дискусија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Mar 2023 14:07:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дискусија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Организирана дискусија: „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/organizirana-diskusija-zheni-koi-spasuvaat-zhivoti-a-nemaat-lek-za-diskriminatsijata-zheni-vo-beliot-mantil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/organizirana-diskusija-zheni-koi-spasuvaat-zhivoti-a-nemaat-lek-za-diskriminatsijata-zheni-vo-beliot-mantil/#respond Mon, 13 Mar 2023 14:07:08 +0000 https://kurir.mk/?p=811397

Министерството за труд и социјална политика денеска организираше дискусија насловена „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“ како дел од кампањата „Гласна и храбра“ која се реализира во месец март. Дискусијата има за цел подигнување на свеста за дискриминацијата на жените во белиот мантил како предуслов за родова еднаквост во општеството. На дискусијата се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, советничката за здравство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ана Данева Маркоска, специјализантката по кардиологија и претседателката на Здружение на лекари специјализанти, Александра Ѓорѓиева и специјализант, медицинска сестра во Клиника за гинекологија, Маргита Трифуновска. „Половата дискриминација во здравствените професии се однесува на целата култура на пристрасност кон женските лекари, изразена вербално преку погрдни и агресивни коментари, пониски плати и други форми на дискриминаторски дејствија од претежно машки врсници. Овие жени се соочуваат со потешкотии во нивната работна средина како резултат на позициите на моќ доминирани од мажи во областа на медицината, како и првичните предрасуди претставени во процесот на вработување, но не ограничувајќи се на унапредување“ рече Данева која се обрати во улога на модератор на настанот. Министерката Тренчевска во своето обраќање се осврна на актите на насилство со кои се соочуваат жените кои се здравствени работници. „Мора да признаеме дека секогаш кога се споменува здравството и здравствените работници  тоа е најчесто во конотација  на тоа дека вие имате  законска обврска да се грижите  за болните и за пациентите и да ја дадете својата безрезерва поддршка во вашата работа со нив, но императив е вие пред се  да ги остварите своите права пред се преку обезбедување на безбедна работна средина  за себе и за своите соработници, а тоа значи елиминирање на секаков вид на  вознемирување на работно место, родово базирано насилство, мобинг,сексизам и сл.облици на дискриминација и насилство кои   несмеат да се толерираат “ рече Тренчевска. Во дискусијата се вклучи со сопствени примери и дел од нејзиното искуство и претседателката на Здружение на лекари специјализанти, Александра Ѓорѓиева. „Драги жени лекари прифатете ја раководната позиција која ви се нуди, говорете погласно на утрински состанок, наметнете го вашето професионално мислење околу третман на пациент, застанете позади своите убедувања, дојдете на ноќен повик. Сушината на потребата од вакво однесување е разликата на начинот на кој  во основа размислуваат мажите и жените, покрај биолошките разлики постојат и научени однесување кои се врежени длабоко во нас. Во основа мажите го говорат јазикот на моќта и доминацијата и само преку таков тип на однесување тие се стекнуваат со почит кон својот соговорник. Се додека не дојде времето на Liberté, égalité, fraternité доминирајте го вашиот професионален простор, јас секогаш велам вистинска моќ е мека моќ а кој знае тоа подобро од една жена“ порача Ѓорѓиева Маргита Трифуновска во своето обраќање истакна дека жените во медицинските професии долго време се дискриминирани на различни начини. Истакна дека покрај зголемениот број на студентки по медицина, жените сè уште се недоволно застапени во лидерски улоги, до скоро време вклучително и началници на оддели и декани на медицинските факултети. Тие, исто така, се соочуваат со разлики во платите во споредба со нивните машки колеги, дури и кога се земаат предвид факторите како специјалност, искуство и продуктивност. Како гости на дискусијата беа присутни вработени жени и мажи во здравство како и студенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/organizirana-diskusija-zheni-koi-spasuvaat-zhivoti-a-nemaat-lek-za-diskriminatsijata-zheni-vo-beliot-mantil/feed/ 0
Панел дискусија во Град Скопје за унапредување на правата на жените https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/panel-diskusija-vo-grad-skopje-za-unapreduvanje-na-pravata-na-zenite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/panel-diskusija-vo-grad-skopje-za-unapreduvanje-na-pravata-na-zenite/#respond Tue, 08 Mar 2022 16:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=643487

Денеска во Градот Скопје се одржа панел дискусија за подобрување и унапредување на правата на жените, на која беше потпишана Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска. -На панел дискусијата учествуваа претставници на јавните препријатија од Градот Скопје, жени на раководни позиции од градската администрација како и претставници на граѓански здруженија. Важно е обезбедување системска поддршка која ќе гарантира економска сигурност и финансиска независност, како и фер третман за овозможување кариерен напредок на жените. Жените се и секогаш биле двигател на промените во општеството, затоа мора да се градат политики кои ќе овозможат економско јакнење на жените, да ги промовираме успешните примери и да придонесеме за нови успеси. Системски да се воспостави механизам за поддршка, да се зголеми учеството на жените во процесот на носење на одлуки, да се подигне свесноста за потенцијалот, затоа што на тој начин го обезбедуваме личниот и колективниот развој во општеството, за сите сегашни и идни генерации, истакна таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/panel-diskusija-vo-grad-skopje-za-unapreduvanje-na-pravata-na-zenite/feed/ 0
Дискусија на ЦБИ за европските безбедносни предизвици и закани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/diskusija-na-cbi-za-evropskite-bezbednosni-predizvici-i-zakani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/diskusija-na-cbi-za-evropskite-bezbednosni-predizvici-i-zakani/#respond Wed, 14 Oct 2020 14:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=416407

Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ), организира настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“. На настанот кој што ќе се одржи во „Рагуза 360“, предвидено е свои излагања да имааат Извршниот Директор на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев и Раби В. Седрак, специјален советник за антитероризам во ЦБИ. Настанот е со почеток од 19:00 часот, а на истиот ќе присуствуваат голем број на гости, меѓу кои и претставници на дипломатскиот кор. Настанот ќе биде организиран под сите бедбедносни мерки и протоколи кои се предвидени во борбата против Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/diskusija-na-cbi-za-evropskite-bezbednosni-predizvici-i-zakani/feed/ 0
(ВО ЖИВО) Силјановска на дискусија: Ќе пакуваме куфери, или ќе гласаме и одлучиме за нашата иднина? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-siljanovska-na-diskusija-kje-pakuvame-kuferi-ili-kje-glasame-i-odluchime-za-nashata-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-siljanovska-na-diskusija-kje-pakuvame-kuferi-ili-kje-glasame-i-odluchime-za-nashata-idnina/#respond Thu, 02 May 2019 17:26:54 +0000 https://kurir.mk/?p=193435

Вечерва со почеток од 20:00 часот во Јавна соба се одржува трибина на тема „Ќе пакуваме куфери, или ќе гласаме и одлучиме за нашата иднина?“, каде што свое учество има и кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова. Дискусијата во живо можете да ја следите тука: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-siljanovska-na-diskusija-kje-pakuvame-kuferi-ili-kje-glasame-i-odluchime-za-nashata-idnina/feed/ 0
Германскиот министер за Европа: Дискусијата за Македонија е „многу разочарувачка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskiot-minister-za-evropa-diskusijata-za-makedonija-e-mnogu-razocharuvachka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskiot-minister-za-evropa-diskusijata-za-makedonija-e-mnogu-razocharuvachka/#respond Tue, 26 Jun 2018 15:52:57 +0000 https://kurir.mk/?p=70017

Германскиот министер за Европа Михаил Рот лут излезе од состанок на Советот на ЕУ во Луксембург  им довикана на новинарите дека дискусијата за Македонија била „многу разочарувачка“, но одби да каже зошто. Не се знае е дали е постигнат некаков договор, јави известувачот на МИА од Луксембург. Рот пред денешниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург, изјави дека Берлин е подготвен да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија. - Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат, рече Рот. На прашањето дали очекува тоа да се случи денеска, Рот истакна дека не е сосема сигурен, но оти се надева дека ќе се случи и оти е воздржан оптимист. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskiot-minister-za-evropa-diskusijata-za-makedonija-e-mnogu-razocharuvachka/feed/ 0
Приведени и повредени во инциденти во Солун поради дебатата за Договорот со Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privedeni-i-povredeni-vo-incidenti-vo-solun-poradi-debatata-za-dogovorot-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privedeni-i-povredeni-vo-incidenti-vo-solun-poradi-debatata-za-dogovorot-so-makedonija/#respond Tue, 26 Jun 2018 08:02:35 +0000 https://kurir.mk/?p=69768

Околу три часа траеја инцидентите во Солун поради политичката дискусија „Македонското прашање: придобивките од договорот и перспективите на Балканот“ организирана од СИРИЗА, јавија локалните медиуми. Пет лица се уапсени, 14 полицајци биле пренесени во болница за да им се пружи прва помош, а предизвикана е материјална штета околу Меѓународниот саем, во центарот на Солун. Група маскирани лица, беа спречени да влезат во објектот на солунскиот саем, каде што се одржи дискусијата и ја нападнаа полицијата со палки, дрва, мермер, камења, ја откорнаа метална заштитна ограда, додека пак полицијата одговори со употреба на солзавец. Подоцна, инцидентите се префрлија низ улиците на Солун, а маскираните лице запалија канти за отпадоци. Паралелно со инцидентите група граѓани од „Движењето свирам“, мирно протестираа со грчки знамиња, свирчиња и слогани дека Македонија е грчка. Со оглед на тоа дека навивачите на фудбалскиот клуб ПАОК, повикаа на протест и се заканија дека нема да дозволат да се одржи настанот, од СИРИЗА преку соопштение бараат фудбалскиот клуб да ги осуди инцидентите. - Инцидентите што се случија пред настанот на СИРИЗА во Солун не ги изразуваат ниту граѓаните на Солун, ниту кој било демократски граѓанин, ниту било кој здрав навивач на клуб, соопштуваат од СИРИЗА. Пратеникот на СИРИЗА од Солун Триандафилос Митафидис, пак, кусо пред почетокот на дискусијата рече дека Договорот е пораз за национализмот и во Грција и во Македонија, а победа на здравиот разум и на развојот на односите меѓу двете земји кои апсолутно ништо не ги разделува. Како што јави дописничката на МИА од Грција, и покрај инцидентите и солзавецот пред објектот, дискусијата се одржа. Првично, беше планирано настанот да се одржи во културен центар, но од безбедносни причини локацијата беше променета и презакажан за просториите на меѓународниот саем. СИРИЗА организираше дискусија во Солун, за на граѓаните да им ги презентира придобивките од потпишаниот договор, додека пак како реакција и во знак на несогласување, навивачите на ПАОК, но и членови на солунско движење најавија протест. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privedeni-i-povredeni-vo-incidenti-vo-solun-poradi-debatata-za-dogovorot-so-makedonija/feed/ 0