дистрибуција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 17:43:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дистрибуција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Националните радио станици нема да плаќаат надоместок за дистрибуција на сигнал за 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalnite-radio-stanici-nema-da-plakjaat-nadomestok-za-distribucija-na-signal-za-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalnite-radio-stanici-nema-da-plakjaat-nadomestok-za-distribucija-na-signal-za-2022-godina/#respond Tue, 15 Nov 2022 17:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=761187

Владата на денешната седница донесе Одлука за обезбедување финансиски средства на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ со цел националните радио станици да се ослободат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година кон Агенцијата за електронски комуникации, известуваат од владината Прес-служба. Оттаму додаваат дека со ова со средства од Буџетот на Владата предвидени во делот на антикризните мерки, делумно ќе се покријат трошоците на националните радио станици, коишто произлегуваат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година, во вкупен износ од 7.500.000 денари.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalnite-radio-stanici-nema-da-plakjaat-nadomestok-za-distribucija-na-signal-za-2022-godina/feed/ 0
Макрон ветува побрза дистрибуција на вакцините по зголемениот број инфекции во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-vetuva-pobrza-distribucija-na-vakcinite-po-zgolemeniot-broj-infekcii-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-vetuva-pobrza-distribucija-na-vakcinite-po-zgolemeniot-broj-infekcii-vo-francija/#respond Tue, 23 Mar 2021 13:09:05 +0000 https://kurir.mk/?p=486654

Франција мора да вакцинира „наутро, напладне и навечер“. Ова го побара претседателот на таа ржава Емануел Макрон, кој беше критикуван за бавната кампања за имунизација против коронавирусот. – Ќе го промениме темпото од април, нагласи Макрон за време на посетата на центарот за вакцинација во северниот град Валенсиен, додавајќи дека „не треба да има викенд или слободен ден кога станува збор за имунизација“. Франција се бори со третиот бран на коронавирусот, но заостанува зад повеќето западни земји по бројот на вакцинирани. До денес се дадени 8,8 милиони дози, во споредба со повеќе од 30 милиони во Велика Британија и скоро 11 милиони во Германија. Властите воведоа делумна блокада минатиот викенд. Министерот за здравство Оливие Веран најави дека армијата ќе отвори 35 центри за масовна вакцинација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-vetuva-pobrza-distribucija-na-vakcinite-po-zgolemeniot-broj-infekcii-vo-francija/feed/ 0
СТО бара што поскоро зголемување на производството на вакцини и нивната дистрибуција низ светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-bara-shto-poskoro-zgolemuvanje-na-proizvodstvoto-na-vakcini-i-nivnata-distribucija-niz-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-bara-shto-poskoro-zgolemuvanje-na-proizvodstvoto-na-vakcini-i-nivnata-distribucija-niz-svetot/#respond Wed, 10 Mar 2021 06:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=479877

Светската трговска организација (СТО) упати апел до новата генерална директорка, Нгози Оконџзо-Ивеала, да разговара со производителите на вакцини против Ковид-19 за зголемување на нивното производство. „СЗО треба да ги искористи своите ресурси и да работи на прагматичен и изводлив начин да го зголеми производството на вакцини во глобалната борба против пандемија на Ковид-19, но и во дистрибуцијата на дозите низ целиот свет“, се наведува во соопштението на СТО, пренесено од британските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-bara-shto-poskoro-zgolemuvanje-na-proizvodstvoto-na-vakcini-i-nivnata-distribucija-niz-svetot/feed/ 0
Започна дистрибуцијата на вакцините на Џонсон и Џонсон во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-distribucijata-na-vakcinite-na-dzonson-i-dzonson-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-distribucijata-na-vakcinite-na-dzonson-i-dzonson-vo-sad/#respond Mon, 01 Mar 2021 13:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=475535

Американскиот дистрибутер на лекови „МекКесон“ денеска соопшти дека започна со дистрибуција на вакцината „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19. Оваа вакцина за време на викендот стана трета вакцина против Ковид-19 во САД, по едногласното одобрување од страна на надворешни експерти на Агенцијата за храна и лекови во петокот. „МекКесон“ е партнер за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 на американската Влада, а компанијата воспостави четири центри за дистрибуција кои ќе се користат специјално за дистрибуција на вакцините „Џонсон и Џонсон“. „Владата на САД донесува административни одлуки, вклучително и каде, кога и колку дози од вакцината ќе бидат дистрибуирани до МекКесон“, соопшти компанијата. Првичните испораки на вакцината треба да започнат утре, соопштија високи претставници на администрацијата на претседателот Џо Бајден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-distribucijata-na-vakcinite-na-dzonson-i-dzonson-vo-sad/feed/ 0
СЗО загрижена за дистрибуцијата на вакцини за коронавирус во Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zagrizena-za-distribucijata-na-vakcini-za-koronavirus-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zagrizena-za-distribucijata-na-vakcini-za-koronavirus-vo-izrael/#respond Mon, 18 Jan 2021 20:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=456914

Светската здравствена организација (СЗО) денеска изрази загриженост за нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцини за коронавирус во Израел, каде повеќе од 20 проценти од населението е вакцинирано, додека Палестинците се уште не примиле вакцини на окупираните територии. – Имаме голем број грижи во врска со јавното здравје и еднаквост поради оваа нееднаква дистрибуција на вакцини или нееднаков пристап до вакцините, рече Гералд Рокеншауб, шеф на Канцеларијата на СЗО за палестинските територии. Тој рече дека СЗО разговара со Израелците на повисоки нивоа и се обидува да истражи дали Израел би можел да размисли за давање вакцини на Палестинците, додавајќи дека здравствените работници ќе бидат во првите редови во тој случај. Организациите за заштита на човековите права велат дека Израел, како окупаторска сила, е одговорен за обезбедување вакцини за Палестинците на Западниот брег и Газа. Израел, сепак, тврди дека нема таква обврска и дека населението на земјата, вклучувајќи ги и арапските граѓани, е приоритет, „но дека во одреден момент би можел да размисли за споделување на своите залихи“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zagrizena-za-distribucijata-na-vakcini-za-koronavirus-vo-izrael/feed/ 0
Дистрибуција на вакцини против коронавирус во ЕУ од утре https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/distribucija-na-vakcini-protiv-koronavirus-vo-eu-od-utre/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/distribucija-na-vakcini-protiv-koronavirus-vo-eu-od-utre/#respond Tue, 22 Dec 2020 14:42:31 +0000 https://kurir.mk/?p=446742

Првите испораки на вакцината за коронавирус во Европската унија може да започнат од утре, соопшти германскиот производител на вакцини „БиоНТех“. – До крајот на годината, 12,5 милиони дози ќе бидат подготвени за Унијата, изјави директорот за продажба на компанијата Шон Марет. Вакцините се чуваа во фабриката на американскиот партнер на „БиоНТех“, „Фајзер“, во Пурс, Белгија. – Вакцините треба да бидат во секоја земја-членка до сабота, така што вакцинациите може да почнат в недела, рече финансискиот директор на „БиоНТех“, Сиерк Поетинг. Извршниот директор, Угур Сахин денеска изјави дека нивната вакцина ќе биде исто така ефикасна против новиот вид коронавирус, што е потврден во Велика Британија и во неколку други земји. Германскиот институт Роберт Кох денеска соопшти дека новиот вид на вирусот најверојатно веќе пристигнал во Германија, иако засега нема лабораториски докази. – Веројатноста дека е веќе во Германија, но се уште не е потврдена, е многу, многу голема, рече претседателот на Институтот, Лотар Вилер. Тој додаде дека новиот вид бил откриен во Велика Британија за првпат во септември и дека веќе постојат докази дека се проширил во соседните земји како Холандија и Данска. Вилер исто така верува дека одобрената вакцина, според достапните податоци, ќе обезбеди ефикасна заштита и од тој вид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/distribucija-na-vakcini-protiv-koronavirus-vo-eu-od-utre/feed/ 0
ЕК: Од 26 декември дистрибуција на вакцини на членките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-od-26-dekemvri-distribucija-na-vakcini-na-chlenkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-od-26-dekemvri-distribucija-na-vakcini-na-chlenkite/#respond Thu, 17 Dec 2020 14:35:30 +0000 https://kurir.mk/?p=444742

Според Европската комисија, ако сè оди според планот, вакцинацијата против Ковид-19 ќе почне меѓу 27 до 29 декември. Според ЕК, дистрибуцијата на вакцини до земјите-членки треба да почне на 26 декември, а сè уште останува на националните стратегии за тоа како и кога ќе се изврши вакцинацијата. – Се работи за координиран напор, а не договор дека сите мора да ја дадат првата вакцина во исто време. Во ЕУ има 450 милиони жители и 27 земји каде што се разликуваат условите и термините за вакцинација, рече портпаролот на Комисијата, Ерик Мамер. – Денот не е важен, важно е ова да го направиме координирано, сите заедно, рече Мамер. Комисијата додава дека најавата на претседателката Урсула фон дер Лајен за почетокот на вакцинацијата во ЕУ на 27 декември е условена и оти тоа ќе зависи од позитивната процена на Европската агенција за лекови, а потоа и од дозволата за пласирање на вакцината на пазарот од страна на Европската комисија. – По процената на Европската агенција за лекови, ќе дадеме дозвола во рок од два дена, додека вообичаената процедура е меѓу 60 и 67 дена, наведува Комисијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-od-26-dekemvri-distribucija-na-vakcini-na-chlenkite/feed/ 0