дкск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 12:38:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дкск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДКСК за постапувањето со дивоградбите во Охрид: Неусогласена регулатива и префрлање на надлежностите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-za-postapuvaneto-so-divogradbite-vo-ohrid-neusoglasena-regulativa-i-prefrlane-na-nadlezhnostite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-za-postapuvaneto-so-divogradbite-vo-ohrid-neusoglasena-regulativa-i-prefrlane-na-nadlezhnostite/#respond Fri, 13 Oct 2023 12:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=888536

Државната комисија за спречување на комисијата (ДКСК) на денешната седница по предметот оформен по сопствена иницијатива во однос на склучени договори за јавна набавка меѓу Општина Охрид и правни лица за уривање на бесправно изградено објекти на територијата на Охрид, констатира дека постои неусогласена законска регулатива, а надлежностите се префрлаат од централна на локална власт. -По спроведената постапка, констатирано е дека надлежностите само се префрлаат од централната на локалната власт, од еден орган на друг орган, а од инспекциските органи и Министерството за транспорт и врски исто така детектирани се состојби на слабости. Имаме неусогласена законска регулатива, поточно за Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градежно земјиште, Законот за градење, Правилникот за формата и содржината на барањето, потребната документација, образецот и решението за изведување на градбите, рече на денешната седница Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК. Таа додаде дека ДКСК препорачува при спроведената анализа и проверка на одредбите да се преземат чекори за надминување на оваа состојба. Според она што е утврдено, Ивановска хронолошки образложувајќи го предметот, потсети дека во 2019 година Општина Охрид засилено работела на воспоставување на градежна дисциплина. -Во 2020 година Владата донесува план за управување со светско природно културно наследство. Планот предвидувал изработка на урбанистички план од државно значење, за површина со кој ќе се овозможи зачувување на крајбрежната функционалност и постапна ревитализација на клучните еко системи кои требало да бидат готови до крајот на 2021 година. ДКСК упатува барање со кое ја повикува Владата да ги преземе сите активности за одземање на надлежностите за уривање на бесправно изградени објекти на сите општини во регионот кој е под заштита на УНЕСКО, а Владата како носител на извршната власт да се справи со проблемот за бесправно изградени објекти. Ова барање го упативме до Владата во 2020 година, рече Ивановска. Таа додаде дека Владата го разгледала барањето на ДКСК и го задолжила Министерството за транспорт и врски да достави мислења со соодветни насоки за постапување до ДКСК. -Министерството за култура ја известува ДКСК дека студиите за оценка на влијанието за животната средина и оценка на културното наследство за бесправно изградени објекти не се донесени. Управата за животна средина ја известува ДКСК дека немала издадено решение за оцена на влијанието врз животната средина, рече Ивановска. Ивановска посочи дека е донесен заклучок да запре постапувањето по овој предмет, а да продолжи по новоформираниот предмет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-za-postapuvaneto-so-divogradbite-vo-ohrid-neusoglasena-regulativa-i-prefrlane-na-nadlezhnostite/feed/ 0
ДКСК со иницијатива за кривично гонење на Мерко, вработени во општината и други лица за отуѓување на земјиште во центарот на Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-so-initsijativa-za-krivichno-gonene-na-merko-vraboteni-vo-opshtinata-i-drugi-litsa-za-otuguvane-na-zemjishte-vo-tsentarot-na-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-so-initsijativa-za-krivichno-gonene-na-merko-vraboteni-vo-opshtinata-i-drugi-litsa-za-otuguvane-na-zemjishte-vo-tsentarot-na-struga/#respond Mon, 11 Sep 2023 12:21:41 +0000 https://kurir.mk/?p=876923

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за случај за отуѓување на 143 м2 државен имот во центарот на Струга на денешната седница донесе одлука за поведување иницијатива за кривична постапка против градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко, вработени во општината, геодетско друштво, стручни лица, како и да се преиспита работењето на судии од Управниот суд и Вишиот управен суд. -Се отвораат сериозни сомнежи за искористување, поткуп, злоупотреба на службена положба и овластување кај службеното лице Рамиз Мерко, кај претседателот на Комисијата, неговата сопруга, геодетските лица, стручните лица, судиите и стручните лица од Управниот суд и Вишиот управен суд и.т.н. да се поднесе иницијатива за кривично гонење, а на подносителот ќе му дадеме предлог согласно членот 66 од нашиот закон да побара ништовност на документот издаден од катастрарот, истакна претседателката на ДКСК Билјана Ивановска. Образложувајќи ја постапката Ивановска кажа дека се работи за земјиште во центарот на Струга кое се отуѓило на Инекс Дрим АД Струга, поврзан со субјект од Австрија кој работи во областа на игрите на среќа, коцкарница и кладилница. Со тоа, како што додаде таа, пред ДКСК се отвораат и сомнежи за перење пари и поткуп заради стекнување корист по пат на отуѓување на земјиште и тоа во централното градско подрачје на Струга. -За да се одговори позитивно на барањето за отуѓување на земјиштето на Инекс Дрим АД Струга, Општина Струга започнала со пренамена од пат на градежно земјиште. Наместо тоа да биде на товар на Општината товарот го платила фирмата која што барала да го откупи земјиштето а тоа е Инекс Дрим АД Струга. Понатаму при пренамената, крајно незаконски е оформена нова катастарска парцела со спојување на означени катастерски парцели за да може јавното добро пат да се прикаже како градежно земјиште. Понатаму при пренамена геодетската фирма никогаш не излегла на терен туку верувала на документацијата што ја добила од Општината иако во геодетскиот елаборат јасно е нацртано дека под куќата на подносителот на јужната страна има премин, појасни Ивановска. Како што рече таа, со цел да се заведе оваа незаконитост, градоначалникот Рамиз Мерко заверил фалсификуван документ на кој не е евидентиран преминот на јужната страна. -Управниот суд и Вишиот управен суд ги отфрлиле тужбите и жалбите на подносителот, не се впуштиле во расправање на состојбите и не воделе сметка за ништовноста на правните акти во смисла на членот 66 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Исклучок е само една пресуда. Поткрепа за овие состојби наоѓаме и во новоизработениот геодетски елаборат кој што се направи во текот на постапката која што се водеше во ДКСК, а кој подносителот го достави во оригинал до нас. Во овој геодетски елаборат е наведено дека цитирам: предметната зграда е погрешно прикажана во катастраскиот план бидејќи таа во 1970 година постоела и денеска постои на теренот и како таква требало да биде евидентирана во Катастарот согласно членот 12 од Правилникот за премер којшто гласи конзолно наддените делови на зградата не се пресметуваат во површината на земјиште на зградата, рече Ивановска. Претседателката на ДКСК кажа и дека во случајот се констатирани судир на интереси на лице вработено во општината, кое било претседател на Комисијата за отуѓување на земјиштето, и кое постапувајќи по предметот за Инекс Дрим АД Струга за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба во својство на претседател, прифатил геодетски елаборат од геодетска фирма во која работела и се уште работи неговата сопруга. Тој притоа овозможил остварување имотна корист за геодетската фирма, а со тоа корист и на неговата сопруга. Подносител на барањето е лице, сопственик на куќа на чие земјиште на 10 м2 се впишани како пат. Во овие 143 м2 квадратни е влезен и патот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-so-initsijativa-za-krivichno-gonene-na-merko-vraboteni-vo-opshtinata-i-drugi-litsa-za-otuguvane-na-zemjishte-vo-tsentarot-na-struga/feed/ 0
ДКСК: Со донациите за ДУИ е прекршен законот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dksk-so-donatsiite-za-dui-e-prekrshen-zakonot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dksk-so-donatsiite-za-dui-e-prekrshen-zakonot/#respond Mon, 11 Sep 2023 09:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=876876

Предлогот што го отвори по сопствена иницијатива – за прекршување на Законот за финансирање политички партии, Антикорупциска комисија го затвора и ќе го проследи до Државниот завод за ревизија (ДЗР) и до Министерството за правда како надлежни за надзор и следење на финансирањето политички партии. Шемши Салаи, член на ДКСК, на денешната 92-ра седница на Комисијата рече дека се работи за донација за Демократска унија за интеграција (ДУИ) која била поголема од тоа што го дозволува законот, а предметот, рече, го отвориле по сопствена иницијатива врз основа на новинарско прашање. Врз основа на извештаите што ги добиле од ДЗР, констатирано е прекршување на член 16 од Законот за финансирање политички партии, затоа што физичко лице има донирано повеќе отколку што е законски дозволено. Според законот, износите на донациите се регулирани и партиите не смеат да примат повеќе од 60 просечни нето плати од правни лица и повеќе од 30 просечни плати во државава од физички лица. Од ДУИ ги добиле бараните документи и потврда дека во меѓувреме и самите го констатирале надминатиот износ и донеле одлука средствата заедно со вирмани дека се вратени. -Констатирале и дека од два правни субјекта добиле поголем износ и решиле да ги вратат во јули 2023, рече Салаи. Сепак, повредата на член 16 од Закон за финансирање политички партии е направена затоа што парите не се вратени веднаш или најдоцна од 15 дена од нивното донирање. Поради тоа за овој предмет ДКСК ќе ги информира ДЗР и Министерството за правда. Членовите на ДКСК усвоија предлог да се иницира кривично гонење до ОЈО против градоначалник на една општина затоа што исплатил еднократна парична помош од општинскиот буџет, од Програма за мерки и активности од областа на социјална заштита, за време на избори во 2018 и 2019. Се работи за исплата на 200.000 денари кон 38 физички лица, еднократни трансфери од буџетски средства. Одлуката тој ја донел во период на избори. ДКСК укажа дека е прекршен Изборниот законик според кој од денот на донесување одлука за избори до изборот на претседател или до составување на Собранието не смее да се вршат исплати на материјални надоместоци од буџетски средства или од јавни фондови кои не се редовни месечни исплати. Тоа е содржано и во Законот за спречување корупција и судир на интереси, а за кривично дело се смета противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори за што е предвидено затвор од три до пет години. Антикорупциската комисија одлучи да запре постапувањето по предмет од анонимен подносител кој се сомнева во унапредување на седум вработени во скопска општина и дека тоа е направено наводно спротивно на Законот за административни службеници. Според ДКСК, непотврдени се наводите во пријавата. Констатирано е дека се сменети одредби на Законот за административни службеници, но дека погрешно дефинирање на условите во огласот не влијаело битно на унапредувањето на вработените кои повеќе години работеле во општината. -Направено е според правила на интерен оглас согласни акти од МИОА и грешката што е направена во објавување на огласот не влијаела битно на изборот на самите вработени, констатираше ДКСК, која одлучи да го запре постапувањето по овој предмет. Антикорупциската комисија на седница денеска предложи училишниот одбор во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ и министерот за образование и наука да утврдат одговорност на директорот на училиштето, како надлежен за извршување на буџетот, поради наменска јавна набавка на концертен клавир, спроведена без технички дијалог, и за незаконско ангажирање штимери на клавир. Од документите е утврдено дека техничка спецификација на набавениот клавир се совпаѓа со понудата која била единствена. Тројца клавир штимери имаат исто презиме од една фамилија, а еден од нив има приватна форма преку која е извршена набавката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dksk-so-donatsiite-za-dui-e-prekrshen-zakonot/feed/ 0
ДКСК: Ќе ги преземеме соодветните чекори во врска со тендерот од 1.8 милиони евра на „Еуровиа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-gi-prezememe-soodvetnite-chekori-vo-vrska-so-tenderot-od-1-8-milioni-evra-na-eurovia/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-gi-prezememe-soodvetnite-chekori-vo-vrska-so-tenderot-od-1-8-milioni-evra-na-eurovia/#respond Thu, 31 Aug 2023 10:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=872964

Отворање на предмет бара одредени чекори во постапувањето. Во моментов не можеме да дадеме друга информација освен тоа дека како и со сите предмети досега, ќе ги преземеме соодветните чекори, изјавија од Државната комисија за спречување на корупција во врска со барањето на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ДКСК да го истражи тендерот од 1.8 милиони евра што го доби компанијата „Еуровиа“ ДООЕЛ од Желино за реконструкција и уредување на салата „Борис Трајковски“ за конференцијата на ОБСЕ во декември. Од ДКСК посочија дека нема да ја коментираат изјавата на министерот Османи, дека не знаел дека „Еуровиа“ е донатор на ДУИ и побараа по ова прашање да се произнесат и другите институции. На прашањето дали ќе побараат информации од ДУИ и компанијата зошто го прекршиле законот преку донациите, од ДКСК одговорија дека информациите се побарани. - Информации се побарани, да се докомплетираат и другите информации што ги имавме и претходно од нивните страни, предметот е при крај и кога ќе бидеме конкретни ќе се произнесеме на некоја наредна седница, посочија оттаму. Според ДКСК, волја за борба против корупцијата во нашата држава има само во ДКСК. - Веќе е време да не се прашува ДКСК што со нашите иницијативи. Немаме надлежност да ја цениме работата на другите, бидејќи ако се пуштиме да ја цениме работата и да кажеме дека не е постапено според наша иницијатива, тоа е веќе притисок и влијание, рече членот Нури Бајрами, кој дополни дека прашањата треба да се канализираат преку медиумите и јавноста до посочените институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-gi-prezememe-soodvetnite-chekori-vo-vrska-so-tenderot-od-1-8-milioni-evra-na-eurovia/feed/ 0
ДКСК ќе отвори предмет за „Еуровиа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-otvori-predmet-za-eurovia/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-otvori-predmet-za-eurovia/#respond Tue, 29 Aug 2023 20:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=872216

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе отвори предмет поврзан со компанијата „Еуровиа“, која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи (МНР), во вредност од 1,8 милиони евра. - На денешниот колегиум ДКСК утврди дека во конкретниот случај постојат елементи за наделжно постапување на комисијата и од аспект на материјалноста бидејќи се работи за високи износи но и за ризици за политичка повзаност, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, објави Телма. Отворањето предмет од страна на ДКСК следува по објавените информации во јавноста дека „Еуровиа“ добила тендер од 1,5 милиони евра без ДДВ за да ја преадаптира салата „Борис Трајковски“ за министерскиот состанок на ОБСЕ во ноември и во декември. Но, и лани имала тековни зделки со државата и општините, а според јавно објавените податоци истата година фирмата донирала и 1,8 милиони денари на политичката парија ДУИ, а еден од сопственици на Елмедин Адеми донирал 2,5 милиони денари. Согласно Законот за финансирање политички партии, партии не можат да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпијатија и фондови по пат на договор“. Од „Еуровиа“ негираат дека има прекршување на законот. Во соопштението не пишува која „Еуровиа“ со кој даночен број донирала со оглед на тоа што има неколку фирми кои го содржат името „Еуровиа“, а се поврзани со истоимената групација. Сопственици се Елмедин Адеми и Елдин Адеми, кој од минатиот месец, е шеф на огранокот на ДУИ во Јегуновце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-otvori-predmet-za-eurovia/feed/ 0
Софка Пејовска Дојчиновска нов заменик-претседател на ДКСК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofka-pejovska-dojchinovska-nov-zamenik-pretsedatel-na-dksk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofka-pejovska-dojchinovska-nov-zamenik-pretsedatel-na-dksk/#respond Fri, 04 Aug 2023 09:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=863276

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска, во рамки на 90. седница, ја избра Софка Пејовска Дојчиновска за нов заменик-претседател. Пејовска Дојчиновска доаѓа на местото на Катица Николовска, на која членовите на ДКСК и заблагодарија за досегашниот вложен труд. -За следен заменик-претседател се предлага најстариот член, кој работи од првиот ден од формирањето на ДКСК, рече претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска пред гласањето. На седницата која се одржува преку зум платформата, изгласани се и предложените изменувања и дополнувања на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. Членовите на Антикорупциската комисија постапуваат и по конкретни предмети, како и по предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofka-pejovska-dojchinovska-nov-zamenik-pretsedatel-na-dksk/feed/ 0
Седница на Државната комисија за спречување корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-drzhavnata-komisija-za-sprechuvane-koruptsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-drzhavnata-komisija-za-sprechuvane-koruptsija/#respond Fri, 04 Aug 2023 05:50:21 +0000 https://kurir.mk/?p=863172

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска преку зум платформата ќе ја одржи 90-та седница. На дневен ред се избор на заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата и изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. Членовите на Антикорупциската комисија ќе постапуваат по конкретни предмети и по предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-na-drzhavnata-komisija-za-sprechuvane-koruptsija/feed/ 0
Ивановска за обвинувањата на Груби: Кога сè е наопаку, ДНОТО е на површина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-za-obvinuvanata-na-grubi-koga-se-e-naopaku-dnoto-e-na-povrshina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-za-obvinuvanata-na-grubi-koga-se-e-naopaku-dnoto-e-na-povrshina/#respond Wed, 28 Jun 2023 10:48:56 +0000 https://kurir.mk/?p=850435

Кога сè е наопаку, дното е на површина. Ваква порака преку својот фејсбук-профил упати претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска како реакција на изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби, кој во гостување на Сител телевизија работата на членовите на ДКСК ја оцени со зборовите: „Не ги бива“. Груби се чини има причини да не е задоволен од работата на ДКСК имајќи предвид дека меѓу другото, отворен е предмет за неговото користење на службени возила за партиски цели, а ДКСК јавно соопшти и критика дека во канцеларијата на Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се одржуваат и партиски состаноци и приеми. Вицепремиерот Груби синоќа на Сител изрази не само критика кон антикорупционерите, туку изрази и сомнеж во нивниот капацитет како правници. Според него, огромно мнозинство од случаите се или изгубени во административни постапки или отфрлени од страна на судиите. „Се надевам дека следниот состав ќе биде навистина сериозен, зашто сегашните антикорупционери немаат ниту еден успех откако се на мандат. Не ги бива. Нема ниту еден успех. Јас на времето ги интервјуирав и очекував повеќе. Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките. Се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен“, рече Груби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-za-obvinuvanata-na-grubi-koga-se-e-naopaku-dnoto-e-na-povrshina/feed/ 0
Пејовска Дојчиновска: ДКСК до обвинителство има поднесено иницијатива за кривично гонење за Мерко, но ја нема никаде, а ни велат дека работат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pejovska-dojchinovska-dksk-do-obvinitelstvo-ima-podneseno-initsijativa-za-krivichno-gonene-za-merko-no-ja-nema-nikade-a-ni-velat-deka-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pejovska-dojchinovska-dksk-do-obvinitelstvo-ima-podneseno-initsijativa-za-krivichno-gonene-za-merko-no-ja-nema-nikade-a-ni-velat-deka-rabotat/#respond Mon, 26 Jun 2023 20:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=849859

Одамна требаше да бидат будни сите институции барем за Мерко, изјави Софка Пејовска Дојчиновска од Државната комисија за спречување на корупција за Анализа на ТВ 24, каде посочи дека тие како тело покренуваат иницијативи за кривични гонења и таква иницијатива за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е покрената до обвинителството, но никаде ја нема, обвинителството кога спомена шест случаи, не ја спомна. Во однос на Судскиот совет, таа вели дека оттаму само сакаат да си ја префрлат одговорноста бидејќи до нив се е навреме испратено. - Не знам како да го искоментирам реагирањето на Судски совет за случајот со Мерко, дали е префрлање на топката, дека тие не се највиновните, зошто не сме ги прашале откако сме доставиле претставка дали си ја завршиле работата. Претставката е дадена точно навреме. Ние на прес конференција за Мерко која беше тематска ја прикажавме испратницата, препорачана со потпис од Судски совет дека е примена, рече таа. Пејовска Дојчиновска посочи дека Антикорупциската комисија ја има завршено работата за Мерко, другото е на надлежните институции. - Апсолутно како пакет. Затоа што ние сме превентивно тело, ја имаме алатката да покренеме иницијатива за кривично гонење, ако имаме сомневање. И затоа сме испратиле иницијатива за кривично гонење до обвинителство која никаде ја нема, а ни одговараат дека се работи, рече Пејовска Дојчиновска. Таа нагласи дека Антикорупциска само укажува сомневање, а кривичната пријава добива живот во обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pejovska-dojchinovska-dksk-do-obvinitelstvo-ima-podneseno-initsijativa-za-krivichno-gonene-za-merko-no-ja-nema-nikade-a-ni-velat-deka-rabotat/feed/ 0
Судски совет: Наводите на ДКСК за непостапување во случајот со Мерко се неосновани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-navodite-na-dksk-za-nepostapuvane-vo-sluchajot-so-merko-se-neosnovani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-navodite-na-dksk-za-nepostapuvane-vo-sluchajot-so-merko-se-neosnovani/#respond Mon, 26 Jun 2023 13:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=849765

Судскиот совет на Република Северна Македонија ги оценува како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување, па дури и прикривање во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. - За прв пат ургенција од ДКСК до тогашниот претседател, Павлина Црвенковска е доставена на 4.06.2021 година заведена под број УПП 08 341/1, во која Судскиот совет се информира дека е оформен предмет по нивна иницијатива врз основа на наводи изнесени во медиумите за постоење сомневање дека струшкиот градоначалник ја злоупотребил својата службена положба при набавка на четири автомобили за потребите на општината со вкупна вредност од 114.000 евра, стои во соопштението од Советот. Дополнуваат дека во ургенцијата, ДКСК се осврнува и на двете решенија, донесени од ист судија, претседателот на Основниот суд во Струга, Ифет Бајрамовски, - Во ургенцијата, ДКСК се осврнува и на двете решенија со број ППНИ 24/16 од 13.05.2016 и ППНИ 84/17 од 28.11.2017 година донесени од ист судија, Претседателот на основниот суд во Струга Ифет Бајрамовски, кои како што тврдат, иако се темелат на иста фактичка состојба и исти образложени причини, различно ја решаваат правната работа.Во првиот случај, барањето на должникот –општина Струга се одбива, додека со второто решение се усвојува.Во прилог на оваа ургенција е доставена и претставка од ДКСК од 18.11.2019 година, која е насловена до тогашниот Претседател на Судскиот совет, Киро Здравев, дополнуваат оттаму. Веќе на 10.06.2021, или само неполна недела по добивањето на ургенцијата, како што наведуваат, Судскиот совет испраќа известување до ДКСК во кое се информира оваа институција дека во конкретниот случај е поминат подолг временски период, односно решенијата се од 2016 и 2017 година, поточно е истечен рокот од три години предвиден во член 61 од Законот за судски совет. - Сакаме да потенцираме дека во таа прилика, Судскиот совет за прв пат ја добива на увид спомената претставка од 18.11.2019 година адресирана до тогашниот претседател Здравев. По направените проверки во Архивата на Судскиот совет, дојдено е до сознание дека таква претставка не е воопшто заведена во електронскиот систем. Оттаму зачудува паушалното тврдење на ДКСК дека „претставката е загубена“, велат оттаму. Од Судскиот совет ја повикуваат ДКСК да достави доказ дека претставката е навистина примена во Судскиот совет во 2018 година, кога сѐ уште течеле роковите за постапување. - Зачудува фактот што на Антикорупциска и требале дури две години да реагира со ургенција за споменатиот случај и се поставува прашањето зошто не се заинтересирале дотогаш да побараат одговор дали е постапено по истата, наведуваат од Советот. Отаму категорично одбиваат Советот да биде, како што наведуваат, неправедно етикетиран и вбројуван во институции, кои наводно свесно помагале во забошотување на предмети поврзани со струшкиот градоначалник, а уште помалку дека во позадина се некакви политички влијанија. - Напротив, уште истиот ден кога беше објавена веста за ставањето на Рамиз Мерко на „црната листа на САД“, Судскиот совет одлучи да ги провери сите наводи искажани од Стејт департментот и американскиот амбасадор во Македонија за наводни влијанија врз струшките судии од страна на градоначалникот, велат оттаму. Информираат дека во текот на утрешниот ден, тричлена комисија предводена од координаторот за струшкиот суд, Миљазим Мустафа, ќе го посети струшкиот суд и ќе разговара со судиите од овој суд за да провери дали имало притисоци, по што во најскоро време ќе биде изготвен извештај, кој ќе биде презентиран пред членовите на Судскиот совет, но и пред јавноста. - Воедно, сакаме да потсетиме и дека одлуките и процесните дејствија на првостепените судови подлежат на контрола на повисоките второстепени судови. Од своја страна, Судскиот совет апелира и до сите надлежни институции докрај да се истражи овој случај, но бара од нив да бидат внимателни во изнесувањето на информации во јавноста, со цел дополнително да не се поткопува довербата на граѓаните во правосудниот систем, посочуваат од Судски Совет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-navodite-na-dksk-za-nepostapuvane-vo-sluchajot-so-merko-se-neosnovani/feed/ 0