ДЛУМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Oct 2020 08:58:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ДЛУМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворена „Годишната изложба“ на ДЛУМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvorena-godishnata-izlozba-na-dlum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvorena-godishnata-izlozba-na-dlum/#respond Tue, 20 Oct 2020 08:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=418402

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Национална Галерија објект Мала станица, во Скопје ја отвори „Годишната изложба“ на која учествуваат 57 автори, членови на ДЛУМ, во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми. Од ДЛУМ истакнаа дека годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставувале голем културен настан во нашата средина. – Затоа тие изложби се значајна состојка од летописот на нашата ликовна уметност. Еден аргумент е непобитен: дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на тие ревијални изложби, почнувајќи од првата таква изложба во далечната 1945 година, па се до денес. Друштвото за да ја задоволи желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на заеднички настап, без критериумот на селективност ја организира оваа ревијална изложба. Впрочем, на тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ всушност станува арбитар за себеси, а истовремено ја презема и целата одговорност и ризик на излагањето. Тоа секако ја зголемува самокритичноста, таа врвна доблест на старите мајстори, потенцираа од ДЛУМ. Како и во минатото така и оваа година Друштвото додели неколку нагаради и тоа: награда за сликарство на Мирослава Микица Трујкановиќ за делото со наслов „Молитвеник за сите“, награда за скулптура на Слободан Милошески за делото со наслов „Запознавајќи се себеси“ и награда за нови медиуми на Ана Ивановска за делото со наслов „Без здив“. Изложбата ќе биде поставена до 30 октомври, а се одржува под покровителство на Министерството за култура на РС Македонија и Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvorena-godishnata-izlozba-na-dlum/feed/ 0
Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/godishna-izlozba-na-dlum-vo-mala-stanica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/godishna-izlozba-na-dlum-vo-mala-stanica/#respond Tue, 24 Dec 2019 07:04:40 +0000 https://kurir.mk/?p=281431

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер од 20 часот во мултимедијалниот центар Мала станица ќе ја отвори годишната изложба на која учествуваат 73 автори негови членови. Друштвото посочува дека овие годишни ревијални изложби се значаен дел од летописот на ликовната уметност во земјава и дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на овие изложби – од првата во 1945 година па сè до денес. -За да ја задоволи желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на заеднички настап, без критериумот на селективност, ДЛУМ ја организира оваа ревијална изложба. На тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ, всушност станува арбитар за себеси, а истовремено ја презема и целата одговорност и ризик на излагањето. Тоа секако ја зголемува самокритичноста, таа врвна доблест на старите мајстори, соопшти ДЛУМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/godishna-izlozba-na-dlum-vo-mala-stanica/feed/ 0