дизел горива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 May 2018 11:04:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дизел горива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дизелот скап, власта не се откажува од покачената акциза, ВМРО-ДПМНЕ бара укинување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dizelot-skap-vlasta-ne-se-otkazuva-od-pokachenata-akciza-vmro-dpmne-bara-ukinuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dizelot-skap-vlasta-ne-se-otkazuva-od-pokachenata-akciza-vmro-dpmne-bara-ukinuvanje/#respond Wed, 16 May 2018 11:04:31 +0000 https://kurir.mk/?p=54785

Покачувањето на акцизата на дизел горивата е директен удар врз најсиромашните, но власта не се откажува од неа иако и граѓаните и опозицијата бараат да се укине. ВМРО-ДПМНЕ бараше да се укине акцизата на дизелот од 3,5 денари, но пратениците на СДСМ гласаа против. Акцизата, и граѓаните и стопанството, според некои пресметки, ги чини над 40 милиони евра, што предизвика спирала на покачување на поголем број на производи. По доаѓањето на власт на СДСМ, премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Драган Тевдовски ја донесоа мерката за зголемување на цената на дизелот со изговор дека тоа ќе направи дестимулација на возењето автомобили, но и оти дел од парите ќе одат во заштита на животната средина. Сепак, единтвено што се постигна со оваа мерка е дополнително осиромашување на граѓаните. Цената на дизелот од 46 се зголеми на 62 денари, што е нешто над 30 отсто. Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека превозниците и транспортерите оваа акциза ги чини над 32 милиони евра, додека индустријата над 5 милиони евра. - Според податок од ДЗС, во 2015 година, во Република Македонија имало регистрирано 163.038 дизел возила. Доколку таа бројка ја помножиме со 2400 денари, колку впрочем и го чини еден просечен граѓанин покачувањето на акцизата доаѓаме до бројка од 391 милион и 290  илјади денари, односно 6 милиони и 360 илјади евра годишно. Ова е само цената која ќе ја платат граѓаните, додека превозниците и транспортерите ќе ги чини над 32 милиони евра, а индустријата над 5 милиони евра. Самото покачување на акцизата влијаеше и на покачување  на автобуските и такси услуги, кои повторно се директно на удар на граѓаните. Трошокот кои директно ќе го платат граѓаните е над 40 милиони евра.  Индиректниот трошок многу поголем, рече Данев.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dizelot-skap-vlasta-ne-se-otkazuva-od-pokachenata-akciza-vmro-dpmne-bara-ukinuvanje/feed/ 0