диви депонии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Jul 2022 08:23:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png диви депонии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во текот на изминатите шест месеци ЈПХС отстрани 5872 кубни метри отпад од диви депонии https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tekot-na-izminatite-shest-meseci-jphs-otstrani-5872-kubni-metri-otpad-od-divi-deponii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tekot-na-izminatite-shest-meseci-jphs-otstrani-5872-kubni-metri-otpad-od-divi-deponii/#respond Fri, 22 Jul 2022 08:23:42 +0000 https://kurir.mk/?p=708786

Во периодот јануари-јуни 2022 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 76 856 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, односно 425 тони на ден. Направени се 11.940 тури на собирање, или просечно по 66 тури дневно. Во текот на првите шест месеци од годината беа отстранети приближно 5872м3 отпад од голем број диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини. Во периодот од 21 март до 28 мај 2022 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје учествуваше во акциите за генерално чистење на сите скопски општини во организација на Градот Скопје, во чиишто рамки беа отстранети диви депонии на приближно 150 локации. Во текот на акциите, во скопските општини беа поставени и специјални садови каде што граѓаните имаа можност да го одложат својот кабаст отпад што беше подигнат и транспортиран од страна на екипите на Претпријатието. Во првата половина од годината, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше бројни акции и дежурства, во чиишто рамки беа изготвени вкупно 416 едукативно-информативни записници за правилно постапување со отпадот, наменети за граѓани и правни лица затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота, односно одлагање отпад на јавни површини. Со цел - одржување на максималното ниво на јавната хигиена и чистота, Претпријатието спроведуваше машинско миење со автоцистерни на сите булевари и поголеми улици во градот, како и рачно миење, машинско и рачно метење на најфреквентните јавни површини - улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје и Старата скопска чаршија. Во пресрет на најзначајните верски празници беше извршено рачно и машинско миење на дворовите и околината на поголемите верски храмови. Во координација со останатите скопските јавни претпријатија беа спроведени и акции за генерално чистење на Камениот мост и кејот на реката Вардар. Со ангажман на 30 работници и употреба на две специјални возила, ЈП Комунална хигиена-Скопје зема учество и во масовната акција за чистење на падините на Водно - „Генералка викенд“, поддржана од Градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-Скопје неодамна се приклучи и кон иницијативата на Здружението на даватели на комунални услуги - АДКОМ за обраќање кон Владата на РМ, со цел да се изнајде решение за финансиска помош на јавните претпријатија. - ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочува со драстичен пад на наплатата на побарувањата како од домаќинствата така и од правните субјекти, што го доведуваат во прашање извршувањето на примарните активности на Претпријатието на терен. Воедно, цените на горивата што се употребуваат за нормално функционирање на возниот парк на ЈП Комунална хигиена-Скопје се зголемени за над 80 проценти во однос на минатата година, додека идентична е состојба и со цената на електричната енергија. Имајќи предвид дека активностите и дејствувањето на ЈП Комунална хигиена-Скопје се од витално значење за нормалното функционирање на градот Скопје и пред сè фактот дека нашето финансирање се одвива исклучиво преку наплатата на нашите услуги што поради новонастанатата ситуација е крајно отежната, ја поддржуваме иницијативата на АДКОМ за изнаоѓање институционално решение за излез од финансиската криза на јавните претпријатија во државата,  изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Мазнева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tekot-na-izminatite-shest-meseci-jphs-otstrani-5872-kubni-metri-otpad-od-divi-deponii/feed/ 0
Отстранети околу 68 кубни метри неправилно одложен отпад од две диви депонии во општина Бутел https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otstraneti-okolu-68-kubni-metri-nepravilno-odlozen-otpad-od-dve-divi-deponii-vo-opshtina-butel/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otstraneti-okolu-68-kubni-metri-nepravilno-odlozen-otpad-od-dve-divi-deponii-vo-opshtina-butel/#respond Thu, 28 Apr 2022 13:57:40 +0000 https://kurir.mk/?p=669317

Големата пролетна работна акција на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија успешно се спроведува на подрачјето на општината Бутел. Во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење на општината Бутел, екипите на ЈП Комунална хигиена отстранија околу 68 кубни метри неправилно одложен отпад од две диви депонии лоцирани во близина на Градските гробишта и на булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Во специјалните садови, што се поставени на четири локации во оваа општина, досега се одложени вкупно 50 кубни метри кабаст отпад. ЈП Комунална хигиена секојдневно реализира и активности за миење и дезинфекција на контејнерите и на нивните микролокации, како и рачно и машинско метење и миење на булеварите и на улиците во општина Бутел. Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје на улицата Александар Урдаревски ги санираа оштетувањата во асфалтот со вкупна површина од 15 квадратни метри, како и оштетените бекатон плочи на тротоарите со површина од 10 квадратни метри. Извршија контрола на вертикалната сигнализација и ги заменија oштетените сообраќајни знаци со нови на булевар Словенија и на улицата Александар Урдаревски. При обиколката на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во општина Бутел санирани се и оштетените сенила на возачките и пешачки латерни на семафорите на крстосницата на булевар Словенија со булевар Босна и Херцеговина, односно се заменети со нови. Екипите на ЈП Водовод и канализација во текот на работните активности за имплементација на пролетната акција во општина Бутел работеа на улицата Бутелска каде што е извршена контрола на 18 шахти, од кои рачно се исчистени 3 шахти, 49 сливници, како и миење на канализациона линија од 250 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 540 метри со цистерна под притисок. ЈП Паркови и зеленило во рамките на акцијата за средување на јавните зелени површини во општина Бутел, извршија косење на тревната површина по должината на страничното зеленило и средишната жардиниера на булевар Босна и Херцеговина, како и кроење на грмушки, собирање на хартија и отпадоци од тревниците. Екипите од Секторот Дрвореди постапија по четири Решенија за кастрење на дрвја,односно искастрија вкупно 23 дрвја на улиците Хо Ши Мин, Гоце Стојчевски, Ѓоре Ѓоревски и Груица Војвода. Заловувачките тимови на ЈП Лајка во текот на изминативе денови заловија 9 кучиња на седум локации во општината Бутел. Пролетната акција во општина Бутел почна на 26 април и ќе трае до 1 мај, а потоа екипите на јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредна скопска општина предвидена по планот за пролетната акција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otstraneti-okolu-68-kubni-metri-nepravilno-odlozen-otpad-od-dve-divi-deponii-vo-opshtina-butel/feed/ 0
Коњановски: Продолжуваме со чистење на дивите депонии во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konjanovski-prodolzuvame-so-chistenje-na-divite-deponii-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konjanovski-prodolzuvame-so-chistenje-na-divite-deponii-vo-bitola/#respond Tue, 15 Mar 2022 14:51:05 +0000 https://kurir.mk/?p=647651

Во текот на денот, беше спроведена нова акција за чистење на дивите депонии во Битола. По детектираните критични точки со габаритен смет од страна на локалната самоуправа и од пријавите на граѓаните, јавните претпријатија ја чистеа месноста наречена Кркардаш. Локалната самоуправа, како еден од најголемите приоритети во своето работење, го предвиде и чистењето на дивите депонии, кои за жал ја загадуваат животната средина, не само на територијата на градот, туку и во околните места, кои граѓаните ги користат како рекреативни катчиња, стои во Фејсбук објавата на официјалната страница на општина Битола. Во статусот се додава дека координираните акции на градоначалникот и локалната самоуправа, во соработка со јавните претпријатија, продолжуваат континуирано, со цел да се расчистат веќе постоечките и да се превенира појавата на нови депонии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konjanovski-prodolzuvame-so-chistenje-na-divite-deponii-vo-bitola/feed/ 0
Исчистени две диви депонии во општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ischisteni-dve-divi-deponii-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ischisteni-dve-divi-deponii-vo-opshtina-ilinden/#respond Wed, 16 Feb 2022 14:03:17 +0000 https://kurir.mk/?p=632193

Исчистени се две диви депонии во н.м. Миладиновци, на потегот од Миладиновци кон Текија, како и покрај железничката пруга во Миладиновци. Во рамки на акцијата за чистење на диви депонии која беше спроведена во соработка со екипите од ЈКП „Илинден”  и инспекциската служба од општина Илинден собрани се околу 70м3 мешан комунален отпад, градежен шут и слично. Во наредниот период, Општина Илинден ќе продолжи со акции за чистење на диви депонии, со што значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и подобрување на животната средина. Општина Илинден апелира до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ischisteni-dve-divi-deponii-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0
Се чистат диви депонии во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-chistat-divi-deponii-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-chistat-divi-deponii-vo-bitola/#respond Sun, 26 Dec 2021 11:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=613304

Локалните јавни претријатија од Битола ги чистат дивите депонии во градот, соопштија од секторот за односи со јавност на тамошната локална самоуправа. Акцијата се врши на три локации, односно кај обиколницата над Битола до тунеелот на регионалниот пат Битола-Прилеп, патот кон село Бистрица и простор кај основното училиште „Коле Канински“, а текот на акцијата го набљудуваа градоначалникот, надлежните служби од општинската администрација и директорите на јавните претпријатија. Акцијата за подобро животна средина продолжува и во следниот период, соопштина од Општина Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-chistat-divi-deponii-vo-bitola/feed/ 0
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчистила 3.060 кубни метри отпад од диви депонии во период од една година https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-skopje-raschistila-3-060-kubni-metri-otpad-od-divi-deponii-vo-period-od-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-skopje-raschistila-3-060-kubni-metri-otpad-od-divi-deponii-vo-period-od-edna-godina/#respond Tue, 30 Oct 2018 14:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=121431

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ во изминатата година расчистиле и подигнале 3.060 кубни метри, што е значително зголемување во однос на истиот период лани. – Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје перманентно работат на расчистување на дивите депонии во сите скопски општини, а во периодот од октомври 2017 до октомври 2018 година, биле во целост расчистени и подигнати 3.060 кубни метри отпад. Овие податоци претставуваат значително зголемување од дури 716 отсто во однос на истиот период минатата година, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани. Шабани, како што се наведува во соопштението од јавното претпријатие, апелира до граѓаните својот отпад да престанат да го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин директно влијаат врз загадувањето на животната средина. На територијата на градот Скопје, како што се посочува, секојдневно се создаваат диви депонии како резултат на неправилното одлагање на отпадот на јавни површини од страна на граѓаните. Според Законот за јавна чистота, комуналниот отпад смее да се одлага само во контејнерите и кантите поставени од страна на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, додека претпријатието им ја нуди можноста на граѓаните својот кабаст отпад (застарен мебел, електронски и електрични апарати) бесплатно да го депонираат во  Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-skopje-raschistila-3-060-kubni-metri-otpad-od-divi-deponii-vo-period-od-edna-godina/feed/ 0
Протести против диви депонии во кичевско https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/protesti-protiv-divi-deponii-vo-kichevsko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/protesti-protiv-divi-deponii-vo-kichevsko/#respond Mon, 27 Aug 2018 13:56:00 +0000 https://kurir.mk/?p=92775

По објавувањето на снимка на која се гледа дека во чиста борова шума во близина на населбата Иванидол во Кичево на диво се фрла отпад по што се создава дива депонија, градот и околината повторно не мирува. Имено, во петокот камион на една кичевска фирма, покриен со церада се обидел да фрла ѓубре во околината на село Попоец. Претходно жителите се имале обратено до општината, но без успех. Еден камион со ѓубре веќе бил фрлен, но вториот успеале да го блокираат и да го вратат. Од месната заедница истакнуваат дека доколку обидите за создавање дива депонија во оваа недопрена природа продолжат, жителите ќе преземат радикални мерки со блокада на сите фирми кои работат на изградба на автопатот се додека овој проблем не биде решен, пишува порталот кичево.мк. Во истиот ден, втор голем протест се одржа во близина на село Цер на кој присуствуваа жители на селата Цер, Велмевци, Прострање, Мало и Големо Црско. Поводот е ист- обид за создавање нова дива депонија. -На ден 24.08.2018 год ( петок ) по допрен глас дека градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари ќе се обиде без предходна најава, и без никаква направена анализа на теренот да депонира комунален отпад во атарите на селата: Прострање, Цер, Мало Црско, Големо Црско, Велмевци, спонтано се собраа жителите од посочените села изразувајќи го револтот и укажувајќи на недостатоците на постапката од страна на градоначалникот. Разговорот беше мирен на високо интелектуално ниво од страна на жителите укажувајќи му на градоначалникот дека нема да дозволат од нивната чиста еколошка средина да се направи простор за одлагање на комунален отпад, со што би настанале несогледиви последици нарушувајќи го биодиверзитетот, а воедно загрозувајќи ги условите потребни за опстанок и живот на и онака мал број на жители. Жителите посочија повеќе начини за решавање на овој проблем како: – отварање на ф-ка за рециклирање на комунален отпад во веќе постоечки фабрички капацитети кои не работат, за што градоначалникот се изјасни дека општината нема средства. – посочено му беше од чиста еколошка средина да не прави загадена средина туку да продолжи отпадот да го носи на досегашните депонии. – посочено му беа веќе исцрпените експлатациони простори на рудникот Осломеј, на што градоначалникот се спротистави дека околните села не го дозволуваат истото и дека тие граѓани атер на градоначалникот предходните 4 години му дозволиле да го депонира отпадот таму. – посочено му беше да направи договор со другите регионални веќе постоечки депонии во краен случај и со депонијата Дрисла, бидејќи отпадот кој што се создава во Кичево не е во голем обем и истиот би можел несметано и не би преставувал оптеретување, за веќе постоечките депонии, со цел да се сочува најчистиот еколошки простор кој постои во западна Македонија. Градоначалникот се оправдуваше дека тој мора, тој проблем да го реши, дека нема доволно средства, дека транспортот на сметот во другидепонии би ги покачил услугите на комуналното претпријатие и не е сигурен дека тоа би било финансиски издржливо за граѓаните и дека најлесно му било тоа да го прави во близина на градот во околните села, не земајќи во предвид дека ќе се деградира животната средина, дури негативно обраќајки се кон жителите дека во секое село каде се среќавал до нив, скоро сите се правеле стручњаци по екологија и ѓивотна средина. Таквиот однос не ги задоволи собраните жители, изричито му нагласија дека по никоја цена нема да дозволат да се складира комунален отпад во атарите на нивните села, го замолија да се сретнат во наредните денови, да организира јавна трибина во домот на културата во Кичево каде што стручни лица како и заинтересираните жители би дале предлози за решавање на проблемот. Собирот заврши мирно иако на моменти тензично, бидејќи во еден момент на еден жител од соседната Општина Демир Хисар кој укажуваше на негативностите од неговата замисла со повишен тон градоначалникот му се обрати ” Јас морам да го решам проблемот, ќе го носиме отпадот, а ти дојди и спречи ме во тоа “.После тоа групата жители од с.Цер одржаа посебен состаноккаде беа запознаени и останатите жители на с.Цер околу случајот и истите изразија револт барајќи да се запознаат сите релевантни структури во земјата, за да не дојде до таква не разумна постапка на градоначалникот на Град Кичево. Спремни сме аргументирано и врз основа на позитивната законска регулатива па ако треба и со жив штит да ја одбраниме оваа чиста, незагадена средина во која опстојуваме – пишува во објава Филип Кокароски од село Цер. Регионот повеќе години има проблеми со складирање на комунален отпад, но апсурдот е што за изградба на регионална депонија се предлагаат чисти еколошки средини со недопрена природа, што јавува огромен револт не само кај локалните жители, туку кај целата јавност. Дополнително, регионите и на Копачка и Церско се басени на изворите и притоките на Река Треска и Црна Река со што секакво загадување би придонело за катастрофални последици на поширокот регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/protesti-protiv-divi-deponii-vo-kichevsko/feed/ 0
Исчистени девет диви депонии во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ischisteni-devet-divi-deponii-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ischisteni-devet-divi-deponii-vo-kavadarci/#respond Tue, 10 Apr 2018 08:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=38441

Исчистени се девет диви депонии во градот Кавадарци, изнесени се пет илјади кубни метри смет. Јован Ристов, раководител на Работната единица за хигиена и зеленило при ЈП „Комуналец”, информира дека во изминатиот период се стави крај на  дивите депонии на улицата „Клинска” и кај спојот на улиците „Блажо Алексов” и „Ѓорѓи Соколов”, близу Белка зградите. Се чистеше и кај тениското игралиште на „Северен булевар”, но и на улицата „Ресавска”-запад. Комуналните работници дејствуваа и на „Западен булевар”, под гробиштата, на улицата „Сутјеска”, како и на улицата „Рајко Жинзифов”, кај детските реквизити на „Голи оток”. Исчистен е и нелегално оставениот смет  во месноста “Коњски дупки”, на улиците „Црноречка” и „Ѓоре Брушански”. Отстранет е и дивиот отпад од кејот на реката Луда Мара во Ваташа, како и од мостот на улицата „Видео Смилевски”. - Нашите секојдневни активности покрај другото, опфаќаат и редовна грижа за хигиената во општината. Така ќе продолжиме и во иднина. Се со цел еколошка животна средина, нагласува Ристов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ischisteni-devet-divi-deponii-vo-kavadarci/feed/ 0