дискриминација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Aug 2023 11:37:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дискриминација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФК Тетекс бара достапност до стадионите, ќе поведат постапки за дискриминација до институциите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-teteks-bara-dostapnost-do-stadionite-ke-povedat-postapki-za-diskriminatsija-do-institutsiite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-teteks-bara-dostapnost-do-stadionite-ke-povedat-postapki-za-diskriminatsija-do-institutsiite/#respond Fri, 18 Aug 2023 11:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=868392

Фудбалскиот клуб Тетекс почнува институционална битка за докажување на дискриминација затоа што не им се дозволува користење на новиот и стариот градски стадион. Тие велат дека од март попусто ги чекаат општинските власти за спроведување на договорот дека ќе добијат терен со природна терен во селото Сараќино. - Од денес почнуваме со борба преку нашите институции, ќе се запознаат сите фактори, народен правобранител, меѓународна заедница, амбасада, Комисија за антидискриминација. Од март бараме средба за да се реши овој проблем, немаме добиено одговор, што уште да се чекаме. Второ коло веќе играме, дали треба уште да се чека. Има комуникација со општина Тетово, ама тоа останува на тоа дека ќе биде теренот во Сараќино, ама што до тогаш. Бараме писмени гаранции дека клубот ќе може да се натпреварува на Градскиот стадион, зошто да не го користиме стариот градски стадион, да видиме дали има договор кој било клуб, зошто не и Тетекс. И ако нема зошто само еден клуб може да го користи тој терен. Во Сараќино ништо не е почнато. Секоја општина помага во спортот ние немаме денар видено, изјави на денешната прес-конференција Бобан Мишевски, спортски директор. Тој ја оспорува реакцијата на Општина Тетово дека новиот стадион е само за клубови од Прва лига - Општина вели дека градски стадион е само за прволигашки екипи, па ЖФК Љуботен е Прва лига. Како е осмислено дека само прволигашка екипа може да го користи. Таму е јасно наведено дека 24 часа пред одигрување на прволигашки натпревар не може да се користи теренот. Може да играме во гости кога другите ќе бидат домашни. Има примери каде се користи ист терен пример Воска и Охрид, пример Караорман и Струга, не гледам зошто е проблем, рече Мишевски. Воедно клубот бара додека не се изгради нов терен за тренирање во Сараќино да им се овозможи подготвување на стариот градски стадион. - Бараме средба со сите клубови, градоначалникот и млади и женски клубови и да се најде решение да се најдат термини да се тренираат на овој терен тука. На тој терен не може да се излезе од нашите простории. Ограден е и само го користи екипата на првиот тим на Шкендија. Единствено нешто што бараме во моментов е само разумен договор каде што ќе може да се излезе и да се тренира на овој терен, поточно стариот градски стадион. На овој терен секогаш без никаков проблем тренирале првите тимови на Тетекс, Шкендија, прв тим на Љуботен, младите категории на овие три споменати клубови дури и една школа без никаков проблем со добра ординација. Немало апсолутно никаков проблем, истакна Мишевски. Шефот на стручниот штаб Филип Деспотовски рече дека имаат многу тешки услови за работа на теренот со вештачка трева. Имаат термин во 10.30 часот кога е многу топло, што негативно влијание на здравствената состојба на фудбалерите. - Би било многу добро кога би имале избор за повеќе терени да користиме, затоа што развојот на децата кои сакаат да бидат фудбалери од Тетовско, тоа ќе им дозволи да им бидат достапни учењата кои ќе ги дадат тренерите. Но немаме такви услови за младите, а да не зборам за првиот тим, се натпреваруваме во Втора лига, искрено сакаме да идеме и понапред, имаме добри деца во клубот затоа што знаеме дека Тетово бил секогаш расадник на дорби фудбалери. Да се најде решение за да може да имаме мирна работа, да се сконцентрираме на фудбал, ние сме фудбалски работници, не сме политичари. Сакаме да си ја работиме нашата работа, затоа сме тука. И сакаме да си имаме мир во нашата работа. За прв тим може да кажам дека тренирам во термин во 10.30. кога е многу топло а тоа е вештачка трева, која се вжарува од топлината и многу играчи се повредуваат, што за сметка на теренот кој е со лоши услови, што за сметка на време топло е, се разболуваат, имаат добивано температура од сончаница и такви работи, потенцираше Деспотовски. Капитенот Трајче Стојковски вели дека од просториите на ФК Тетекс фудбалерите самите возат комбе за до теренот со вештачка трева. - Се враќаме назад испотени, едно ниво коешто не доликува на фудбалско име како што е ФК Тетекс. Ни една школа не толерира такви работи, а ова е клуб со реноме, еден од најголемите македонски клубови и не заслужува ваков третман од кој било и да е. Ова тргаме политика на страна. Овде се замешани и многу други работи и затоа спортот оди назад. Не бараме многу, бараме да имаме многу, бараме да имаме терен, рече Стојковски. Од раководството на Тетекс потенцираат иако Министерството за транспорт и врски дава позитивно мислење за легализација на нивните простории тоа не е одобрено од досегашните градоначалници Теута Арифи и Биљал Касами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-teteks-bara-dostapnost-do-stadionite-ke-povedat-postapki-za-diskriminatsija-do-institutsiite/feed/ 0
Отворените средби на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација продолжуваат во Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorenite-sredbi-na-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija-prodolzhuvaat-vo-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorenite-sredbi-na-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija-prodolzhuvaat-vo-gevgelija/#respond Wed, 12 Jul 2023 17:53:40 +0000 https://kurir.mk/?p=855999

Граѓаните, членовите на граѓанските организации и претставниците на институциите во Гевгелија и нејзината околина, утре (13 јули 2023) ќе имаат можност за дискусија и подетално запознавање со надлежностите и начинот на постапување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Оваа средба се одржува во рамки на активноста „Отворени средби“ која ја спроведува КСЗД во насока на подигнување на јавната свест за препознавање на формите на дискриминација, како и за запознавање со надлежностите и начинот на постапување на Комисијата. Преку ваквите отворени средби, членовите на Комисијата остваруваат директна комуникација со граѓаните и претставниците на институциите на локално ниво, како што се судовите, подрачните единици на министерствата, службениците кои се дел од локалната самоуправа, како и претставниците на граѓанскиот сектор. „За нас како Комисија ваквите средби претставуваат можност за отворена дискусија со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите околу формите на дискриминација, нејзиното препознавање, како и за најважното – начинот на постапување во насока на спречување и заштита од дискриминација. Исто така, преку овие дискусии се отвора и можност за поефикасна соработка помеѓу Комисијата, граѓанските организации кои делуваат на локално ниво и институциите, во остварување на заедничката цел – промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација. Истовремено, ваквата комуникација и соработка е од исклучително значење, бидејќи придонесува кон подигнување на јавната свест за формите на дискриминација и начинот на нејзино искоренување“, посочуваат од Комисијата. „Отворени средби“ започнаа минатиот месец во Крива Паланка, каде членот на Комисијата, Ирфан Деари имаше можност за директна комуникација со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво во оваа општина, а продолжи со средба во Гостивар на која учествуваше членот на Комисијата Игор Јадровски. До крајот на оваа година предвидени се и отворени средби во дополнителни шест градови низ земјата. Ваквите средби се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Покрај заштитната улога и постапувањето по претставки од граѓаните, како и по службена должност, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има и превентивна улога која ја спроведува преку едукација и соработка со граѓански организации, државни институции и институции на локално ниво. „Отворените средби“ се дел од ваквите активности кои КСЗД ги презема заради ефикасна комуникација со граѓаните и за претставување на Комисијата и на нејзините надлежности во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorenite-sredbi-na-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija-prodolzhuvaat-vo-gevgelija/feed/ 0
Во Њујорк забранија со закон дискриминација на дебелите луѓе https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-nujork-zabranija-so-zakon-diskriminatsija-na-debelite-luge/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-nujork-zabranija-so-zakon-diskriminatsija-na-debelite-luge/#respond Fri, 12 May 2023 15:30:56 +0000 https://kurir.mk/?p=833550

Во Њујорк е донесен закон со кој се забранува дискриминација врз основа на тежина. Градските советници кои го поддржаа усвојувањето на законот изјавија дека дебелите луѓе имаат потешкотии во рестораните и театрите, а истакнаа и дека луѓето со прекумерна тежина биле дискриминирани при делење велосипеди од градските власти. За донесување на законот гласаа 44 советници, а пет беа против. Лидерот на опозициските републиканци во градското собрание на Њујорк, Џозеф Борели, изјави дека е загрижен оти законот ќе доведе до тоа њујорчани да тужат секого и се. Во САД, повеќе од 40 отсто од возрасните граѓани се дебели, а студиите покажуваат дека дискриминацијата е распространета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-nujork-zabranija-so-zakon-diskriminatsija-na-debelite-luge/feed/ 0
Англиски тренер суспендиран три години поради дискриминација и расизам https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angliski-trener-suspendiran-tri-godini-poradi-diskriminatsija-i-rasizam/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angliski-trener-suspendiran-tri-godini-poradi-diskriminatsija-i-rasizam/#respond Thu, 20 Apr 2023 14:23:47 +0000 https://kurir.mk/?p=825996

Англискиот фудбалски тренер Џон Јемс (63) е суспендиран во траење од три години поради дискриминација и расизам, објави Англиската фудбалска федерација (ФА). Сега веќе поранешниот тренер на Кроули Таун во јануари беше суспендиран на 17 месеци поради „дискриминаторски речник“ и „расистички шеги“ кон своите играчи. Меѓутоа, ФА ја обжали одлуката наведувајќи дека изречената казна е недоволна. Во обновената постапка, Независниот жалбен совет го суспендираше Јемс од сите активности поврзани со фудбалот до јануари 2026 година. Поздравувајќи ја одлуката на Независниот совет, ФА објави дека станува збор за најдолга забрана изречена кога и да е во англискиот фудбал поради дискриминација. „Ова беше длабоко вознемирувачки случај за вклучените жртви и се надеваме дека исходот од оваа жалба ќе помогне да се донесе некаков заклучок. Исто така, се надеваме дека ова ќе го поттикне секого кој доживеал или посведочил на дискриминација во фудбалот тоа и да го пријави“, соопшти ФА. Англиските медиуми објавија дека црномурестите фудбалери кои ги тренирал Јемс ги нарекувал „Зулу војници“, а муслимански играчи „терористи“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angliski-trener-suspendiran-tri-godini-poradi-diskriminatsija-i-rasizam/feed/ 0
Националната припадност, личното својство и општествениот статус најчести основи за дискриминација во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natsionalnata-pripadnost-lichnoto-svojstvo-i-opshtestveniot-status-najchesti-osnovi-za-diskriminatsija-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natsionalnata-pripadnost-lichnoto-svojstvo-i-opshtestveniot-status-najchesti-osnovi-za-diskriminatsija-vo-2022-godina/#respond Tue, 28 Feb 2023 12:33:18 +0000 https://kurir.mk/?p=806049

Во последните 20 месеци, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) изработи вкупно 470 предмети. Во 2022 година работевме на 255 предмети и за разлика од истражувањето на ЦУП, според кој граѓаните се убедени дека најчеста форма на дискриминација е базирана врз политичко уверување, социјален статус и национална или етничка припадност, анализата на нашите статистички податоци говори дека сепак најчести дискриминаторски основи за 2022 година се националната и етничката припадност, личното својство и општествениот статус, изјави членка на КСЗД, Весна Бендевска. Според Бендевска, постои веројатност дека зад ова да се крие политичкото уверување, бидејќи граѓаните поднесувачи на претставки, најчесто не сакаат да признаат дека се чувствуваат дискриминирани во поглед на нивното политичко уверување. - Области во кои најчесто се случуваат дискриминациските активности се работата и работните односи и тоа верувам дека некое попрецизно истражување ќе покаже дека - да, политичкото уверување и тоа како влијае врз еднаквиот пристап до вработување, унапредување и градење кариера во нашето општество, изјави Бендевска за време на денешната конференција „Дали Република Северна Македонија е фер земја? Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата?“. Таа информираше дека оваа година имале голем број претставки кои се однесуваа на вознемирувачки говор врз национална и етничка припадност, најчесто промовирани на социјалните мрежи, поточно 47 проценти од претставките, при што нивни најчести поднесувачи се здруженијата на граѓани. Сепак Бендевска, најави дека во текот на месец март Комисијата многу прецизно и јасно ќе ги прецизира наодите, односно годишниот извештај за својата работа во 2022 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natsionalnata-pripadnost-lichnoto-svojstvo-i-opshtestveniot-status-najchesti-osnovi-za-diskriminatsija-vo-2022-godina/feed/ 0
Четири години Шеќеринска вршела етничка и професионална дискриминација на вработените во МО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-godini-shekjerinska-vrshela-etnichka-i-profesionalna-diskriminacija-na-vrabotenite-vo-mo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-godini-shekjerinska-vrshela-etnichka-i-profesionalna-diskriminacija-na-vrabotenite-vo-mo/#respond Sat, 19 Feb 2022 20:43:25 +0000 https://kurir.mk/?p=633732

Државен советник ја обвини поранешната министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за дискриминација по разни основи на вработените во министерството, кои поради тоа со години се борат преку институциите да ги заштитат нивните права. Полковникот Мухаедин Беља во интервју за Тв Шења и порталот zoom.mk раскажува дека четири години од министерката Шеќеринска бил изложен на разни притисоци само заради тоа што како државен советник инсистирал во министерството да се почитува уставот и законите. - Дојде на власт под мотото Живот за сите. Нејзината партија доби над 70 илјади гласови на Албанците, но таа ги злоупотреби тие гласови и го прекрши Уставот на Републиката. Таа го уби мултиетничкиот карактер на нашата земја со тоа што не водеше сметка за правичната застапеност, истакнува полковник Беља, кој Воената академија за воздухопловство и против воздушна одбрана ја завршил во Сараево и Задар, а Југословенската војска ја напуштил доброволно веднаш по нападот на ЈНА против Словенија и како поручник се пријавил да служи во АРМ. Беља тврди дека луѓето на министерката Шеќеринска на два пати и покренале дисциплинска постапка, во кои не биле утврдени никакви прекршувања на работната дисциплина, само да го спречат да конкурира на огласот за воен аташе во Вашингтон и да напредува во кариерата заради што бил принуден да го тужи Министерството, министерката Шеќеринска, државниот секретар Драган Николиќ и воениот аташе во САД полковникот Горан Павлевски за етничка, верска и професионална дискриминација. Тој се жали дека иако тужбата ја поднел точно пред две години судскиот процес уште не ни е почнат. Досега биле закажани четири подготвителни рочишта, ниедна не се одржала, а биле сменети пет судии. - Законот предвидува судските процеси поврзани со работни односи, посебно за дискриминација, на првостепено одлучување треба да завршат за шест месеци, и на второстепено за уште три месеци. Поминати се 24 месеци, ништо, вели Беља. Заради тоа Беља побарал заштита од Народниот правобранител, кој утврдил прекршување на правото за судење во разумен рок. Освен тоа, тој се пожалил и пред анкетната комисија на Собранието за заштита на човековите права, каде со месеци претседателот на Собранието Талат Џафери и Генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, не ја доставуваат жалбата до претседателот на Комисијата Халил Снопче за да постапува согласно неговите надлежности. Според него, вакви неправди и дискриминација им се случуваат и на други вработени во Министерството од македонска етничка припадност, но и на претставници на други етнички заедници. Досега се поднесени три жалби за дискриминација пред Комисијата против дискриминација и има четири тужби на суд за дискриминација, а има илјадници судски тужби против Министерството за работни спорови. - Истото му се случи и на полковник Борко Симовски. Пет судски спорови ги доби на суд, но Министерството одбива да ги спроведе. Човекот отиде во пензија, без да се спроведат судските одлуки. Башка тоа, три месеци откако замина во пензија, уште не ја добил пензијата затоа што некој во Министерството за одбрана не доставил некој образец во пензискиот фонд, потсетува полковникот. Освен тоа, уште еден офицер Македонец добил спор против Министерството за одбрана пред Комисијата за заштита од дискриминација, која недвосмислено потврдило дека вработениот Душко Димитровски бил вознемируван врз основа на лично својство и општествен статус во областа на работните односи од страна на непосредно претпоставени лица во хиерархиската поставеност во Министерството за одбрана, и тоа од министерката Радмила Шеќеринска и државниот секретар Драган Николиќ. Полковникот Беља вели дека решил да проговори јавно затоа што досега сите напори правда да тера преку институциите не вродиле со плод. - Јас можам да и простам како министерка, но не можам да верувам дека таа е мајка, дека родила дете. Како родител, како може таа да им врши таков притисок на луѓето во Министерството, вели советникот Беља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-godini-shekjerinska-vrshela-etnichka-i-profesionalna-diskriminacija-na-vrabotenite-vo-mo/feed/ 0
КСЗД: Четири општи препораки до институциите за отстранување на системска дискриминација кон лицата со попреченост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-chetiri-opshti-preporaki-do-instituciite-za-otstranuvanje-na-sistemska-diskriminacija-kon-licata-so-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-chetiri-opshti-preporaki-do-instituciite-za-otstranuvanje-na-sistemska-diskriminacija-kon-licata-so-poprechenost/#respond Fri, 03 Dec 2021 12:50:46 +0000 https://kurir.mk/?p=603638

Наместо со формални честитки за одбележување на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реши на овој ден посветен на најмаргинализираната група во нашето општество да дејствува проактивно и објави општи препораки до институциите. Комисијата објави четири општи препораки до институциите за остранување на системска дискриминација кон лицата со попреченост, со цел унапредување и заштита на правата обезбедени со ратификацијата на конвенцијата на ОН за права на лицата со попреченост. Првата општа препорака се однесува на унапредување на правото на здравтствена заштита и пристапот до вакциналните пунктови на лицата со попреченост во услови на пандемија. Втората е насочена кон унапредување и заштита на човековите права и достоинство на осудените лица со попреченост и почитување на нивниот физички и ментален интегритет за време на издржувањето на казните во казнено-поправни установи и казнено-поправните домови. Третата општа препорака објавена од КСЗД е за обезбедување на пристапност и соодветно приспособување на гласачките места, со што ќе се овозможи еднаков пристап на лицата со физичка попреченост до и во гласачките места ширум земјата. И последната, четврта општа препорака објавена денес се однесува на имплементацијата на одредбите содржани во Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во соодветното домашно законодавство со цел да се обезбеди и промовира остварувањето на човековите права и слободи на сите лица со попреченост без каква било дискриминација врз основа на попреченост. Комисијата потенцира дека во државата се уште нема регистар колку лица со попреченост има, во кои делови и со каков вид на попреченост се соочуваат. КСЗД побара од Министерството за труд и социјална политика во најкус рок да формира регистар на лица со попреченост според степен и вид за да може да се проектираат реални и ефикасни политики и мерки. Се бара и сите одредби од Конвенцијата за заштита на овие лица да бидат вградени во домашното законодавство и тоа во што покус период.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-chetiri-opshti-preporaki-do-instituciite-za-otstranuvanje-na-sistemska-diskriminacija-kon-licata-so-poprechenost/feed/ 0
НДИ: Нема простор за говор на омраза и дискриминација на кандидатките за градоначалнички и советнички на претстојните локални избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-nema-prostor-za-govor-na-omraza-i-diskriminacija-na-kandidatkite-za-gradonachalnichki-i-sovetnichki-na-pretstojnite-lokalni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-nema-prostor-za-govor-na-omraza-i-diskriminacija-na-kandidatkite-za-gradonachalnichki-i-sovetnichki-na-pretstojnite-lokalni-izbori/#respond Thu, 30 Sep 2021 14:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=570894

Насилството врз жените во политиката се манифестира во повеќе облици, најчесто како мизогинија, сексистички, шовинистички и друг тип на напади и понижување, а тоа претставува директен напад врз демократијата и пристапот/правото до еднакви можности, велат во соопштението од Националниот демократски институт (НДИ). Овие локални избори се тест за нашите способности и разбирање на правото на еднакви можности и слободни и фер избори. Жените го имаат истото право како и мажите да бидат активни во политичкиот живот, да придонесуваат со својата експертиза и знаење без страв од насилство во било која форма коешто негативно влијае на личниот, професионалниот и семејниот живот на жените политичарки, како и на нивото на целиот политички дискурс. Затоа, ние членовите на Работната група за родова еднаквост , силно ги осудуваме сите форми на говор на омраза и дискриминација со коишто се нарушува правото на жените да учествуваат слободно и правично во изборниот процес како кандидатки. Ние се обврзуваме и дека нашите политички партии неодложно ќе преземат санкции и други дејствија против нашите членови кои користат несоодветен и дискриминаторски јазик или насилство со коешто се нарушува угледот на жените политичарки. Мораме да создадеме безбедно опкружување со цел и мажите и жените бидат политички активни и поддржани во нивните заложби да се кандидираат на демократски и слободни избори. Се надеваме дека ќе се стави крај на вербалните напади врз жените-кандидатки и дека предизборниот период и изборите ќе продолжат во фер и демократска атмосфера за сите учесници. Националниот демократски институт и Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (Сида) во моментов ја спроведуваат кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката" како дел од проектот WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените. Кампањата има за цел да се елиминира насилството врз жените во политиката и да се унапреди родовата еднаквост преку политичко учество, поддршка и поттикнување на жените да учествуваат во најголем можен степен во политиката, како резултат на нивните желби, предиспозиции и амбиции. Работна група за родова еднаквост: Вјолца Бериша, Алијанса за Албанците Арбен Таравари, Алијанса за Албанците Вјолца Муртези, Алтернатива Адмирим Халити, Алтернатива Стефан Андоновски, ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, ВМРО - ДПМНЕ Мелинда Рашиди, Движење БЕСА Фатри Салуи, Движење БЕСА Силвана Кржовска, ДОМ Христа Најданов, ДОМ Бедри Фазли, ДУИ Арбана Пашоли, ДУИ Билјана Аврамоска-Ѓореска, ЛДП Игор Вељаноски, ЛДП Снежана Калеска Ванчева, СДСМ Марко Михаилоски, СДСМ, стои во соопштението на НДИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-nema-prostor-za-govor-na-omraza-i-diskriminacija-na-kandidatkite-za-gradonachalnichki-i-sovetnichki-na-pretstojnite-lokalni-izbori/feed/ 0
Франција ja обвини Велика Британија за дискриминација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-obvini-velika-britanija-za-diskriminacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-obvini-velika-britanija-za-diskriminacija/#respond Thu, 29 Jul 2021 10:11:12 +0000 https://kurir.mk/?p=543429

Францускиот министер за европски прашања Климан Бон ги критикуваше британските правила за патување, нарекувајќи ги дискриминаторски, откако Лондон објави дека ќе ги задржи мерките за карантин за патниците што доаѓаат од Франција, но не и за оние од другите земји на ЕУ. Неговата реакција дојде откако Лондон објави дека ќе им овозможи на целосно вакцинирани патници од ЕУ и САД да влезат во земјата без карантин од следната недела, но дека правилата за Франција се уште се разгледуваат, пренесува британскиот весник „Гардијан“. – Тоа е неразумно и искрено неразбирливо од здравствени причини. Не се базира на наука и е дискриминаторско кон Французите, изјави Бон за телевизијата LCI. Сепак, тој изрази надеж дека ќе се изврши ревизија што е можно побрзо, бидејќи, како што вели, станува збор за здрав разум.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-obvini-velika-britanija-za-diskriminacija/feed/ 0
Амнести Интернешнл за Македонија: Загрижува неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/#respond Wed, 07 Apr 2021 08:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=493505

Годишниот извештај на Амнести Интернешнл за состојбата со човековите права во 2020 забележува влошување речиси секаде во светот, во Македонија се посебно погодени жените, припадниците на ромската заедница и други маргинализирани групи како ЛГБТИ. -И покрај спроведувањето на реформите што ги бара Европската Комисија, ситуацијата останува загрижувачка ситуација во повеќе области: неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата кон жените и Ромите како и кон ЛГБТИ лицата. Оваа година повторно бегалци и мигранти беа нелегално задржувани и протерани на сила, алармира Амнести Интернешнл во делот за Македонија. Извештајот потсетува која е состојбата откако во земјата беше прогласена вонредна состојба лани од средина на март до изборите во јули, како и полицискиот час, но оцени дека забраната за верски собири беше применета на селективен начин. Амнести истакнува дека Македонија го скрати буџетот за невладиниот сектор за 525 илјади евра, со што ја загрози способноста на овие организации да обезбедат есенцијални услуги во услови на криза. Што се однесува до судството, организацијата е критична кон фактот што судовите не работеле минимално, а нема напредок во судските процедури поврзани за прекршување на рестрикциите за Ковид-19. Дискриминацијата базирана на етничката, верската, родовата припадност и сексуалната ориентација не само што останува проблем во Македонија, туку и се влошила со пандемијата. -Припадниците на албанската заедница беа често мета на говор на омраза и дезинформација на социјалните мрежи, нагласува Амнести Интернешнл, повикувајќи се на податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој констатирал зголемување од 80 отсто на исламофобичниот говор на омраза пред изборите во јули, поднесени се пет тужби во текот на тој месец за поттикнување омраза. Ромите се исто така силно погодени од дискриминација во земјата, посебно во делот на пристапот до финансиска помош за време на пандемијата, најранливите лица можеле да сметаат пред сѐ на невладините организации и некои локални власти за хуманитарни пакети. Се потсетува и на случајот со деветте ромски музичари кои на враќање од турнеја во Италија биле однесени во касарна за карантин, додека другите двесте лица кои патувале со нив добиле дозвола за домашен карантин. Жените и натаму остануваат ранлива категорија во Македонија посебно на работното место за време на пандемијата. -Одговорните не преземаа мерки за да им помогнат на родителите кои работат да се справат со последиците од пандемијата. Жените беа посебно погодени, а на некои им беше нелегално задржан дел од платата кога отсуствуваа од работа. Амнести се осврнува и на текстилната индустрија каде жените се соочиле со закани за бркање од работа, закани дека нема да им се обнови договорот за работа, и текстилни работнички присилени да одат на работа за викенд во Штип за време на полицискиот час. Владата на Северна Македонија не ги имплементирала целосно ниту препораките за заштита на жените и децата жртви на насилство. Лицата припадници на ЛГБТИ заедницата се исто така споменати во извештајот. Иако законот за заштита од дискриминација е вратен на сила во октомври, Амнести оценува дека не е гарантирана независноста на Комисијата за заштита од дискриминација. Се потсетува и на нападот врз претседателот на ЛГБТ организацијата во Тетово во август. Жените Ромки се двојно погодени од дискриминација во државата и се посветува посебно внимание на случајот на жена Ромка која починала на крајот на бременоста за време на операција на отстранување на нејзиниот фетус, кој исто така починал. Неа претходно два пати и бил забранет пристап до болницата во Охрид и покрај болките и температурата, а кога конечно била однесена во болница во Скопје, чекала шест часа пред да ги добие резултатите од коронавирус. Шест други жени со ромско потекло биле нелегално избркани од својот дом во Скопје во 2016 додека биле бремени, Обединетите нации бараат од Македонија да им исплати отштета на овие жени, што сѐ уште не е сторено, потсетува Амнести. Се критикува фактот што државните центри за сексуално и репродуктивно здравје не можеле да ги понудат вообичаените услуги за време на пандемијата, а случаите со жените во тешки ситуации ги преземала невладината ХЕРА. Конечно Македонија потфрлила и во делот на правата на бегалците и мигрантите, смета организацијата за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/feed/ 0