дивоградба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 07:22:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дивоградба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стефковски на уривање дивоградба: Никој не е над законот, урбаната мафија нема да дивее низ општина Гази Баба https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-na-urivane-divogradba-nikoj-ne-e-nad-zakonot-urbanata-mafija-nema-da-divee-niz-opshtina-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-na-urivane-divogradba-nikoj-ne-e-nad-zakonot-urbanata-mafija-nema-da-divee-niz-opshtina-gazi-baba/#respond Thu, 07 Sep 2023 07:22:13 +0000 https://kurir.mk/?p=875545

Инспекциските служби на општина Гази Баба денеска со асистенција на Министерството за внатрешни работи извршија рушење на безправно изграден деловен објект во населеното место Инџиково. -Никој не е над Законот. Нема да дозволам урбаната мафија да дивее низ општина Гази Баба. Компромис со спроведување на Законот, ниту сум правел, ниту ќе правам. Апелирам до граѓаните да се почитуваат Законите за да немаме вакви непријатни ситуации. Тука нема да застанеме, порача градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Градбата на овој деловен објект инспекциските служби на општина Гази Баба ја утврдија почетокот на месец август при што беше изречена мерка за затворање на градилиштето која лицето не ја почитуваше и продолжи со градба. Согласно Законските одредби, службите донесоа решение за отстранување на објектот кое денес беше извршено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-na-urivane-divogradba-nikoj-ne-e-nad-zakonot-urbanata-mafija-nema-da-divee-niz-opshtina-gazi-baba/feed/ 0
Костовски: Бесправно изградени објекти и узурпација во општина Бутел нема да има https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-bespravno-izgradeni-objekti-i-uzurpatsija-vo-opshtina-butel-nema-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-bespravno-izgradeni-objekti-i-uzurpatsija-vo-opshtina-butel-nema-da-ima/#respond Fri, 14 Jul 2023 08:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=856583

БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ И УЗУРПАЦИИ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ НЕМА ДА ИМА, ова денеска преку статус на Фејсбук го порача градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. „Се додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки Јас работам во интерес на моите сограѓани, постапувам и сум на страна на чесните луѓе. Во Општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпации на државно земјиште. Без разлика кој од каде доаѓа, без разлика кој на која позиција се наоѓа, без разлика дали некој ми е роднина, пријател, другар или комшија законите мора да важат за сите исто. Никој нема право да зема моќ и да мисли дека е над законот. Денес во утринските часови беше отстранен бесправно изграден објект на државна парцела во близина на булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Ако во минатото ова било секојдневие, денес имаме поставено ред во урбанизмот и за урбаната мафија нема место во Општина Бутел. За мене додека сум градоначалник сите граѓани ќе бидат исти и еднакви“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-bespravno-izgradeni-objekti-i-uzurpatsija-vo-opshtina-butel-nema-da-ima/feed/ 0
Дебранец доби кривична пријава, на државна сопственост изградил станбен објект https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/debranec-dobi-krivichna-prijava-na-drzavna-sopstvenost-izgradil-stanben-objekt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/debranec-dobi-krivichna-prijava-na-drzavna-sopstvenost-izgradil-stanben-objekt/#respond Mon, 03 Oct 2022 14:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=740494

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Р.Ц.(57) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, во текот на 2022 година, на катастарска парцела во селото Елевци, во државна сопственост, со површина од 195,6 метри квадратни, без соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган изградил станбен објект со што се стекнал со противправна имотна корист.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/debranec-dobi-krivichna-prijava-na-drzavna-sopstvenost-izgradil-stanben-objekt/feed/ 0
Стоилковски: Дали Каевски изградил дивоградба во Волково? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dali-kaevski-izgradil-divogradba-vo-volkovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dali-kaevski-izgradil-divogradba-vo-volkovo/#respond Fri, 25 Mar 2022 11:52:37 +0000 https://kurir.mk/?p=653210

Дарко Каевски, пратеник и најновиот портпарол на СДСМ, должи одговори пред јавноста дали е дивоградба семејната медитеранска хациенда во Волково, општина Ѓорче Петров, вредна над 100-тина илјади евра? Каевски како пратеник е должен да одговори дали зданието изградено пред три години на местото на неговата стара куќа, е изградено во времето кога беше директор на Агенцијата за млади и спорт? И ако е така, дали Каевски направил злоупотреба на својата директорска функција за да без стеги и страв од општинските инспекции изгради куќа без документи, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој истакна дека Каевски мора да одговори на прашања како и дали куќата е изградена во време кога со Ѓорче Петров самоволно владееше СДСМ преку Александар Наумоски? - Каевски располага со милионски банкарски сметки, со повеќе станови, од кои барем еден лично го купил. Каевски според биографијата од 2017-та година е државен службеник, станува директор на Агенцијата за млади и спорт, а од 2020-та е пратеник на СДСМ во Собранието. Значи веќе шеста година Дарко Каевски живее од буџетска плата. Дарко Каевски на возраст од само 30-тина години има имот и банкарска сметка коишто се ретко достижни и за луѓе со 30 годишен работен стаж! Самоволието и лукративноста на СДСМ ја втурна Македонија во тешка криза, а народот е се посиромашен. Наместо за државата и граѓаните, се мисли за раст на сопствениот имот. Секој еден ден со СДСМ на власт е поскап од брзи предвремени парламентарни избори, додаде портпаролот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dali-kaevski-izgradil-divogradba-vo-volkovo/feed/ 0
Срушена дивоградба на улица “Борис Трајковски” https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srushena-divogradba-na-ulica-boris-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srushena-divogradba-na-ulica-boris-trajkovski/#respond Fri, 24 Dec 2021 14:16:40 +0000 https://kurir.mk/?p=612731

Продолжува справувањето со урбанистичкиот хаос во општина Кисела Вода. Утрово, беше срушена уште една дивоградба, овојпат на улицата “Борис Трајковски”. Непознат сторител, без да поседува одобрение за градба, на оваа локација поставил армирано-бетонскa плоча. -Денес стопиравме изградба на уште еден нелегален објект, уште еден обид да се прекрши законот и законските процедури. Како што најавив, нашите жители ќе видат еден нов начин на управување со општината, ќе видат што значи нетолеранција на беззаконие и казна за криминалот. Законот постои за да се почитува и ќе важи поеднакво за сите. Никој не е и нема да биде над него-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srushena-divogradba-na-ulica-boris-trajkovski/feed/ 0
Условна казна и 50 евра за инвеститорот на дивоградбата кај „Мавровка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-i-50-evra-za-investitorot-na-divogradbata-kaj-mavrovka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-i-50-evra-za-investitorot-na-divogradbata-kaj-mavrovka/#respond Fri, 08 Oct 2021 13:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=575467

Една година по уривањето на дивоградбата, на истото место во полн ек работи кафулето „Фонтана“, а дел од останатите простории се нудат за издавање. Случајот со дивоградбата кај „Мавровка“ доби и правна разрешница. Како што пишува „Призма“, инвеститорот Мевљудин Алити, чија дивоградба лани се уриваше со полициска придружба, признал вина и добил условна казна од две години, како и паушал за судски трошоци во висина од 3 000 денари (50 евра). „Колку што беше силен одекот во јавноста дека спроти судската палата, во центарот на Скопје, ‘непознат’ инвеститор си ѕида објект и тоа трае со месеци, толку незабележано помина пресудата, која судски го запечати овој случај. Една година по оваа епизода, излегува дека правдата е задоволена. Едно признание на вина, условна казна, и судски паушал од 3 000 денари. Накусо, ова е среќниот крај на приказната за тоа бетонско здание пред трговскиот центар. Ако лани во септември, Мевлудин Алити заедно со неговиот адвокат пред медиумите говореше дека правдата е на нивна страна и оти потрагата по неа ќе стигне до судот во Стразбур, приказната доби сосема поинаков тек, и тоа буквално во само едно судско рочиште. Обвинетиот инвеститор, како што е наведено во правосилната пресуда објавена по барање на БИРН, во јуни годинава признал дека е виновен“,се вели во текстот на „Призма“. Како што понатаму се појаснува, ова значи дека за овој предмет не се изведувале докази, туку судот ја прифатил неговата вина и во пресуда од четири и пол страници го осудил со условна казна затвор од две години, кои ќе бидат активни ако во следните пет стори ново кривично дело. Во диспозитивот се наведува оти Алити во јуни и во јули, без одобрение за градење, градел објект со површина од 330 квадратни метри. Неговиот адвокат пред судот, меѓу другото, го бранел клиентот дека „градел на сопствени објекти“. Како што пишува „Призма“, Алити, пак, рекол дека „се кае за ова што го направил, не бил свесен за последиците од неговото однесување, сметал дека со тоа што градел е само обнова на неговиот објект, сметал дека со тоа не врши кривично дело…“ и ветил дека во иднина нема да го повтори делото. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-i-50-evra-za-investitorot-na-divogradbata-kaj-mavrovka/feed/ 0
Стоилковски: Шилегов да ја покаже градежната дозвола и од кога е потпишана! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-shilegov-da-ja-pokaze-gradeznata-dozvola-i-od-koga-e-potpishana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-shilegov-da-ja-pokaze-gradeznata-dozvola-i-od-koga-e-potpishana/#respond Fri, 03 Sep 2021 13:18:52 +0000 https://kurir.mk/?p=558884

Петре Шилегов , објави документи, покажи дозвола за градба! Ако ги имаш, ама ги немаш, стои во Фејсбук статусот на Наум Стоилковски. Тој напиша дека Шилегов наместо да нарачува наслови во медиумите каде го нема "глаголот", наместо притисок врз редакции, наместо да не им одговара на телефони и смс пораки, треба да ја покаже градежната дозвола. - Ајде да видиме дозвола, од кого е потпишана, каде се платени комуналии, кој се со тебе е заглавен во криминал? Дали потпишал Богоев? Дали тој за урбанизам? Еве и нешто плус- ДУПот од 2016 е поништен од Уставен; оспорен од НВО против токму ваква бетонизација. Богоев не донесе нов. А според тој од 2012, немаш дозвола за толкаво здание. А градиш Петре нелегално баш според пишанито во поништениот ДУП! Ги повикувам и граѓанскиот сектор, О2 и другите НВО коишто го оспорија ДУПот да излезат и побараат одговорност од Шилегов за ова урбанистичко дивеење, пишува Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-shilegov-da-ja-pokaze-gradeznata-dozvola-i-od-koga-e-potpishana/feed/ 0
Стоилковски: Шилегов гради дивоградба, Богоев да го руши објектот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-shilegov-gradi-divogradba-bogoev-da-go-rushi-objektot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-shilegov-gradi-divogradba-bogoev-da-go-rushi-objektot/#respond Fri, 03 Sep 2021 09:03:50 +0000 https://kurir.mk/?p=558754

Петре Шилегов е фатен жив во криминал. Луксузниот објект на Шилегов семејната зграда во скопски Карпош е дивоградба. Шилегов нема дозвола за градба, ако ја имаше до сега ќе ја покажеа и Шилегов ама и неговиот соучесник во криминалот Стефан Богоев, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече доколку имаат дозвола да излезат нека ја покажат дозвола, нека покажат и ДУП според кој би била издадена дозволата. - Шилегов нема дозвола и затоа бега од темата, бега и Стефан Богоев, бега сето киднапирано СДСМ. Шилегов го крши законот,но и Богоев го крши законот штитејќи го Шилегов. Почитувани, СДСМ ја штити урбаната мафија. Град Скопје и општина Карпош, ВЕДНАШ мора да ја стопираат градбата на семејната градба на Петре Шилегов и да почне процес на рушење, без одложување. Ако не го сопрат ова насилство на Шилегов, СДСМ Богоев ќе докажат дека се дел на урбаната мафија. Никој во соседството каде што живее Шилегов и каде ја гради семејната зграда во оваа урбанистичка четврт наречена Z 04, не сме да има куќа повисока од 8,8 метри, односно приземје, кат и поткровје. Само Шилегов на диво, додава цели два ката. Насилнички, со злоупотреба на моќ, Шилегов го обезвреднува имотот на своите соседи, го обезвреднува трудот на оние кои чесно градат и се занимаваат со градежништво, појасни Стоилковски. Портпаролот истакна дека само Шилегов во оваа четврт, во овој реон и многу атрактивен дел од градот, гради четирикатница и тоа без дозвола. - Сите други не смеат заради законот, односно би биле срушени од општинската или градската управа, само Шилегов гради затоа што му се може, затоа што е градоначалник, а Стефан Богоев му е ортак од мафијата, пардон- партијата. А сето тоа ги прави Петре и Богоев -Злосторничко здружување. Нема ништо полошо од Шилегов, нема ништо полошо од СДСМ за Скопје, заклучи Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-shilegov-gradi-divogradba-bogoev-da-go-rushi-objektot/feed/ 0
Стоилковски: Градоначалникот Шилегов кој треба да штити од бетонизација, гради зграда дивоградба https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stoilkovski-gradonachalnikot-shilegov-koj-treba-da-shtiti-od-betonizacija-gradi-zgrada-divogradba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stoilkovski-gradonachalnikot-shilegov-koj-treba-da-shtiti-od-betonizacija-gradi-zgrada-divogradba/#respond Thu, 02 Sep 2021 09:06:29 +0000 https://kurir.mk/?p=558267

Петре Шилегов градоначалник на Скопје во заминување, на местото на својата семејна куќа во Карпош гради луксузна зграда, ама дивоградба, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Посочи дека на семејната зграда во Карпош, Шилегов на диво и додава цели два ката. -Гради дивоградба за која што нема ниеден основ за дозвола за градба. Шилегов, градоначалник на Скопје во заминување, наместо ред во урбаниот хаос, самиот гради дивоградба за своја зграда. Ова е извадок од важечки ДУП за парцелата каде што Шилегов гради дивоградба. Тука стои висина, највисоката кота, од 8.8 метри, и ништо повеќе не е легално. Тоа е во висина на соседните куќи. Според ДУП-от наведено е приземје еден кат и поткровје, односно П+1+Пк. За поткровје се смета страничен ѕид не повисок од 1.2 метри, исто како кај соседните куќи. Се' над тоа се смета за кат, и се над тоа според овој ДУП е дивоградба, објави Стоилковски. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не постои друг валиден документ со други параметри кои дозволува дополнителна градба освен доградба и реконструкција на постојната градба, или евентуално нејзино рушење и добивање на одобрение за градење со катност П+1+Пк. -Надлежна институција за издавање на дозвола за градба, доградба, реконструкција е општина Карпош, секторот за урбанизам односно Градоначалникот на општина Карпош во заминување, Стефан Богоев. Согласно општина Карпош, за наведената локација постои валиден детален урбанистички план со наслов “Детален урбанистички план за населба Тафталиџе 1-Тафталиџе 1 Север 1” Одлука бр.07-3743/1 од 08.06.2021 година. Ама, Шилегов врз овој кат изградил уште еден. Тоа не е кровна конструкција. Значи врз вториот кат изградил уште еден што не е кровна конструкција. Ова е кат, покриена тераса со што излегува над дозволеното за цели два ката. Ниеден урбанист ниту градоначалник не би смеел да издаде ваква дозвола за градба. Уште повеќе не Градоначалникот на Карпош Богоев за Градоначалникот на Скопје Шилегов. Уште повеќе што земјиштето, дворот, местото на куќата, е се уште државна земја со право на користење. Не ја ни откупил, а тоа го покажува неговиот имотен лист кој вели право на користење на изградено градежно земјиште врз кое што постои зграда, не го поседува. А без тоа, невозможно е да се земе градежна дозвола за вакво доградување. Шилегов тоа го знае и затоа молчеше до сега за овој огромен криминоген скандал. Наместо ред, Шилегов е дел од урбаниот хаос, насилство и бесправна бетонизација! Затоа Шилегов ги толерираше четири години дивоградбите, затоа цела Македонија го следеше скандалот кај Мавровка, затоа платформите кај Матка уште стојат, и што ли уште не. Наместо борба со градежната мафија, тој гради дивоградба, вели тој. Стоилковски вели дка ова е скандалозно, ова е криминогено, ова е лицето на Шилегов, ова е кичот на СДСМ. И за ова се одговара, прво пред граѓаните на избори! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stoilkovski-gradonachalnikot-shilegov-koj-treba-da-shtiti-od-betonizacija-gradi-zgrada-divogradba/feed/ 0
Поднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-divogradbata-kaj-mavrovka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-divogradbata-kaj-mavrovka/#respond Thu, 28 Jan 2021 08:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=460872

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот М.А., во текот на јуни и јули 2020 година, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 на платото пред трговскиот центар „Мавровка“, а притоа немал одобрение за градба издадено од надлежен орган. На обвинетиот претходно му беа определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и повремено јавување кај службено лице во Основниот кривичен суд. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да ги продолжи ваквите мерки спрема обвинетиот со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-divogradbata-kaj-mavrovka/feed/ 0