дискотеките. Целата вест прочитајте ја на СДК.МК.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/posledno-leto-za-diskotekite-vo-park-site-kje-bidat-srusheni-poradi-noviot-zabaven-park/feed/ 0
Ќе се рушат летните дискотеки во парк, Шилегов нема пари ниту за реконструкција на библиотеката „Браќа Миладиновци“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-rushat-letnite-diskoteki-vo-park-shilegov-nema-pari-nitu-za-rekonstrukcija-na-bibliotekata-brakja-miladinovci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-rushat-letnite-diskoteki-vo-park-shilegov-nema-pari-nitu-za-rekonstrukcija-na-bibliotekata-brakja-miladinovci/#respond Fri, 16 Feb 2018 13:09:13 +0000 http://kurir.mk/?p=22150

На седницата на советнички прашања во Град Скопје, советникот на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржалоски го праша градоначалникот Петре Шилегов дали ќе ја реконструира библиотеката „Браќа Миладиновци“, како што било предвидено во претходната програма на поранешниот градоначалникот Коце Трајановски. Кржалоски го праша Шилегов и дали е вистина дека ќе се рушат летните дискотеки. Шилегов посочи дека летните дискотеки ќе се рушат, како и дека Градот Скопје не бил надлежен и не е негова работа да обезбеди простор за дискотеките. Со ваквата одлука ќе се наруши една децениска традиција и скопскиот парк повеќе нема да има дискотеки каде младите ќе се забавуваат. Воедно, Шилегов истакна дека нема средства за реконструкција на библиотеката и дека парите кои Трајановски ги предвидил за таа намена, се пренаменети за други цели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-rushat-letnite-diskoteki-vo-park-shilegov-nema-pari-nitu-za-rekonstrukcija-na-bibliotekata-brakja-miladinovci/feed/ 0