дивоградби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jun 2023 12:28:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дивоградби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лани регистрирани 662 дивоградби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-registrirani-662-divogradbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-registrirani-662-divogradbi/#respond Fri, 30 Jun 2023 12:28:23 +0000 https://kurir.mk/?p=851237

На територијата на државава лани се регистрирани 662 бесправно изградени објекти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според видот на објектот, бесправно се изградени 111 објекти за домување (16,8 проценти), 101 доградба, надградба и адаптација (15,3 проценти), 58 деловни објекти (8,8 проценти), 94 гаражи (14.2 проценти), 125 огради (18,9 проценти), пет скалила (0,8 проценти), 19 тераси (2,9 проценти), 5 летни тераси (0,8 проценти), 50 натстрешници (7,6 проценти), 15 времени објекти (2,3 проценти) и 79 помошни објекти (11,9 проценти). Во Скопје се регистрираи 82 дивоградби, по што следат Куманово со 79, Битола и Охрид со по 53, Крива Паланка 42, Струмица 39, Тетово 31, Струга 26, Пробиштип 19.... Најголем број бесправно изградени објекти, 637 (96,2 проценти) се во приватна сопственост, а регистрирани се и 21 во државна сопственост и четири во мешовита сопственост. Како што претходно објави МИА, до март годинава во Агенцијата за катастар на недвижности се впишани имоти на 296 810 објекти што добиле решение за легализација од матичните општини. Легализацијата на дивоградби во државава првпат се овозможи со Законот за третман на бесправно изградени објекти од 2011 година. Законот и рокот за поднесување барања за легализација во неколку наврати претрпе измени, а со последната во 2021 година се овозможи негова примена уште пет години за да се постапува по предметите за околу 140.000 барања, што од најразлични причини останаа заглавени. Истовремено со тие измени, на предлог на Министерството за транспорт и врски, во Собранието беше доставен нов закон за легализација, а со кој би се опфатиле дивоградби изградени до јануари 2021 година, но со плаќање казнени пенали. За законот стартуваше комисииска расправа во Собранието, но се уште нема промена во статусот. Според првичните проценки, со него би се опфатиле над 50.000 барања за легализација, но конечниот број ќе се знае ако евентуално биде изгласан и се отвори можност за поднесување барања. Предвиден е скалест начин за пресметување на надоместот за легализација и тоа, за објект до 80 метри квадратни, висината на надоместокот се зголемува за 50 проценти од основниот комунален трошок, а за објекти над 80 метри квадратни, тој надомест се зголемува за 100 проценти. Надомест за легализација на бесправни објекти, според предлогот, нема да плаќаат социјално загрозените граѓани и лицата со приходи до 180 илјади денари нето годишен приход, со што се зголемува опфатот на граѓани кои се ослободени од тој надомест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-registrirani-662-divogradbi/feed/ 0
Уапсени 22 лица за дивоградби на четири грчки острови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-22-litsa-za-divogradbi-na-chetiri-grchki-ostrovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-22-litsa-za-divogradbi-na-chetiri-grchki-ostrovi/#respond Tue, 02 May 2023 15:04:23 +0000 https://kurir.mk/?p=829788

Во рамките на контролите за борба со дивоградбите, грчката полиција во периодот од 29 април до 1 мај уапсила вкупно 22 лица на островите Миконос, Родос, Милос и Фолегандрос, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од полицијата, против сторителите биле поднесени одвоени кривични пријави за незаконски градежни работи и вработување на нелегални странски државјани. На островот Миконос биле уапсени лица кои бојадисувале дивоградби во рамките на хотелски бизнис, на Родос уапсените пренесувале градежен материјал во крајбрежен простор, а на Милос и Фолегандрос уапсените лица без дозвола вршеле градежни работи во објект во изградба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-22-litsa-za-divogradbi-na-chetiri-grchki-ostrovi/feed/ 0
Лани евидентирани 739 дивоградби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-evidentirani-739-divogradbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-evidentirani-739-divogradbi/#respond Sat, 02 Jul 2022 07:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=698686

Во текот на 2021 година, на територијата на Македонија се регистрирани 739 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според видот на објектот, бесправно се изградени 210 објекти за домување (28.4 %), 102 доградби, надградби и адаптации (13.8 %), 73 деловни објекти (9.9 %), 29 гаражи (3.9 %), 128 огради (17.3 %), 6 скалила (0.8 %), 6 тераси (0.8 %), 6 летни тераси (0.8 %), 71 натстрешник (9.6 %), 23 времени објекти (3.1 %) и 85 помошни објекти (11.5 %). Најголем број бесправно изградени објекти (95.7 %) се во приватна сопственост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-evidentirani-739-divogradbi/feed/ 0
Продолжение на 62. седница на Собранието, на дневен ред и Законот за дивоградби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzenie-na-62-sednica-na-sobranieto-na-dneven-red-i-zakonot-za-divogradbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzenie-na-62-sednica-na-sobranieto-na-dneven-red-i-zakonot-za-divogradbi/#respond Mon, 21 Feb 2022 06:42:58 +0000 https://kurir.mk/?p=634095

Собранието денеска треба да ја продолжи 62-та седница со Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово. На дневен ред на оваа седница во прво читање се и Предлог законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти, Предлог законот за инспекциски надзор во животната средина и Предлог законот за вршење сметководствени работи. Пратениците треба да распорваат и за Предлог законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, Предлог законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација, Предлог законот за изменување на Законот за платниот промет и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, сите по скратена постапка. Собранието на седницата треба да расправа и по Предлог законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, поднесен од пратениците Петар Ристески, Зоранчо Јованчев, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска, Ане Лашкоска, Златко Пенков, и по Предлог на декларацијата за борба против корупцијата како стратешки приоритет на државата и државните политики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzenie-na-62-sednica-na-sobranieto-na-dneven-red-i-zakonot-za-divogradbi/feed/ 0
Ќе се легализираат дивоградби изградени до јануари 2021, со 50 до 100 отсто повисоки комуналии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-legaliziraat-divogradbi-izgradeni-do-januari-2021-so-50-do-100-otsto-povisoki-komunalii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-legaliziraat-divogradbi-izgradeni-do-januari-2021-so-50-do-100-otsto-povisoki-komunalii/#respond Thu, 23 Dec 2021 12:50:22 +0000 https://kurir.mk/?p=612104

Подготвен е нов Предлог закон за бесправно изградени објекти со кој предмет на легализација ќе бидат дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година, со исклучок на тие што се изградени во границите на Охридскиот регион, заштитените подрачја, ….како и згради, доградби и надградби на згради, времени и помошни објекти. Ресорниот министер Благој Бочварски денеска соопшти дека се предвидува скалест начин на пресметување на надоместот за легализација. За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект од над 80 метри се зголемува за 100 проценти. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат само предвид сметките за јавни услуги. Од надомест за легализација ќе бидат ослободени граѓани кои имаат до 180 илјади денари нето годишен приход. -Ова е нов закон, различен од претходниот за кој јавноста реагираше и веднаш морам да потенцирам дека при креирање на овој закон заемени се во предвид речиси сите предлози на граѓанските здруженија, коморите, асоцијациите и сите засегнати страни. Исто така законот го услогласивме и со другите државни институции и сметаме дека креиревме квалитетно законско решение со кое ќе се обидеме да ставиме крај на изградбата на бесправни градби и узурпацијата на просторот. Од друга страна со законот нудиме и фер услови за сите оние граѓани кои претходно немале можност да ги легализираат своите домови, рече на прес-конференција Бочварски. Со законот, како што информираше денеска ресорниот министер Бочварски, се очекува да се заокружи процесот на легализација на бесправни објекти во државата. Бочварски соопшти дека нема да може да се легализираат бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион, а за кои е утврдено дека не се во согласност со Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, изградени во граници на заштитени подрачја и тоа Зона за строга заштита и Зона за активно управување, изградени во споменичката целина на Старото градско јадро на Охрид, изградени во подрачје на заштитено недвижно културно наследство, изградени во подрачје во кое се врши или е планирана експлоатација на минерални суровини. Исто така, нема да се легализираат и дивоградби изградени во заштитни зони на аеродроми, изградени во зони на гранични премини во радиус од 100 метри од граничната линија, изградени на сообраќајници и на подрачја на кои со урбанистичките планови е предвидена изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, изградени во заштитен појас на државни и локални патишта и во заштитен појас на железничка инфраструктура, изградени на земјиште за кое во Катастарот на недвижности е запишано право на хипотека. Не може да се легализираат ниту згради како и доградби и надградби на зградите со намена А2, како и сите видови на времени објекти (базени, гаражи), сите видови на урбана опрема и помошни објекти кои се во функција на друг објект. Еден барател ќе може да легализира само еден објект. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат само предвид сметките за јавни услуги. И со ова, потенцираше Бочварски, не дозволуваме можни злоупотреби со изјавата на нотар, нешто што беше случај во претходниот закон. -Во однос на надоместот за легализација е предвиден скалест начин на пресметување. За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместокот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект со површина над 80 метри надоместот се зголемува за 100 проценти. Надоместот за легализација на електронски комуникациски мрежи ќе изнесува по 10 евра од метар изградена површина, рече Бочварски. Тој информираше дека го зголемуваат опфатот на граѓани и целни групи кои нема да плаќаат надомест за легализација на бесправно изграден објект. Со тоа, посочи, излегуваме во пресрет на социјално загрозените лица и граѓаните со приходи до 180 илјади денари нето годишен приход, со тоа што овие категории граѓани ќе бидат ослободени од надоместот за легализација. -Овој Закон е исклучително важен за решавање на правниот статус на голем број на инфраструктурни проекти низ државата, електронски комуникациски мрежи и кабелска канализација, преку поедноставена постапка која што ќе ја води Агенцијата за катастар на недвижности, потенцираше Бочварски. Рокот за поднесување на барањето за легализација е шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот. Бочварски најави дека Предлог законот ќе биде доставен до Собранието и оти секој квалитетен предлог ќе биде анализиран и доколку постои можност ќе биде вметнат во законското решение. -Нашата цел е да донесеме функционален закон со кој ќе го заокружиме процесот на бесправното градење во државата, истакна Бочварски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-legaliziraat-divogradbi-izgradeni-do-januari-2021-so-50-do-100-otsto-povisoki-komunalii/feed/ 0
Арифи контра Мерко: Дивоградби има низ целата држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arifi-kontra-merko-divogradbi-ima-niz-celata-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arifi-kontra-merko-divogradbi-ima-niz-celata-drzava/#respond Wed, 16 Jun 2021 08:05:33 +0000 https://kurir.mk/?p=524131

„ДУИ не е партија на трикови, затоа што да беше така немаше да биде дел од целите овие процеси“, вели градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, за емисијата „Утрински брифинг“. Според неа, тие се голема партија со голем удел во централната власт, но исто и во локалната, каде проблемите со зелената агенда се поголеми. Во однос на изјавата на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко дека во неговата општина нема дивоградби, Арифи вели дека низ целата држава постојат такви објекти и тоа е голем проблем. „Дивоградби има во цела држава, затоа има Закон за легализација. Кога не би ги имале сигурно не би имало потреба од носење на такот закон. Такви проблеми има во цела држава, како и во Тетово“, потенцира Арифи и посочува дека сериозен проблем за општините е долгата бирократска процедура до носење на ДУП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arifi-kontra-merko-divogradbi-ima-niz-celata-drzava/feed/ 0
Почна уривањето на нелегалните објекти на најатрактивните плажи во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-urivanjeto-na-nelegalnite-objekti-na-najatraktivnite-plazi-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-urivanjeto-na-nelegalnite-objekti-na-najatraktivnite-plazi-vo-ohrid/#respond Wed, 09 Jun 2021 10:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=520917

Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид. За почеток се отстранува и демонитира платформата во езерото пред „Куба Либре“, една од најатрактивне плажи и локации на исотчниот брег на Охридското Езеро. Акцијата беше очекувана со оглед што уште пред една седмица во близина на неколкуте плажи зад мостот на Студенчишкиот канал кај Охрид беше распоредена механизација, а вчера сите објекти во тој дел беа искучени од системот за нанпојување со елњектрична енергија. Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дрка ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија, вклучувајчќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-urivanjeto-na-nelegalnite-objekti-na-najatraktivnite-plazi-vo-ohrid/feed/ 0
Скопје наликува на Рио и Сао Паоло со дивоградбите кои сака власта да ги амнестира со член 41 со новиот предлог закон за легализација на дивоградби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-nalikuva-na-rio-i-sao-paolo-so-divogradbite-koi-saka-vlasta-da-gi-amnestira-so-chlen-41-so-noviot-predlog-zakon-za-legalizacija-na-divogradbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-nalikuva-na-rio-i-sao-paolo-so-divogradbite-koi-saka-vlasta-da-gi-amnestira-so-chlen-41-so-noviot-predlog-zakon-za-legalizacija-na-divogradbi/#respond Tue, 25 May 2021 18:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=515042

„Најспорниот член од новиот предлог закон за легализација на дивоградби и продажба на земјоделско земјиште е членот 41 со кој се амнестираат сите кривични процеси, сите прекршочни процеси, граѓански процеси и сите оние управни постапки на сите оние протагонисти на оној легалниот и илегалниот криминал кој е правен во врска со дивоградбите. Сега јас би се навратила на нешто друго, тие можеби нема да легализираат се, можеби ќе направат политички консензус, валкан политички консензус, само заради тој валкан политички консензус имаме 80 дивоградби, 80 угостителски објекти на Шапка, за тоа на Матка се гради монструозен бетонски објект“, појасни еден од учесниците на протестот „Граѓански фронт, против грабежот“ кој се одржи денес пред Владата. Еден од учесниците посочи дека сите дивоградби ќе бидат амнестирани со член 41, тоа не смее граѓаните да го дозволат на власта под никоја цена. „Сите оние градежни дозволи кои се дадени преку рака од урбаната мафија, оние градежни дозволи каде што имаме непристојно блиски згради, каде што Скопје на делови личи како бразилските фавели, како во Рио и Сао Паоло, така личи Скопје. Дали знаете дека помеѓу Тафталиџе и Козле не може да се помине? Дека има еден огромен ѕид кој ги затвора Општина Карпош“, рече еден учесниците на протестот. На протестот се додаде дека државниот инспекторат за урбанизам мочли за дивоградбите. И за тоа под итно граѓаните бараат ревизија на работата на инспекторите, ревизија на работа на советниците и на градоначалниците, зошто се давало дозвола за некои објекти, и зошто некои објекти се воопшто изградени врз државно земјиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-nalikuva-na-rio-i-sao-paolo-so-divogradbite-koi-saka-vlasta-da-gi-amnestira-so-chlen-41-so-noviot-predlog-zakon-za-legalizacija-na-divogradbi/feed/ 0
ААМ против повторно носење на законот за легализација на дивоградбите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aam-protiv-povtorno-nosenje-na-zakonot-za-legalizacija-na-divogradbite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aam-protiv-povtorno-nosenje-na-zakonot-za-legalizacija-na-divogradbite/#respond Tue, 18 May 2021 09:34:16 +0000 https://kurir.mk/?p=511762

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) е против повторно носење на нов закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти затоа што тој ги суспендира сите важечки прописи за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на изградениот простор и дава погрешен сигнал дека бесправното градење нема да се казнува, велат од ААМ. – Доколку сепак, и покрај сите наведени причини Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти биде донесен, инсистираме во законот задолжително да се вметне потребата од спроведување на сите постапки, неопходни за добивање дозвола за градба. Ги повикуваме и колегите од Комората на градежни инженери и другите струкови здруженија да не поддржат во оваа иницијатива. Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти е во колизија со важечките закони за урбанистичко планирање и законот за градење бидејќи истиот ја негира нивната суштина која се однесува на процедурите востановени за стратегиско планирање и организирање на изградената средина и управување и заштита на природните ресурси – велат од ААМ. Од таму додаваат дека со ваквите законски решенија се поништуваат сите стручни процедури од план до градба, нешто кое треба да ги гарантира правниот, но и безбедниот статус на секоја градба, при што никако не смее да се елиминира аспектот на зачувување ниту на приватниот, ниту на јавниот интерес. Бесправно изградените објекти ги проблематизираат реализациите на легалните детални планови и генерираат просторни, инфраструктурни, но и финансиски проблеми во случај на нивно рушење и обесштетување на веќе легализирани објекти. Во нашата држава постои значајна правна легислатива со која се регулира обемната проблематика, а која се однесува на уредување на просторот. Конкретно со: Закон за просторно и урбанистичко планирање, Закон за градење, Закон за градежно земјиште, Закон за катастар на недвижности. Во членот 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање е наведено дека: „Просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на Просторен план, урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, регулациски план на генерален урбанистички план и урбанистичко-проектна документација, со цел да се обезбеди уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата“. – Процедуралната некомпатибилност на сегашното предлог, законско решение за утврдување на правен статус на бесправно изградените објект се потврдува со членот 21 став 1 од законот каде со решението за утврдување на правен статус објектот се здобива со право да биде вклопен во планската документација независно од законските и подзаконските акти со кои се дефинираат начелата и се уредуваат правилата на урбанистичкото планирање. На тој начин, повторното амнестирање на, со закон санкционирани активности во просторот не само што нема да реши ниту еден проблем туку дополнително ќе ги заостри, со очигледно занемарување на владеењето на правото во делот на уредување и управување со просторот. Со ваква декриминализација на бесправното градење се доведува во прашање и правната, материјалната, социјалната и финансиската еднаквост на учесниците во градбениот процес. Односно, државата покрај тоа што не успева да го менаџира просторот, не успева ниту во правниот сегмент од нејзиното правично владеење – велат од ААМ. Од Асоцијацијата потсетуват дека целиот процес на легализација на бесправно изградените објекти трае повеќе од 10 години и тука се поставува прашањето дали ќе се продолжи и со трет закон. Законот за легализација изгласан во 2011 година требаше да претставува трајно решение, нешто кое е спротивно на актуелните случувања со новиот закон (кој е во процедура) од кој се гледа дека решение повторно нема ниту на повидок. Од ААМ апелираат уште еднаш да се разгледа потребата од носење на нов закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, бенефитите, но пред сé проблемите кои тој закон ќе ги предизвика, на долг рок. Просторот е необновлив извор кој треба многу внимателно и паметно да се планира. Сите непланирани повреди на истиот треба да бидат соодветно санкционирани. Бесправното градење треба да биде казниво!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aam-protiv-povtorno-nosenje-na-zakonot-za-legalizacija-na-divogradbite/feed/ 0
Стоилковски: „Цареви Кули“ да добие правна разрешница со судење за злоупотреба на службената положба на Заев! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-carevi-kuli-da-dobie-pravna-razreshnica-so-sudenje-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-carevi-kuli-da-dobie-pravna-razreshnica-so-sudenje-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-na-zaev/#respond Sun, 06 Sep 2020 11:18:13 +0000 https://kurir.mk/?p=399894

Власта се уште ги крие вистинските одговори за случајот „Мавровка“. Не се знае ниту како дојде до тоа неколку бетонски катови да бидат изградени среде Скопје, на неполн километар од објектот на Владата на Република Македонија, уште помалку од централниот плоштад и директно спроти судската палата? Она пак што Заев и Ахмети го кријат како змија нозе е како до вчера нарекуван „непознат“ и „мистериозен“ инвеститор одеднаш стана познат и тоа со документи во рака за легализација и со сметка за платени давачки, згора на тоа со издадени документи од Град Скопје на Петре Шилегов? И никој тоа не го демантираше, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски -Криминалната власт се обидува да го сокрие тоа што сите го знаат - дека има спрега, и дека зборовите влада на Заев и мафија се синоними и означуваат едно те исто. Зоран Заев е татко на криминално легализирање на дивоградби! Зоран Заев, е аболициран за случајот „Глобал“, објект, трговски центар во Струмица,афера тешка осум милиони евра, која што беше ДИВОГРАДБА, легализирана отпосле, на штета на неколкумина сопственици на земјиштето каде што е изградено! Наместо реконструкција на градскиот пазар во Струмица, изгради трговски центар на неколку спратови, а потоа истиот се легализираше! Зоран Заев е човекот кој што воведе пракса за криминално легализирање на дивоградби!  И не е само „Глобал“, јавно приватно партнерство за „Глобал“ со човек чиј што содружник во бизнисот му е кој друг ако не Вице Заев! Зоран Заев, е човекот кој што од позиција на градоначалник, има легализирано дивоградби во Струмица на нему добро познати лица! Над Струмица се протега импозантен комплекс наречен „Цареви Кули“, објект изграден многу покасно по истекот на рокот зададен во законот за легализација на дивоградбите. Законот за легализација беше прецизен, услов за нешто да биде предмет за легализација, беше да биде изградено заклучно со 3 март 2011 година. Но, сателитските снимки од 10 март 2011 година, цела недела по истекот на зададениот рок, покажуваат дека од комплексот нема ништо! На документот за легализација, почитувани, стои потписот на Зоран Заев, откри тој. Стоилковски посочи дека дивоградбата „Мавровка“ е исто како и дивоградбата „Цареви кули“. -Заев, менторот на нелегалната легализација на дивоградби, легализира дивоизграден хотелски комплекс од над 600 квадратни метри на државна парцела – пасиште од околу 1.000.000 метри квадратни - парцела колку што изнесува околу половина Струмица! И да нема изненадувања, на документите за сопственост на комплексот „Цареви Кули“, стои име на човек чија што фирма речиси редовно добивала тендери од општина Струмица раководена од Зоран Заев! И да е работата уште почиста, судот пред две години ја одби тужбата од сопственикот на „Цареви кули“ против медиумите кои што пишуваа за оваа нелегална приватизација, во насока дека документацијата го докажува делото! Е па почитувани, законот е јасен: Во познатиот член 353 од Кривичниот Законик, во третиот параграф е наведено „...со пречекорување или неисполнување на службената дејност, со што за себе или за друг ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, ќе биде казнет со затвор од една до 10 години“. Доколку власта е сериозна за справувањето со дивоградбите, нека се почне со ред - согласно членот 353 од Кривичниот Законик, легализацијата на „Цареви Кули“ да добие правна разрешница со апсење и судење за злоупотреба на службената положба на тогашниот градоначалник Зоран Заев, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-carevi-kuli-da-dobie-pravna-razreshnica-so-sudenje-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-na-zaev/feed/ 0