див запад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Jun 2021 14:01:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png див запад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мета: Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на боиштата на Дивиот запад https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-plazite-i-centrite-na-nashite-gradovi-ne-zasluzuvaat-da-lichat-na-boishtata-na-diviot-zapad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-plazite-i-centrite-na-nashite-gradovi-ne-zasluzuvaat-da-lichat-na-boishtata-na-diviot-zapad/#respond Sun, 27 Jun 2021 14:01:56 +0000 https://kurir.mk/?p=528573

По вооружениот конфликт во туристичкиот град Велипоја, во кој беа убиени четири а две лица се повредени, остро реагираше албанскиот претседател Илир Мета, посочувајќи дека „плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на боиштата на Дивиот запад“. Тој вели дека станува збор за шокантен настан што бара целосно истражување на околностите и причините што довеле до жртви. Додава дека подолг период ги повикувал државната полиција и другите структури за безбедност и спроведување на законот, да направат сè за да ја држат под надзор територијата на земјата, каде има зголемен ризик од конфликти, со цел навреме да се спречат сериозни кривични дела. -Конфликтите со огнено оружје, кои се случуваат на јавни места и во екот на туристичката сезона, ги загрозуваат животот и здравјето на десетици граѓани, но од друга страна сериозно ја нарушуваат сликата за Албанија кај домашните и странските туристи. Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на бојните полиња на Дивиот запад. Значи, во оваа ситуација, која се чини излезе од контрола и која за жал произведува жртви секој ден, секој висок државен орган мора да ги преземе своите должности и да се откаже од цинична пропаганда, која не може да ги покрие вистините, за кои сите гледаме, наведува Мета во реакцијата. Јавниот ред и безбедност, оценува, се сериозно нарушени и бараат нови ефикасни мерки за нивно гарантирање, со цел да се заштитат животот, здравјето и имотот на граѓаните. Во меѓувреме, како што пренесуваат албанските медиуми, дел од туристите вознемирени и загрижени за сопствените животи почнале да ја напуштаат Велипоја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-plazite-i-centrite-na-nashite-gradovi-ne-zasluzuvaat-da-lichat-na-boishtata-na-diviot-zapad/feed/ 0
Македонија како Див Запад во седуммесечното владеење на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kako-div-zapad-vo-shestmesechnoto-vladeenje-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kako-div-zapad-vo-shestmesechnoto-vladeenje-na-sdsm/#respond Mon, 25 Dec 2017 13:49:32 +0000 http://kurir.mk/?p=2170

Грабежи, убиства, запалени автомобили, рекетарство, киднапирања и исчезувања се главните одлики на шест месечното владеење на новата власт на СДСМ. Скоро и да нема седмица, а во билтенот на МВР да не биде објавено дека некоја од овие работи не се случиле, а притоа ниту еден од строителите не е пронајден и изведен пред лицето на правдата Во период од неколку дена се исчезнати пет малолетни лица на кој не им се знае трагата. Вечаравечер како потврда на беззаконието што владее во Скопје ограбена е аптека во населбата Кисела Вода. Ваквите грабежи во последните шест месеци драстично пораснаа. Не се само аптеките на удар. Спортските обложувалници, банките, локалните продавници се исто така на удар на бандите кои охрабрени од поддршката на криминалот на СДСМ безмилосно го пустошат Скопје. Исто така, пресметките и убиствата станаа секојдневие во главниот град. Последното убиство се случи во скопски Чаир каде младо момче беше изрешетано од возило во движење. Во последниве месеци се случи и свирепото убиство на младиот фудбалер Мартин Јанушев каде беше на свиреп начин убиен од луѓе блиски до СДСМ. Јавноста уште тогаш реагираше дека истрагата не се спроведува како што треба и дека се знаат кои се убијците и нарачателите но од тогаш МВР ниту ги спроведе ниту пак кажува до каде е истрагата. Другото двојно убиство е при обид на крадци да ограбат менувачница сред бел ден. Дрските крадци се убиени од сопствениот на менувачницата откако тој успеал некако да се ослободи. Ова се само дел од примерите со убиства кои се случија низ Скопје. Исто така јавноста беше сведок и на десетици запалени автомобили од страна на нови рекетарски банди. Ваквата алармантна појава ја напиша и Сашо Ордановски, најгласниот подржувач на СДСМ во една од своите колумни. Тој притоа напиша дека во градот се појавија нови рекетарски банди кои под превезот на агенции за обезбедување изнудуваат пари од познати локали и скопски бизнисмени. На тие што одбиле резултатот беше одма видлив. Бевме сведоци како секојдневно гореа автомобилите на познати скопски угостители и бизнисмени. Ваквите настани не враќаат во период на матната и криминална транзиција од деведесетите години на минатиот век каде Скопје личеше на дивиот Запад. Она што се шпекулира во јавноста е дека ваквиот бран на насилство е производ и на коалицијата на СДСМ и ДУИ каде нивните рекетарски банди се обидуваат да наметнат власт на скопските улици. Ваквите бандити добиваат повеќе на сила знаејќи дека Оливер Спасовски и Зоран Заев се на власт а во прилог им оди и најавената амнестија која како производ на меѓупартиски договор ќе ослободи десетици сторители на тешки кривични дела. Оливер Спасовски наместо да биде промотор на заштитата на граѓаните и нивната безбедност тој се повеќе игра улога на заштитник на криминалот. Вакво безредие не е забележано многу оддамна. Граѓаните со право реагираат за својата безбедност зошто наместо полицијата да ги штити нив таа ги штити криминалците. Тогаш во такви моменти никој не е безбеден, ние, нашите најблиски а најмалку нашите деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kako-div-zapad-vo-shestmesechnoto-vladeenje-na-sdsm/feed/ 0