дижс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 10:58:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дижс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dizhs-mvr-vodi-istraga-za-prichinite-za-pozharot-vo-drisla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dizhs-mvr-vodi-istraga-za-prichinite-za-pozharot-vo-drisla/#respond Tue, 05 Sep 2023 10:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=874770

Државниот и санитарен инспекторат соопшти дека од страна на МВР се води истрага за причините за настанување на пожарот што утрово се појави во депонијата Дрисла. Како што се посочува во информацијата од Инспекторатот, од страна на одговорно лице за животна средина во Дрисла, согласно обврската од А-Интегрираната Еколошка Дозвола телефонски и по е-пошта утрово е добиено известување дека денеска во раните утрински часови (околу 04:00 часот) е опожарена депонијата Дрисла. Веднаш се информирани противпожарната служба и службата на МВР – Скопје. Пожарот беше гасен со сопствена механизација и средства како и со асистенција на неколку возила од противпожарна служба. Пожарот е локализиран и изгаснат околу 08:30 часот. Во моментот се води истрага за причините на негово настанување од страна на МВР-Скопје, за што ДИЖС ќе биде информиран во континуитет, се наведува во информацијата објавена на Фејсбук. ДИЖС, вчера информираше за вонреден инспекциски надзор во Депонијата Дрисла по дојава за загадување на Маркова река. -По телефонска информација од граѓани од Батинци, Студеничани за загадување на Маркова река во претпладневните часови на ден 4 септември е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Генерален Инспектор за животна средина кај правен субјект Дрисла и на потегот влив на канал во Маркова река, при што од страна на акредитирана лабораторија за животна средина се земени три мостри од водата за лабораториски испитувања по што ќе се финализира инспекциската постапка. При увидот визуелно е утврдено загадување на водите на Маркова река со црно-кафеава течност, наведуваат од ДИЖС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dizhs-mvr-vodi-istraga-za-prichinite-za-pozharot-vo-drisla/feed/ 0
Кумановци се жалат на непријатна миризба, утврдено дека доаѓа од Прешево, Србија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovci-se-zalat-na-neprijatna-mirizba-utvrdeno-deka-doagja-od-preshevo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovci-se-zalat-na-neprijatna-mirizba-utvrdeno-deka-doagja-od-preshevo-srbija/#respond Sat, 11 Jun 2022 09:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=689466

Кумановци повторно вчера почувствуваа силна непријатна миризба на изгорена гума, пластика по 22:30 часот. Тие реагираа дека мирисот е неподнослив и дека не можат да проветрат простории, ниту пак да излегуваат надвор. Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), како што објави на својата фејсбук-страна, повторно завчера во ноќните часови по неколкудневни пријави за непријатна миризба во соработка со овластен инспектор за животна средина од Општина Куманово извршиле увид на повеќе локации во општината. При посетата на повеќе локации во Куманово, Краста, неколку правни субјекти кои подлежат на А и Б интегрирани еколошки дозволи, не се забележало палење, ниту миризба, ниту чад. – Исто така се направи увид и на граничниот премин Табановце при што се почувствува непријатна миризба од нафтени деривати од помал размер. Потоа се направи разговор со вработените од царинските служби кои кажаа дека повремено се чувствува непријатна раздразнувачка миризба, а потврдија и дека во текот на 8 јуни мирисало многу на изгорена гума. Непријатниот мирис се чувствувал повремено преку денот, а некогаш во текот на ноќта. Дефинитивна е констатацијата дека миризбата доаѓа од Република Србија од општина Прешево, од инсталација која работи блиску до границата, а ДИЖС е во очекување на информација од српската инспекција за животна средина за контролите во пограничните инсталации, наведуваат од Инспекторатот. И кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, претходниот ден објави видеоматеријал на кој се гледа чад од инсталација во близина на автопатот во близина на границата со соседна Србија. Според објавата, Димитриевски наведува дека ги контактирал колегите од Прешево кои потврдиле дека и тие имаат ист проблем. Градоначалникот побарал од Државниот инспекторат за животна средина службено да поведе постапка за контрола и спречување преку колегите од Република Србија и како што наведува лично ја известив амбасадорката на Република Србија за проблемот со кој се соочуваат граѓаните и добил ветување дека веднаш ќе интервенираат надлежните институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovci-se-zalat-na-neprijatna-mirizba-utvrdeno-deka-doagja-od-preshevo-srbija/feed/ 0