диви копачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 11:27:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png диви копачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поднесен обвинителен акт против 11 диви копачи на културно наследство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-11-divi-kopachi-na-kulturno-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-11-divi-kopachi-na-kulturno-nasledstvo/#respond Fri, 09 Jun 2023 11:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=844010

По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против 11 лица, сторители на кривичното дело Злосторничко здружување. Првообвинетиот С.Џ. (47) сторил и кривични дела Прикривање, Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, петмина обвинети З.А.(39), М.С.(42), Г.К.(45), И.С.(48),и М.Џ.(37), освен за кривичното дело Злосторничко здружување, се товарат и за сторено кривично дело Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости. М.А.(32) и Д.Р.(36) се обвинети и за кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Покрај кривичните дела Злосторничко здружување и Прикривање, на обвинетиот Т.А.(58) му се става на товар и кривичното дело Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, додека на Н.М.(48) - кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Најмладиот Р.З.(28,) според Обвинителниот акт, покрај кривичното дело Злосторничко здружување е сторител и на кривичните дела Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. ЈОРСМ информира дека во текот на втората половина на 2021 година на територијата на државава, со цел вршење на наведените кривични дела и стекнување противправна имотна корист, обвинетите С.Џ., З.А.и Т.А. создале група во која припадници станале останатите обвинети и Д.П кој е во бегство. -Групата станала функционална целина и нејзините припадници во периодот од 1 декември 2021 до 12 декември 2022 година презеле дејствија на неовластено од надлежен орган истражување на археолошки локалитети како недвижни добра под привремена заштита, користејќи пренесени сознанија, карти и рачно пишани текстови и преданија за ориентација и пронаоѓање на археолошките локалитети. По пронаоѓање на локалитетите, со користење метал детектори обвинетите извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство. Иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, археолошките добра и историските предмети ги присвојувале и ги прикривале во нивните домови или на непознати локации и неовластено од надлежен орган ги нуделе и продавале на заинтересирани купувачи од земјата и странство, наведува Обвинителството. Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Република Северна Македонија, со исклучителна вредност. -Со нивно трајно оттуѓување, обвинетите сториле трајна штета за археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции и штета на државата, соопшти ЈОРСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-11-divi-kopachi-na-kulturno-nasledstvo/feed/ 0
Обвинение против осуммината диви копачи и трговци со македонско културно наследство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-osumminata-divi-kopachi-i-trgovci-so-makedonsko-kulturno-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-osumminata-divi-kopachi-i-trgovci-so-makedonsko-kulturno-nasledstvo/#respond Fri, 25 Mar 2022 13:32:31 +0000 https://kurir.mk/?p=653310

Во периодот од месец 21. 05.2020 година до 30.09.2021 година обвинетите Д.Р. и К.Т. создале група со цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, а како припадници на групата станале обвинетите Б.К, Н.Л., З.Т., С.К., П.М. и Ѓ.П. за чие извршување групата станала функционална целина. Обвинетите преземале дејствија за остварување на целите на групата – стекнување противправна имотна корист од неовластена од надлежен орган, продажба на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости на купувачи од РС Македонија и странство. Добрата биле пронаоѓани со неовластено истражување и ископување на регистрирани и нерегистрирани археолошки локалитети и тоа Вртекица – скопско, Сливица, Герман – скопско, Белица – Македонски Брод, Горно Јаболчица – кичевско, Долно Јаболчиште – Велес, Мочурлива вода, Чатал камен, Туњ, Чиндиро Кале, Медов Дол, Градиште – Црно Езеро, Ломница, Ченгово Кале, Бајрамова Круша, Ивањевци, Ивени, Болдовенци, Журтче- крушевско, Ловор, Лутики, Добрушево, Лопатица и други археолошки локалитети низ целата територија на нашата држава. Испитувањата се вршеле без дозвола од надлежен орган, со употреба на сонди, метал детектори и дронови, а за ориентација биле користени сателитски снимки, карти и рачно пишани текстови и преданија. Потоа со употреба на хилти, копачи, и други градежни алатки и градежна механизација се вршеле археолошки ископувања и минеролошко петрографски истражувања. Пронајдените артефакти – добра под привремена заштита и природни реткости, обвинетите ги присвојувале и иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело ги прикривале на непознати безбедни локации или во своите домови. Во меѓувреме стапувале во контакт со Н.Н. припадници на групата по потекло од Р.Грција, Р,Турција, Р.Албанија, Р. Хрватска, Р.Србија и САД на кои како заинтересирани купувачи добрата им ги продавале за договорен износ. Купувачите добрата под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, без дозвола од надлежен орган, ги изнесувале надвор од границите на РСМакедонија, со што е нанесена трајна штета на археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции. Со дејствијата опишани во диспозитивот на Обвинителниот акт сите лица се обвинети дека сториле кривично дело Злосторничко здружување од чл.394. На Д.Р., К.Т., Н.Л.,З.Т.,С.К,П.М. и Ѓ.П им се става на товар и кривичното дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од чл.264 ст.2 од КЗ, додека Д.Р., К.Т., Б.К. и Н.Л. се обвинети и за кривично дело – Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од чл.266 ст.2 вв со ст.1 од КЗ. Обвинетите Д.Р. и Б.К. сториле и кривично дело – Прикривање од чл.261 ст.3 вв со ст.1 и ст.2 од КЗ. Со Обвинителниот акт предметниот обвинител му предложи на судот спрема обвинетите да ги продолжи претходно изречените мерки притвор и куќен притвор.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-osumminata-divi-kopachi-i-trgovci-so-makedonsko-kulturno-nasledstvo/feed/ 0