Дизајн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 07:40:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дизајн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повик за дизајн на лого за 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povik-za-dizajn-na-logo-za-30-godishninata-od-diplomatskite-odnosi-megu-japonija-i-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povik-za-dizajn-na-logo-za-30-godishninata-od-diplomatskite-odnosi-megu-japonija-i-severna-makedonija/#respond Thu, 05 Oct 2023 07:40:02 +0000 https://kurir.mk/?p=885423

Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија објави јавен повик за изработка на дизајн на лого за 30 години од дипломатски односи помеѓу двете земји. - Целта на овој натпревар е да се вклучат дизајнерската заедница, професионалци од областа на графичкиот дизајн и уметници, креативни ентузијасти, како и млади таленти во Северна Македонија да создадат заедно со Амбасадата на Јапонија дизајн кој ќе ја долови суштината на овој многу важен пресврт во односите помеѓу нашите две земји, соопшти Амбасадата на Јапонија во земјава. Концептуалното решение треба графички и симболично да го покаже пријателството помеѓу двете земји и заедничките вредности кои ги споделуваме. Треба да има можност да се користи на печатени документи и брошури, како и на веб-сајтови и социјални медиуми. Највисоко оценети ќе бидат оние идејни решенија кои ќе бидат едноставни, модерни, но со значење. Изборот ќе биде направен од претставници на Јапонската амбасада. Секој учесник може да поднесе едно или најмногу три идејни решенија. Концепт решенијата се поднесуваат на e-mail адресата [email protected], не подоцна од 20 октомври 2023 година (полноќ). Покрај концептуалното решение, неопходно е да се наведат податоци за креаторот - име и презиме, телефонски број за контакт. Потребно е учесниците да вклучат краток опис на нивниот дизајн и инспирација кога го поднесуваат предлогот. - Основни технички барања: Графички предлог за лого и неговите предложени употреби (Логото треба да биде во векторски формат.) Независно авторство на сите елементи - ако се користат дополнителни елементи, тие, исто така, треба да бидат поднесени како посебни графички елементи. Ако фајлот надминува 10 MB треба да користите надворешен линк за преземање. Препорачани графички формати: .pdf .ai, .png, стои во соопштението. Со поднесувањето на свој дизајн, учесниците се согласуваат авторските права на победничкиот дизајн да се префрлат на Амбасадата на Јапонија, која потоа може да го користи, измени и дистрибуира логото за промотивни и славенички цели. Сите заинтересирани доколу имаат прашања можат да пишат на следниот маил: [email protected]]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povik-za-dizajn-na-logo-za-30-godishninata-od-diplomatskite-odnosi-megu-japonija-i-severna-makedonija/feed/ 0
Марија Шарапова воодушевува во новата професија, еве што дизајнира убавата тенисерка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marija-sharapova-voodushevuva-vo-novata-profesija-eve-shto-dizajnira-ubavata-teniserka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marija-sharapova-voodushevuva-vo-novata-profesija-eve-shto-dizajnira-ubavata-teniserka/#respond Fri, 26 Mar 2021 11:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=488113

Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова, во соработка со канадската компанија „Роув консептс“, ја подготви и претстави својата прва колекција мебел. Во нејзиниот прв дизајнерски потфат, тениската ѕвезда и љубителка на уметноста и архитектурата, се водеше од изразот „помалку значи повеќе“. Нејзината колекција содржи елегантни облици, рафинирани детали, неутрални бои, со нагласка на разновидноста и функционалноста. -Сакав да се осигурам дека сите овие парчиња мебел ќе наликуваат на „продолжение на животот на луѓето“ – делови што ги надополнуваат нештата со кои веќе живеат, изјави Шарапова за списанието „Аркитекчурал дајџест“. Поранешната тенисерка ги усовршила дизајнерските вештини додека патувала низ светот, како и при уредување на сопствениот нов дом во Лос Анџелес, САД. -Ми беше важно колекцијата да изгледа убаво денес, но и за пет или десет години, вели таа. Првичната понуда вклучува комбинација на мултифункционални работи – длабок тросед, тапацирана клупа, ткаенини во маслинова боја, странични маси, минималистичка ламба и еднобоен тепих. -Тие се доволно разновидни, па им овозможуваат на луѓето да прават свои комбинации, заклучи дизајнерката.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marija-sharapova-voodushevuva-vo-novata-profesija-eve-shto-dizajnira-ubavata-teniserka/feed/ 0
Избор на вистински простор за вашиот бизнис – најчести грешки кои ги прават компаниите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izbor-na-vistinski-prostor-za-vashiot-biznis-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-kompaniite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izbor-na-vistinski-prostor-za-vashiot-biznis-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-kompaniite/#respond Wed, 13 Nov 2019 11:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=263478

Непланирање на иден развој

Една од најчестите грешки кои ги прават компаниите при изборот на деловен - канцелариски простор е непланирање на можностите за иден развој и потребата за дополнителен простор во иднина. Работиме на динамичен пазар, со брзи промени во трендовите каде флексибилноста на просторот се наметнува како стандардно барање од кое во голема мера ќе зависи и успешноста на една компанија. Една од клучните работи при изборот на канцелариски простор е соодветно и колку што е возможно да се предвиди идниот развој и согласно на тоа да се избере простор кој ќе биде флексибилен и кој најдобро ќе може да одговори на сите промени и потреби на компанијата.

Цена на закуп – фактор број 1 при изборот

Избор на деловен - канцелариски простор базиран само на висината на цена на закуп е пракса кај голем број на компании. Несогледување на таканаречените скриени трошоци (трошоци за одржување, идни поправки итн.) придонесува планираните трошоци во голема мера да отстапуваат од реалните по изборот и вселувањето во деловниот простор. Локацијата, квалитетот на просторот и деловната зграда, патната инфраструктура и достапноста се само дел од факторите кои заедно со цената и вкупните трошоци треба да се земат в предвид во процесот на избор на канцелариски простор.

Дизајн на просторот

Флексибилност на работниот простор и уредување кои овозможуваат оптимални услови за работа можат да ја зголемат продуктивноста и креативноста на вработените. Светските трендови покажуваат дека сè повеќе компании ставаат акцент на грижата за своите вработени, квалитетот на просторот и условите за работа. Уредувањето на канцеларискиот простор од страна на стручни лица во областа, а во линија со специфичните потреби на компанијата ќе придонесе за поголема ефикасност, позадоволни вработени и поуспешен бизнис.

Водење на комплетниот процес на избор во рамките на компанијата

Процесот на изнаоѓање на вистински деловен – канцелариски простор е многу повеќе од само едноставен избор на простор. Секој чекор од процесот изискува специфично знаење и искуство од одредена дејност - брокери, консултанти, правници, архитекти, инженери. Професионален пристап и тим од стручни лица од областа на недвижностите ќе овозможат да се изнајде најдобриот простор кој во целост ќе ги задоволи сите потреби на компанијата.

За крај

Деловниот простор во кој секојдневно ги извршувате работните обврски влијае директно како  на вработените така и на вашите клиенти, а со тоа и на целокупниот ваш бизнис и успех. Оттука, изборот на идеален деловен-канцелариски простор е комплексен процес каде многу фактори треба да се земат в предвид. Со помош и ангажирање на стручни и искусни специјализирани компании за недвижен имот како ФМС, ќе добиете професионална услуга и вистинско решение за сите ваши потреби за канцелариски простор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izbor-na-vistinski-prostor-za-vashiot-biznis-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-kompaniite/feed/ 0