дизел возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 09:24:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дизел возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција и Шпанија забрануваат продажба на бензински и дизел возила по 2035 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-shpanija-zabranuvaat-prodazba-na-benzinski-i-dizel-vozila-po-2035-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-shpanija-zabranuvaat-prodazba-na-benzinski-i-dizel-vozila-po-2035-godina/#respond Thu, 17 Nov 2022 09:24:10 +0000 https://kurir.mk/?p=762251

Франција и Шпанија се приклучија на иницијативата да се забрани продажба на бензински и дизел возила по 2035 година, пет години порано отколку што предвидуваше претходниот план, согласно настојувањето да се забрза преминот кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод. Двете земји го дадоа ветувањето на разговорите за климата на КОП27 (COP27) во египетскиот град Шарм ел-Шеик. Tака, Франција и Шпанија се најдоа во групата нови потписници на Декларацијата за возила со нулта емисија, покрената на минатогодишната конференција во Глазгов. Потписниците, меѓу кои има држави, локални заедници и компании, се обврзаа на 100 отсто продажба на возила со нулта емисија до 2035 година на водечките пазари и до 2040 низ светот. Вкупниот број потписници на оваа декларација сега изнесува 214, во однос на 130 колку што беа една година претходно. Креаторите на политиката сакаа да ги намалат или елиминираат емисиите на стакленички гасови од автомобили, камиони и од други форми на транспорт. Според податоци објавени од Блумберг, годинава ќе биде рекордна за продажба на возила со нулта емисија, при што електричните возила ќе учествуваат со 13,2 отсто од вкупната продажба во првата половина од годината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-shpanija-zabranuvaat-prodazba-na-benzinski-i-dizel-vozila-po-2035-godina/feed/ 0
ЕУ: Продажбата на хибридни возила ги надмина дизел возилата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-prodazbata-na-hibridni-vozila-gi-nadmina-dizel-vozilata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-prodazbata-na-hibridni-vozila-gi-nadmina-dizel-vozilata/#respond Wed, 02 Feb 2022 09:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=625799

Продажбата на хибридни автомобили, кои имаат мотори и со внатрешно согорување и на батерии, минатата година за првпат во Европа ја надминала продажбата на оние со дизел мотори, иако за само 48 возила, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Еден од 11 продадени автомобили во Европа во 2021 година бил електричен, на батерии или вкупно нешто помалку од 880.000 возила, според статистиката на ACEA, пренесува „Ројтерс“. Вкупно 1,9 милиони хибридни и електрични возила со батерии се регистрирани во Европската унија во текот на целата мината година, што е значителен скок од 1,1 милион регистрирани во 2020 година. Хибридните автомобили имаат батерија која се полни преку моторот со внатрешно согорување и генерално може да преминат само ограничено растојание движејќи се на електричен погон. Оној тип на таканаречени plug-in хибриди се придвижуваат првенствено од батерија што се полни екстерно и затоа се сметаат за поеколошки прифатлви, но и тие се поддржани од мотор со внатрешно согорување, додека чисто електричните автомобили работат само на батерија. Во 2021 година, продажбата на електрични возила во ЕУ се зголемила за 63,1 отсто на речиси 878.500 автомобили, покажуваат податоците, додека продажбата на plug-in хибриди се зголемила за 70,7 отсто на речиси 867.100. Бројот на регистрации на дизел возила, кој опадна по скандалот „дизелгејт“ во 2015 година, паднал за една третина минатата година на 1,9 милиони единици, од 2,77 милиони претходната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-prodazbata-na-hibridni-vozila-gi-nadmina-dizel-vozilata/feed/ 0
Старите дизел возила забранети во Брисел од први јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/starite-dizel-vozila-zabraneti-vo-brisel-od-prvi-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/starite-dizel-vozila-zabraneti-vo-brisel-od-prvi-januari/#respond Thu, 26 Dec 2019 12:24:32 +0000 https://kurir.mk/?p=282557

Од први јануари стапува на сила нова регулатива во Брисел со која се забрануваат стари дизел возила, забраните се постепени до 2025-та кога речиси сите дизел возила ќе бидат забранети освен Евро 6. Целта на мерката е да се подобри квалитетот на воздухот во градот. Од први јануари забранети се дизел возилата со норма Евро 3 (претходните се веќе забранети), властите пресметале дека околу 47 илјади возила, регистрирани меѓу први јануари 2001 и 31 декември 2005 се засегнати, иако постои можност да се плати за еднодневна дозвола во итни случаи. Институтот за животна средина става на располагање веб страница на која секој може да провери дали неговото возило смее да влезе во Брисел, платформата важи и за странски регистрации, кои имаат обврска да се регистрираат на платформата претходно. Старите возила на дизел се забрануваат затоа што емитуваат највеќе опасни честички, додека автомобилите кои возат на гас се сметаат за бензинци. Од први јануари 2021 пак, Брисел ќе стане целосно “Зона 30“, односно ќе биде забрането да се вози над триесет километри на час, освен на неколку главни артерии во градот каде брзината ќе биде ограничена на 50 или 70 км на час максимум.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/starite-dizel-vozila-zabraneti-vo-brisel-od-prvi-januari/feed/ 0
ДВ: Германците не знаат што да прават со 350.000 дизел возила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dv-germancite-ne-znaat-shto-da-pravat-so-350-000-dizel-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dv-germancite-ne-znaat-shto-da-pravat-so-350-000-dizel-vozila/#respond Wed, 04 Dec 2019 07:41:22 +0000 https://kurir.mk/?p=273029

По скандалот со Фолксваген, се повеќе европски градови наметнуваат ограничувања или забрани за дизел возила.Тоа е неповолна положба за дилерите на половни автомобили, наведува Дојче веле. „До неодамна, продажбата на дизел одеше одлично, а сега не можам да се ослободам од нив заради тие забрани. Еве, дизел Пасат, еуро 6, речиси нов автомобил, не можам да го продадам ни за 7.000 евра пониска цена“, вели Акајган Хасан, сопственик на продавница за половни автомобили во Германија. Според германското здружение на трговци со автомобили, дизел возило старо три години, со поминати 45.000 км, губи половина од својата вредност. Во рацете на германските дилери моментално има околу 350.000 понови половни автомобили, во вредност од пет милијарди евра, што не можат да најдат купувач. „Сите ми велат да возам автомобил на Балканот, да го извезам во Србија, Хрватска, има поминато 300.000 километри, а може уште повеќе“, вели еден дилер. Во 2018 година, 226.000 користени возила беа извезени од Германија на пазарите во Источна и Југоисточна Европа. Тоа е двојно повеќе отколку во 2013 година, пред скандалот со Фолксваген, кога беа извезени 142.000. Германците се помалку купуваат дизел заради забраната, односно ограничувањата, т.н. еколошки зони, кои се воведени во педесетина германски градови во последните години. На „дизелашите“ им е забрането влегување во центарот на Штутгарт и Хамбург, а според најавите, забраните ќе бидат уште поригорозни во иднина. Со исти чекори се движат и во Милано и Лондон, нагласува медиумот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dv-germancite-ne-znaat-shto-da-pravat-so-350-000-dizel-vozila/feed/ 0
Европјаните се помалку купуваат дизел возила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropjanite-se-pomalku-kupuvaat-dizel-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropjanite-se-pomalku-kupuvaat-dizel-vozila/#respond Thu, 05 Sep 2019 16:37:33 +0000 https://kurir.mk/?p=237469

Бројот на новорегистрирани автомобили со дизел мотори во земјите на ЕУ е намален од април до јуни за 16,4 отсто, на 1,3 милиони возила, покажуваат статистичките податоци. Пазарниот удел на дизел моторите е намален за пет проценти во однос на истиот период лани, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили. Во Германија е забележан помал раст на побарувачка на дизел возила за 3,5 отсто. Речиси две третини од новите продадени возила во ЕУ во вториот квартал се бензински модели. Во Европската унија во овој период регистрирани се 2,4 милиони нови возила кои трошат бензин. Најголемо зголемување на годишно ниво е забележано во Италија, за 27,4 отсто. Европската асоцијација на производители на автомобили наведува дека во Шпанија, Италија, Франција и Британија е забележан раст за автомобили на алтернативен погон, меѓу кои спаѓаат возила на електрична енергија, природен гас и со хибриден погон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropjanite-se-pomalku-kupuvaat-dizel-vozila/feed/ 0
Ауди казнет со 800 милиони евра поради манипулации со дизел возила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/audi-kaznet-so-800-milioni-evra-poradi-manipulacii-so-dizel-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/audi-kaznet-so-800-milioni-evra-poradi-manipulacii-so-dizel-vozila/#respond Tue, 16 Oct 2018 10:21:49 +0000 https://kurir.mk/?p=115588

Германскиот производител на автомобили Ауди, дел од групацијата Фолксваген, соопшти дека е казнет со парична казна од 800 милиони евра за прекршувања поврзани со шест и осум цилиндрични дизел мотори што не се во согласност со стандардите за заштита од загадување. Имено, од Ауди манипулирале со нивоата за емисии на штетни гасови. - Поради тие специјални ставки, Ауди значително ќе ги поткопа главните показатели за успешност на финансиските индикатори за фискалната 2018 година, се вели во соопштение на Ауди. Фолксваген предупреди дека и неговата заработка ќе биде засегната. - Ауди ја прифаќа казната и нема да поднесе жалба против тоа, соопшти компанијата. Со тоа, Ауди ја признава својата одговорност за отстапувањата од регулаторните барања.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/audi-kaznet-so-800-milioni-evra-poradi-manipulacii-so-dizel-vozila/feed/ 0
Суд во Берлин донесе забрана за стари дизел возила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-berlin-donese-zabrana-za-stari-dizel-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-berlin-donese-zabrana-za-stari-dizel-vozila/#respond Tue, 09 Oct 2018 16:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=112973

Суд во Берлин денеска донесе одлука со која германскиот главен град треба да воведе забрана за управување на некои улици за стари дизел возила чија емисија на штетни гасови е над дозволеното. Забраната се однесува за дизел возила што имаат Еуро5 или постари. Најновиот построг стандард е Еуро 6. Судската постапка е покрената од Здружение за заштита на околината ДУХ, кое бара забрана на возила на дизел со Еуро4 до крајот на 2018 година, односно за Еуро 5 до септември 2019 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-berlin-donese-zabrana-za-stari-dizel-vozila/feed/ 0
Тојота ја укинува продажбата на дизел возила во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tojota-ja-ukinuva-prodazbata-na-dizel-vozila-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tojota-ja-ukinuva-prodazbata-na-dizel-vozila-vo-evropa/#respond Wed, 07 Mar 2018 07:29:36 +0000 http://kurir.mk/?p=27997

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота најави целосен прекин на продажбата на дизел автомобили во Европа веќе од оваа година. – Во 2018 година во нашите патнички автомобили ќе биде укинат дизелот, изјави Јохан ван Зил, прв човек на Тојота за Европа. Тој објасни дека Тојота не планира да развива нови дизел технологии за патнички автомобили и дека нивниот фокус ќе бидат хибридни возила. Европски престолнини како Париз најавија забрана за дизел автомобили, а Врховниот германски суд отвори пат за сите кои сакаат да забранат стари дизелаши на своите улици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tojota-ja-ukinuva-prodazbata-na-dizel-vozila-vo-evropa/feed/ 0