дислокација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Jan 2022 10:21:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дислокација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓаните на Струга едногласни: Бараат казината да се дислоцираат подалеку од училиштата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanite-na-struga-ednoglasni-baraat-kazinata-da-se-dislociraat-podaleku-od-uchilishtata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanite-na-struga-ednoglasni-baraat-kazinata-da-se-dislociraat-podaleku-od-uchilishtata/#respond Sun, 30 Jan 2022 10:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=624600

Стружани сметаат дека игрите на среќа придонесуваат кон зголемување на криминалот и сиромаштијата, но и дека не се почитуваат законите и лица под 18 години посетуваат објекти каде што се приредуваат игри на среќа во Струга. Ова го покажува истражувањето на професорот Ндерим Положани, кој во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи", спровел анкета со 200 испитаници во рамки на мониторингот на измените на Законот за игри на среќа, со кои се предвидува објекти во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од образовни институции. – Места каде што се приредуваат игри на среќа, спортски обложувалници и казина, се среќаваат насекаде низ Струга. Не се бира местото на нивно отворање дали е училиште, основно или средно, верски објект и слично. Илјадници евра секој ден излегуваат од џебот на граѓаните на Струга, а завршуваат во касата на игрите на среќа и обложувалниците. Игрите на среќа не ги штедат ниту социјалните категории и малолетниците, кои треба да се наша колективна грижа, заклучува Положани. Според истражувањето, 95 проценти од испитаниците сметаат дека не се почитуваат законите и лица помлади од 18 години ги посетуваат објектите на игри на среќа во Струга, додека пет отсто се со спротивен став. – Најголем дел од испитаниците или 96 проценти тврдат дека игрите на среќа придонесуваат до зголемување на криминалот и сиромаштијата, а 82 отсто се со став дека игрите на среќа требаат целосно да се затворат, додека 18 проценти сметаат дека овој бизнис треба да биде регулиран со нов закон, но не и целосно да се завтори. Поголем дел или 88 отсто би го поддржале предлог законот, со кој ќе се обврзат објектите на игрите на среќа да бидат оддалечени минимум 500 метри од училиште и верски објекти, а 83 веруваат дека сегашниот закон за игри на среќа не е во интерес на граѓаните, појасни Положани. Игрите на среќа, нагласи тој, најлошо влијаат на младите и учениците, а со нивно приредување расте и криминалот поради лихварството. – Поддршката за дислокација на казината и кладилниците е голема од населението, верските заедници, инситуции, стручни лица… Некои пак сметаат дека игри на среќа треба да се приредуваат во елитни хотели или пак на граничните премини, надвор од населени места и подалеку од младите, пред се децата, рече Положани. Во рамките на проектот се одржа панел дискусија, во која учествуваа претставници од повеќе сектори, сите со заеднички став дека објектите во кои се приредуваат игри на среќа треба да се дислоцираат подалеку од образовните институции, но и подалеку од населените места. Јакуб Ќазимоски во своето излагање истакна дека коцкањето е забрането во исламот не само по себе, туку затоа што носи многу лоши последици како за поединецот, така и за општеството. – Оваа навика (коцкањето), ги прави луѓето непродуктивни, мрзливи и социјални паразити. Ги уништува способностите, времето и енергијата како на поединецот, така и на заедницата. Исламската заедница е изречно строго против отворање на било какви казина и игри на среќа, а кога веќе живееме во едно општество каде имаат право и другите кои не мислат на ваков начин, тогаш во најмала рака треба да бидат оддалечени, таму каде што апсолутно не може да дојдат во контакт малолетни лица, вели Ќазимоски. Со аргументи дека објектите што приредуваат игри на среќа треба да се надвор од населените места излезе и Никола Кукунеш, кој живее во центарот на Струга, во чаршијата и вели дека ја загрозуваат безбедноста на жителите. – Живеам до четири обложувалници и три казина. Се плашам да го пуштам детето во продавница, затоа што незнам, кој се ќе сретне во сокаците. Трипати во годината има вооружени грабежи во овие објекти. Јас заспивам со помислата дека можеби токму вечерва некој ќе ми прошета со пушка покрај куќата. Ниту сум заштитен ниту некој се грижи за безбедноста. Затоа таквите објекти не треба да бидат во централното градско подрачје. Не да броиме колку чекори од училиштето ќе бидат лоцирани, туку да броиме колку чекори од местото каде што некој ја става перницата да спие, вели Кукунеш. Валбона Лачка, која била сведок на разговор меѓу ученици, кои штотуку изиграле тикет за спортска, заклучи дека тие имаат голем психолошки проблем. – Во еден момент се свртев и им ги видов лицата. На нив се гледаше вознемиреност, чекање, недоверба еден кон друг и тоа едноставно ми изгледаше како голем психолошки проблем кај децата. Тие не беа концентрирани на тоа што требаше да имаат часови, туку чекаа да влезат во училиштето и разговараа, кој има точен тикет, а кој погрешен, односно кој тим ќе победи, раскажа Лачка. Панелистите заклучија и дека лицата кои се навлечени на игри на среќа, односно коцкање негативните ефекти ги рефлектираат во семејството, но и дека треба да се спроведе едукација на учениците за штетните последици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanite-na-struga-ednoglasni-baraat-kazinata-da-se-dislociraat-podaleku-od-uchilishtata/feed/ 0
Дислоцирани две избирачки места во општина Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dislocirani-dve-izbirachki-mesta-vo-opshtina-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dislocirani-dve-izbirachki-mesta-vo-opshtina-gevgelija/#respond Fri, 10 Jul 2020 12:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=373324

За предвремените парламентарни избори на 15 јули, во Гевгелија се дислоцирани две избирачки места кои немале доволна квадратура за исполнување на здравствените мерки за безбедно гласање на граѓаните според утврдениот протокол, потврдија денеска од ОИК Гевгелија. -Со решение од Државната изборна комисија извршивме промена на локацијата на избирачките места 0344 и 0345. Првото избирачко место (0344) кое беше сместено во зградата на Водната заедница „Повардарие“ е преместено во новиот објект на СОУ „Јосиф Јосифовски“, а второто избирачко место (0345) од објектот на подрачната единица на Агенцијата за вработување се преместува во просториите на гевгелиското Здружение на пензионери, велат од ОИК Гевгелија. Од ОИК Гевгелија се надеваат дека навремено ги информираат и запознаваат гласачите од наведените избирачки места  со дислокацијата на двете избирачки места и дека на 15 јули, додека трае гласањето, без проблем ќе се упатуваат кон новоодредените локации да го остварат своето право на глас. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dislocirani-dve-izbirachki-mesta-vo-opshtina-gevgelija/feed/ 0
Дислокацијата на Центарот за зависници заглавува низ лавиринтите: Од Бардовци добија НЕ, од Гази Баба допрва ќе пристигнат пречките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dislokacijata-na-centarot-za-zavisnici-zaglavuva-niz-lavirintite-od-bardovci-dobija-ne-od-gazi-baba-doprva-kje-pristignat-prechkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dislokacijata-na-centarot-za-zavisnici-zaglavuva-niz-lavirintite-od-bardovci-dobija-ne-od-gazi-baba-doprva-kje-pristignat-prechkite/#respond Wed, 22 May 2019 08:13:25 +0000 https://kurir.mk/?p=200677

Каде, како и кога да се дислоцира Центарот за зависници во општина Кисела Вода? На овие прашања изминатиов период се судрија ставовите на здравствените власти, општините, граѓаните. Најновата одлука која ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче, ги разгневи граѓаните на општина Гази Баба. Имено, Установата за третман на зависностите од дрога ќе биде префрлена во поранешнара менза на фабриката „Металски Завод-Тито“. Министерството за здравство веќе има добиено решение од градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски. Дислокацијата треба да се случи до крајот на годинава. Но, во пракса, вистината е сосема поинаква. Станува збор за објект кој не е во сопственост на општината, за таа да може да дава согласност за користење. Од друга страна, ако веќе општината треба да се изјасни, оваа одлука мора да помине низ Советот, односно за неа да гласаат советниците од сите партии. Како Георгиевски сам одлучил дали нешто може или не смее да се случи, тоа допрва ќе треба да се обелодени. Главниот проблем поради кој се јави потреба за дислокација на Центарот за зависници се ужасните услови и чувството за небезбедност меѓу граѓаните на општина Кисела Вода. Овој Центар требаше само времено да биде лоциран во општината, но таму е останат веќе 20 години. Сега, ќе биде решен проблемот со стравот кај граѓаните од Кисела Вода, на грб на граѓаните на Гази Баба. Како што дознава КУРИР, оваа одлука ја нема донесено општината, туку градоначалникот лично. Граѓаните кои ја контактираа нашата редакција не го кријат својот револт. Тие првично се огласија на социјалните мрежи, а имаат и формирано иницијативен одбор кој во наредните денови ќе превземе низа на активности против отварање на ваков Центар во Гази Баба. „Почитувани сограѓани, заедно да кажеме СТОП за намерата на Владата, Центарот за зависници од Кисела Вода да го смести во кругот на фабриката во МЗТ во општина Гази Баба. Како граѓани немаме против оваа категорија на граѓани и нивните права и потреби, но нема да дозволиме никој да го нарушува мирот на нас и нашите семејства“-стои во апелот и пораката на социјалните мрежи објавени во групата „Наша Гази Баба“. -Ви се обраќаме како граѓани од Маџари, Триангла, Хиподром, Ченти, Автокоманда. Градоначалникот наш и министерот за здравство сами си донеле одлука да го преместат Центарот за зависници од Кисела Вода на територија на нашата општина. Ние повторно сме омаловажени, нас никој ништо не нè прашал и ние за сè дознаваме од телевизија. Прво кај нас си го преместија пазарот стационар, а сега и Центарот. Каква општина сме ние? Ние ќе примаме тука се што другите општини сакаат да си го дислоцираат? Градоначалникот заборавил ли дека ние го избравме, а не жителите од други општини? Па тој им помага на сите да си ги тргнат работите кои им се терет и доброволно ги прима кај нас, на наш грб. Ова ние нема да го премолчиме. Ние не сакаме меѓу нашите деца да се шетаат зависници. Немаме ништо против тие лица, но ако им пречеле на сограѓаните од Кисела Вода, нас нема да ни годат сигруно, велат граѓани на Гази Баба кои за проблемите ја информираа редакцијата на КУРИР. Следна седница на Советот на оваа општина е закажана за на 30-ти мај. Советниците кои имаат мнозинство ќе бараат итно поништување на одлуката која воопшто не била ставена ниту на дневен ред. Како што дознава КУРИР од учесници во преговарачкиот процес, првата идеја за дислокација била психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. Но, при обидот за реализација, стигнале и првите пречки. Имено, иако ова веќе било “договорена работа“, тука жестоко се противел директорот на установата Ќамиљ Ковачи. Психијатриската болница има бројни проблеми за решавање, но иако за ништо од сево ова не е мрднато со мал прст, директорот сметал дека не му требаат дополнителни проблеми како згрижување на дополнителен број на зависници. Освен тоа, фактот што во оваа установа нема ниту физичко, а уште помалку полициско обезбедување, е дополнителен проблем за кој допрва некој и некогаш мора нешто да превземе. Метадонска терапија во овој Центар добиваат околу 500 лица. Сликата околу Центарот е траорна со години. Игли и шприцеви на секој чекор, а често се гледаа и зависници како конзумираат дрога во околината.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dislokacijata-na-centarot-za-zavisnici-zaglavuva-niz-lavirintite-od-bardovci-dobija-ne-od-gazi-baba-doprva-kje-pristignat-prechkite/feed/ 0
Дислокација на три избирачки места во градот Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dislokacija-na-tri-izbirachki-mesta-vo-gradot-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dislokacija-na-tri-izbirachki-mesta-vo-gradot-tetovo/#respond Sun, 21 Apr 2019 06:54:23 +0000 https://kurir.mk/?p=189269

Во сите шест тетовски општини гласањето на претседателските избори е започнато точно во 7 часот и се одвива без проблеми. Промена од поранешните гласања е промената на локација на три избирачки места во Тетово. Општинската изборна комисија Тетово информира дека гласачките места 1959, 1960 и 1963 наместо во објектот на општинската организација Црвен крст отсега ќе се наоѓаат во просториите на основното училиште „Гоце Делчев“ на улицата „Иво Лола Рибар“. – Дислокацијата е направена поради промена на статусот на објектот каде бил сместена општинската огранизација на Црвениот крст во Тетово на улицата „Борче Кочовски“, изјави Артан Адеми, претседател на ОИК Тетово. Во шестте општини на тетовскиот регион на денешните претседалските избори можност за гласање ќе имаат вкупно 181.933 граѓани со право на глас, на вкупно 265 избирачки места. Во општина Тетово, има 83.367 гласачи распределени на 117 избирачки места. Во Боговиње има 27.501 гласачи и 38 избирачки места. Во Желино општинска изборна комисија има 23.510 гласачи, а бројот на избирачки места е 35. Теарце брои 22.116 гласачи и 30 избирачки места. Во Брвеница има 24 избирачки места каде ќе може да гласаат 15.268 граѓани. Во општина Јегуновце се регистрирани 10.171 гласач и 21 избирачко место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dislokacija-na-tri-izbirachki-mesta-vo-gradot-tetovo/feed/ 0